Централна Македонија (Грција)

управна област во Егејска Македонија, Грција

Централна Македонија (грчки: Περιφέρεια Κεντρικής Μακεδονίας, ПериФерија Кентрикис Македонијас) — област во Грција која се состои од средишниот дел на Егејска Македонија. Со 1,9 милиони жители го зазема второто место по населеност, веднаш по Атика. Главен град е Солун.

Ценрална Македонија
Περιφέρεια Κεντρικής Μακεδονίας
област
Знаме на Ценрална Македонија
Местоположба на Ценрална Македонија
Координати: 40°42′N 23°00′E / 40.7° СГШ; 23.0° ИГД / 40.7; 23.0
Земја Грција
УправаМакедонија и Тракија
Главен градСолун
Окрузи
Управа
 • УправникАпостолос Ѕиѕикостас (Нова демократија)
Површина
 • Вкупна18.810,52 км2 (726,278 ми2)
Население (2011)[1]
 • Вкупно1.882.108
 • Густина1,0/км2 (2,6/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
ISO 3166GR-B
БДП (2011)[2] 
 • номин.28,1 млјд евра
 • по жител14.400 евра
Мреж. местоpkm.gov.gr

Управа

уреди

Областа е создадена во 1987 г.. Со реформата „Каликратис“, почнувајќи од 2011 г. областа добива изменети и проширени надлежности. Заедно со Источна Македонија и Тракија, областа е под надзор Децентрализираната управа на Македонија и Тракија со седиште во Солун.

Поделена е на 7 окрузи: Иматија, Кукуш, Пиерија, Постол, Сер и Солун и Халкидик. Окрузите понатаму се поделени на вкупно 38 општини. Иматија и Пиерија се наречени по долномакедонските области Ематија и Пиерија, согласно грчката политика на присвојување на древната историја на Македонија. Според народната номенклатура на краиштата, едниот округ соодветствува на „Берско“, а другиот на „Катеринско“.

Иако географски ѝ припаѓа на Централна Македонија, Света Гора е управно независна од неа, и ужива автономна самоуправа во рамките на грчката држава.

Стопанство

уреди

Централна Македонија е најпосетената област во Грција, со 18,2% од вкупниот туризам во земјата. Во 2008 г. областа ја посетиле 3,21 милиони туристи.[3] Во 2011 г. БДП по глава на жител на областа изнесувал 14.400 евра, заземајќи го деветто место од вкупно 13 области во Грција, или доста пониско од државниот просек од 18.500 евра.[2]

Демографија

уреди

Бидејќи нема официјален попис за тоа колку Македонци живеат во оваа област, кога ќе споредиме некои историски податоци и денешни статистики, се доаѓа до одредена проценка. Така, во оваа област Македонците живеат во околу 230 населени места и сочинуваат околу 10% од вкупното население, па според последниот попис тоа се приближно 195.000 Македонци.

Окрузи и општини

уреди

Областа има 7 окрузи и вупно 38 општини:

 
Карта на окрузите и општините во Централна Македонија
Округ Општина Површина (км²) Население Адм. центар
Иматија Бер 791,43 66.547 Бер
Гида 473,39 41.570 Гида
Негуш 424,91 32.494 Негуш
Кукуш Кукуш 1581,21 51.926 Кукуш
Пајонија 923,70 28.493 Ругуновец
Пиерија Дион-Олимп 495,3 25.668 Литохоро
Катерина 681,9 85.851 Катерина
Пидна-Колиндар 339,5 15.179 Либаново
Постол Вртикоп 239,53 20.188 Вртикоп
Воден 611,21 28.814 Воден
Меглен 985,82 27.556 С’ботско
Постол 669,22 63.122 Пазар
Сер Визалтија 658,3 20.030 Нигрита
Довишта 338,78 14.664 Тополјани
Долна Џумаја 451,5 21.145 Долна Џумаја
Ениќој 414,30 9.182 Родулево
Зелјахово 405,61 12.397 Зелјахово
Сер 601,49 76.817 Сер
Синтика 1112,40 22.195 Валовишта
Солун Амбелокипи-Менемени 9,8 52.127 Амбелокипи
Корделио-Арманќој 12,77 101.753 Нов Арманќој-Корделио
Бешик 782,7 23.478 Ставрос
Даутбал 217,78 38.317 Даутбал
Делта 308,88 45.839 Текелиево
Илиџиево 389,5 33.673 Куфалово
Каламарија 6,4 91.279 Каламарија
Капуџилар-Хортач 156,8 70.110 Арсакли
Лагадина 1220,30 41.103 Лагадина
Неаполи-Сикјес 12,76 84.741 Сикјес
Павлос Мелас 24,92 99.245 Ставруполи
Седес 385,32 53.201 Седес
Солун 19,3 325.182 Солун
Солунски Залив 131,36 50.264 Хаџи Бали
Халкидик Аристотел 739,87 18.294 Ерисово
Касандра 333,68 16.672 Валта
Нова Пропонтида 380,77 36.500 Нова Мудања
Полигеро 951,97 22.048 Полигеро
Ситонија 514,70 12.394 Никит

Наводи

уреди
  1. „Демографски и социјални особености на постојаното население на Грција според Пописот во 2011 г. — Преработка на пописот на домовите од 20/3/2014“ (PDF). Статистичка управа на Грција. 12 September 2014. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-08. Посетено на 2016-02-28. (англиски)
  2. 2,0 2,1 „Бруто-домашен производ (БДП) при тековните пазарни цени на NUTS степен 2“. Регионален годишник. Евростат. Посетено на 3 April 2015. (англиски)
  3. Евростат (2010). „Туризам“ (PDF). Регионален годишник 2010. www.eurosta.eu. Посетено на 16 April 2011. (грчки)

Надворешни врски

уреди