Воловар (соѕвездие)

Воловар (лат. Boötes, Boo) — соѕвездие на северното небо, со местоположба меѓу 0° и +60° деклинација, и 13 и 16 часа на ректасцензија на небесната сфера. Името потекнува од старогрчкиот поим Βοώτης, Boōtēs, што значи овчар или орач (или буквално, воловар, од boos, поврзано со латински bovis, „говедо“).

Воловар
лат. Boötes
КратенкаBoo
ГенитивноBoötis
Симболизамовчар
Ректасцензија13ч 36.1м - 15ч 49.3м[1] ч.
Деклинација+7,36° - +55,1°[1]°
КвадрантNQ3
Површина907 (°)² (13)
Главни ѕвезди7, 15
Бајерови/Флемстидови
ѕвезди
59
Ѕвезди со планети10
Ѕвезди посјајни од 3,00m3
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг)3
Најсјајна ѕвездаАрктур (α Boo) (−0,04m)
Најблиска ѕвездаВолф 498
(17,71 сг, 5,43 пс)
Месјеови објекти0
Метеорски дождови
Соседни
соѕвездија
Видливо на ширина од +90° до −50°.
Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец јуни.
Други ознаки: Арктофилакс

Станува збор за едно од 48 соѕвездија опишани од астрономот Птоломеј, Воловар денес е едно од 88 современи соѕвездија. Ја содржи четвртата најсјајна ѕвезда на ноќното небо, портокаловиот Арктур. Воловар е дом на многу сјајни ѕвезди, од кои четири се со светлинска величина над 4 и дополнителни 21 ѕвезда со светлинска величина над 5 со што се добиваат 29 ѕвезди кои се видливи со голо око.

Историја и митологија

уреди

Во стариот Вавилон ѕвездите во Воловар биле познати како ШУ.ПА. Истите биле опишани како богот Енлил, кој бил водачот на Вавилонскиот пантеон и специјален заштитник на земјоделците.[2]

Името Βοώτης за првпат било употребено од Хомер во неговата Одисеја како небесна појдовна точка за навигација,[3], преведено како „орач“ или „плугар“.[4] Не е точно познато кој треба да биде претставен во соѕвездието Воловар во старогрчката митологија. Според една приказна, станува збор за синот на Деметра,[5] Филомел, братот близнак на Плутон, браздар кој ги отерал воловите во соѕвездието Голема Мечка.[6] Ова се потврдува со името на соѕвездието, кое значи „терач на волови“ или „овчар“.[5] Старите Грци го виделе астеризмот сега наречен „Голема Мечка“ или „Плуг“ прикачен на волови. [7] Ова влијаело на потеклото на името кое било добиено од грчките зборови за „бучен“ или „терач на волови“.[8] Друг мит поврзан со Воловар е дека тој го измислил плугот и поради тоа бил поставен на небото како соѕвездие.[9]

Уште еден мит поврзан со Воловар е оној на Хигин за Икариј, кој бил подучуван да биде лозар и винар од страна на Дионис. Икар правел толку силно вино што тие кои го пиеле, делувале како отруени, што предизвикало овчарите да ги одмаздат своите наводно отруени пријатели убивајќи го Икариј. Мајра, кучето на Икариј, ја довело неговата ќерка Еригона до телото на нејзиниот татко, по што таа и кучето извршиле самоубиство. Зевс одлучил да ги постави сите на небото како соѕвездија Икариј како Воловар, Еригона како Девица, и Мајра како Големо Куче.[8]

Во други записи, соѕвездието се нарекува Аркас и се однесува на Аекас и Арктур, синот на Зевс и Калиста. Аркас бил израснат од детото по мајка Ликаон, кај кого еднаш наминал Зевс на ручек. За потврди дека гостинот навистина е врховниот бог, Ликаон го убил сопствениот внук и подготвил ручек со неговото месо. Зевс ова го забележал и се налутил, го претворил Ликаон во волк и го оживеал неговиот внук. Во меѓувреме Калиста била претворена во мечка, од страна на Зевсовата сопруга Хера, која се налутила поради неверството на Зевс.[6][8] Ова го потврдува грчкото име за Воловар, Арктофилакс, што значи „мечко чувач“.[8] Калиста која била воп облик на мечка за малку ќе била убиена од сопствениот син. Зевс ја спасил, поставувајќи ја на небото како Голема Мечка Ursa Major. Името Арктур (најсветлата ѕвезда во соѕвездието) потекбува од грчки збор што означува „заштитник на мечките“. Понекогаш Арктур е прикажан како ги води ловечките кучиња на блиското соѕвездие Ловечки Кучиња и гонејќи ги мечките познати како Голема Мечка и Мала Мечка.[5]

 
Воловор кака што е прикажан во Огледалото на Уранија, збир од соѕвездија на карти објавена во Лондон околу 1825 г. Во левата рака тој ги држи ловечките кучиња, Canes Venatici. Под нив е соѕвездието Беренинкина Коса. Над главата ан Воловар се Ѕиден Квадрант, сега заборавено, но продолжува да постои како името на јануарскиот метеорски дожд Квандрантиди. Менелај може да се види кај стапалата.

Наколку застарени соѕвездија биле оформени од ѕвезди кои сега припаѓаат на Воловар. Ѕиден Квадрант, Quadrans Muralis беше соѕвездие создадено во близина на Бета Воловар од слабо светли ѕвезди.[10] Било осмислено од астрономот Жером Лаланд во 1795 г., кој користел квадрант за да изврши детални астрономски мерења. Лаланд соработувал со Никол Рејн Лепут и останатите за да го предвидат повторното појавување на Халеевата Комета. Ѕидниот Квадрант бил оцртан од ѕвездите од источниот Воловар, западниот дел од Херкул и Змеј.[11] Првично било нарекувано Le Mural од Жан Фортен во неговиот Небесен Атлас Atlas Céleste во 1795 г., не го добило името Quadrans Muralis сè до Бодевата Уранографија Uranographia од 1801 г. Соѕвездието било многу темно, најсветлите ѕвезди достигнувале светлинска величина 5.[12] Менелај, кое ги претставува Менелајските планини, било создадено од Јован Хевелиј во 1687 г. на стапалото од соѕвездието Воловар. Планината била именувана спород синот на Ликаон, Менелај. Планината, едно од ловиштата на Дијана, било свето за Пан.[13]

Источна астрономија

уреди

Ѕвездите во Воловар се припоени во многу различни кинеските соѕвездија. Арктур бил дел од повеќето од соѕвездијата, именуван најразлично како небесен кралски престол (Тјенванг) или рогот на синиот змеј (Дајѓао), името Дајѓао, означува „голем рог“, е многу почесто. Арктур бил од голема важност за кинеската небесна митологија поради статусот кој го имал како означувач на почетокот на месечевиот календар, како и тоа што е најсветлата ѕвезда на северното ноќно небо. Двете соѕвездија означени како Дајѓао, Јоушети на десно и Ѕуошети на лево, ги претставуваат другарите кои ги одредуваат сезоните. Ѕуошети било создадено од современата Зета, Омикрон, и Пи Воловар, додека пак Јоушети е создадена од современите Ета, Тау и Ипсилон Воловар. Диси, церемонијалниот тепих на императорот е на север од Арктур, се состои од ѕвездите 12, 11 и 9 Воловар. Друго северно соѕвездие е Ќигунг, Седумте Војводи, кое се протега претежно по границата на Воловар и Херкул. Ги вклучува во себе Делта Воловар или Бета Воловар.[8]

Другите кинсески соѕвездија кои се создадени од ѕвездите на Воловар постоеле во современите соѕвездија на северот и сите претставуваат оружја. Тјенќанг, Копје, е создадено од Јота, Капа и Тета Воловар; Генгхе, претставено како штит и копје, е создадено од Ипсилон, Ро и Сигма Воловар. Постојат и две други оружја кои се создадени од поединечни ѕвезди. Сјуенге, халебарда, е претставено со ѕвездата Ламбда Воловар и Џаохао, меч, претставено од Гама Воловар.[8]

Две кинески соѕвездија немаат сигурно место во Воловар. Кангче, езеро, било сместено јужно од Арктур, иако местоположбата е спорна. Можно е целосно да припаѓа на Воловар, или пак на границата меѓу Воловар и Девица или на која и да било од страните на Девица и Вага. Соѕвездието Џоудинг, бронзен триножник кој понекогаш се споменува дека се состои од 1, 2 и 6 Воловар. Но, истото се поврзува и три ѕвезди во Беренинкина Коса.[8]

Особености

уреди

Воловар е соѕвездие кое се граничи со Девица на југ, Береникина Коса и Ловечки Кучиња на запад, Голема Мечка на северозапад, Змеј на североисток и Херкул, Северна Круна и Змиска Глава на исток. Кратенката од три букви била усвоена од Меѓународниот астрономски сојуз во 1922 г., и истата е 'Boo'.[14] Официјалните граници на соѕвездието, поставени од Ежен Делпорт во 1930 г., и дефинирани како многуаголник од 16 делови. Во екваторскиот координатен систем, ректасцензионите координати на тие граници се 13ч 36.1м и 15ч 49.3м, додека пак деклинационите координати се протегаат од +7,36° to +55,1°.[1] Заземајќи површина од 907 квадратни степени, Воловар кулуминира на 2 мај околу полноќ и според површината е на 13-то место.[15]

Следствено на тоа, начинот на кој се распределени ѕвездите се поврзува со змеј или пак корнет.[15][16] Но, приказите на Воловар се менувале низ историјата. Арат го опишува дека кружи околу Северниот Пол, чувајќи ги двете мечки. Подоцнежните старогрчки описи запишани од Птоломеј, го претставуваат како ги држи каишките на неговите ловечки кучиња во неговата лева рака, додека пак во десната има копје, стап или палка.[8] Откако Хевелиј го воведува соѕвездието Планина Менелај во 1681 г., Воловар се претставува како да стои на оваа планина во Пелопонез.[13] До 1801 г., кога Јохан Боде ја објавува својата Уранографија, Воловар поседува срп кој го држи во својата лева рака.[8]

Поставувањето на Арктур се менувало низ вековите. Вообичаено, Арктур е меѓу неговите бутови, според цртежите на Птоломеј. Но, Германик ја напушта оваа пракса поставувајќи го Арктур во местото каде „наметката е закопчана со јазол“.[8]

Забележителни особености

уреди
 
Соѕвездието Воловар гледано со голо око.

Ѕвезди

уреди

Јохан Бајер во своето дело Уранометрија ги користел грчките букви од алфа до омега а подоцна и од А до К за да ги означи најсветлите 35 ѕвезди во соѕвездието, со подоцнежни делби на Капа, Му, Ни и Пи за оние кои се двојни ѕвезди. Ни е истата ѕвезда која е позната под името Пси Херкул.[17] Џон Флемстид избројал 54 ѕвезди во ова соѕвездие.[18]

На растојание од 36,7 сг. од Земјата, Арктур или Алфа Воловар, е најсветлата ѕвезда во Воловар и четвртата најсјајна ѕвезда на небото со привидна светлинска величина −0,05.[19] Станува збор за најсветлата ѕвезда на север од небесниот екватор, засенувајќи ги Вега и Капела.[10][20] Името потекнува од старогрчкиот збор за „чувар на мечки“. Станува збор за портокалов џин со спектрална класа K1.5III,[19] Арктур е стара ѕвезда која го истрошила својот водород и изладила поради што нејзиниот пречник се проширил за 27 сончеви пречници,[6] што е еднакво на 32 милиони километри.[10] Иако масата му изнесува приближно една сончева маса,[6] Арктур сјае со сјајност поголема 133 пати од онаа на Сонцето.[21] Бајер го сместува Арктур над левото колено на овчарот во неговата Уранометрија. Блиската Ета Воловар, или Муфрид, е нагорната ѕвезда која ја означува неговата лева нога.[22] Станува збор за ѕвезда со светлинска величина 2,68 и истата е на растојание од 37 сг. од Земјата и според спектралната калса е G0IV,[23] што кажува дека е ѕвезда која штотуку го истрошила водородот во своето јадро и почнала да се шири со ладењето. Има сјајност 9 пари поголема од онаа на Сонцето и 2,7 пати поголем пречник. Анализата на спектарот покажува дека се работи за спектроскопска двојка.[24] Муфрид и Арктур се на растојание од 3,3 сг. Гледано од Арктур, Муфрид ќе поседува видна светлинска големина од -2½, додека пак Арктур гледан од Муфрид има видна светлинска големина -4½.[25]

Главата е означена со ѕвездата Бета Воловар,[22] или Некар, жолт џин со светлинска величина 3,5 спектрална класа G8IIIa.[26] Како Арктур, истата се раширила и оладила напуштајќи ја главната низа, пред тоа најверојатно била синобела ѕвезда од типот B.[27] Нејзинето често име потекнува од арапскиот израз за „терач на говеда“. се наоѓа на растојание од 219 сг.[6] и има сјајност од 58 L.[10] На растојание од 86 сг., Гама Боловар, или Сегин, е бела џиновска ѕвезда со спектрална класа A7III,[28] со сјајност 34 пати и пречник 3,5 пати од оној на Сонцето.[29] Станува збор за Делта Штит променлива, која има светлинска величина која се движи меѓу 3,02 и 3,07 на секои 7 часа.[30] Овие ѕвезди имаат куси периоди (најмногу 6 часа) и овие пулсирачки ѕвезди кои се користат како стандардни свеќи и се дел на проучување на науката наречена астросеизмологија.[31] Делта Воловар е широка двојна ѕвезда со светлинска величина на првичната ѕвезда 3,5 и на втората со светлинска големина 7,8. Првичната ѕвезда е жолт џин кој се изладил и пречникот нараснал 10,4 пати од оној на Сонцето.[32] Со спектрална класа G8IV, и е нарастојание од 121 сг. од Земјата,[33] додека втората ѕвезда е жолта ѕвезда од главната низа од спектрална каса G0V.[34] Се смета дека на двете ѕвезди им требаат 120.000 години за да направат една орбита околу самите себе.[32] Ми Воловар, позната и како Алкалуропс, е тројна ѕвезда позната кај аматерите астрономи. Вкупната светлинска величина е 4,3 и растојание од 121 сг. Името потекнува од арапскиот израз „палка“ или „стап“. Првичната ѕвезда е со светлинска големина 4,3 и е синобела. Втората ѕвезда е со светлинска величина 6,5, но станува збор за двојнаѕвезда со светлинска големина 7 и другата со 7,6. Втората и третата ѕвезда имаат орбитален период од 260 години.[6] Првичната има апсолутна светлинска величина од 2,6 и спектрална класа F0.[10] Втората и третата ѕвезда се одвоени со 2 лачни секунди, првичната и втората се одвоени 109,1 лачни секунди под агол од 171 степени.[35] Ни Воловар е оптичка двојна ѕвезда. Првичната е потокалов џин со светлинска величина 5 и втората е бела ѕвезда со светлинска величина 5. Првичната ѕвезда е 870 сг. и втората на 430 сг. од Земјата.

Ипсилон Воловар, позната и како Изар или Пулхерима, е блиска тројна ѕвезда позната кај аматерите астрономи и најистакнатата двојна ѕвезда во Воловар. Првичната е жолт или портокалов џин [36] со светлинска величина 2,5, втората е сина ѕвезда од главната низа со светлинска величина 4,6,[6] додека пак третата е со светлинска величина 12.[36] Системот е на 210 сг. од Земјата. Името „Изар“ потекнува од рапскиот збор за „наметка“ или „ткаенина“, што се однесува на местоположбата на соѕвездието. Името „Пулхерима“ потекнува од латинскиот израз за „најубава“, rшто се однесува на различните бои во телескопот.[6] Првичната и втората ѕвезда се на растојание од 2,9 лачни секунди под аголод 341 степен, првичната ѕвезда има спектрална класа K0 и сјајност 200 L.[10][36] За голо око, Изар има светлинска величина 2,37.[10] Блиските Ро и Сигма Воловар ја означуваат половината на овчарот.[22] Ро е портокалов џин со спектрална класа K3III со местоположба 160 сг. од Земјата.[37] Станува збор за слабо променлива ѕвезда, која трепери за 0,003 ос светлинската величина 3,57.[38]Сигма, жолто бека ѕвезда на главната низа од спектрален тио F3V, и се смета дека е променлива ѕвезда чија светлинска величина се менува од 4,45 до 4,49.[38] Се наоѓа на растојание од 52 сг.[39]

 
Анимација на соѕвездието Воловар

Традиционално позната како ел-Аулад ел-Диб (ألعولد ألذعب - al aulād al dhiʼb), „плачот на хиените“, Тета, Јота, Капа и Ламбда Воловар се мала група на ѕвезди на далечниот север на соѕвездието. Светлинската величина е 4,05 на Тета Воловар која пак припаѓа на спектралната класа F7 и апсолутна светлинска величина од 3,8. Јота Воловар е тројна ѕвезда во која првичната ѕвезда има светлинска величина 4,8 и е од спектралната класа A7,[10] втората ѕвезда е со светлинска величина 7,5,[6] и третата со светлинска величина 12,6.[36] Првичната ѕвезда е 97 сг. од Земјата.[6] Првичната и втората ѕвезда се раздвоени 38,5 лачни секунди, под агол од 33 степени.[10] Првичната и третата ѕвезда се одвоени 86,7 лачни секунди под агол од 194 степени. Заедно првичната и третата ѕвезда се бели во телескопот, но втората е жолта.[36] Капа Воловар е друга широка двојна ѕвезда. Првичната е на 155 сг. од Земјата и има светлинска величина од 4,5. Втората е 196 сг. од Земјата и има светлинска величина од 6,6.[6] Двете ѕвезди се раздвоени 13,4 лачни секунди, под агол од 236 степени.[10] Првичната ѕвезда е од спектралната класа A7, и е бела, додека пак втората е сина,[36] со привидна светлинска величина 4,18 од типот A0p,[10] Ламбда Воловар е прототип за ѕвезди со специфичен тип на хемиски ѕвезди, од кои само дел пулсираат како ѕвездите од Делта Штит. Разликата меѓу ѕвездите од видот на Ламбда Воловар кои имаат ѕвезди со особени спектри, и оние од Делта Штит чија класа ги опишува пулсирањата при ниски притисочни е од огромна важност. Додека многу од ѕвездите како Ламбда Воловар пулсираат и наликуваат на ѕвездите како Делта Штит, но нема многу ѕвезди од типот на Делта Штит кои ги имаат особеностите на Ламбда Воловар, бидејќи ѕвездите од типот на Ламбда Воловар се многу поретки и истите можат да се најдат во внатрешноста или надворешноста на нестабилната крива на Делата Штит. Ѕвездите како Ламбда Воловар се џуџести ѕвезди и можат да бида од спектралните класи А или F.[40] Како и ѕвездите од типот BL Воловар и овие се сиромашни со метали.[41] Научниците имале и потешкотии за објаснување на особеностите на ѕвездите како Ламбда Воловар, од причина што постојат околу 60 потврдени членови, но и поради различноста во литературата. Ламбда има светлинска величина од 1.8.[10]

Постојат две потемни F-тип на ѕвезди, со светлинска величина 4,83 12 Воловар, од класа F8, и светлинска величина 4,93 45 Воловар, од класа F5.[10] Кси Воловар е G8 жолто џуџе со светлинска величина 4,55, и апсолутна светлинска величина од 5,5. Две потемни G-тип на ѕвезди се со големина од 4,86 31 Воловар, од класата G8, со светлинска величина 4,76 44 Воловар, од класата G0.[10]

Со привидна светлинска величина од 4,06, Ипсилон Воловар има спектрална класа од типот K5 им апсолутна светлинска величина од −0.3. Потемна ѕвезда од Ипсилон Воловар е Фи Воловар со светлинска величина 4,54 , од спектралната класа K2 и апсолутна светлинска величина од −0,1. Малку потемна од Фи со светлинска величина од 4,60 е O Воловар, која, како Изар, е од спектралната класа K0. O Воловар има апсолутна светлинска величина од 0.2. Останатите четири темни ѕвезди со светлински големина 4,91 6 Воловар, и класа K4, светлинска величина 4,86 20 воловар, и класа K3, светлинска величина 4,81 Омега Воловар, и класа K4 и со светлинска величина 4,83 A Воловар, од класа K1.[10]

Постои и една светла ѕвезда со спектрална класа B во Воловар,со светлинска величина 4,93 Фи1 Воловар, наречена и Алазал. Припаѓа на спектралната класа B9 и е на растојание од 40 парсеци од Земјата. Постои и ѕвезда со спектрална класа M, светлинска величина 4,81 34 Воловар. припаѓа на спектралната класа gM0.[10]

Повеќекратни ѕвезди

уреди
 
Небесна фотографија на која се прикажани многуте ѕвезди од Воловар претежно станува збор за двојни и тројни ѕвезди. Арктур е светлата бела ѕвезда долу десно. Полукругот од ѕвезди во близина на левиот агол долу е соѕвездието Северна Круна.

Покрај Пулхерима и Алкалуропс, постојат и други двојни ѕвезди во Воловар:

  • Кси Воловар е четрикратна ѕвезда позната кај аматерите астрономи. Првичната ѕвезда е жолта ѕвезда со светлинска величина 4,7 додека втората е портокалова ѕвезда со светлинска величина 6,8. Системот е на растојание од 22 сг. и има орбитален период од 150 години.[6] Првичната и втората ѕвезда се на растојание од 6,7 лачни секунди и под агол од 319 степени.[10] Третата ѕвезда е со светлинска величина 12,6 и четвртата ѕвезда е со светлинска величина од 13,6.[36]
  • Пи Воловар е блиска тројна ѕвезда. Првичната ѕвезда е синобела ѕвезда со светлинска величина 4,9, втората е синобела ѕвезда со светлинска величина 5,8,[6] и третата ѕвезда е со светлинска величина 10,4.[36] Првичната и втората ѕвезда се на растојание од 5,6 лачни секунди и под агол од 108 степени,[10] првичната и третата ѕвезда се на растојание од 128 лачни секунди и под агол од 128 степени.[36]
  • Зета Воловар е тројна ѕвезда која се состои од физички двоен пар со оптички придружник. На растојание од 205 сг. од Земјата, физичкиот пар има период од 123,3 години и поседува светлинска величина од 4,5 и 4,6. Двете ѕвезди се на растојание од 1 лачна секунда и под агол од 303 степени. Оптичкиот придружник е со светлинска величина 10,9, и на растојание од 99,3 лачни секунди и агол од 259 степени. 44 Воловар е еклиптичка променлива ѕвезда. Првичната ѕвезда има менлива светлинска величина додека пак втората има светлинска величина 6,2, и имаат орбитален период од 225 години. Иситие се на растојание од 1 лачна секунда и под агол од 40 степени.[10]

44 Воловар (I Воловар) е двојна променлива ѕвезда на растојание од 42 сг. од Земјата. Има вкупна светлинска величина од 4,8 и изгледа жолтеникава при набљудување со голо око. Првичната е со светлинска величина 5,3 а втората е со светлинска величина 6,1, додека пак орбиталниот период изнесува 220 години. Втората ѕвезда пак е еклиптичка променлива со разлика во сјајноста од 0,6, и со орбитален период од 6,4 часа.[6] Станува збор за променлива ѕвезда од типот на W Голема Мечка со распон на јајноста од 7,1 до 6,5 на секои 0,27 дена. Двете ѕвезди се со спектрална класа G. Друга двојна ѕвезда е ZZ Воловар, која се состои од две ѕвезди со спектрална F2 со подеднаква маса,[42] и има распон ан сјајноста од минималната 6,79 до максималната 7,44 за период од 5 дена.[43]

Променливи ѕвезди

уреди

Две од најсветлите променливи ѕвезди од видот на Мира се во соѕвездието и станува збор за R и S Воловар. Двете се црвени џинови со светлинска величина од 6,2 до 13,1 во период од 223,4 денови,[44][10] и од 7,8 до 13,8 за временски период од 270,7 денови.[10] Исто тка црвените џинови, V и W Воловар се полупроменливи ѕвезди со светлинска величина од 7 до 12 во временски период од 258 дена, и светлинска величина од 4,7 до 5,4 за период од 450 дена.[10]

BL Воловар е прототип за класата на променливи ѕвезди кои ги поседуваат нејзините особености,[45]аномални кефеиди. Овие ѕвезди се на некој начин слични кефеидните променливи, но не ја поседуваат истата поврзаност меѓу периодот и сјајноста.[46] Нивните периоди се слични на RRAB променливите, но, се многу посветли од овие ѕвезди.[47] BL Воловар е член на јатото NGC 5466. Аномалните кефеиди се осиромашени од метали и маат маси многу поголеми од онаа на Сонцето, во просек 1,5 сончеви маси. Ѕвездите од видот на BL Воловар се поттип на променливите од видот на RR Лира.[48]

T Воловар е нова набљудувана во април 1860 година и имала светлинска величина 9,7. И оттогаш не е повторно не е видена, но ова не ја исклучува можноста дека станува збор за можна непрабилна променлива ѕвезда или пак повторувачка нова.[20]

Ѕвезди со планетарни системи

уреди
 
Дигитално претставување на Тау Воловар b

Во 2012 г. околу 10 ѕвезди во Воловар поседуваале вонсончеви планети. Околу Тау Воловар кружи голема планета, која е откриена во 1999 г. Матилната ѕвезда е со светлинска величина 4,5 со спектрална класа F7V, 15,6 парсеци од Земјата. Истата има маса од 1,3 сончеви маси и полупречник од 1,331 сончеви полупречници, придружникот, GJ527B, кружи на растојание од 240 ае. Тау Воловар b, њдинствената планета откриена во системот, кружи на растојание од 0,046 ае. на секои 3,31 денови. Откриена преку мерења на радијалната брзина, има маса од 5,95 Јупитерови маси.[49]Поради ова станува збор за жежок Јупитер.[50] Ѕвездата и планетата се плимно сврзани, што значи дека орбитата на планетата и ѕвезденото силно вртење се истовремени.[51][52] Понатамошно, малата променливост во сјајноста на ѕвездата може да се должи на магнетните заемодејства на ѕвездата со планетата.[52]Забележано е присуство на јаглерод моноксид во атмосферата на планетата. Тау Воловар b не минува пред својата ѕвезда, туку орбитата е накосена под агол од 46 степени.[50] Како и Тау Воловар b, HAT-P-4 b е жежок Јупитер. Забележително е дека кружи околу невообичаено богата со метали ѕвезда и има мала густина.[53] Откриена во 2007 г., HAT-P-4 b има маса од 0,68 Јупитерови маси и полупречник од 1,27 Јупитерови полупречници. кружи на секои 3,05 денови на растојание од 0,04 ае. HAT-P-4, матичната ѕвезда, е со спектрална класа F и светлинска величина 11,2, 310 парсеци од Земјата. Поголема е од Сонцето, со маса од 1,26 сончеви маси и полупречник од 1,59 сончеви полупречници.[54]

 
Развојот на планетарниот систем HD 128311 со текот на времето

Воловар е дом и на системи со повеќе планети. HD 128311 е систем од две планети, и се состои од HD 128311 b и HD 128311 c, откриени во 2002 и 2005 г., соодветно.[55][56] HD 128311 b е помалата планета, со маса од 2,18 Јупитерови маси, и истата е откриена со набљудување на радијалната брзина. Кружи на скоро истото растојание како и Земјата на 1,099 ае., но орбиталниот период изнесува 448,6 денови.[55] Поголемата ос двете, HD 128311 c, има маса од 3,21 Јупитерова маса и била откриена на ист начин. Со орбитален период од 919 денови и накосеност од 50°, и на растојание од 1,76 ае од ѕвездата.[56] Матичната ѕвезда, HD 128311, е со спектрална класа K0V на растојание од 16,6 парсеци од Земјата. Помала е од Сонцето, со маса од 0,84 сончеви маси и полупречник од 0,73 сончеви полупречници, и е под границата на видливоста со голо око со привидна светлинска величина од 7.51.[55]

Постојат неколку системи со една планета во Воловар. HD 132406 е ѕвезда налик на Сонцето со спектрална класа G0V со привидна светлинска величина 8,45, 231,5 сг. од Земјата.[57] Има маса од 1,09 сончеви маса и полупречник од 1 сончев полупречник.[58] Околу ѕвездата кружи гасовит џин, HD 132406 b, откриен во 2007 г.[57] HD 132406 кружи на растојание од 1,98 ае од ѕвездата во период од 974 дена и има маса од 5,61 Јупитерови маси. Планетата е откриена со методот на радијална брзина.[58] WASP-23 е ѕвезда со една кружечка планета, WASP-23 b. Планетата е откриена со употреба на методот на премин во 2010 година, и кружи на секои 2,944 денови мошне близу до своето сонце, на растојание од 0,0376 ае. Помала е од Јупитер, со маса 0,884 Јупитерови маси и 0,962 Јупитерови полупречници. Ѕвездата е од спектрална класа K1V и со светлинска величина од 12,7, под границата за видливост, и помала од Сонцето со маса од 0,78 сончеви маси и 0,765 сончеви полупречници.[59] Околу HD 131496 исто така кружи една планета, HD 131496 b. Ѕвездата е со спектрална класа K0 и е на растојание од 110 парсеци од Земјата, има светлинска величина од 7,96. Значително е поголема од Сонцето со маса од 1,61 сончеви маси и полупречник од 4,6 сончеви полупречници. Станува збор за една планета, откриена во 2011 година со радијалниот брзински метод, има маса од 2,2 Јупитерови маси, полупречникот е непознат. HD 131496 b кружи на растојание од 2,09 ае. во период од 883 денови.[60]

Друг систем со единечна планета во Воловар е системот HD 132563, систем од три ѕвезди. Ѕвездата на која припаѓа планетата е HD 132563B,со светлинска величина 9,47, 96 парсеци од Земјата. Со иста големина како Сонцето и ист полупречник. Планетата, HD 132563B b, била откриена во 2011 година со помош на методот на радијална брзина. Со маса од 1,49 Јупитерови маси, кружи на 2,62 ае. од ѕвездата и орбитален период од 1544 days.[61] Орбитата е елиптична, со орбитална занесеност од 0,22. HD 132563B b е една од многу ретките планети кои се најдени во тројни системи на ѕвезди, кружи околу изолираниот член на системот, кој е оддалечен од останатите членови кои се спектроскопска двојна ѕвезда, на растојание од 400 ае.[62] Исто така откриена со методот на радијалната брзина, ское оедна година порано, е HD 136418 b, со маса од 2 Јупитерови маси кружи околу ѕвездата HD 136418 на растојание од 1,32 ае. со орбитален период од 464,3 денови. Матичната ѕвезда е со светлинска величина 7,88 со спектрална класа G5, на растојание од 98,2 парсеци од Земјата. Истата има полупречник од 3,4 сончеви полупречници и маса од 1,33 сончеви маси.[63]

 
Споредба на големината на WASP-14b со Јупитер

WASP-14 b е една од најмасивните и најгусти вонсончеви планети кои се познати,[64] со маса од 7,341 Јупитерови маси и полупречник од 1,281 Јупитерови полупречници. Откриена со методот на премин, истата кружи на растојание од 0,036 ае. од матичната ѕвезда со орбитален период од 2,24 денови.[65] WASP-14 b има густина од 4,6 грамови на кубен сантиметар, што ја прави една од најгустите познати вонсончеви планети.[64] Матичната ѕвезда, WASP-14, е со спектрална класа F5V со светлинска величина 9,75, на растојание од 160 парсеци од Земјата. Истата има полупречник од 1,306 сончеви полупречници и маса од 1,211 сончеви маси.[65] Истата има мошне високо количество на литиум.[64]

Далечни објекти

уреди
 
Збиеното јато NGC 5466.

Воловар е на делот од небесната сфера кој е свртен нанадвор од рамнината на галаксијата, и поради истото нема расеани јата и маглини. Наместо тоа има едно сјајно збиено јато и многу слабо сјајни галаксии.[7] Збиеното јато NGC 5466 има вкупна светлинска величина од 9.1 и пречник од 11 лачни минути.[10] Станува збор за ретко збиено јато со неколку ѕвезди и можно е да наликува на густо расеано јато. NGC 5466 се класифицира како Шапли-Сојерова концентрациска класа 12, што ја покажува неговата реткост.[66] Големиот пречник значи дека истото има мала површинска сјајност, па и затоа изгледа дека е потемно од светлинската величина од 9,1 и потребен е поголем аматерски телескоп за истото да се види. Со аматерски телескоп може да се видат само 12 ѕвезди.[67]

Во Воловар има две светли галаксии. NGC 5248 (Калдвел 45) галаксија која во Хабловата низа е Sc галаксија (вид на спирална галаксија) со светлинска ввеличина од 10,2. Со големина од 6,5 на 4,9 лачни минути.[10] и нарастојание од 50 милиони сг., NGC 5248 е член на галактичкото јато Девица, има темни надворешни краци и очигледни H II области, прав, и јата од мласи ѕвезди.[68] NGC 5676 е друг вид на Sc галаксија со светлинска величина од 10,9. Со големина од 3,9 на 2,0 лачни минути.[10] Други галаксии кои се присутни во Воловар се: NGC 5008, Sc оддавна-линиска галаксија,[69] NGC 5548, S Сејфертова галаксија,[70] NGC 5653, S HII галаксија,[71] NGC 5778 (класифицирано и како NGC 5825),[72] E галаксија која е најсветла во своето јато,[73] NGC 5886,[74] и NGC 5888,SBb галаксии.[75] NGC 5698 е пречкеста спирална галаксија, позната по присуството на суперновата SN 2005bc од 2005 година, чија максимална светлинска величина била 15,3.

Во далечината се наоѓа празнина со пречник од 250 милиони сг. и истата празнина се нарекува празнина во Воловар, огромен простор без галаксии. Откриена од Роберт Кишнер и соработниците во 1981 г., се наоѓа на растоја ние од 700 милиони сг. од Земјата.CITEREFSchilling2011 Во далечината и во границите на соѕвездието, се наоѓаат две суперјата на растојанија од околу 830 милиони и 1 милијарда светлосни години.

Метеорски дождови

уреди
 
A Quadrantid captured by an all-sky camera during a 4-second exposure.

Воловар е местото од каде потекнува метеорскиот дожд Кавадрантиди, најпробивниот годишен метеорски дожд. Бил откриен во јануари 1835 година и именуван во 1864 година од страна на Александер Хершел.[76]Радијантниот метеорски дожд е со местоположба во северниот дел на Воловар во близина на Капа Воловар,[77] во поранешното соѕвездие Ѕиден Квадрант. Квадрантидите се темни метеори, со просечна видливост од 100 метеори на час на 3 и 4 јануари.[6][20]Зенитниот часовен чекор на Квадрантидите е 130 метеори на час, станува збор за многу тесен дожд. Квадрантидите се познати по својата тешкотија да бидат забележани поради малиот радијант и неповолните временски услови. Телото од кое потекнуваат метеорите е спорно, и за истото се спори со децении,[76] но, Питер Џенискенс го предложил 2003 EH1, мала планета, како родител.[78] 2003 EH1 може да се поврзе со C/1490 Y1, комета за која порано се мислело дека е потенцијалниот родител на Квадрантидите.[79][80] 2003 EH1 е краткопериодична комета од Јупитеровото семејство, пред 500 години, истата се распаднала. Денес истата комета е неактивна.[81] Квадрантидите имале значајна појава во 1982, 1985, и 2004 година.[82] Метеорите од овој дожд често се набљудуваат како сини патеки и патуваат со средна брзина од 41,5 до 43 км/с.[83]

 
Светол Квандрантид набљудуван при мугри.

Јунските Боотиди, познати и како Јота Дракониди, е метеорски дожд кој се поврзува со кометата 7P/Пон-Винеке, првпат забележан на 27 мај 1916 година од страна на Вилијам Ф. Денинг.[84] Дождот, со своите спори метеори, не бил забележан пред 1916 г. бидиејќи Земјата не поминувала низ патеката на кометата сè додека Јупитер не ја сменил орбитата на кометата со што се предизвикала промена со која кометата минува на 0,03 ае. од Земјината орбита и тоа е првата година кога јунските Боотиди биле набљудувани. Во 1982, E. A. Резников открил дека избликот од 1916 г. би предизвикан од материјалот ослободен од кометата во 1819 г.[85] Друг изблик на јунските Боотиди не бил набљудуван сè до 1998 година, бидејќи орбитата на кометата била во неповолна орбита. Но, на 27 јуни 1998 г., избликот на метеори кои потекнувал од Воловар, подоцна бил поврзан со кометата Пон-Винеке. Истите траеле неверојатно долго, со траги од најсветлите метеори кои треале и по неколку секунди. Многу од патеките биле зелено обоени, а некои од нив имале сенки за време на избликот со максимален зенитен часовен чекор од 200-300 метеори на час.[86] Во 2002 година, двајца руски астрономи одредија дека исфрлениот материјал од кометата потекнува од 1825 г.[87] Исфрлениот материјал од кометата од 1819, 1825, и 1830 година се предвидува дека ќе навлезе во атмосферата на Земјата на 23 јуни 2004 година. За јунските Боотиди се претпоставува дека нема да имаат изразен изблик во наредните 50 години.[88]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 IAU, The Constellations, Boötes.
  2. White 2008, стр. 207.
  3. Homer, Odyssey, book 5, 272
  4. Mandelbaum 1990, стр. 103.
  5. 5,0 5,1 5,2 Levy 1996 pp=141
  6. 6,00 6,01 6,02 6,03 6,04 6,05 6,06 6,07 6,08 6,09 6,10 6,11 6,12 6,13 6,14 Ridpath 2001, стр. 88–89.
  7. 7,0 7,1 Thompson & Thompson 2007, стр. 102.
  8. 8,00 8,01 8,02 8,03 8,04 8,05 8,06 8,07 8,08 8,09 Star Tales Boötes.
  9. Pasachoff 2000, стр. 133.
  10. 10,00 10,01 10,02 10,03 10,04 10,05 10,06 10,07 10,08 10,09 10,10 10,11 10,12 10,13 10,14 10,15 10,16 10,17 10,18 10,19 10,20 10,21 10,22 10,23 10,24 Moore 2000, стр. 341–342.
  11. Levy 2008, стр. 51.
  12. Star Tales Quadrans Muralis.
  13. 13,0 13,1 Star Tales Mons Maenalus.
  14. Russell 1922, стр. 469.
  15. 15,0 15,1 Bakich 1995, стр. 150.
  16. Polakis 2009.
  17. Wagman 2003, стр. 55–57.
  18. Wagman 2003, стр. 355–56.
  19. 19,0 19,1 SIMBAD Alpha Boötis.
  20. 20,0 20,1 20,2 Moore & Tirion 1997, стр. 132–133.
  21. Kaler Arcturus.
  22. 22,0 22,1 22,2 Wagman 2003, стр. 503.
  23. SIMBAD Eta Boötis.
  24. Kaler Muphrid.
  25. Schaaf 2008, стр. 136.
  26. SIMBAD Beta Boötis.
  27. Kaler Nekkar.
  28. SIMBAD Gamma Boötis.
  29. Kaler Seginus.
  30. AAVSO Gamma Boötis.
  31. AAVSO Delta Scuti Variables.
  32. 32,0 32,1 Kaler Delta Boötis.
  33. SIMBAD Delta Boötis.
  34. SIMBAD BD+33 2562.
  35. Thompson & Thompson 2007, стр. 106.
  36. 36,0 36,1 36,2 36,3 36,4 36,5 36,6 36,7 36,8 Thompson & Thompson 2007, стр. 105.
  37. SIMBAD Rho Boötis.
  38. 38,0 38,1 AAVSO Rho Boötis.
  39. SIMBAD Sigma Boötis.
  40. North 2004, стр. 145.
  41. Good 2003, стр. 62.
  42. Popper 1983.
  43. AAVSO ZZ Boötis.
  44. Pasachoff 2000, стр. 199–200.
  45. North 2004, стр. 123.
  46. Good 2003, стр. 61.
  47. Good 2003, стр. 69.
  48. Good 2003, стр. 70.
  49. Exoplanet Encyclopedia Tau Boo b.
  50. 50,0 50,1 Rodler, Lopez-Morales & Ribas 2012.
  51. Cameron et al. 2000.
  52. 52,0 52,1 Walker et al. 2008.
  53. Kovács et al. 2007.
  54. Exoplanet Encyclopedia HAT-P-4 b.
  55. 55,0 55,1 55,2 Exoplanet Encyclopedia HD 128311 b.
  56. 56,0 56,1 Exoplanet Encyclopedia HD 128311 c.
  57. 57,0 57,1 Da Silva Udry et al. 2007.
  58. 58,0 58,1 Exoplanet Encyclopedia HD 132406.
  59. Exoplanet Encyclopedia WASP-23 b.
  60. Exoplanet Encyclopedia HD 131496 b.
  61. Exoplanet Encyclopedia HD 132563B b.
  62. Desidera et al. 2011.
  63. Exoplanet Encyclopedia HD 136418 b.
  64. 64,0 64,1 64,2 Joshi et al. 2009.
  65. 65,0 65,1 Exoplanet Encyclopedia WASP-14 b.
  66. Thompson & Thompson 2007, стр. 103.
  67. Thompson & Thompson 2007, стр. 104.
  68. Niksch & Block 2004.
  69. SIMBAD NGC 5008.
  70. SIMBAD NGC 5548.
  71. SIMBAD NGC 5653.
  72. SIMBAD NGC 5825.
  73. SIMBAD NGC 5778.
  74. SIMBAD NGC 5886.
  75. SIMBAD NGC 5888.
  76. 76,0 76,1 Jenniskens 2006, стр. 357–368.
  77. Jenniskens 2006, стр. 612.
  78. Jenniskens 2006, стр. 368.
  79. Jenniskens 2006, стр. 373.
  80. Jenniskens 2006, стр. 376.
  81. Jenniskens 2012.
  82. Levy 2008, стр. 49.
  83. Levy 2008, стр. 104.
  84. Jenniskens 2006, стр. 334.
  85. Jenniskens 2006, стр. 335.
  86. Jenniskens 2006, стр. 336–337.
  87. Jenniskens 2006, стр. 338.
  88. Jenniskens 2006, стр. 339–344.
Од изворите
  • Templeton, Matthew (16 July 2010). „Delta Scuti and the Delta Scuti Variables“. Variable Star of the Season. AAVSO (American Association of Variable Star Observers). Посетено на 3 November 2012.
  • Watson, Christopher (4 January 2010). „Gamma Boötis“. AAVSO Website. American Association of Variable Star Observers. Посетено на 5 August 2014.
  • Watson, Christopher (3 May 2013). „NSV 6697“. AAVSO Website. American Association of Variable Star Observers. Посетено на 8 August 2014.
  • Watson, Christopher (18 January 2010). „NSV 6717“. AAVSO Website. American Association of Variable Star Observers. Посетено на 8 August 2014.
  • Watson, Christopher (4 January 2010). „ZZ Boötis“. AAVSO Website. American Association of Variable Star Observers. Посетено на 5 August 2014.
  • Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil) (web preprint)
  • Bakich, Michael E. (1995). The Cambridge Guide to the Constellations. Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-44921-2.
  • Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  • Collier Cameron, Andrew; Horne, Keith; James, David; Penny, Alan; Semel, Meir (8 December 2000). „τ Boo b: Not so bright, but just as heavy“. Planetary Systems in the Universe: Observation, Formation, and Evolution. ASP Conference Series.
  • Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  • „Tau Boo b“. The Extrasolar Planets Encyclopedia. Paris Observatory. 5 July 2012. Архивирано од изворникот на 2019-12-01. Посетено на 31 August 2012.
  • „HD 128311 b“. The Extrasolar Planets Encyclopedia. Paris Observatory. 4 January 2011. Посетено на 4 September 2012.
  • „HD 128311 c“. The Extrasolar Planets Encyclopedia. Paris Observatory. 11 May 2011. Посетено на 4 September 2012.
  • „WASP-23 b“. The Extrasolar Planets Encyclopedia. Paris Observatory. 24 March 2011. Посетено на 4 September 2012.
  • „HD 131496 b“. The Extrasolar Planets Encyclopedia. Paris Observatory. 2 September 2011. Посетено на 4 September 2012.
  • „HD 132406 b“. The Extrasolar Planets Encyclopedia. Paris Observatory. 31 October 2007. Посетено на 5 September 2012.
  • „HD 132563B b“. The Extrasolar Planets Encyclopedia. Paris Observatory. 6 July 2011. Архивирано од изворникот на 2014-10-13. Посетено на 5 September 2012.
  • „HD 136418 b“. The Extrasolar Planets Encyclopedia. Paris Observatory. 19 March 2010. Посетено на 5 September 2012.
  • „HAT-P-4 b“. The Extrasolar Planets Encyclopedia. Paris Observatory. 5 April 2012. Посетено на 5 September 2012.
  • „WASP-14 b“. The Extrasolar Planets Encyclopedia. Paris Observatory. 8 April 2012. Посетено на 5 September 2012.
  • Good, Gerry A. (2003). Observing Variable Stars. Springer. ISBN 978-1-85233-498-7.
  • Green, Daniel W. E. (17 November 2007). „Thirteen New Meteor Showers Recognized“. Electronic Telegram No. 1142. Central Bureau for Astronomical Telegrams, IAU. Посетено на 9 September 2012.
  • „Alpha Bootids“. Meteor Shower Center. IAU. 5 September 2012. Посетено на 9 September 2012.
  • „Bootid-Coronae Borealid Complex“. Meteor Shower Center. IAU. 5 September 2012. Посетено на 9 September 2012.
  • „Gamma Bootids“. Meteor Shower Center. IAU. 5 September 2012. Посетено на 9 September 2012.
  • „Lambda Bootids“. Meteor Shower Center. IAU. 5 September 2012. Посетено на 9 September 2012.
  • „Nu Bootids“. Meteor Shower Center. IAU. 5 September 2012. Посетено на 9 September 2012.
  • „Phi Bootids“. Meteor Shower Center. IAU. 5 September 2012. Посетено на 9 September 2012.
  • „Rho Bootids“. Meteor Shower Center. IAU. 5 September 2012. Посетено на 7 September 2012.
  • Jenniskens, Peter (2006). Meteor Showers and their Parent Comets. Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-85349-1.
  • Jenniskens, Peter (September 2012). „Mapping Meteoroid Orbits: New Meteor Showers Discovered“. Sky & Telescope: 24.
  • Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  • Kaler, Jim. „Arcturus“. Stars. University of Illinois. Посетено на 6 August 2014.
  • Kaler, Jim. „Delta Boötis“. Stars. University of Illinois. Посетено на 10 August 2014.
  • Kaler, Jim. „Muphrid“. Stars. University of Illinois. Посетено на 7 August 2014.
  • Kaler, Jim. „Nekkar“. Stars. University of Illinois. Посетено на 6 August 2014.
  • Kaler, Jim. „Seginus“. Stars. University of Illinois. Посетено на 8 August 2014.
  • Koed, Thomas L.; Sherrod, P. Clay (2003). A Complete Manual of Amateur Astronomy: Tools and Techniques for Astronomical Observations. Courier Dover Publications. ISBN 9780486428208.
  • Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  • Levy, David H. (2008). David Levy's Guide to Observing Meteor Showers. Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-69691-3.
  • Lunsford, Robert (16 January 2012). „2012 Meteor Shower List“. American Meteor Society. Посетено на 7 September 2012.
  • Lunsford, Robert (21 June 2012). „Meteor Activity Outlook for June 23-29 2012“. American Meteor Society. Посетено на 7 September 2012.
  • Moore, Patrick; Tirion, Wil (1997). Cambridge Guide to Stars and Planets (2. изд.). Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-58582-8.
  • Mandelbaum, Allen; translator (1990). The Odyssey of Homer. New York City: Bantam Dell. ISBN 978-0-553-21399-7.
  • Moore, Patrick (2000). The Data Book of Astronomy. Institute of Physics Publishing. ISBN 978-0-7503-0620-1.
  • North, Gerald (2004). Observing Variable Stars, Novae, and Supernovae. Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-82047-9.
  • Niksch, Dale; Block, Adam (16 May 2004). „Best of AOP: NGC 5248“. NOAO. Архивирано од изворникот на 2014-10-13. Посетено на 2016-07-09.
  • Pasachoff, Jay M. (2000). Stars and Planets (4. изд.). Houghton Mifflin. ISBN 978-0-395-93431-9.
  • Polakis, Tom (3 March 2009). „Boötes and Corona Borealis“. Astronomy Magazine. Посетено на 13 August 2012.
  • Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  • Ridpath, Ian (2001). Stars and Planets Guide. Princeton University Press. ISBN 978-0-691-08913-3.
  • Ridpath, Ian; Tirion, Wil (2007). Stars and Planets Guide (4. изд.). Princeton University Press. ISBN 978-0-691-13556-4.
  • Ridpath, Ian. „Boötes“. Star Tales. Посетено на 10 September 2012.
  • Ridpath, Ian. „Mons Maenalus“. Star Tales. Посетено на 21 September 2012.
  • Ridpath, Ian. „Quadrans Muralis“. Star Tales. Посетено на 21 September 2012.
  • Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  • Russell, Henry Norris (October 1922). „The new international symbols for the constellations“. Popular Astronomy. 30: 469. Bibcode:1922PA.....30..469R.
  • Schilling, Govert (2011). Atlas of Astronomical Discoveries. New York, New York: Springer Science & Business Media. ISBN 9781441978110.
  • Schaaf, Fred (2008). The Brightest Stars: Discovering the Universe Through the Sky's Most Brilliant Stars. Hoboken, New Jersey: John Wiley and Sons. ISBN 978-0-471-70410-2.
  • „Alpha Boötis - Red Giant Branch Star“. SIMBAD Astronomical Database. Центар за астрономски податоци во Стразбур. Посетено на 6 August 2014.
  • „Eta Boötis - Spectroscopic Binary“. SIMBAD Astronomical Database. Центар за астрономски податоци во Стразбур. Посетено на 7 August 2014.
  • „Beta Boötis - Flare Star“. SIMBAD Astronomical Database. Центар за астрономски податоци во Стразбур. Посетено на 6 August 2014.
  • „Delta Boötis - Star in double system“. SIMBAD Astronomical Database. Центар за астрономски податоци во Стразбур. Посетено на 10 August 2014.
  • 2562 „BD+33 2562 - Star in double system“ Проверете ја вредноста |url= (help). SIMBAD Astronomical Database. Центар за астрономски податоци во Стразбур. Посетено на 10 August 2014.
  • „Gamma Boötis - Variable star of Delta Scuti type“. SIMBAD Astronomical Database. Центар за астрономски податоци во Стразбур. Посетено на 8 August 2014.
  • „Rho Boötis - Variable star“. SIMBAD Astronomical Database. Центар за астрономски податоци во Стразбур. Посетено на 8 August 2014.
  • „Sigma Boötis - Variable star“. SIMBAD Astronomical Database. Центар за астрономски податоци во Стразбур. Посетено на 8 August 2014.
  • „NGC 5008“. SIMBAD. Центар за астрономски податоци во Стразбур. Посетено на 31 August 2012.
  • „NGC 5548“. SIMBAD. Центар за астрономски податоци во Стразбур. Посетено на 31 August 2012.
  • „NGC 5778“. SIMBAD. Центар за астрономски податоци во Стразбур. Посетено на 31 August 2012.
  • „NGC 5653“. SIMBAD. Центар за астрономски податоци во Стразбур. Посетено на 31 August 2012.
  • „NGC 5825“. SIMBAD. Центар за астрономски податоци во Стразбур. Посетено на 31 August 2012.
  • „NGC 5886“. SIMBAD. Центар за астрономски податоци во Стразбур. Посетено на 31 August 2012.
  • „NGC 5888“. SIMBAD. Центар за астрономски податоци во Стразбур. Посетено на 31 August 2012.
  • Štohl, J.; Porubčan, V. (6 July 1993). „Meteor streams of asteroidal origin“. Meteoroids and their parent bodies, Proceedings of the International Astronomical Symposium: 41. Bibcode:1993mtpb.conf...41S.
  • Thompson, Robert Bruce; Thompson, Barbara Fritchman (2007). Illustrated Guide to Astronomical Wonders. O'Reilly Books. ISBN 978-0-596-52685-6.
  • Wagman, Morton (2003). Lost Stars: Lost, Missing and Troublesome Stars from the Catalogues of Johannes Bayer, Nicholas Louis de Lacaille, John Flamsteed, and Sundry Others. Blacksburg, VA: The McDonald & Woodward Publishing Company. ISBN 978-0-939923-78-6.
  • White, Gavin (2008). Babylonian Star-lore. Solaria Publications.
  • Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  • „Boötes, constellation boundary“. The Constellations. International Astronomical Union. Посетено на 3 July 2012.

Надворешни врски

уреди


  Статијата „Воловар (соѕвездие)“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).