Еднорог
Еднорогот — митолошко животно слично на бел коњ со еден рог на челото. Еднорогот бил прикажан во уметноста на Месопотамија, како и во древните митови од Индија и од Кина. Најраниот опис на еднорогот бил откриен во старогрчкатта литература во периодот околу 400 г. пред нашата ера и можно е да се однесувал на носорог од Индија.
Се верувало дека еднорогот бил див и тежок за фаќање, но ако пред него била донесена девица во тој случај еднорогот легнувал и ја ставал главата во нејзиниот скут. Се верувало дека неговиот рог може да послужи како заштита од отров. Писателите од средниот век еднорогот го доведувале во врска со Исус, а ловот на еднорог бил честа тема во средновековната уметност.
Еднорогот стои на кралскиот грб на Обединетото Кралство како симбол на Шкотска како дел од кралството, како и на шкотската верзија на тој грб.
Надворешни врски
уреди„Еднорози“ на Ризницата ? |
- All About Unicorns - Историска информација за еднорози, плус галерија на слики. (англиски)
- Medieval bestiary: Библиографија на еднорози (англиски)
- Jewish Encyclopedia: Еврејска енциклопедија: „Еднорог“ (англиски)
- Еднорози во криптозоологијата (англиски)
- „Еднорози“ - Американски природонаучен музеј: специјална изложба на митски суштества со позадина и галерија на еднорози (англиски)
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |