Руски јазик

источнословенски јазик

Руски јазик (руски: русский язык) — источнословенски јазик, од групата на словенски јазици од семејството на индоевропски јазици. Рускиот јазик е мајчин јазик на Русите, и национален јазик на Русија. Јазикот е службен и во Белорусија, Украина, Казахстан и Киргистан, а се зборува на високо ниво во сите држави од поранешниот Советски Сојуз.[16][17] Рускиот јазик потекнува од староисточнословенскиот јазик и денес е најголем словенски јазик во светот со 150 милиони говорници. Јазикот се пишува на кирилица, поточно на руската азбука.

Руски јазик
Русский язык
Изговор[ˈruskʲɪj jɪˈzɨk]
Застапен воРусија, земјите од поранешниот Советски Сојуз, Германија, Израел, САД, Канада, и останатата руска дијаспора
Говорници150 милиони  (2010)[1]
110 милиони како втор јазик (нема датум)[2]
Јазично семејство
Претходни облици:
Писморуска азбука
Статус
Службен во
Признаен како малцински во
Регулативен органИнститут за руски јазик[13] при Руската академија на науките
Јазични кодови
ISO 639-1ru
ISO 639-2rus
ISO 639-3rus
Linguasphere53-AAA-ea < 53-AAA-e
(верзии: 53-AAA-eaa до 53-AAA-eat)
{{{mapalt}}}
Рускиот во Евроазија
  мнозински јазик
  малцински јазик
Руски јазик
Писмо кирилица
Пример Прв член од „Декларацијата за човекови права“
Текст Все люди рождаются свободными и равными в своём достоинстве и правах. Они наделены разумом и совестью и должны поступать в отношении друг друга в духе братства.
Македонски Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност.
Портал: Јазици

Рускиот е најраспространет јазик во Евроазија. Исто така, рускиот е најголем мајчин јазик во Европа и осми најголем јазик во светот по бројот на луѓе чиј овој јазик е мајчин, а петти по вкупниот број на говорници.[18] Рускиот јазик е еден од шестте официјални јазика на ООН.

Рускиот јазик има богата историја и на него се испишани едни од најголемите светски книжевни дела. Рускиот јазик бил мајчин јазик на писатели од рангот на Достоевски, Толстој, Тургенев, Пушкин или Булгаков.

Статус

уреди

Рускиот јазик е службен јазик во Русија, каде е и национален јазик. Исто така, рускиот јазик е службен и во Белорусија покрај белорускиот, во Казахстан покрај казашкиот, во Киргистан покрај киргискиот, во Приднестровие, Јужна Осетија и Абхазија. Во Украина јазикот не е службен, но има статус на регионален или малцински јазик со мал, општински, службен стгатус.[19] Рускиот јазик е службен јазик во ООН. Образованието на руски јазик е сè уште популарно во и надвор од Русија, поточно на просторот на поранешниот Советски Сојуз. Сè уште, во овие простори, се смета дека важно е децата да го научат јазикот.[20] Значително руско население има и во Латвија и Естонија, но не е признат како малцински или службен јазик. Рускиот јазик е еден од двата официјални јазика во Меѓународната вселенска станица. Астронаутите на НАСА кои служат заедно со руските најчесто посетуваат часови по руски јазик. Оваа пракса потекнува уште од 1975 година.

Писмо

уреди

Рускиот јазик користи руска азбука, која се заснова на кирилицата. Руската азбука има 33 букви:

А
/a/
Б
/b/
В
/v/
Г
/ɡ/
Д
/d/
Е
/je/
Ё
/jɔ/
Ж
/ʐ/
З
/z/
И
/i/
Й
/j/
К
/k/
Л
/l/
М
/m/
Н
/n/
О
/ɔ/
П
/p/
Р
/r/
С
/s/
Т
/t/
У
/u/
Ф
/f/
Х
/x/
Ц
/ts/
Ч
/tɕ/
Ш
/ʂ/
Щ
/ɕɕ/
Ъ
/-/
Ы
/ɨ/
Ь
/ʲ/
Э
/ɛ/
Ю
/ju/
Я
/ja/

Правопис

уреди

Рускиот правопис е делумно фонетски. Всушност, самиот правопис е еден баланс меѓу фонетскиот, морфолошиот, етимолошкиот и граматичкиот систем. Моменталниот правопис на рускиот јазик потекнува од драстичните јазични промени од 1918 година, а кодифицирани во 1956 година. Во 1990-те имало мали промени во самиот правопис, но не биле прифатени.

Примери

уреди
  • Привет (неофицијално) - Здраво
  • Доброе утро - Добро утро
  • Добрый день - Добар ден
  • Добрый вечер - Добро вечер
  • Спокойной ночи — Добра ноќ
  • До свидания — Довидување
  • Пока (неофицијално) - Пријатно
  • Как ты? (рамките на значењето на „Как у тебя дела?“; неофицијално) — Како си?
  • Как вы? (рамките на значењето на „Как у вас дела“; официјално, уште множинската форма) - Како сте?
  • Что делаешь? (неофицијално) — Што правиш? Како си?
  • Что делаете? (официјално, уште множинската форма) - Што правите? Како сте?
  • У меня всё хорошо - Добар сум
  • Всего доброго - Сѐ најдобро
  • С днём рождения! - Среќен роден ден!
  • Благодарю (официјално и неофицијално) - Благодарам
  • Спасибо - Фала
  • Пожалуйста - Молам
  • Простите! - Простете!
  • Извините! (официјално) - Извинете!
  • Извини! (неофицијално) - Извини.
  • Который час? - Колку е часот?
  • Вы говорите? - Дали зборувате ...?
...по-английски - англиски
...по-болгарски - бугарски
...по-македонски - македонски
...по-сербски - српски
...по-гречески - грчки
...по-французски - француски
...по-немецки - германски
...по-итальянски - италијански
...по-испански - шпански
  • Да - Да
  • Нет - Не
  • Может быть (рамките на значењето на „Возможно“) - Можеби
  • Скоро увидимся - Ќе се видиме наскоро
  • Увидимся завтра (рамките на значењето на „До завтра“) - Ќе се видиме утре

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Nationalencyklopedin "Världens 100 största språk 2010" The World's 100 Largest Languages in 2010
  2. Руски јазик - Ethnologue (XVI изд, 2009)
  3. „Article 68. Constitution of the Russian Federation“. Constitution.ru. Посетено на 2013-06-18.
  4. „Article 17. Constitution of the Republic of Belarus“. President.gov.by. 1998-05-11. Архивирано од изворникот 2012-11-29. Посетено на 2013-06-18.
  5. N. Nazarbaev (2005-12-04). „Article 7. Constitution of the Republic of Kazakhstan“. Constcouncil.kz. Архивирано од изворникот на 2007-10-20. Посетено на 2013-06-18.
  6. (руски) Статья 10. Конституция Кыргызской Республики
  7. „Article 2. Constitution of Tajikistan“. Unpan1.un.org. Архивирано од изворникот на 2017-05-25. Посетено на 2013-06-18.
  8. 8,0 8,1 Абхазија и Јужна Осетија се делумно признати држави.
  9. (руски) Статья 6. Конституция Республики Абхазия Архивирано на 21 март 2009 г.
  10. (руски) Статья 4. Конституция Республики Южная Осетия Архивирано на 11 август 2009 г.
  11. „Article 12. Constitution of the Pridnestrovskaia Moldavskaia Respublica“. Mfa-pmr.org. Посетено на 2013-06-18.
  12. http://www.gagauzia.md/ (2008-08-05). „Article 16. Legal code of Gagauzia (Gagauz-Yeri)“. Gagauzia.md. Архивирано од изворникот на 2013-05-13. Посетено на 2013-06-18.
  13. „Russian Language Institute“. Ruslang.ru. Архивирано од изворникот на 2010-07-19. Посетено на 2010-05-16.
  14. „Law "On Principles of State Language Policy", Article 7“. Zakon2.rada.gov.ua. Посетено на 2013-06-18.
  15. „Russian in Finland“. Languagecharter.eokik.hu. 1998-03-01. Архивирано од изворникот на 2012-12-22. Посетено на 2013-06-18.
  16. „Russian Language Enjoying a Boost in Post-Soviet States“. Gallup.com. August 1, 2008. Посетено на 2010-05-16.
  17. Арефьев, Александр (2006). „Падение статуса русского языка на постсоветском пространстве“. Демоскоп Weekly (руски) (251).
  18. „The World's Most Widely Spoken Languages“. Saint Ignatius High School. Cleveland, Ohio. Архивирано од изворникот на 2011-09-27. Посетено на 17 February 2012.
  19. „Law of Ukraine "On Principles of State Language Policy". Zakon2.rada.gov.ua. Посетено на 2013-06-18.
  20. Russia's Language Could Be Ticket in for Migrants Gallup Посетено на May 26, 2010

Надворешни врски

уреди