Видовден
Видовдeн е неподвижен верски празник кој се обележува во Србија и во Бугарија[1] на 28 јуни според грегоријански календар. За српскиот народ овој празник е и историски важен датум поради прочуениот Косовска битка и пигибија на кнез Лазар[2] во 1389 година, но и поради повеќе значајни настани од историјата на српската држава, како што се прогласување на војна на Турција во 1876 година, атентат на австроунгарскиот надвојвода Франц Фердинанд во 1914 година, донесување на Видовденскиот устав во 1921 година и др.
Видовден е празник кој го обележува и Римокатоличката црква на 15 јуни, што е всушност истата дата со 28 јуни, гледано со разликата на јулијански и грегоријански календ-р Тоа е празник посветен на св. Витус, Sanctus Vitus, што во превод значи свети Вид. Пвој празник се посебно обележувал на Јадранското приморје, а до денес се зачувани топоними и храмови посветени на овој пагански бог. Св. Вид е заштитник на градот Риека и тој ден се обележува и како ден на градот.
Начин на прославување
уредиВидовден се слави како крсна и куќна слава, но поради смртта на косовските јунаци и кнез Лазар, кој СПЦ го прогласила за светец, на овој ден свеченостите се без традиционнална веселба, бидејќи се обележува помен и сеќавање на жртвите кои ја бранеле својата држава и вера.
На Видовден, во српските цркви се обавуваат помени за сите жртви на војните. Централната прослава Србите ја обележуваат на Газиместан, на Косово поле во чест на жртвите.
Митологија
уредиЗа потекло на народното име на овој празник постојат повеќе верзии, но една од нив е дека станува збор за очувување на сеќавање на древно,паганско божество на Старите словени, Световид[3], кој бил бог на плодност и војните.
Кај Западните Словени, во Полабје постојат траги на храмови кои биле посветени на св. Вид, оттаму следи дека е логично што, под римокатоличката управа, Словените својот св. Вит го имаат како паралела кај Јужнире Словени како св. Вид.
Св. Вид кај древните народи освен моќ и атрибутте кои биле припишувани на паганскиот бог Вид, вериваке и во неговата моќ да види на сите четири страни, а со тоа и правично да суди согледувајќи ја вистината. Од атрибутите кои се припишуваат на древното божество забележано е дека се верувало во неговите исцелувачки моќи.
Постои верување дека кнез Лазар не случајно токму тој ден го одбрал за судир со моќната отомаска војска. По херојските настани во тој судир за видовден и битката на Косово поле се создадени и понови легенди: цутење на ендемска врста на црвен косовски божур, Paeonia, како и верување дека во ноќта меѓу 27 и 28 јуни, сите води се бојат со крваво црвена боја.
Наводи
уреди- ↑ http://www.rastko.rs/rastko-bg/folklor/rivanova-vidov.php
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2012-06-15. Посетено на 2018-06-27.
- ↑ Речник на јужнословенска митологија, Гордана Стојковска, Три, Скопје,2004, стр.195