Овој корисник е активен на Википедија веќе
 16 години, 7 месеци и 7 дена.
Овој корисник учествува во рутинското одржување на Википедија преку ВикиПроект Одржување.


Овој корисник е член на ВикиПроект Медицина


mkMајчин јазик на овој корисник е македонскиот.
en-4 This user speaks English at a near-native level.
hr-1 Ovaj suradnik posjeduje osnovno znanje hrvatskog jezika.
sr-1Овај корисник поседује основно знање српског језика.
sh-1 Овај корисник поседује основно знање српскохрватског језика.
Ovaj korisnik posjeduje osnovno znanje hrvatskosrpskog jezika.


bg-1 Този потребител има начални познания по български език.
Википедија:Вавилон
Немате внесено јазици. Погледајте ја Предлошка:Вавилон/doc за помош.
Пребарај кориснички јазици
sq-0 Ky përdorues nuk kupton shqip (ose kupton me vështirësi).

Здраво! Јас сум Brainmachine и сум корисник на Википедија на македонски јазик од март 2008. На овој проект го создаваме „збирот на човековото знаење“ (зборовите на Џими Вејлс, основачот на Википедија), знаење кое ќе биде бесплатно и лесно достапно до секого. Горд сум што сум дел од заедница која овозможува слободно знаење, а посебно сум горд што тоа го правиме на мојот мајчин јазик и писмо. Од август 2008 сум администратор на овој проект. Тоа значи дека слободно можете да ме контактирате за извршување на било каква техничка работа — преместување, заштитување и бришење на страници, пријавување на неправилности и неучтиво однесување на други корисници, барања за оценка или рецензии на статии или медијаторство во разрешување на проблеми, прашања во врска со пишувањето на статии и нивниот енциклопедиски стил и за многу други работи. Покрај барања и прашања, отворен сум и за совети, прекори и пофалби. Сето ова можете да го направите на мојата страница за разговор. Често сум присутен овде, што значи дека ќе сторам сѐ во моја моќ да ви одговорам што е можно побргу. Исто така достапен сум и по е-пошта.

Корисничкото име Brainmachine ми важи за сите проекти на Викимедија: Заедничката ризница, Мета, Иницијативата за употребливост и сите јазична изданија на Википедија, како и на сродните проеки Викиизвор и Викиречник кои се на македонски јазик. Ова корисничко име го имам и на translatewiki и freedomdefined кои не се на Викимедија.

Дваесет правила за Википедија за заедничко работење
  1. Википедија е проект за секого со добронамерност, трпение и желба за учење.
  2. Секој може да уредува, но секој исто така може да го смени секое уредување.
  3. Правилата се за да помагаат, а не да попречуваат.
  4. Подобро е да има добар никулец, отколку да нема статија.
  5. Подобрувањето е подобро од бришењето, но бришењето е подобро од чувањето на лоши статии.
  6. Енциклопедијата не е ниту игралиште, ниту форум за дискусија.
  7. Со соодветна грижа, секоја статија може да биде избрана статија.
  8. Релевантноста не потекнува од твојата местоположба.
  9. Технологијата е средството, а не целта.
  10. Квалитетот потекнува од искуство и од постојано подобрување.
  11. Релевантност е она што читателот го пребарува за да си го прошири знаењето.
  12. Учењето од другите е клучот за успехот.
  13. Здравиот разум е нешто што на сите им треба, но што малкумина одлучуваат да го искористат.
  14. Енциклопедијата ги опишува темите објективно, без морална гледна точка.
  15. Квалитетот не се создава со додавање на белешка со предупредување.
  16. Ако имаш многу силен став за нешто, ќе ти биде тешко да пишуваш за тоа на енциклопедиски начин.
  17. На попречувачите и на вознемирувачите ќе им биде покажана вратата.
  18. Администраторите се служители на читателите и уредувачите.
  19. Не е заменлив никој којшто добро работи.
  20. Навистина, постојат поважни работи во животот од создавање на енциклопедија.

Ова е корисничка страница на Википедија.

Ова не е енциклопедиска статија. Ако ја најдете оваа страница на место кое не е Википедија, тогаш гледате пресликана страница. Имајте на ум дека е можно страницава да е застарена, а корисникот кому му припаѓа може да нема лична врска со другата страница што не е Википедија. Вистинската страница се наоѓа на http://mk.wikipedia.org/wiki/Корисник:Brainmachine.