Син сомот (песна)
"Син сомот" (англиски: Blue Velvet) е популарна песна напишана од Берни Вејн и Ли Морис, снимена од поголем број на музичари. Најпрво станува хит на Тони Бенет во 1951 година, кога се искачува на #16 на списокот на Билборд најпродавани поп синглови (претходник на Билборд Хот 100). Верзијата од 1955 на Кловерс се искачува на #14 на Билборд Ритам и Блуз. На 21 септември 1963 година, верзијата на Боби Винтон се искачува на првото место на Билборд Хот 100 и истото го држи три недели. Осум недели поминува и на врвот на неколку други списоци во САД. Винтоновата верзија на "Син сомот" не успева да влезе на британските списоци на најслушани песни во 1963, но ново-пуштената верзија од 1990 се искачува на #2 во Велика Британија.
Се претпоставува дека Реј Мејсон во 1950 година за првпат ја пее во јавност оваа песна, и тоа на едно модно шоу во Бостон [се бара извор].
Песната неколкупати може да се слушне на филмот на Дејвид Линч, кој го позајмува и нејзиниот наслов - Син сомот (1986).
Бери Манилоу направи кавер верзија на "Син сомот" за својот албум од 2006 - Најдобрите песни од шеесеттите (The Greatest Songs of the Sixties).