Чакра
Чакра (изведено од санскритското cakraṃ चक्रं; кинески: 轮, тибетски: འཁོར་ལོ་; khorlo) е санскритски збор кој се преведува како „тркало“ или „вртење“.[1]
Дел од статиите Хиндуизам | |
Историја · Божества | |
Секти · Митологија | |
Верувања | |
---|---|
Реинкарнација · Мокша | |
Карма · Самсара · Маја | |
Нирвана · Дарма | |
Јога · Ајурведа | |
Југа · Вегетаријанство | |
Бакти · Арта | |
Текстови | |
Упанишади · Веди | |
Багават гита | |
Рамајана · Махабхарата | |
Пурана · Аранјака | |
Сродни статии | |
Хиндуизам по земји | |
Водачи · Мандир · | |
Касти · Мантра | |
Речник · Празници | |
Мурти |
Чакра е концепт кој се однесува на тркалезните витли за кои според традиционалната индиска медицина се верува дека постојат на површината на етеричниот двојник на човекот.[2] Чакрите се познати како „центри на силата“ или спирали со енергија, кои се креваат од точка на физичкото тело, како слоеви на енергетско тело во облик на лепеза (лепезите обликуваат љубовно срце). Вртечките витли на енергетската материја, се појдовните точки за примање и пренесување на енергии. Се смета дека постојат седум големи чакри или енергетски центри (исто така познати како тркала на светлина), во енергетското тело.
Чакрите најчесто се претставуваат во форма на цвет или во форма на тркало. Во првиот вид, одреден број на ливчиња се наоѓаат околу периметарот на круг. Во вториот, одреден број на полупречници го делат кругот на делови, со што чакрата добива изглед на тркало или чакра. Секоја чакра има одреден број на делови или ливчиња.
Голем дел од оригиналното учење за чакрите, потекнува од Упанишадите, за кои е тешко да се сретнат во одреден период, бидејќи се смета дека се пренесувале усно околу илјадници години пред да бидат запишани за првпат во периодот од 1200 до 900 г.п.н.е.
Дефиниции
уредиПарамахан Свами Махешварананда го опишува поимот чакрата како:
енергетска фабрика, според начинот на кој ја собира и складира енергијата, со тоа што енергијатa од космосот многу посилно се влече од овие точки. Главните – нади, Ида, Пингала и Шушумна (симпатички, парасимпатички и централен нервен систем) се протегаат вдолж ‘рбетниот столб во искривена патека и се вкрстуваат една со друга неколкупати. Во точките на пресекување тие формираат силни енергетски точки познати како чакри. Во човечкото тело има три видови на енергетски центри. Подолните чакри или животинските чакри се наоѓаат во делот помеѓу прстите на нозете и карличната област кои укажуваат на нашето еволуционо потекло од животинското царство. Човечките чакри се протегаат вдолж ‘рбетниот столб. И на крај, вишите или возвишените чакри се наоѓаат на врвот на ‘рбетот и на круната на главата.
Анодеа Џудит дава помодерно објаснување за чакрите:
За чакрата се смета дека претставува центар на активност која, ја прима, акумулира и изразува животната енергија. Зборот чакра буквално се преведува како тркало или диск и се однесува на сфера на биоенергетска активност која се врти и произлегува од големиот нервен ганглион кој напред се поврзува со ‘рбетниот столб. Општо земено, шест од овие чакри се опишани, поставени во енергетска колона која се шири од основата на ‘рбетот до средината на челото. А седмата е над телесната област. Шестте главни чакри се поврзуваат со основната состојба на свест.
Сузан Шумски го поддржува ова мислење:
За секоја чакра во ‘рбетниот столб се смета дека влијае, а дури и ги предводи телесните функции близу своето место кај ‘рбетот. Повеќето луѓе мислат дека чакрите се плод на бујната фантазија, поради фактот што тие не се откриваат при аутопсија. Сепак, нивното постоење е потврдено во традиите на далечниот исток.
Чакрите, како што се опишани погоре, се енергетски центри вдолж ‘рбетот кој се наоѓаат на големите гранки на човековиот нервен систем, започнувајќи од основата на ‘рбетниот столб и движејќи се нагоре до горниот дел од скелетот. За чакрите се смета дека се точки или центри на биофизичка енергија или прана на човечкото тело. Шумски тврди дека „прана е основниот дел од нашето енегетско тело, нашето енергетско поле и на целиот чакра систем [...] клучот на животот и изворот на енергија во универзумот“.
Следните седум основни чакри најчесто се опишуваат како:
- Муладхара (санскрит: मूलाधार, Mūlādhāra) Основна или Коренска чакра (јајчниците/простата)
- Свадистана (санскрит: स्वाधिष्ठान, Svādhiṣṭhāna) Сакрална чакра (на последната коска на ‘рбетниот столб - *coccyx*)
- Манипура (санскрит: मणिपूर, Maṇipūra) Сончева плексус чакра (папочната област)
- Анахата (санскрит: अनाहत, Anāhata) Срцева чакра (срцевата област)
- Вишуда (санскрит: विशुद्ध, Viśuddha) Грлена чакра (областа кај грлото и вратот)
- Аџна (санскрит: आज्ञा, Ājñā) Веѓа или Трето Око (епифизна жлезда или трето око)
- Сахасрара (санскрит: सहस्रार, Sahasrāra) Крунеста чакра (на врвот на главата, „мекото место“ кај новородените)
Чакрите во главата, од најниска до најгорна се: голата, талу/талана/лалана, ајна, талата/лалата, манас, сома, сахасрара (и шри внатре во неа).
Потекло на поимот
уредиПрегледот на Батачарajва за тантричката историја вели дека зборот чакра означува неколку различни работи во санскритските извори[3]:
- „Круг“, во повеќе смисли означува непрекинато вртење на шакти
- Круг на луѓе. Во ритуалите има повеќе cakra-sādhanā во кои луѓето се собираат и изведуваат обреди. Според Нирутаратантра, чакрите во смисла на собири се од 5 вида.
- Терминот чакра исто така означува и вантри или мистични дијаграми, пошироко познати како trikoṇa-cakra, aṣṭakoṇa-cakra итн.
- Различни нервни центри во телото.
Во будистичката литература санскритскиот термин чакра (на пали – cakka) се користи во поинаква смисла на „круг“, при што се мисли на будистичката претстава со 4 кругови или состојби на постоење, во кои божествата или луѓето може да се пронајдат себеси.[4]
Модели
уредиУчењето за чакрите е главно во мноу различни терапии и дисциплини. Нематеријалната енергија се истражува во многу дисциплини како ароматерапијата, мантрите, Реики, масажите, цветни есенции, зрачењата, терапијата со звук, терапијата со бои/светлина, терапијата со кристали( камен) и тоа се само неколку. Акупунктурата, шиатсу, таи чи и чи кунг се концентрираат на балансирањето на енергетските меридијани кои се важен дел од чакра системот, според теориите на Вајрајана и Тантричката Шакта. Во следниве поднаслови ќе бидат разгледани неколку модели.
Хинду
уредиВо Хиндуизмот претставата за чакрата е дел од збир идеи поврзани со езотеричната анатомија. Ваквите идеи се јавуваат во текстови наречени Агами или Тантри. Ова е голем дел од напис, од која поголемиот дел е одбиен од традиционалистите.
Постојат многу варијации на овие концепти во Санскритските изворни текстови. Во раните текстови постојат различни системи на чакри или нади, со различни поврзувања меѓу нив. Неколкуте традиционални извори бројат 5, 6, 7, 8 или 12 чакри. Со текот на времето, доминантен модел станува системот на 6 или 7 чакри вдолж оската на телото, усвоен од многу училипта за јога. Баш овој систем можно е да потекнува од 11 век ПНЕ, и за брзо време станува доста популарен. Во овој модел, за Кундалини се вели дека се воздига напред, ги прободува различните центри сè додека не ја достигне круната на главата, и се спојува во единство со возвишеното.
Наби
уредиЗборот наби, за првпат беше споменат и опишан во списата Атарваведа, укажувајќи на тоа дека сите надии на телото се поврзани тука. Се мисли на наби чакрата, и за разлика од неа, муладхар чакрата за првпат се опишува во атарва ведата [ведата од која потекнува Ајурведата]. Кај упанишадите чакрата се опишува како збир од ањи и сурија [ сонце ]. Кај Јогаи упанишадите постои опис на девет чакри кој се познати како брама, свадистан, наби, хридја, кант, талука, броо, брама ранда, вјом чакра. Кај јога худама упанишадите се опишува шад чакрата, во јога даршам вибутипад се опишува шад чакрата и при илустрирањето на описот на првата сутра се дадени 12 чакри. Кај шарда тиркам , шад чакрата се опишува како шива и шакти слично како кај горакш нсамита и каула тантрик гранта чакрата, која тука е опишана и е даден моделот за будење на кундалини [моќта на змијата].
Тантрички
уредиЧакрите се опишани во тантричките текстови Сат – Чакра – Нирупана и Падака – Панкака, како ослободување на свеста од Браман, енергија која произлегува од духовното и постепено се открива, создавајќи ги овие различни нивоа на чакри, а понатамошниот дел се претопува во Муладхара чакрата. Според тоа, тие се дел од теоријата за ослободувањето, како кабалата на запад, латаиф – е сита во Суфизмот или нео – платонизмот. Енергијата која се ослободува при создавањето лежи прикриена и во мирување во основата на рбетот. Целта на тантричките или кундалини формите на јога се да ја подигаат енергијата и да предизвикуваат нејзино враќање преку енергетските чакри кои растат, сè додека не се постигне единство со Бог во чакрата Сахасрара на круната на главата.
Вајрајана и Тантрички Будизам
уредиСпоред современиот Будистички учител Тартанг Тулку, срцевата чакра е многу важна за чувството на постоечкото исполнување.
Како резултат на енергетски дисбаланс помеѓу чакрите се јавува постојано чувство на незадоволство. Кога срцевата чакра е вознемирена, луѓето губат контакт со чувствата и осетот што поттикнува чувство на незадоволство. Тоа води кон надворешна потрага по исполнување.
Кога луѓето живеат во својата глава (свој свет), чувствата се секундарни, и се одговор на ментални слики кои се реакција кон личноста. Кога свеста е концентрирана на сеќавањата од минатите искуства и менталните конфликти, се зголемува протокот на енергија во чакрата на главата а истиот се намалува во срцевата чакра. Без потхранување на чувствата на срцето се јавува енергетска форма на немир што води до потрага по надворешни искуства за себе - исполнување. Кога грлената чакра се смирува и енергијата е рамномерно распределена помеѓу чакрите на главата и срцето, човекот е способен вистински да допре до своите осети и вистински чувства.
Бјон
уредиЧакрите како прана центри на телото, според хималајската Бјонпо традиција, влијаат врз квалитетот на искуството, бидејќи движењето на праната не може да се раздели од искуството. Секоја од шесте чакри се поврзани со експерименталните квалитети на една од шесте домени на постоењето. Модерниот учител, Тензин Вангјал Ринпоче прави компјутерска споредба - главните чакри се како тврди дискови. Секој тврд диск содржи многу податотеки. Еден податотека е секогаш отворен во секоја од чакрите без разлика колку таа и да е затворена. Што се покажува при оформувањето на податотеките. Тса лунг учењата како оние вклопени во Трул Кор, посочуваат на отворени канали така што ‘’лунг ‘’( ‘’Лунг’’ е тибетски термин близок до прана или ги ) може да се движи непречено. Јогата ги отвора чакрите и ги поттикнува позитивните квалитети поврзани со соодветната чакра. Во споредбата со тврдите дискови, се чисти екранот и се открива податотекаот кој содржи позитивни, поддржувачки квалитети. Коренскиот слог ( Санскрит бија ) се користи како лозинка која поттикнува позитивни одлики и штит кој го задржува квалитетот. Тантричките учења постепено ги претвора сите искуства во возвишеност. Учењето ослободува од негативните услови и води до контрола на перцепцијата и сознавањето.
Чугунг
уредиЧигунг исто така се потрпира на сличен модел на човечкото тело како енергетски систем, освен што го вклучува колото на qi ( ки, чи ) енергија. Во колото на чи, наречено Орбитата на микрокосмосот, енергијата исто така се враќа вдолж предниот граден канал [еквивалент на надис од Хатха јога], и навлегува во дан тјен, кога се враќа во срцето [ кружи и напредува кон главата ] при медитација/ спојување или единство со Дао. Во орбитата на макрокосмосот чи е исто така водена преку главните канали на екстремитетите. Учењето за меридијаните и чи се нај слични на она за чакрите и праната, секој посебно, а понекогаш се претпоставува дека се инспирирани од индиските претстави. Како и да е, кинескиот модел вклучува 12 меридијани и најмалку 365 акупунктурни точки распределени на различни органи отколку само 6 чакри сите подредени волж рбетот. Во Јапонија, зборот чи се пишува ки, и се поврзува со учењето на Реики.
Западната комплементарна и алтернативна медицина
уредиВо западната полутопка, учењето слично на она за праната на Франц Антон Мезмер кое датира од 18 век, кој користел животински магнетизам за лечење на болести. Како и да е, учењето за чакрите беше претставено во 1927 од чиракот и теософскиот автор Чарлс Вебстер Лид Битер во неговата книга ‘Чакрите ‘. Како резултат на сличностите помеѓу кинеските и индиските филозофии, знаењето за чакрите беше набргу припоено кон инеските учења како оние за акупунктурата и верувањето во чи. Зброт од овие две различни лекувачки традиции и сопствената инвентивност на учениците, доведе до еден спектар на учења кој постојано се менува и проширува во западниот свет.
Современи модели
уредиЧакрите се опишуваат како да се распоредени во скалеста колона од основата на ‘рбетот до центарот на главата. Во учењата од новиот век, секоја чакра често се поврзува со одредена боја. Во неколку традиции, чакрите се поврзуваат со повеќе физиолошки функции, од аспект на свеста, класичен елемент и други различни одлики. Тие се претсавуваат како лотуси/цветови со различен број на ливчиња кај секоја чакра. За чакрите се смета дека го оживуваат физичкото тело и дека се поврзани со поврзувањето меѓу физичката, емоционалната и менталаната природа. Тие се како извори на живот, енергија или прана, исто наречена шакти, чи ( кинески, ки на јапонски ), коач - х агуф ( на еврејски), биос ( грчки ) и етер ( Грчки, англиски), за која се смета дека протекува низ нив преку патишта наречени нади. Улогата на чакрата е да се врти и да ја повлекува ваквата енергија за да го одржи балансот на духовното, психичкото, емоционалното и физичкото здравје на телото.
Движењето на Новата ера доведе до зголемен интерес на запад во врска со чакрите. Ваквите идеи за првпат се појавија во написите на теозофиските автори како Ч.В. Лидбитер, кој напиша книга за чакрите. Многу од гледиштата на Лидбитер кои го покренаа неговото интересирање за чакрите, беа под претходно влијание од теософски автори, како Јоан Џорџ Гихтел, следбеник на Џејкоб Бојме, и неговата книга ‘’’Теозофија Практика’ ‘’( 1696 ) во која Гихтел директно ги објаснува енергетските центри, учење слично на чакрите. Седумте главни чакри според некои го отсликуваат начинот на кој обединетата свесност на човештвото ( бесмртното човечко суштество или душата ), е поделено според различните аспекти на земскиот живот ( тело/инстинкт/животна енергија/внатрешни емоции/комуникација/преглед на животот/контакт со Бог). Чакрите се поставени на различни нивоа на духовна енергичност, со Сахасрара на врвот која се смета за онаа со чистата свесност, и Муладхара на дното која се смета за онаа по врзана со материјата, што едноставно се гледа како нечиста свест.
Западни изведени модели и проучувања
уредиНајпопуларна во западната полутопка стана теоријата за 7 главни чакри, и тоа најмногу преку преводите на дав индиски текстови, ‘’’Сат- Чакра – Нирупана,’’’ и ‘’’Падака – Панкака’’, од страна на Џон Вудроф, познат како Артур Аволон, во книгата насловена како Моќта на Змијата. Оваа книга е значително детализирана и сложена, и подоцна идеите се развиваат во преовладувачкото западно гледиште за чакрите од страна на теофизичарите, и особено од контроверзниот ( во теофизичките кругови ) Ч.В. Лидбитер со својата книга ‘’’Чакрите’’’, што во голема мера претставуваат дел од неговите медитации и гледишта за прашањето.
Рудолф Штајнер ( еднократен теософист и основач на антропософијата ) кажува многу за чакрите што е необично, особено дека системот за чакрите е динамичен и се менува и дека многу се разликува кај модерните луѓе за разлика во дамнешните времиња, и во однос на тоа радикално ќе се менува во иднина. Во спротивност на традиционалните источни учења, Штајнер го опишува протокот од одзгора па надолу отколку од дното кон врвот. Ова е таканаречената - Христова патека - која не секогаш е била достапна. Се чини дека тој исто така ги ја побива чакрата на круната на главата со илјада ливчиња, и споменува чакра со осум ливчиња која се наоѓа помеѓу чакрите со десет и шест ливчиња. Во неговата книга ‘’’ Како да ги запознаете вишите светови’’’ – Штајнер дава јасни инструкции за тоа како чакрите безбедно да се развиват при зреењето. Тие претставуваат повеќе животни дисциплини откoлку вежби и може да траат доста бавно. Тој предупредува за тоа, ако постојат побрзи методи тие може да бидат опасни по зравјето, карактерот и свесноста. Писателите од Новата Ера, како Анодеа Џудит во нејзината книга во Животни Циклуси, пишуваат за чакрите во детали, вклучувајќи ги и причините за нивното појавување и функција. Друго уникатно објаснување за седумте чакри е приложено од страна на писателот и уметник Захари Селиг. Во книгата ‘’Будењето на Кундалини, нежен водич кон активирањето на чакрите и духовниот раст’’, тој приложува уникатен кодекс наречен - Релаксација - , сончева Кундалини парадигма што претставува кодекс за човечкиот систем на чакрите и спектарот на сончевата светлина, направен со цел да го поттикне Кунделини преку неговите чакра слики кој се кодирани по бои. Дополнително, некои модели на чакра системи опишуваат една или повеќе трансперсонални чакри над Круната Чакра и Чакрата Земјина Ѕвезда под стапалата. Исто така се смета дека постојат многу мали чакри помеѓу главните чакри. Чакрите исто така се користат во невролингвистичкото програмирање за поврзување на НЛП логчните нивоа, со духовните цели на круната, интелектуалните на челото и така натаму. Посебно објаснување за моделот за системот на чакрите е претставен во форма на Света геометрија или духовни симболи на древна Индија и Египет. Тоа е Анк моделот за системот на чакрите. Некои елементи се направени од метали- алуминиум, бакар, магнезиум, железо, цинк и бакаро никел. Елементите во форма на сфера ( или топка ) се направени од обоено стакло, камен, ќерамика, килибар, тиркиз, корали и различни кристали – аметсит, азурит и нефрит.
Ваквите познати елементи се ида, пингала ,сушумна и чакрите се претставени во модел (чекор 1). Згора на тоа елементите се претставени во моделот ( чекор 2), во форма на слој од сфери од килибар, корали, тиркиз, кварц, обоено стакло, бисери, ќерамика, оникс, малахит, нефит, аметсит и азурит.
Ендокрин систем
уредиОсновното значење и ниво на постоење на чакрите се сврстува во психата. Како и да е, тука се и оние кои веруваат дека чакрите се манифестираат и фифзички. Авторот Филип Гардинер, на пример, ги опишува чакрите како метафизчки двојници на ендокрините жлезди, додека Анодеа Џудит забележала значителна сличност помеѓу поставеноста на двете и улогите кои им се припишуваат. Стивен Стурџис исто така ги поврзува подолните шест чакри со посебните нервни завршетоци вдолж ‘рбетниот столб како и со жлездите. Ч.В. Лидбитер ја поврзува Ања чакрата со епифизната жлезда, која е дел од ендоркиниот систем.
Спектар на Светлина
уредиСкорашните случувања во западните учења кој датираат уште од 1940 тите укажуваат на тоа секоја чакра да се поврзе со дадена боја и кристал кој одговара. На пример, чакрата на челото се поврзува со лилјаковата, така, за да излекувате главоболка ставате лилјаков камен на челото. ваквата идеја се докажала како доста популарна и се користи од речиси сите ученици. Мерсиер ја претставува поврзаноста на енергијата на боите со науката за светлосниот спектар. -ако човечки суштества, постоиме во 49тата Октава на вибрации од спектарот на електромагнетна светлина. Под овој опсег се, едвај видливата радијантна топлина, потоа невидливата инфрацрвена, телевизиските и радиобрановите, звучните и мозочните бранови., над него се едвај видливата ултравиолетова, потоа невидливите честоти од хемикалиите и парфемите, проследени од икс - зраците, гама-зраците, радио - зраците и непознатите космички зраци.
Разбирањето за постоењето и физичката форма како начин на интерпретација на светлосната енергија ќе се отвора преку физичките очи со поголем потенцијал за истражување на енергетските граници за бојата, формата и светлината кои се восприемаат како непосредна реалност. Индијанските Јоги учења се поврзуваат со посебните одлики на седумте главни чакри ( од 7 зраци на спектарот на светлина ), елементите ( како земјата, воздухот, водата и етерот), телесните сетила ( како допирот, вкусот и мирисот ), и врската со ендокрините жлезди.
Стомачен танц и чакри
уредиСтомачното танцување со своите превиткувања и вибрации, може да ги поттикне сите чакри одеднаш. Секоја од седумте чакри е поврзана со дадена боја и кристал. На пример, за подобрување на нејзината круна Сахасрара танчерката ќе танцува со шамадан ( вибрирајќи ) и лилјакови свеќи, медитирајќи за време или пред танцот. Свандистана најчесто се подобрува кај ултра- секси танчерката која се превиткува на начин кој ги размрдува сите околу неа, таа се чувствува жива во портокалово и ја изразува сојата живост при нејзиното танцување, Среќна кога се изведува танци на подот и танцови за балансирање.
Седумте главни чакри
уредиСахасрара: Чакра круна
уредиСахасрара обично се смета како чакра на чистата свест. Нејзината улога е слична со онаа на хипофизната жлезда, која лачи поттикнувачки хормон кој е во контакт со остатокот од ендокриниот систем и се поврзува со централниот нервен систем преку хипоталамусот. За таламусот се смета дека има главна улога во физичката основа на свеста. Отсликана како цвет со илјада листови, се наоѓа на круната на главата. Сахасрара е претставена со виолетова боја и вклучува прашања како оние за внатрешната мудрост и смртта на телото. Внатрешната суштина на Сахасрара е да ја ослободува кармата, физичкото делување преку медитација, менталната активност со унверзалната свест и единство како и емоционалното делување со постоењето.[5] |
Ајна: Чакра веѓа
уредиАјна (заедно со Бинду, уште е позната како чакрата на третото око) е поврзана со епифизата што го објаснува нејзиниот модел на прикажување. Епифизната жлезда е жлезда чувствителна на светлина кој го лачи хормонот мелатонин кој го регулира спиењето и будењето. Ајна се прикажува како цвет со два листа, а одговара со белата, индиго или темносината боја. Главните точки на интерес на ајна се балансирањето на вишото и нижото јас и вербата во внатрешното предводење. Внатрешната суштина на ајна е пристапот до интуицијата. Ментално, ајна управува со визуелната свест. Емоционално, ајна управува со јасновидоста на интуитивно ниво.
(Забелешка: некои сметаат дека хипофизната и епифизната жлезда треба да си ги сменат местата во врска со чакрата курна и веѓа, врз основа на описот во книгата за кундалини на Артур Аолон наречена Силата на змијата или емпириско истражување.) |
- |
Висуда: Грлена чакра
уредиВисуда се поврзува со комуникацијата и напредокот во изразувањето. Оваа чакра е паралелна со тироидата, жлезда на грлото која го лачи тироидниот хормон, одговорен за растот и зреењето. Се прикажува како цвет со шеснаесет ливчиња. Висуда се претставува со светло или бледо сина боја или тиркизна. Како што е споменато погоре, ги регулира себе-изразувањето и комуникацијата. Физички, висуда управува со комуникацијата, емоционално, управува со независноста, психички со непречената мисла, и духовно со смислата за безбедност. | - |
Анахата – Срцева чакра
уредиАнахата, или Анахата-пури или падма–сундара е поврзана со тимусот, кој се наоѓа во градите. Тимусот е дел од имуниот систем како и од ендокриниот систем. Тој е местото на зреење на Т–клетките, одговорни за блокирањето на болестите на кои им влијае стресот. Анахата се прикажува како цвет со дванаесет ливчиња. Анахата се поврзува со зелената или розовата боја. Главните точки на интерес на анахата се сложените емоции, сочувство, нежност, безусловна љубов, урамнотеженост, одбивањето и благосостојбата. Физички, анахата управува со циркулацијата, емоционално, со безусловната љубов кон себеси и другите, психички со страста и духовно со посветеноста. | - |
Манипура: Сончева плексус чакра
уредиМанипура, или манипурака се поврзува со метаболизмот и системот за варење. Манипура соодвествува со Островните или Лангенхансови кои се група клетки од панкреасот, како и со надбубрежните жлезди и бубрежната кора. Ова игра важна улога во варењето, претворањето на храната во телесна енергија. Прикажана е како цвет со десет ливчиња, претставена со жолтата боја. Главните точки на интерес на Манипура се личната моќ, стравот, колебливоста, оформувањето на мислење, повлеченоста и преминувањето на едноставните и основни емоции во сложени. Физички, манипура управува со варењето, емоционално, управува со личната моќ, психички со избувливоста и духовно со сите материи подложени на раст. | - |
Свадистана: Сакрална чакра
уредиСвадистана или адистана се наоѓа во карличниот појас и соодветсвува на тестисите и јајчниците кој лачат различни полови хормони вклучени во репродуктивниот циклус. За Свадистана се смета исто така дека е поврзана , поопшто , со генитоуринарниот систем и бубрезите.Свадистаната е прикажана како цвет со шест ливчиња и одговара на портокаловата боја. Главните точки на интерес на Свандистаната се врските, насилството, зависностите, основните емоционални потреби и задоволството. Физички, Свадистаната управува со репродукцијата, психички со креативноста, емоционално со радоста и духовно со ентузијазмот. | - |
Муладхара: Основната чакра
уредиМуладхара, или коренската чакра е поврзана со инстинктот, сигурноста, преживувањето и со основниот човечки потенцијал. Овој центар се наоѓа во пределот помеѓу гениталиите и анусот. Иако овде нема ендокрин орган, се смета дека таа е поврзана со гонадите и бубрежната срцевина, одговорни за борбата и борбената одбрана кога му се заканува опасност на опстанокот. На ова место постои мускул кој ја регулира ејакулацијата при сексуалниот акт кај мажот. Повлечена е паралела помеѓу клеточната сперма и овумот каде што се наоѓа генетскиот код и кундалини. Муладхарата е прикажана како цвет со четири листа во црвено. Главните точки на интерес вклучуваат сексуалност, копнеж и опседнатост. Физички, Муладхара управува со сексуалноста, психички со стабилноста, емоционално со сензуалноста и духовно со чувството на сигурност.
Вудроф исто така опишува седум главни чакри ( вклучувајќи ги Ајна и Сахасрара ) во другите негови индијански текстуални извори. Од најниската до најгорната тие се – Талу/Талана/Лалана, Ајна, Манас, Сома, Брамаранда, Шри (во склоп на Сахасрара), Сахасрара. |
- |
Трансперсонална чакра
уредиТрансперсоналната чакра’’ според многу практиканти на медитацијата се наоѓа меѓу круната чакра. Се смета дека таа се наоѓа 4-5 прста над главата. Оваа чакра е поврзана со духовната врска помеѓу луѓето, како и со поврзаноста со Вишото јас. Оваа најниско сместена трансперсонална чакра понекогаш се смета за ‘’ѕвезда на душата’’.
'‘’Трансперсоналните чакри’’’ во Хиндуизмот,Вајрајана Будизмот, даоизмот, во чигунг и во Новата ера се претставени како неколку чакри над главата. Трансперсоналните чакри во Хиндуизмот имаат санскртитски имиња, во Вајрајана будизмот имаат санскритски и тибетски имиња, и во Даоизмот и чигунг имаат кинески имиња. Според имињата од Новата ера, најниската трансперсонална чакра( ѕвездата на душата) се наоѓа околу 4-5 прсти над главата, средната трансперсонална чакра ( Чакрата порта кон Бога) се наоѓа околу 12 инчи над главата и највисоката трансперсонална чакра ( чакрата на вишиот портал ), се наоѓа 18 инчи над главата, оваа највисока трансперсонална чакра е наречена - виш портал- бидејќи според некои мистичари, магионичари и јогисти таа нуди пристап кон патот на душата, во други делови на универзумот, во алтернативни универзуми, до повисоки летови на постоењето, кон минатото и иднината на нашиот животен век или алтернативни животни векови преку патување низ времето напред или назад во времето, или кон други космоси.
Постојат пет трансперсонални чакри над главата над споменатите седум кои се споменати и именувани во езотеричките текстови на Вајрајана Будизмот.
Чакра Земјина ѕвезда
уреди‘’Чакрата Земјина ѕвезда’’ е чакра за која од некој Неопагански и групи од Новата ера се верува дека постои во линија на ‘рбетот шест инчи под стапалата ( иако, човекот ќе ја носи со себеси шест инчи под Земјината површина кога чекори, и секако шест инчи под себеси кога се движи, како на пример кога лета со авион или кога се искачува по карпи.) Се верува дека таа одговара на Земјиното јадро за телото на личноста кое води кон центарот на земјата, и кога функционира правилно во координација со првата чакра ( муладхара ) дозолува човекот да биде приземјен и концентриран ( всушност да функционира правилно во однос на физичкиот лет имајќи ја способноста да има такви доблести како добро образование, да задржи работата, да ги одржува сопствените финансии, и да остане здрав добро исхранувајќи се, правејќи доволно физички вежби и не користејќи дроги за забава или истите злоупотребувајќи ги.)
Функцијата на чакрата Земјина ѕвезда
уредиСпоред мрежното место на Вингмејкер – Нео паганска група од Новата ера основана во Кристчрч, Нов Зеланд, - Се смета дека преку оваа чакра ние се поврзуваме со Земјиното ниво. Оваа чакра се наоѓа 6 инчи под стапалата и соодветсвува на земјиото јадро за нашето бестежинско тело. Многу суштества на Земјиното ниво често посакувале или копнееле да бидат на друго место отколку на Земјата. Некои личности, со цел да се справат со бруталноста на Земјиното ниво, енергетски се неприземјени со што се способни да лебдат, и да се најдат во како што се чини за нив, безбедна зона... Истовремено, нема предрасуси за тоа дали нашата свест е тука или не сè додека ние сме отелотворени на Земјата. Треба да се сфати дека, ако ние сакаме да учествуваме преку нашето сегашно отелотворување во овој период на транзиција на Земјиното ниво ние треба да сме приземјени...Со тоа што сме приземјени ние можеме соодветно да реагираме со секој дел од нас на секое случување или искуство во животот со што имаме целосно искуство на нивото на земјата како и што сме целосно присутни за секое од овие искуства.
Чакрите на табаните на стапалата и дланките на рацете
уредиВо врска со чакрата Земјина ѕвезда постои учење, во кое многу групи од Новата ера веруваат, дека постојат чакри на табаните на стапалата и на дланките на рацете.
Наводи
уреди- ↑ Paramhans Swami Maheshwarananda, The hidden power in humans, Ibera Verlag, страна 54. ISBN 3-85052-197-4
- ↑ Charles Webster Leadbeater. The Chakras. стр. 1.
- ↑ Bhattacharyya, N. N., History of the Tantric Religion. Second Revised Edition. (Manohar: New Delhi, 1999) pp. 385-86. ISBN 81-7304-025-7
- ↑ Edgerton, Franklin. Buddhist Hybrid Sanskrit Grammar and Dictionary. Volume II. p. 221. Motilal Banarsidass Publishers: Delhi, 1953. Reprint edition, Delhi, 2004, ISBN 81-208-0999-8. E.g., catvāri devamanuṣyāṇāṃ cakrāṇi.
- ↑ The Chakra Bible, Patricia Mercier, Octopus Publishing Group Ltd., 2007, p. 302
Литература
уредиТрадиционални извори
уреди- Banerji, S. C. Tantra in Bengal. Second Revised and Enlarged Edition. (Manohar: Delhi, 1992) ISBN 81-85425-63-9
- Saraswati, Swami Sivananda, MD (1953 - 2001). Kundalini Yoga. Tehri-Garhwal, India: Divine Life Society. ISBN 81-7052-052-5. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - Shyam Sundar Goswami, Layayoga: The Definitive Guide to the Chakras and Kundalini, Routledge & Kegan Paul, 1980.
Западна литература
уреди- Leadbeater, C.W. The Chakras Wheaton, Illinois, U.S.A.:1926—Theosophical Publishing House—Picture of the Chakras on plates facing page 17 as claimed to have been observed by Leadbeater with his third eye Full text of the book “The Chakras” by C.W. Leadbeater with colour illustrations of the chakras:
- Sharp, Dr. Michael (2005). Dossier of the Ascension: A Practical Guide to Chakra Activation and Kundalini Awakening (1. изд.). Avatar Publications. ISBN 0973537930. Архивирано од изворникот на 2012-12-21. Посетено на 2021-08-09.
- Guru Dharam S Khalsa and Darryl OKeeffe. The Kundalini Yoga Experience New York, NY U.S.A.:2002, Fireside, Simon & Schuster, Inc. Copyright by Baia Books Limited. Kriyans and meditations copyright Yogi Bhajan, All Rights reserved.
- Judith, Anodea (1996). Eastern Body Western Mind: Psychology And The Chakra System As A Path To The Self. Berkeley, California, USA: Celestial Arts Publishing. ISBN 0-89087-815-3
- Dahlheimer, Dr. Volker (2006). Kundalini Shakti: Explanation of the Seven Chakras (Video clip with words and explanative grafics. изд.). 5th Level Publications.
Надворешни врски
уредиВидете Сhakra во Викиречник, слободниот речник. |
Статијата „Чакра“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии). |