Гесло
Гесло или мото[1] — фраза која формално ја опишува општата мотивација или намера на една општествена група или огранизација. Геслото може да биде на било кој јазик, но најчести се локалниот и латинскиот. Владите обично употребуваат гесла на домашниот јазик. Пример за геслото на локален јазик е македонското државно (и револуционерно) гесло: Слобода или смрт.
Хералдика
уредиВо хералдиката, геслото обично се истакнува на грбот, на лентата (на подножјето) под штитот или пак над челенката, како да речеме во шкотската хералдика. Пример за гесло на грб е геслото на кралскиот грб на Обединетото Кралство, кое гласи: Dieu et mon droit („Бог и моето право“).
Во англиската и шкотската хералдика мотата не се доделуваат заедно со грбот, туку можат да се додаваат и менуваат по желба.[2]
Поврзано
уредиБелешки
уреди- ↑ Поретко се користат и поимите девиза, парола и крилатица.
- ↑ Innes-Smith, Robert (1990). An Outline of Heraldry in England and Scotland. Pilgrim Press. стр. стр. 14. ISBN 0-900594-82-9.
Mottoes are not necessarily heriditary and can be adopted and changed at will.