28 јуни — 179-тиот ден во годината според грегоријанскиот календар (180-ти во престапна година). Остануваат 186 дена до крајот на годината. Предлошка:Јуни 2024

Настани уреди

1098  Во Првата крстоносна војна крстоносците ги поразиле Турците во Битката кај Антиохија.
1389  Се случила Косовската битка во која Србија била поразена од Османлиите.
1914  Австрискиот престолонаследник Франц Фердинанд и неговата жена Софи се убиени од страна на Гаврило Принцип во Сараево, причината за почеток на Првата светска војна.
1919  Потпишан е мировен договор во Версај, Париз со што завршува Првата светска војна.
1948  Донесена е Резолуцијата „За состојбата во КПЈ“ попозната како Резолуцијата на Информбирото, со која се осудува раководството на КПЈ и се повикуваат сите здрави елементи во Југославија да му се вратат марксизмот и ленинизмот.
1967  Израел го анектира Источен Ерусалим.
1989  На Газиместан на Косово одбележан е јубилејот 600 години од Битката на Косово. Централен настан на прославата, на која присуствувале околу еден милион луѓе, бил говорот на тогашниот српски претседател Слободан Милошевиќ со кој започнал неговиот подем како политичар.
1993  Република Македонија станува членка на УНЕСКО.
2001  Поранешниот српски и југословенски претседател Слободан Милошевиќ бил предаден на Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија, како прв шеф на држава кој бил предаден на Судот.


Родени уреди

1476  Павле IV — римски папа.
1491  Хенри VIIIкрал на Англија.
1577  Петер Паул Рубенс — фламански сликар.
1712  Жан Жак Русофранцуски филозоф.
1849  Младен Дилевски — македонски поет.
1867  Лујџи Пиранделоиталијански писател, добитник на Нобеловата награда.
1880  Никола Киров Мајски — македонски писател.
1926  Мел Брукс — американски режисер и глумец.
1932  Драгољуб Ставрев — македонски политичар.
1952  Пјетро Менеја — италијански атлетичар.
1957  Георги Првановпретседател на Бугарија.
1965  Џон Медески — американски џез-музичар.
1966  Џон Кјузак — американски глумец.
1979  Тим Макордрок-музичар, член на групата „Evanescence“.
1981  Васил Кириенка — белоруски велосипедист.
1982  Томислав Пачовски — македонски фудбалер.
1986  Петар Ненадиќ — српски ракометар.
1991  Кевин Де Бројне — белгиски фудбалер.
1996  Дона Векиќ — хрватска тенисерка.
1999  Маркета Вондрушова — чешка тенисерка.


Починале уреди

767  Павле Iримски папа.
1183  Хенри Младиот — крал на Англија.
1586  Примож Трубар — словенечки протестантски реформатор.
1598  Абрахам Ортелиј — фламански картограф, татко на современиот атлас.
1836  Џејмс Медисонпретседател на САД.
1189  Матилда — војвотка од Саксонија.
1904  Никола Каранџулов — македонски револуционер.
1914  Франц Фердинанд — австриски принц и престолонаследник.
1921  Ѓорче Петров — македонски револуционер.
1922  Велимир Хлебниковруски поет.
1975  Род Серлингамерикански сценарист, автор на серијата „Зона на самракот“.
1992  Михаил Таљсоветски шахист со потекло од Латвија.
1993  Борис Христов — бугарски оперски пејач.
2008  Рони Метјуз — американски џез-музичар.


Празници уреди

28 јуни (празници)