Свиња
Свиња | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | Животни (Animalia) |
Колено: | Хордати (Chordata) |
Класа: | Цицачи (Mammalia) |
Ред: | Artiodactyla |
Семејство: | Suidae |
Род: | Sus (свиња) Linnaeus, 1758 |
видови | |
Sus barbatus (брадеста свиња) |
Свињата е род животно од семејството Suidae кое опфаќа 10 современи видови, како и еден припитомен подвид, домашна свиња.
Физички одлики
уредиСвињите имаат подигната муцка, мали очи и мала опашка, што често е извиткана, но понекогаш и права. Имаат големи наслаги од сланина и кратки нозе. Секоја нога има по четири прста, од кои по два се значително поголеми од другите два и се користат за одење. Свињите маат 44 заби[2] при што песјаците им растат во текот на целиот живот, па често горните заби ги тријат од долните, за да ги трошат. Свињите имаат исклучително чувствително сетило за мирис. Затоа, во минатото тие често се користеле за пронаоѓање тартуфи, а и денес се користат за таа намена во некои европски земји. Бидејќи немаат потни жлезди, во текот на летото, кога има високи температури, свињите се разладуваат валкајќи се во вода или во кал. Тоа им помага и против изгореници, како и против муви и други паразити. Свињите се многу интелигентни и луѓето ширум светот ги чуваат и како домашни миленици.
Исхрана
уредиСвињите се сештојади, што значи дека јадат храна и од растително и од животинско потекло. Тие ги јадат дури и посмртните остатоци од животните, а забележано е дека јадат и мртви инсекти, црви, струготини од дрво, ѓубре, па дури и остатоци од други свињи. Исто така, тие јадат и стаорци, глувци и помали глодачи. Во дивината, свињите најчесто јадат корења, трева, овошје, цвеќе и зеленчук. Во заробеништво, свињите понекогаш ги јадат и сопствените млади, обично кога се сериозно фрустрирани и под стрес.
Размножување
уредиЖенката свиња - маторица, може да се пари на возраст од 8-18 месеци, а машките свињи на 8-10 месечна возраст. Кога ќе се породи, свињата на свет носи 6 до 12 младенчиња, што се викаат прасиња.
Свињата како мотив во уметноста и популарната култура
уредиСвињата како мотив во народното творештво
уреди- „Волкот, свињата и чавката“ - кавкаска народна приказна.[3]
- „Свињарот и маторицата“ - унгарска народна приказна.[4]
- „Мечката, свињата и лисицата“ (српски: Међед, свиња и лисица) - српска народна приказна.[5]
- „Кумот и неговата свиња“ (српски: Кум и његова прасица) - српска народна приказна.[6]
Свињата како мотив во книжевноста
уреди- „Гуде“ — басна во стихови на Михо Атанасовски.[7]
- „Прасето на Каландрио“ - расказ збирката „Декамерон“ на италијанскиот писател Џовани Бокачо.[8]
- „Свиња во магарешка опера“ — басна на Ристо Давчевски.[9]
- „Боговското прасе“ - кус расказ на ирскиот писател Вилијам Батлер Јејтс од 1902 година.[10]
- „Како прасе расте“ — песна на македонскиот поет Васил Куноски.[11]
- „Свиња“ - расказ на англиската писателка Дорис Лесинг.[12]
Свињата како мотив во популарната музика
уреди- „Прасиња“ (англиски: Piggies) - песна на британската група Битлси од 1968 година.[13]
- „Прасе од порцелан“ (англиски: China Pig) - песна на американската рок-група Captain Beefheart and his Magic Band од 1969 година.[14]
- „Прасенце“ (англиски: Piggy) - песна на американската група Nine Inch Nails од 1994 година.[15]
- „Марш на прасињата“ (англиски: March Of The Pigs) - песна на американската група Nine Inch Nails од 1994 година.[15]
- „Вертикално прасе“ (англиски: Vertical Pig) - песна на британската група The Future Sound of London од 1994 година.[16]
- „Прасиња во Зен“ (англиски: Pigs in Zen) - песна на американската рок-група Janes Addiction од 1987 година.[17]
Видови свињи
уредиНаводи
уреди- ↑ Zoological Journal of the Linnean Society (1997), 120: 163–191.
- ↑ Sus scrofa, Pig (анг.)
- ↑ Кавкаске бајке. Београд: Народња књига, 1963, стр. 170-176.
- ↑ Мађарске бајке. Београд: Народња књига, 1974, стр. 23-24.
- ↑ Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 248-250.
- ↑ Вук Караџић, Српске народне приповијетке. Београд: Лагуна и Вукова задужбина, 2017, стр. 403-404.
- ↑ Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 48.
- ↑ „Прасето на Каландрио“, во: Џовани Бокачо, Декамерон. Скопје: Македонска книга и Мисла, 1988, стр. 194-200.
- ↑ Басни (избор). Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2009, стр. 43.
- ↑ Вилијам Батлер Јејтс, Келтскиот самрак. Скопје: Бегемот, 2014, стр. 77-78.
- ↑ Васил Куноски, Песни. Скопје: Просветно дело, Редакција „Детска радост“, 2004, стр. 86.
- ↑ Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 79-88.
- ↑ DISCOGS, The Beatles – The Beatles (пристапено на 27.6.2019)
- ↑ YouTube, Captain Beefheart - China Pig (пристапено на 16.3.2018)
- ↑ 15,0 15,1 Discogs, Nine Inch Nails – The Downward Spiral (пристапено на 31.1.2021)
- ↑ DISCOGS, The Future Sound Of London – Lifeforms (пристапено на 13.11.2020)
- ↑ Discogs, Janes Addiction* – Janes Addiction (пристапено на 14.12.2020)
„Свиња“ на Ризницата ? |