Фламански поговорки

„Фламански поговорки“ (холандски: Nederlandse Spreekwoorden), наречена и „Холандски поговорки“, „Синиот плашт“ или „Светот наопаку“ — дело на холандскиот сликар Питер Бројгел Постариот насликано со масло на дабова табла во 1559 г. на кое буквално се прикажани тогашните холандско-фламански поговорки. Сликата е преполна со сцени од поговорки што се користат и денес, или некои што во меѓувреме се заборавени.

Фламански поговорки
Творец Питер Бројгел Постариот
Година 1559
Вид масло на табла
Димензии 117 см × 163 см
Место Ликовна галерија, Берлин Германија

Творештвото на Бројгел се осврнува на слабоумието и пакоста на луѓето, што секако важи и за оваа слика. Идејата не била само да се соберат поговорките, туку како еден осврт на човечката глупост во илустриран облик. Син му, Питер Бројгел Помладиот, меѓу другото, ги умножувал делата на татка си, и насликал дваесетина примероци на „Фламански поговорки“. Не сите верзии на делото ги имаат точно истите поговорки и примери во ликовната изведба.

Некои од поговорките се сосем истоветни со оние во македонскиот фолклор, а други имаат мошне блиски значења. Други пак, не постојат во македонската традиција, или се претставени на сосем поинаков начин.

Претставени изреки

уреди
Изреки претставени на сликата[1]
Поговорка Значење Дел Слика
И ѓаволот за перница ќе го врзе (фр)(хл) Тврдоглавоста совладува сè долу-лево  
Гризе дирек (фр)(хл) Лицемер во верата долу-лево  
Носи оган во една рака и вода во другата (фр)(хл) Дволичност и пакосништво долу-лево  
Удира со глава во ѕид (фр)(хл) Запнал за невозможното долу-лево  
Една нога обуена, другата боса(фр)(хл) Рамнотежата е најважна долу-лево  
Свињата го вади чепот (фр)(хл) Од немарноста уследува несреќа долу-лево  
На мачката ѕвонче ѝ става (фр)(хл) Опасна и неразумна постапка долу-лево  
Наоружан до заби (фр)(хл) Тешко наоружан долу-лево  
Натнува оклоп (фр)(хл) Налутен е долу-лево  
Едниот стриже овци, а другиот свињи (фр)(хл) Едниот ги има сите предности, а другиот ниедна долу-лево  
Стрижи, ама не дери (фр)(хл) Не барај премногу („Преку леб погача“) долу-лево  
Тука не се пржи харингата(фр)(хл) Не оди како што е предвидено долу-лево  
Пржи цела харинга само за икрата(хл) Прави многу за да постигне малку долу-лево  
Става поклопец на глава (хл) Конечно признава одговорност долу-лево  
Харингата виси на сопствените жабри (фр)(хл) Мора да ја сносиме одговорноста за нашите постапки долу-лево  
Има повеќе од некоја харинга (хл) Има повеќе одошто се чини на прв поглед долу-лево  
Што му може чад на железо? (фр)(хл) Нема смисла да го менуваме неменливото долу-лево  
Го најде песот в лонец (фр)(хл) Стасал на ручек предоцна, храната веќе изедена долу-лево  [2]
Седи во пепелта меѓу две столчиња (фр)(хл) Нерешителност долу-лево  
Пипа кокошки (фр)(хл) Брои што има пред да го добие средина-лево  
Таму висат ножиците (фр)(хл) Таму ќе те прелажат горе-лево  
Сè иста коска глода (фр)(хл) Везден зборува за истата работа горе-лево  
Зависи како ќе паднат картите (фр)(хл) Зависи од случајноста горе-лево  
Светот наопаку (фр)(хл) Сè е наопачки од што треба горе-лево  
Остави барем едно јајце в гнездо (фр)(хл) Остави нешто за резерва горе-лево  
Му се сере на светот (фр)(хл) Презира сè можно горе-лево  
Се водат за нос (фр)(хл) Се измамуваат еден со друг горе-лево  
Коцката е фрлена (фр)(хл) Одлуката паднала горе-лево  
Глупавиот добри карти добива (фр)(хл) Среќата знае да го совлада умот горе-лево  
Гледа низ прсти (фр)(хл) Попушта некому горе-лево  
Таму виси ножот (фр)(хл) Задава мачна задача горе-лево  
Стои на дрвени налани (фр)(хл) Чека попусто горе-лево  
Ја стрчнува метлата (фр)(хл) Се забавува кога го нема стопанот горе-лево  
Се венчава под метла (фр)(хл) Живее заедно без да е во брак горе-лево  
Покривот со торти му е нареден (фр)(хл) Многу е богат горе-лево  
Има дупка на покривот (фр)(хл) Неумен е горе-лево  
Стар покрив мора многу да се крпи (фр)(хл) Старите работи бараат повеќе одржување горе-лево  
Покривот летви има(фр)(хл) Може да има прислушкувачи средина-лево  
Го боли заб зад ушите(фр)(хл) Се преправа средина-лево  
Моча на месечината(фр)(хл) Си го троши времето на залудни напори средина-лево  
Тука виси лончето(фр)(хл) Обратно од што треба да биде средина-лево  
Гаѓа со една стрела за да најде друга(фр)(хл) Повторува некоја глупава постапка горе-лево  
Го бричи (будалиот) на суво(фр)(хл) Надитрува некого средина  
Дајца будали под еден ќулав(фр)(хл) Глупавите се дружат меѓу себе средина  
Израснало низ прозорец(фр)(хл) Не може да се сокрие средина  
Си игра на срамниот столб(фр)(хл) Привлекува внимание на своите срамни дела горе-средина  
Кога е отворена вратата, свињите во пченката ќе истрчаат(фр)(хл) Катастрофа поради немарност горе-средина  
Кајшто се смалува пченката, таму се здебелува свињата Кога некој добива, друг губи горе-средина  
Трча како да му гори газот(фр)(хл) На голема мака е горе-средина  
Кој јаде оган, ќе кака искри Да не те изненадиш што ќе те снајде ако влегуваш во опасност горе-средина  
Си го закачува плаштот според ветерот(фр)(хл) Си го прилагодуа гледиштето според општото мислење горе-средина  
Фрла пердуви во ветер (фр)(хл) Работи без плод горе-средина  
Зјапа во штркот(фр)(хл) Си го губи времето горе-средина  
Убива две муви со еден удар(фр)(хл) Успешен и делотворен горе-средина  
Паѓа од вол на магаре(фр)(хл) Го снашле тешки времиња горе-средина  
Ја бацува алката на врата (фр)(хл) Се подлизува горе-средина  
Си го брише газот од вратата (фр)(хл) Лекоумен кон нешто горе-средина  
Си го макне товарот (хл) Работата му се чини полоша одошто е горе-средина  
Еден просјак го жали другиот што стои пред врата(хл) Се плаши од конкуренција горе-средина  
Лови риба позади мрежата (фр)(хл) Испушта прилика средина  
Големите риби ги јадат малите (фр)(хл) Луѓето ја судат тежината на зборовите во зависност од важноста на оној што ги изрекол. средина  
Не го гледа сјајот во водата(фр)(хл) Љубомори на нечиј успех средина  
Виси како нужник над јама (фр)(хл) Очигледно е средина  
Секој може да види низ дабова талпа ако има дупка (фр)(хл) Нема што да го кажуваме очигледното средина  
Двајцата низ иста дупка какаат(фр)(хл) Се сложуваат средина  
Си ги фрла парите во вода(фр)(хл) Си ги трачи парите средина  
Напукнат ѕид набргу се руши(фр)(хл) Сè ќе се расипе ако не му посветиш внимание средина-десно  
Не бере гајле чија куќа гори, само да се стопли(фр)(хл) Искористува секоја поволна прилика без оглед на последиците по другите средина-десно  
Влече трупец(фр)(хл) Измамен во љубовта да прави нешто бесцелно горе-десно  
Од страв баба трча(фр)(хл) Вонредната состојба открива неочекувани особини горе-десно  
Коњските лепешки не се смокви (фр)(хл) Да не нè излаже изгледот горе-десно  
Ако слепиот го поведе слепиот, двајцата во јама паѓаат(фр)(хл) Нема смисла да ве води некој помалку кадарен од вас горе-десно  
Уште не стасал, а црквата сосе кула ја гледа (фр)(хл) Да не се откажуваме пред да ја довршиме работата до крај горе-десно  
Ништо не е така тенко испредено за да не излезе на светлина(хл) Ништо не може да се скрие засекогаш горе-десно  
Држи око на едрото(фр)(хл) Да се биде буден и претпазлив горе-десно  
Кака врз бесилката(фр)(хл) Ниедна казна не го оканува горе-десно  
Кај има труп, таму лета гавранот(фр)(хл) Ако има знаци на нешто, тогаш веројатно е така горе-десно  
Лесно се плови пред ветерот(фр)(хл) Со погодни услови, лесно се остварува замислата горе-десно  
Којзнае зошто гуските одат боси?(фр)(хл) Сè си има причина, дури и кога не ни е јасна горе-десно  
Нека ги гуските ако јас не ги пасам Не се мешај во нешто што не ти е работа горе-десно  
Гледа како играат мечки[3](фр)(хл) Гладува десно  
Дивите мечки меѓусебе се дружат[3](хл) Оние што се еснаф подобро се сложуваат десно  
Го фрла капутот преку ограда(фр)(хл) Фрла нешто, не заејќи дали ќе му затреба подоцна десно  
Не се плива спроти водотекот(фр)(хл) Тешко се оди против општоприфатеното мислење десно  
Стомната оди по вода сè додека не се скрши(фр)(хл) Сè има свои граници десно  
Најшироките колани од туѓа кожа се сечат(фр)(хл) Лесно се троши она што не е наше десно  
Држи јагула за опашка(фр)(хл) Врши тешка задача десно  
Пропадна низ кошот(фр)(хл) Му се разоткри измамата десно  
Виси меѓу небо и земја(хл) Во непријатна ситуација е десно  
Го зема кокошкиното јајце, а го пушта гускиното(фр)(хл) Носи лоша одлука десно  
Се проѕева спроти печката(фр)(хл) Сака повеќе од што може да постигне долу-десно  
Одвај стига од еден леб на друг(фр)(хл) Се мачи да преживее со расположливите средства долу-десно  
Мотика без рачка(фр)(хл) Веројатно нешто бескорисно[4] долу-десно  
Бара секирче(фр)(хл) Бара изговор долу-десно  
Еве го, со неговиот фенер(хл) Конечно добива прилика да си ги покаже дарбите долу-десно  
Секирче со рачка(фр)(хл) Веројатно значи „целото“[4] долу-десно  
Истурената каша не се враќа во лончето(фр)(хл) Веќе стореното не може да се врати долу-десно  
Му става спица во тркалото(фр)(хл) Прави сопки, осуетува нечии планови долу-десно  
Љубовта е онаму кајшто виси ќесето(фр)(хл) Љубовта може да се купи долу-десно  
Го истегнува најдолгиот крај(фр)(хл) Сака да добие предност долу-десно  
Си стои пред сопственото светло(хл) Постапува спротивно од сопствениот интерес долу-десно  
Никој во печка други не бара ако самиот не бил во неа(хл) Кој претпоставува злоба кај другиот открива злоба кај себеси долу-десно  
Го врти светот на палец(фр)(хл) Ги има сите предности долу-десно  
На Христа му врзува ленена брада(фр)(хл) Скрива задни намери под маска на благочестивост долу-десно  
Човек мора да свитка ’рбет за да успее на светов(фр)(хл) За да се успее мора да се прават жртви долу-десно  
Фрла рози пред свињи(хл) Троши нешто вредно на недостојните долу-средина  
Го полни бунарот, а телето веќе се удавило(фр)(хл) Презема нешто дури откако катастрофата се случила долу-средина  
Кроток како јагне(фр)(хл) Некој многу мирен и мил долу-средина  
Го наметнува со син плашт(фр)(хл) Го лаже (изневерува) долу-средина  
Пази да не се провлече црниот пес(фр)(хл) Да се внимава да не тргнат работите како што не треба долу-средина  
Едниот го мота тоа што другиот го преде(фр)(хл) Двајцата шират гласини долу-средина  
Носи воздух (ден) в кошница(фр)(хл) Си го трачи времето средина  
Му држи свеќа на ѓаволот(фр)(хл) Секому се додворува за да се здружи средина  
Му се исповеда на ѓаволот(фр)(хл) Му ги открива тајните на непријателот средина  
Ѝ го исекоа стомакот на свињата(фр)(хл) Досетување отпосле или не може да се врати веќе стореното средина  
Две кучиња за една коска нема да се договорат(фр)(хл) Се расправаат за една единствена тема средина  
Црпалка за обирање(фр)(хл) Користи некого паразитски средина  
Што ќе ти е убава чинија ако е празна?(фр)(хл) Убавината не ја заменува содржајноста средина  
Лисицата и штркот јаделе заедно(фр)(хл) Двајца измамници секогаш мислат на својата корист[5] средина  
Дува во уво(фр)(хл) Шири гласини средина  
Става рецка со креда(фр)(хл) Му должи услуга средина  
Месото на ражен мора да се врти(фр)(хл) Некои нешта бараат постојано внимание средина  
Со него не можеш да вртиш ражен(фр)(хл) Не е склон за соработка средина  
Седи на жар(фр)(хл) Нетрпелив е средина  
Лови без мрежа(фр)(хл) Печали на туѓ труд средина  

Наводи

уреди
  1. Од список на кој се наведени поговорките и нивните значења, составен од Ликовната галерија во Берлин, препеч. од Hagen, стр. 36-7.
  2. Поради нечистотијата на сликата, кучето речиси не може да се распознае.
  3. 3,0 3,1 The exact proverb depicted is not known with certainty.
  4. 4,0 4,1 Точното значење на поговорката не е познато.
  5. Се однесува на Езоповата баснаЛисицата и штркот“.
  • Rainer Hagen (2000). Rose-Marie Hagen (уред.). Bruegel: The Complete Paintings. Taschen. стр. 96. ISBN 3822859915.
  • Patrick De Rynck (1963). How to Read a Painting: Lessons from the Old Masters. New York: Abrams. стр. 379. ISBN 0810955768.
  • „The Netherlandish Proverbs by Pieter Brueghel the Younger“. Fleming Museum, University of Vermont. 2004. Архивирано од изворникот на 2022-06-10. Посетено на 18 May 2007.
  • The Netherlandish Proverbs: An International Symposium on the Pieter Brueg(h)els, ed. by Wolfgang Mieder. University of Vermont. 2004.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди