Гомељ

град во Белорусија

Гомељ (белоруски и руски: Гомель) — град во источниот дел на Белорусија, во близина на границата со Русија во кој живеат околу 520.000 жители. Градот е центар на истоимената област и е вториот по големина град во Белорусија. Се наоѓа во југоисточниот дел на земјата, на 302 километри од главниот град Минск, 534 километри источно од Брест, од Могиљов е оддалечен 213 километри, 279 километри западно од Брјанск и 111 километри северно од Чернигов. Низ него тече реката Сож. Градот е на површина од 121 км². Гомељ се стекнал со Магдебуршкото право во 1670 година.[4][5]

Гомељ
Гомель
Знаме на ГомељГрб на Гомељ
Држава Белорусија
РегионГомељска Област
Статус на град1142
Управа
 • ГрадоначалникПетар Кириченко
Површина
 • Вкупна135,34[1] км2 (Formatting error: invalid input when rounding ми2)
Надм. вис.&10000000000000138000000138 м
Население (2015)
 • Вкупно526,872 [2]
 • Густина4.258,4/км2 (110,290/ми2)
 [3]
Час. појасFET (UTC+3)
Поштенски број246xx, 247xxx
Повик. бр.+375 232(2)
Регистарски таблички3
Мреж. местоgorod.gomel.by

Градот бил основан во 1142 година, и административно е поделен на четири реони: Централен, Советски, Железнодорожен, и Новобелички. Актуелен градоначалник е Петар Кириченко, кој на функцијата стапил во ноември 2012 година. Од индустриските гранки најразвиена е машинската, а нешто помалку прехранбената индустрија. Во градот има тролејбуски и автобуски превоз, а авионски е поврзан со поблиските градови од соседството. Гомељ има умерено-континентална клима, но поради Чернобилската несреќа се соочил со намалување на населението кон крајот на 20 век. Градот почнал економски и демографски да заздравува во 21 век.

Потекло на поимот

уреди

Постојат неколку теории за потеклото на името на градот. Една од најчестите е таа која вели дека градот го добил своето име од потокот Гомејук, кој се влевал во реката Сож и на тоа место бил основан градот. Оваа теорија е создадена по аналогија како другите градови во Белорусија ги добиле своите имиња, па така Минск го добил името по потокот Менка, Полоцк по реката Полота, и Витепск по реката Витба. Зборот „Гомејук“ може да има финско потекло, Homma Joki, што значи „брза река“.[6]

Во историските записи, името на градот од 1142 до 16 век се јавува во различни форми: Гомь, Гомье, Гомей, Гомьи. Истражувачите-јазичари сметаат името потекнува од словенечкиот збор „гом“ што значи „рид“. Денешното име се воспоставило во 17-18 век.[7]

Географија

уреди

Градот Гомељ се наоѓа во југоисточниот дел на Република Белорусија и е административен центар на Гомељската Област, и се наоѓа на околу 40 километри западно од државната граница со Брјанска Област во Русија, и на околу 40 километри северно од Черниговска Област во Украина. Градот се наоѓа во северниот дел на Придњепарската Низина, во физичко-географската област наречена Гомељска Полесја (составен дел на белоруската Полесја). Северозападно од градот на Гомељската Полесја се наоѓа Чечерска Низина.[8]

Геологија и тектоника

уреди
 
Реката Сож во Гомељ

Гомељ се наоѓа во југоисточниот дел на Воронешкиот Антиклиз - покачена тектонска структура која е составен дел на рускиот штит во источноевропската плоча. Кристалната основа се наоѓа на длабочина од околу 450-550 метри под нивото на морето. Плочата има засводена структура и се состои од слоеви со палеозојска старост (дебелина од 100–120 m, среднодевонска глина, мек камен, доломит), мезозојска старост (400–420 m, песочна глина од тријас, глина и песок од јура, седименти од креда), и кенозојска старост (дебелина од 30–50 m, глауконско-кварцен песок, песок од морски материјал).[8]

Областа на денешен Гомељ од почетокот на протерозоикот до средниот девон била на површината, а во текот на средниот девон била поплавена. За време на доцниот девон имало интензивна вулканска активност. За време на кватернерното ледено доба, многу ледници се ширеле по целото денешно градско подрачје, а во текот на александрискиот интерглацијар се формирала долината на реката Сож, која уште доминира во градскиот пејзаж. ледниците со своите активности во оваа област имаат акумулирано огромно количество наносен материјал и така се формирало големото песочно плато на Полеска.[8]

Руда и релјеф

уреди
 
Во Гомељ недостасуваат повеќе зелени површини

Во релјефот на градот и околината доминира пространата рамнина. Низината долж десниот брег на реката Сож има алувијално-ледничко потекло, додека левиот брег на реката настанал преку таложење на наносен материјал. Воронешкиот Антиклиз се простира во правец север-југ, така што геолошки највисоката точка на градот во северното предградие се наоѓа на 144 метри надморска височина, додека најниската точка е крајбрежна област на Сож (115 м). Најнискиот дел на градот е Новобеличкиот Реон кој се наоѓа на левиот брег на реката и е во просек 10 до 15 метри понизок од северниот и јужниот дел на градот. По должината на левиот брег на Сож има бројни плажи, со вкупна должина од неколку километри.[8]

Во градот Гомељ се пронајдени големи резерви на свежи јаглеводороди (во карпите од кенозојската ера и креда) и минерални сулфатно-хлоридни натриумови води (девон и тријас) кои се користат за бањски третман. Во југозападниот дел на градот е Осовскиот Каменолом чиј песок се користи во градежништвото.[8]

Клима и вода

уреди
 
Водоскокот Гомејук на едно од градските езера

Гомељ се наоѓа во зоната на умерено-континентална клима, која се одликува со многу топли и влажни лета и студени зими. Годишната сончева светлост е 3.980 MJ / m² (95.1 kcal / cm²), што е за околу 5% повисоко отколку во Минск.[9]

Просечната температура на воздухот во годината е 7,4 °C. Во јануари е забележана најниска температура од -33,9 °C (мерено во 1970 година), а највисоката тој месец била 9,6 °C (мерено во 2007 година). Поради честото навлегување на влажен и топол воздух од Атлантикот, во текот на зимата имало најмногу 40 дена со температури над 0 °С, додека поради студените воздушни маси од исток и север имало околу 30 дена кои имале исклучително ниски температури под -10 °C. Просечната температура во јули е 19,9 °C, а во летото максималната била 38,9 °C (мерено во 2010 година), а најниската тој месец била 6 °C (во 1976). Во текот на летото имало повеќе од 30 дена со тропски температури над 20 °C. Вегетациониот период трае 205 дена од 3 април до 26 октомври, и во овој период температурата на воздухот е околу 5 °C.[9]

Просечната вредност на воздушниот притисок на годишно ниво изнесува 1.001,5 hPa со годишна амплитуда од 6 hPa. Најголема вредност на воздушниот притисок е измерена во 1972 година и имала вредност од 1037 hPa, а најниската вредност била 960 hPa (или 4,5 mm Hg) регистрирана во 1946.

Во текот на зимата доминираат јужни, а во лето западни и северозападни ветрови. Просечната брзина на ветерот на годишно ниво е 3,8 m/s, во зима била 4,3-4,4 m/s, а на лето 3,1-3,2 m/s. Посилни ветрови со брзина до 15 m/s се случуваат еднаш или двапати месечно, додека екстремно моќни ветрови со брзина преку 25 m/s случуваат еднаш во 20 години.[9]

Климатски податоци за Гомељ
Месец Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Највисока забележана °C (°F) 9,6 15,8 21,5 29,3 32,5 34,0 37,9 38,9 32,2 27,5 18,0 11,6 38,9
(nil)
Прос. висока °C (°F) -2,0 -1,2 4,6 13,2 20,2 23,2 25,2 24,3 18,1 11,3 3,6 -1,0 11,6
Сред. дневна °C (°F) -4,5 -4,2 0,7 8,4 14,8 17,9 19,8 18,7 13,0 7,1 0,8 -3,3 7,4
Прос. ниска °C (°F) -6,9 -7,1 -2,8 4,0 9,6 12,9 14,8 13,6 8,7 3,7 -1,4 -5,6 3,6
Најниска забележана °C (°F) -35,0 -35,1 -33,7 -13,6 -2,5 -0,2 6,0 1,2 -3,2 -12,0 -21,7 -30,8 -35,1
(nil)
Прос. врнежи мм (ин) 34
(1.34)
33
(1.3)
33
(1.3)
38
(1.5)
56
(2.2)
80
(3.15)
90
(3.54)
61
(2.4)
58
(2.28)
56
(2.2)
47
(1.85)
40
(1.57)
626
(24.65)
Прос. бр. дождливи денови 8 7 10 13 14 16 14 12 14 14 13 9 144
Прос. бр. снежни денови 18 17 10 2 0,1 0 0 0 0,03 2 10 16 75
Прос. релативна влажност (%) 86 83 77 66 64 69 70 71 77 81 87 88 77
Сред. бр. сончеви часови месечно 54 74 131 176 264 264 261 246 168 115 44 31 1.828
Извор бр. 1: Pogoda.ru.net[10]
Извор бр. 2: NOAA (sun only 1961–1990)[11]

Просечното количество годишни врнежи е 626 мм. Околу 70% од талогот се истура во топлиот период од април до октомври, а годишно во просек 160 дена се врнежливи, додека снежната покривка се задржува околу 106 дена во годината. Снежната покривка е присутна во периодот од 15 декември-21 март, а нејзината просечна висина е околу 20 см. 77% од врнежите се од течен тип, а 11% до 12% мешан.[9]

Релативната влажност на воздухот во постудените делови од годината е околу 80%. За време на топлиот период преку ден, релативната влажност на воздухот е околу 50-60%. Годишно во просек во Гомељ има 147 облачни денови, 30 дена се без облаци, додека останатите се полуоблачни денови. Сончевиот сјај на годишно ниво е во просек 1.855 часа. Снежни бури се случуваат просечно 24 пати во годината, најмногу 54, магла има 61 ден, најмногу 79, грмотевици има во 24, а максимум во 54 дена. Град паѓа 2 пати годишно во просек а 5 максимум, мраз се случува 13 пати годишно, а леден дожд 20 пати.[9]

Најважен хидролошки објект е реката Сож, една од најголемите реки во Белорусија. На територијата на градот се влева и реката Ипуц. Во приградската област во Сож се влеваат помалите реки Ут, Уза и Терјуха.[12] Во и околу Гомељ постојат неколку езера, главно од флувијален тип, а најпознати се Љубенско и Волотовско. Во северниот дел на градот има бројни бари, и од тие места се вади градежен материјал. Населението ги користи за пикник. Во Гомељскиот парк се наоѓа најстарата бара во градот „Лебедово Езеро“, создадена на местото каде потокот Гомејук некогаш се влевал во Сож, според кого во легендата градот го добил своето име.[9]

Флора и фауна

уреди
 
Паркот „Громика“

Природната покривка на Гомељ значително се изменила со тек на времето. Природните мочурливи степи биле заменети со полиња, мочуришта се исушиле и натрупале со камен, чакал и песок. Во парковите и ботаничките градини природната средина се култивирала. Непроменет дел е периферијата на градот, каде останала старата земјишна структура во која преовладуваат старите типови почва типични за овој дел од Белорусија, каде релјефот се формирал под дејство на ледниците.[8]

Во градските паркови и на улиците преовладуваат бор, смрека, даб, јавор, див костен, бел јасен, липа, топола, врба и од неодамна доведени видови како европски листовник, црвен даб, багрем, гинко, и други видови егзотични дрвја.[8][13]

Во Гомељ има околу 66 живи видови цицачи, 188 видови птици, 6 видови влекачи, 11 видови водоземци и 25 видови риби. Низ градот често се среќаваат еж, срна и дива свиња, а во паркот верверички, зајаци и кртови. Од птиците најчести градски птици се врапчиња, врани и гулаби, додека надвор од градот се среќаваат чапји.[8]

Екологија

уреди
 
Депонијата за фосфоров гипс во околината на градот е еден од главните проблеми за животната средина во Гомељ.

Најголемиот проблем за животната средина во Гомељ е радиоактивното загадување кое настанало како резултат на јадрената несреќа во Чернобил, потоа следува загадувањето на воздухот, почвата и водата. Повеќето од еколошките проблеми се резултат на исклучително високиот степен на урбанизација и индустријализација, како за градот така и за неговата околина. Гомељ се наоѓа во зоната на бесплатно сместување со повремена контрола на зрачење. На 20 километри североисточно од градот почнува забранета зона која била погодена од катастрофата во Чернобил.[14]

По индексот на загадување на воздухот, Гомељ има зголемено ниво на загадување на 5,0 и го зазема третото место по загаденост во Белорусија по градовите Могиљов и Гродно. Најчестите причини за загадување се формалдехид, флуороводник, фенол, амонијак и јаглерод моноксид. Главни извори на загадување се транспортот, преработката на дрво, и фабриката за минерални ѓубрива и енергија. Имало среден раст на годишната вредност на јаглеродни оксиди што се објаснува со зголемениот број на возила. Средната вредност на другите елементи е во опаѓање.[15]

Динамика на присуство на одредени елементи во воздухот [мгк/м³][15]
Год. Фенол Амонијак Формалдехид Олово
1991 4,3 68 9 0,070
1995 2,9 24 8 0,020
2000 1,5 11 6

Највисокото загадување на воздухот е во западниот дел на градот, во индустриска зона каде се наоѓаат хемиските фабрики, термоелектраната ТЕЦ-2, фабриката за градежни материјали, како и железничката станица, каде има високо сообраќајно оптоварување. Најчист е воздухот во јужниот и во Новобеличкиот Регион.[15] Изложувањето на хемиски отпад е исто така значаен проблем за Гомељ, но најголемиот проблем е предизвикан од таложењето фосфоров гипс (поради непријатниот мирис) како и загадувањето на подземните води.[16][17]

Загадувањето на реката Сож се одликува како умерено. Концентрацијата на азот е 5 пати повисока од дозволеното, железото и цинкот се 2 пати над дозволеното, додека фосфатите, бакарот, никелот и нафтените деривати се во зона на дозволеното.[15] Процентот на зеленилото во Гомељ е 19,5%, што е значително пониско од урбаните и еколошките норми на Белорусија (40-45%).[18]

Историја

уреди

Во Киевска Русија

уреди
 
Слика која ја прикажува руската етапа во историјата на Гомељ

Гомељ бил создаден кон крајот на 10. век на територија на источнословенскиот сојуз на Радмичите. Нивното седиште се наоѓало близу реката Сож и потокот Гомејук, од чиј назив местото го добило името. Високиот лев брег на Сож и длабоките заливи со стрмни падини го сочинуваат неговото природно опкружување. Кратко време градот бил центар на Гомељското Кнежевство, а потоа бил составен дел од Черниговското Кнежевство. Првпат се споменува во Ипатиевските записи како имот на черниговските кнезови. Гомељ кратко бил под власт на смоленскиот кнез Ростислав I Мстиславич, а потоа под власт на Изислав Давидович, по чија смрт во 1161 година преминал во сопственост на кнезот Олгович.

Градот во 12-ти и 13 век не бил помал од 40 хектари, и во него тогаш занаетчиството и трговијата биле доста развиени, и градот имал трговски односи со градовите од јужниот и северниот дел на Русија. Според археолошките наоди, градот бил многу оштетен за време на инвазијата на татарско-монголските племиња во првата половина на 13 век.[19][20]

Во Полско-литванскиот Сојуз

уреди
 
Грбот на Гомељ од 1560 година

Гомељ во 1335 година станал дел од Големото Литванско Кнежевство. Во периодот 1335-1406 тој бил дел од имотот на кнезот Патрициј Наримунтович и неговите синови, од 1406 до 1419 со градот управувале намесници на големиот кнез, од 1419 до 1435 година припаѓал на кнезот Свидригајл Олгеродвич. Од 1446 до 1452 година, кнезот Василиј Јарославич го управувал градот, од 1452 до 1483 година, можајскиот кнез Иван Андреевич, од 1483 до 1505 година Гомељ бил под власт на неговиот син Семјон, кој бил во вазалски однос со кнезот од Москва.

Во време на Руско-литванската војна од 1500 до 1503 година, Литванија сакала да го поврати Гомељ и другите територии кои им припаѓале на московските кнезови, но претрпела пораз и загубила една третина од својата територија. Триесет години подоцна, во 1535 година, литванската војска предводена од Јержи Радзивил, Јан Танровски и Андреј Ниемирович успеала да го поврати Гомељ и по мировниот договор од 1537 година, воспоставила своја власт во овој град. Од 1565 година Гомељ бил центар на војводството Минск.

Гомељ станал дел од Полско-литванскиот Сојуз во 1569 година. Од тогаш градот станал средиште на бројни судири меѓу украинските Козаци, руските војски и полската армија. Во почетокот на 1570-тите, градот бил преземен од страна на војската на Иван Грозни, но веќе во 1576 година паднал под власт на Радзивил. Руската армија повторно го нападнала Гомељ во 1581 година, а во 1595-1596 го освоиле Козаците предводени од Северин Наливајко.[20]

Со почетокот на борбата против православието во Литванското Кнежевство, во 1621 година била затворена соборната црква Св. Никола по наредбата на грчкиот католички епископ Јосафат Кунцевич. Градот во 1633 година го освоиле Козаците предводени од Булгаков и Јермолин, а во 1649 година го презеле одредите на Мартин Небаба. Полско-литванските власти во Гомељ испратиле платеници Унгарци, Германци и Татари, но градот издржал неколку опсади до 1651 година, но веќе во 1654 година паднал под власт на одредите на Иван Золотаренко. Тој и неговиот син го држеле градот до 1667 година, кога пристапиле во вазален однос со рускиот цар Алексеј Михајлович.

По Андрусовото примирје градот останал дел од Полско-литванската Државна Заедница, каде што прво припаѓал на Радзивил, а до повторното потпаѓање под руска власт, припаѓал на полскиот кнез Чарториски. За време на Големата северна војна во Гомељ бил присутен одред на руската војска на Александар Мењшиков.[20] Во средината на 17. век, влијанието на градот опаднало. Населението значително се намалило, градот бил уништен поради честите напади и многу занаети исчезнале. Жителите плаќале високи годишни даноци кон Полска до 1770 година.[20]

Во Руската Империја

уреди
 
Поранешниот хотел Савој, денес градска пошта
 
Зграда на банката

Гомељ во состав на Руската Империја влегол во 1772 година, кога била воспоставена царски управа, и спаѓал во Рогачевската Провинција на Могиљовската Губернија. Екатерина Велика во 1775 година „за забава“ го дала градот на доживотна власт на познатиот руски капетан Петар Румјанцев. Румјанцев не сакал управни администратори во оваа област и издејствувал Гомељ да биде негов приватен имот, под услов да изгради нов град кој ќе служи како регионален центар. Гомељ бил дел од Беличкиот округ во Могиљовската Губернија, чие седиште бил градот Белица, кој се наоѓал на 20 километри северозападно од Гомељ.

Румјанцев новиот регионален центар го нарекол Нова Белица, и го изградил на левиот брег на реката Сож, во периодот од 1777 до 1786. Новиот гомелски владетел, кнезот Ивај Паскјевич, го пренел регионалниот центар во Гомељ и ја преименувал областа во Гомељска, прогласувајќи го за неважен градот Нова Белица. Белица се споила со Гомељ во 1854 година како една населба (денешен Новобелички Регион). Врз основа на новиот грб на Белица од 1781 година бил направен грбот на Гомељ во 1856 година.[20][21]

Периодот во кој Гомељ бил дел од Руската Империја бил обележан со брз раст на населението и развој на урбаната инфраструктура и економскиот потенцијал. Румјанцев изградил камен замок во кој подоцна живееле следните владетели. Првото ланкастерско училиште во Русија било отворено во Гомељ на 8 ноември 1819 година. Тоа било изградено на главната градска улица според проект од архитектот Џон Кларк. Тоа бил цел комплекс на згради (главна зграда со четири крила, бања, штала и амбар) со околното земјиште, фарми и работилници. Тоа било првото училиште од ваков вид во Руската Империја.

Во градот се одржувале два годишни саеми, јануарски (Василичарски) и септемвриски (Воздвиженски), а од 1840-тите им се придружил и летниот (Троицки). По смртта на Румјанцев во декември 1796 година, владетел на Гомељ станал неговиот син Николај Румјанцев. Под негова власт во Гомељ отворило првата гимназија (1797), изложбена сала, фабрики за стакло, керамика, ткаенини и алкохолни пијалаци, како и дрвен мост над реката Сож. Изградбата на Петропавловската катедрала била завршена во 1819 година. Во овој период се изградени синагога, аптека и дом за стари лица.

По смртта на Николај Румјанцев замокот припаднал на неговиот брат Сергеј Румјанцев. Во времето на неговото владеење биле изградени Троицката црква и теолошкиот факултет.[20][21] Поради финансиски проблеми, Румјанцев го заложил градот на државата, и бидејќи не можел да го отплати долгот тој го продал замокот на кнезот Иван Паскевич-Јеревански кому царот Николај I му го подарил и остатокот од градот во 1838 година.[20]

Во времето на Иван Паскевич била отворена фабрика за шеќер (1839), за свеќи (1840), коноп, како и парохиско црковно училиште (во Нова Белица, 1835) и народен универзитет (1841). Во средината на 19 век, на три годишни саеми се продавале производи во вредност од еден милион рубљи што било околу 39% од вкупната трговија во Могиљовската Губернија. Добрата географска положба придонела за развој на транспортниот систем и понатамошен развој на трговијата. Низ Гомељ минувал автопатот Санкт Петербург-Одеса и првата телеграфска линија во Русија на линија Санкт Петербург-Севастопол. Железничката линија Лиепаја-Ромни била поставена во градот во 1873 година. Во 1854 година во градот живееле 10,1 илјади луѓе и имало 1 219 објекти. Градот многу настрадал од пожарот што избувнал во 1856 година кога биле запалени 540 куќи.[22]

 
Ловечки дом, летната резиденција на Паскевич

Паскевич направил парк околу замокот и создал единствен природен објект. Денес тоа е обележје на градот како комплекс на палати и паркови. По неговата смрт во 1856 година, градот припаднал на неговиот син Сергеј Паскевич. Тогаш биле основани фабрики за железо, две фабрики за тули, како и фабриката за кибрит „Везувиј“, почнало осветлување на улиците (1873) и ѕидање нови мостови. Неговата ќерка Ирина Паскевич ги основала женското друштво и машката гимназија, како и очната болница. Кнегињата започна изградба на водовод и други објекти поврзани со образованието и здравата исхрана.[23]

Гомељ во 1913 година бил голем индустриски центар со повеќе од сто илјади жители. Најголеми претпријатија биле железничката работилница Лиепаја- Ромни и фабриката за кибрит „Везувиј“. За време на Првата светска војна во Гомељ биле изградени осум болници и логистички центар на варшавскиот воен округ, транзитен центар и воена работилница. Вработените биле донесени од компаниите во другите градови.[20]

Гомељ во раниот 20 век

уреди

Советски период

уреди

За време на Руската граѓанска војна, Гомељ беше окупиран од страна на армијата на Германското Царство (1 март 1918), а потоа од страна на украинската војска предводена од Симон Петљурија. Во јануари 1919 година во Гомељ влегла Црвената армија. Најголемиот удар на болшевиците во Гомељ било Стрекопитовото востание. Бунтовниците ги зазеле важните стратешки објекти во градот и егзекутирале членови на советското раководство на градот - Ландер, Бауман, Оербах, Билецки, Фрида, Ратнер, Фајшмит, Фишбејн и други. Востанието било задушено кога во градот влегле зголемени сили на Црвената армија.[22]

Гомељ во 1919 година станал центар на новата административна Гомељска Губернија како дел од Руската Советска Федеративна Социјалистичка Република. По завршување на воените операции, започнало возобнувањето на економијата и инфраструктурата. Во периодот 1920-1925 се отворени фабриките „Полеспечат“, „Труд“, фабриката за леб и електраната.

Гомељ во 1926 година заедно со Гомељската Губернија се припојува во белорускиот ССР. Оваа одлука предизвикала незадоволство помеѓу населението на територијата која била предадена. Гомељскиот губерниски комитет на Комунистичката партија соопштил дека „обединувањето со Белорусија ќе предизвика незадоволство меѓу работничката класа и меѓу голем дел од селаните и ќе се одрази во политичкото расположение на работниците во округот“.[24] Првиот секретар на градската комисија составил записник „Во врска со прашањето на анексија на Гомељската Губернија во БССР, каде стоело: „Недостасува национално чувство на белорускиот народ од Гомељ во услови на силна позитивна енергија за обединувањето со БССР“.[25] Незаинтересираноста за ова прашање во Москва придонело Гомељ да се оддели од Русија.

Во периодот на индустријализацијата била отворена фабриката „Коминтерн“ за производство на парни возови и заводот за нивна поправка „Гомселмаш“ како и други претпријатија. До 1940 година во градот имало 264 индустриски претпријатија и по обемот на производство Гомељ бил на третото место во рамките на БССР по Минск и Витебск со 16,6% удел во производството. Во градот имало учителска школа и шумарски институт.

За време на Втората светска војна градот бил окупиран од страна на германската армија на почетокот на јули 1941 година. Тогаш биле создадени тајни партизански чети. Градот бил ослободен на 26 ноември 1943 година од страна на белоруската војска под команда на Константин Рокосовски, како дел од Гомељско-Рецичката операција. За време на војната повеќе од 80% од градот бил уништен и речиси сите индустриски објекти биле затворени. По војната, во градот започнала голема реконструкција. Речиси сите предвоени претприја продолжиле со својата работа до 1950 година.[20]

Чернобилската несреќа предизвикала голема штета врз градот во 1986 година. Гомељ се наоѓал во подрачјето зафатено со радиоактивно зрачење. Еколошката состојба дополнително се влошила поради длабоката економска криза која започнала кон крајот на 1980-тите. Ова предизвикало голем пад во квалитетот на животот и придонело за процесот на депопулација кој продолжил во 1990-тите. Гомељ станал дел од Белорусија по распадот на СССР во 1991 година.[20]

По осамостојувањето на Белорусија

уреди

Во првата половина на деведесеттите години на 20 век, Гомељ, како и целата територија на Белорусија, бил погоден од тешката економска криза, белата чума и ненадеен пад на производството. Постепеното заживување започнало во 1996 година. Тогаш била предложени нови капитални проекти, како приградска автобуска станица, сали за хокеј, централен стадион и други. Извршена била реставрација на градските знаменитости, а се отвориле нови тролејбуски линии и биле поставени споменици на Николај Румјанцев, Кирил Туровски, и Јанко Купала. Растот на наталитетот во градот започнал со изградба на нови станбени микрореони.

Демографија

уреди
 
Соборната црква во Гомељ

Заклучно со 1 јануари 2016 во градот живееле 521.452 жители, од кои работоспособно население било 241.072. Во споредба со претходниот попис од 1999 година, населението се зголемило за речиси 5.000 како доказ за постепеното демографско заздравување и прв пораст на населението од 1993 година. Бројот на вработени бил 191.019, од кои 69.441 биле вработени во индустријата.[26] По националност, градското население се состоело од:. Белоруси – 76,7%, Руси – 16,9%, и Украинци – 5,1%.[27] Од вкупната популација, 55% се жени и 45% мажи. Поголемиот дел од населението во градот е со православна вероисповед. Во градот има 19 активни православни цркви.[26] Гомељ е центар на Гомељско-Жлобинската епархија на Руската православна црква. Постојат Светиниколски и Јоанокормјански женски манастир.

По припојувањето на Гомељ во Руската Империја и забраната за доселување на Евреи во Русија, Гомељ станал град со една од најголемите еврејски заедници во Русија. Според пописот од 1897 во Гомељ живееле 20.385 Евреи (околу 55% ​​од населението).[28] Погром на Евреите се случил во 1903 година. Евреите сочинувале околу 44% од населението на Гомељ во 1926 година со 37.475 жители. Во 1979 година живееле во 26.416 Евреи во градот. Масовно иселување на Евреите од Гомељ се случило за време на перестројката кога повеќето од нив го напуштиле Советскиот Сојуз и се преселиле во Израел, така што нивниот број бил 6,5 пати намален, а во 1999 година бројот на Евреите во Гомељ паднал на само 4.000.

Познати жители

уреди

Број на жители
во Гомељ (1775—2010)
[во илјади]

1775 5,0
1858 13,7
1880 23,6
1897 36,8
1913 104,5
1925 81,9
1931 109,9
1939 139
1943 15,0
1959 168,3
1965 218,0
1970 272,3
1975 337,0
1979 383,0
1985 465,0
1989 497,4
1992 517
1999 475
2006 479,9
2008 493,7
2010 484,3

Меѓу познатите луѓе родени во Гомељ може да се набројат Андреј Громико (министер за надворешни работи на СССР), Павел Сухој (советски авиоконструктор) на кои им се подигнати споменици во Гомељ, како и Иван Черњаховски (советски генерал). Една од главните улици во градот е именувана по браќата Петар и Александар Лизјуков, воени херои во Советскиот Сојуз, кои биле родени во Гомељ.

Во Гомељ е роден познатиот советски математичар Лав Генрихович Шнирељман и географот Анатолиј Исаченко. Во Гомељ во 1888 година е роден познатиот геолог, геохемичар и академик Александар Сергеевич Уклонски. Исто така, во Гомељ работел психологот Лав Виготски во 1920-тите години.

Од современите познати личности кои се родени во Гомељ, значаен е раперот Серјожа, чија музика е популарна на територијата на поранешниот Советски Сојуз. Модерниот белоруски писател Оксана Безлепкина е родена во Гомељ во 1981 година. Во Гомељ е роден и Сергеј Сидорски, премиер на Белорусија во периодот 2003–2010. Родителите на тенисерката Марија Шарапова живееле во Гомељ пред катастрофата во Чернобил.

Административна поделба

уреди

Сегашната форма на градот датира од втората половина на 18 век. Главната архитектонска целина што го формира центарот на градот е областа околу плоштадот Ленин (поранешениот пазар). Од таму во три краци се протегаат Советската улица (поранешна Румјанцевска, главна улица во градот), ленински проспект (поранешна Замковска) и Пролетерската улица (поранешна Фелдмаршалска).

Градот е поделен на четири реони:

  • Централен Реон[29]—ги опфаќа централниот, источниот и североисточниот дел на Гомељ. Главните улици се Советска, Ленински проспект, Мазурова, Интернационална. Во Централниот Реон има 24 бизнис компании, и таму се сместени повеќето атракции и културни знаменитости на градот - комплекс замоци, ловен дом, драмски театар, циркус, куклен театар, експериментални младински театар-студија, објекти од социјален и културен карактер и така натаму.
  • Советски Реон[30]—се наоѓа во југоисточниот дел на Гомељ. Ова е најмладиот реон на градот. Во овој реон се наоѓа третина од индустриското производство и во него живее 37% од населението. Главни улици во реонот се улицата Богдан Хмељницки, Речицко шосе, Барикинова и октомвриски проспект.
  • Железнодорожен Реон[31]—се наоѓа во северозападниот дел на Гомељ. Овде се наоѓаат железничката станица, автобуска станица, и аеродром. Има 35 индустриски претпријатија, кои сочинуваат околу 50% од урбаното производство. Главните улици се Космонаутска, Крупска, и Победа.
  • Новобелички Реон[32]—се наоѓа на левиот брег на реката Сож во југоисточниот дел на градот. Главната улица е улицата Илич. Во овој реон живее 10% од населението во Гомељ. Порано тоа беше посебен град, Нова Белица.

Во Гомељ се наоѓа и администрацијата на Гомељскиот реон во кој спаѓа самиот град.

Градска управа

уреди
 
Зграда на градскиот совет и извршниот комитет
 
Зграда на администрацијата за Централниот Реон

Претставничко тело на градската власт е Гомељскиот градски совет. Него го сочинуваат 40 советници избрани на непосредни избори од страна на населението во 40 изборни единици. Нивниот мандат трае 4 години, а техничките овластувања траат до првата седница на новиот состав на Советот. Советот од својот состав бира претседател, негов заменик, претседател на постојната комисија, кои заедно го сочинуваат президиумот на Гомељскиот градски совет.[33] Од мај 2010 година, претседателот на советот е Иван Бородинчик.[34]

Претставник на централната власт на територијата на градот е Градскиот извршен комитет. Претседателот на Градскиот извршен комитет го поставува претседателот на Белорусија, а го потврдува Градскиот совет. Членовите на општинскиот комитет ги утврдува комисија на претседателството во согласност со извршниот комитет. Сегашниот претседател на комисијата, односно градоначалник на Гомељ, е Петар Кириченко, поставен во ноември 2012 година.[35]

Извршната и управната власт на територијата на градската област, односно општината, е реонската администрација. Нивните претседатели и заменици именуваат претседател на Градскиот извршен комитет, а членовите ги именува претседателот на администрацијата.

Стопанство

уреди

Индустрија

уреди
 
Фабрика за поправка на автомобили

Во 2007 година, во градот биле произведени стоки во вредност од 3,084 милијарди рубљи. Во почетокот на 2008 година, градот имал 126 индустриски претпријатија, од кои 49 (38,9%) биле во државна сопственост, и 77 (61,1%) биле во приватна сопственост, од кои 37 (29,4%) биле сопственост од акционерски друштва, 4 (3,2%) од странски претпријатија, и 10 (7,9%) од претпријатијата со мешана сопственост на странски акционери и 26 други.

Најголем дел од вкупното производство се состои од:

  • машинска индустрија (52) — 48,3
  • прехранбена индустрија (17) — 16,7%
  • дрвна индустрија (12) — 8,1%
  • лесна индустрија (12) — 4,6%
  • производство градежен материјала (8) — 7,9%
  • хемиска индустрија (5) — 11,2%
 
Комбајнот „Палесје“ од фабриката „Гомселмаш“

Најголемите претпријатија се „Гомселмаш“, „Злин“ – фабрика за поправка на вагони, „Киров“ – фабрика за земјоделски машини и алат, „Емаљпосуда“ – фабрика за опрема за мерење, „Центролит“ – фабрика за бонбони, „Спартак“ – комбинат за месо, „Гомељ древ“ – фабрика за масти, „Гомељ стројматеријали“ – фабрика за градежни материјали, хемиски завод, фабрика за пластични маси, „Кристал“ – фабриката за алкохолни пијалаци, „Белоруснефт“ – фабрика за радио делови, „Гомељ стакло” – фабрика за стакло, фабрика за поправка на автомобили, итн.[36]

Сообраќај

уреди

Јавниот транспорт во Гомељ се одвива преку тролејбуси, автобуси и минибуси. Тролејбуската мрежа била отворена на 20 мај 1962 година и се состои од 19 линии. Последната линија била отворена на 8 септември 2007 година, по воспоставување на патна мрежа на улицата „Мазурова“. Вкупната должина на мрежата е околу 74 километри, а должината на линијата е 475 км. На линиите сообраќаат тролејбусите од типот AKSM-201, AKSM-321, AKSM-213, AKSM-101, ЗИУ-682. Тролејбусите ги произведува фабриката „Белкоммунмаш“.[37]

Во моментов во градот има 51 автобуска линија. Постојат и експресни минибус линии, кои ги има 28. Градскиот и меѓуградскиот автобуски превоз се врши преку градското сообраќајно претпријатие. Гомељ е поврзан со сите градови од гомелскиот регион и со сите регионални центри во Белорусија (освен Брест), а исто така и со градовите надвор од Белорусија - Чернигов, Киев, Москва, Курск, Бремен, Франкфурт, Орел, Тираспол, Харков, Новозипков, Николаев.[38]

Гомељ е железнички поврзан со многу градови во Белорусија, Русија и Украина. Возови сообраќаат до Минск, Москва (преку Смоленск и Брјанск), Санкт Петербург, Полоцк, Брест, Гродно, Калининград, Чернигов, Адлер (преку Воронеж). Постојано има возови до Волгоград, Мурманск, Иркутск, Чељабинск. Постои сезонска и целогодишна поврзаност со Одеса, Кисловодск, Дњепар, Херсон.[39] Приградската железничка станица била отворена во 1996 година во близина на станицата за подолги линии. Приградскиот сообраќај се одвива на територијата на Гомељската област.

Меѓународниот аеродром „Гомељ “ во советско време секојдневно опслужувал стотици патници со летови до целиот Советски Сојуз. Денес, редовен секојдневен сообраќај има кон Минск и Калининград. Неуспешен бил обидот за отворање линија Гомељ -Москва-Гомељ во 2005 и 2007 година, бидејќи и во двата случаи по неколку месеци линијата била прекината поради слаб интерес. Исто така во 2007 година летонското претпријатие „Ер Балтик“ отворила линија Рига-Гомељ -Рига. Иако бројот на патници бил задоволителен линијата била укината во почетокот на 2008 година. Компанијата „Белавија“ држи чартер и карго линии.[40][41]

Угостителство

уреди

Во услужниот сектор доминираат услуги чие плаќање е задолжително: комунални услуги – 24,4%, транспорт на патници – 14,1%, домување – 5,6%.[42] Во Гомељ има 13 хотели, од кои најголеми се „Турист“, „Сож“, „Гомељ “ и „Ујут“.[43] Во Гомељ има околу 40 ресторани, кафулиња и барови.[44]

Надворешна трговија

уреди

Обртот во надворешно-трговската размена во периодот јануари-февруари 2008 година изнесувал 512.400.000 долари, од кои извозот изнесувал 367.700.000 долари, а увозот 144,7 милиони долари.[42] Од вкупниот извоз во земјите од Заедницата на независни држави (ЗНД) е извезено 38,5%, од кои 24,7% во Русија, а во земјите надвор од ЗНД-61,5%. Увозот од земјите во ЗНД изнесува 63,9% од вкупниот увоз, од кои 51,8% од Русија, а од земјите надвор од ЗНД-36,1%. Генерално, главните надворешно трговски партнери се Русија (32.3%), Холандија (21,8%), Германија (17,6%), Украина (11,8%), Литванија (3,4%), Полска (2, 2%), Италија (0,9%).[42]

Образование и наука

уреди
 
Главната зграда на медицинскиот универзитет (во советско време седиште на ОК на КПСС)
 
Државниот универзитет „Франциско Скарина“

Во Гомељ има седум високообразовни институции. Градот има 35 илјади студенти, од кои три илјади дипломираат секоја година. Главната образовна институција во градот е Гомељскиот државен универзитет „Франциско Скарина“. Основан е во 1969 година од тогашниот педагошки институт „В.П. Чкалов“. Универзитетот е составен од 26 факултети и има 56 специјализирани студии. Единствениот сообраќаен факултет во Белорусија се наоѓа во Гомељ и се вика „Белоруски државен универзитет за транспорт“.

Од филијалата на Московскиот институт за соработка, во 1980 година е основан кооперативниот гомелски институт (денешен Белоруски трговско–економски универзитет за потрошувачка). Од филијалата на белорускиот политехнички институт во 1981 година е основан градскиот Политехнички институт (денешен Гомељски државен технички универзитет - „П.О. Сухи“).[45]

Катастрофата во Чернобил го забрзала отворањето на гомелскиот Медицински институт (денешен Државен медицински универзитет). По стекнување на независноста на Белорусија, во Гомељ бил отворен огранок на Меѓународниот институт за труд и социјални односи во 1993 како и огранок на градскиот инженерски институт на Република Белорусија во 2003 година.[45]

Во Гомељ исто така има и 77 основни училишта, еден градски културен клуб, еден областен културен клуб, 18 стручно-технички училишта, шест колеџи, седум технички факултети, белоруско-словенска гимназија, Ирининска гимназија. Во градот постојат институти за шумарство, радиобиологија, радиологија, итн.[45]

Здравство

уреди

Во Гомељ постојат голем број на специјализирани болници, од кои повеќето се наоѓаат во посебен дел на градот „Медгородок“. Во овој дел од градот има кардиолошка клиника, клиника за онкологија, кожно-венеричен диспанзер, центар за микрохирургија на очи, втора градска клиничка болница и други. Во Гомељ исто така се наоѓа и централната градска клиничка болница (ЦГКБ). Во состав на ЦГКБ е само одделот за пластична хирургија. Во прилог на тоа, во Гомељ постојат психијатриска и геријатриска болница, плус неколку клиники и републичкиот центар за зрачење. Мрежата од поликлиники ја сочинуваат 16 градски поликлиники, седум детски поликлиники, седум стоматолошки ординации и офталмолошка поликлиника.[46]

Култура

уреди
 
Куклениот театар
 
Концертна сала

Гомељ е втор најголем културен центар во Белорусија по Минск.

Во градот има четири уметнички друштва, 3 театри (регионален драмски театар, театар за млади, куклен театар), три кина, филхармонија, циркус, три изложбени галерии, филијала на Ветковскиот музеј на народната уметност како и други локални музеи, комплекси паркови и замоците на Румјанцев и Паскевич, факултет за уметност, уметничка галерија, градски симфониски и црковен оркестар, седум детски музички училишта и уметнички училишта, кореографско и уметничко училиште и градска библиотека.[47]

Годишно се одржуваат околу 20 фестивали, од кои меѓународни се: фестивалот на кореографската уметност „Сожски хоровод“, театарскиот фестивал „словенски театарски средби“, музичката сесија за млади „Арт сесија“, „Гитарска преродба“, и еден од најголемите фестивали не само во Белорусија, туку и пошироко „Go-Fest“, како и отворени турнири во танц.[47] Организирани се десет изложби од кои најважна е меѓународната православна изложба „Православна Белорусија“.[48]

Словенска библиотека

уреди

Во Гомељ во 1999 година била отворена словенската библиотека со цел развивање и зајакнување на пријателските односи меѓу словенските народи и популаризација на богатата историја и култура на Словените. Ова е единствена библиотека од ваков вид во земјите од ЗНД и една од трите вакви библиотеки во светот, од кои другите две се наоѓаат во Чешка и Финска. Библиотеката во моментов има околу 40.000 книги, претежно донирани од страна на дипломатските претставништва на Полска, Русија, Србија и Чешка.[49] Белорускиот егзархат на Руската православна црква на словенската библиотека во 2007 година ѝ доделил орден „Свети Кирил Туровски“ од втор степен за „напорната работа за слава на Божјата црква“.[50]

Спорт

уреди
 
Атлетската сала во Гомељ

Градот Гомељ има добро развиена спортска инфраструктура и високо квалификуван спортски персонал. Најпопуларните спортови се хокеј, фудбал, атлетика, тенис, уметничко лизгање, бокс, одбојка, кошарка, коњички спорт, веслање, велосипедизам и борење. Во последните години градските власти обрнуваат повеќе внимание на подобрување на постојната спортска инфраструктура, така што сега во градот и околината постојат повеќе од илјада повеќенаменски спортски објекти.[51]

Најголемиот спортски објект во градот е Централниот градски стадион со капацитет од 14.307 седишта подредени во три заоблени трибини. Стадионот ги задоволува стандардите на ФИФА и УЕФА за одигрување меѓународни натпревари. Димензиите на теренот се 105 х 68 м, а површината е засадена со вештачка трева. На градскиот стадион своите натпревари ги игра ФК Гомељ, кој во моментов се натпреварува во белоруската Премиер Лига.[52] Најголемиот успех на клубот е освојувањето титула во домашното првенство во 2003 година, и освојување на националниот куп во 2002 и 2011 година.[53]

Салата за зимски спортови има капацитет од 2.760 места и била отворена на 22 мај 2000 година и се користи главно за хокеј и уметничко лизгање.[51] Во оваа сала своите натпревари на домашен терен ги игра ХК Гомељ, кој моментално се натпреварува во хокеарската Екстра лига. Клубот е основан во 2000 година и оттогаш го освоил белоруското првенство во 2003 и националниот куп во 2003 и 2007. Во оваа сала во 2004 се одиграло суперфиналето од континенталниот хокејски куп во кој домаќините загубиле од екипата на Слован од Братислава.[54] Големи спортски објекти се и атлетската сала и салата за екипни спортови, кои често ги користат белоруските спортисти при подготовки за важните национални и меѓународни натпревари.[51]

 
Градското лизгалиште е главниот рекреативен спортски центар во зима

Градските власти посветуваат големо внимание на развојот на училишниот спорт уште од периодот на Советскиот Сојуз. Во септември 1963 година во градот е основана специјализирано државно спортско училиште за деца и млади. Во рамките на училиштето, постојат многу сали и сета потребна опрема за тренинг, а особено големо внимание се посветува на гимнастиката. Во моментов во училиштето има околу 600 ученици, а предаваат повеќе од 40% високо квалификувани тренери.[51]

Веслачкиот центар „Водник“ се смета за најдобар тренинг центар во земјата, кога станува збор за веслање и кајак. Во тој центар својата спортска кариера ја започнале некои од најпознатите белоруски спортисти и носители на олимписки медал, како Леонид Гејштор (олимписки шампион од Рим 1960) и Јелена Рудковскаја (олимпиското злато во пливање и бронза на ЛОИ 1992). Рудковскаја била прогласена за најдобар спортист на Белорусија во 1991 и 1992 година. Игор Макаров, единствениот белоруски олимписки првак во џудо (Атина 2004), живее и работи во Гомељ.[55] Од Гомељ потекнува и атлетичарот Андреј Кравченко, добитник на олимписки сребрен медал во десетобој на ЛОИ во Пекинг од 2008 година.[56]

Гомељскиот национален хиподром се смета за најдобар спортски објект од ваков вид во земјата. Хиподромот е изградена пред повеќе од половина век и се наоѓа на местото на поранешната летна резиденција на семејството на кнезот Паскевич. Во рамките на објектот има тркачка патека, административна зграда, штала за коњи, мало вештачко езеро, и музеј посветен на коњичкиот спорт.[51]

Медиуми

уреди

Во Гомељ се регистрирани или имаат седиште 47 медиумски компании. Од нив, четири се електронски (телекомуникациското претпријатие „Ниреја“, радио „Гомељ“, Радио-телевизија „Гомељ “, и ОНТ гомелски регион), пет се печатени медиуми („Гомељски универзитет“, „Селмашевец“), во кои спаѓаат и органот на градскиот извршниот комитет–„Гомељские ведомости“, органот на обласниот извршен комитет – „Гомељска правда“, и органот на управата на советскиот регион–„Советски простор“. Во градот се издаваат и републичките весници „Јужна“, „Република“, „Ѕвезда“, и „Советска Белорусија“.[57] Постојат и голем број весници за забава, рекламирање или за информативна намена. Преку „Белсојузпечат“ во Гомељ се издаваат голем број на руски весници („Труд“, „Известија“, „Космополска правда“, „Утре“, „Руски весник“). На територијата на Гомељ се емитуваат бројни руски ТВ канали, како што се „Прв канал“, „НТВ“, „Русија“, „РенТВ“ и други. Гомељската телевизија се вика „Ниреја“.[58][59]

Знаменитости

уреди
 
Замокот на Румјанцев и Паскевич
 
Петропавловската соборна црква

Иако градот има осумвековна историја, зачувани се мал број на историски знаменитости. Повеќето од нив потекнуваат од 18-от и 19-от век. Сите се концентрирани во централниот дел на градот. Во главните знаменитости спаѓаат:

  • Градскиот комплекс дворци и паркови
  • Замокот на Румјанцеви и Паскевичи
  • Капелата-светилиште на Паскевич
  • Петропавловската соборна црква
  • Некогашната фабрика за шеќер, денес градски видиковец
  • Ловен дом (летната резиденција на Паскевич)
  • Зимската градина
  • Илинската црква
  • Светониколскиот манастир
  • Зграда на поранешниот градски совет
  • Зграда на поранешната Александрова гимназија
  • Зградата на поранешниот хотел „Савој“

За набљудување на градот било популарно тркалото за набљудување кое било затворено во 2007 година. Од тогаш, како градски видиковец служи 35 метарскиот висок оџак на поранешната фабрика за шеќер, кој се наоѓа во паркот на неколку стотици метри од комплексот замоци. Гомељ има рамничарски релјеф, па видиковецот овозможува поглед на целиот град.

Од неодамна изградените објекти популарен меѓу населението е градскиот циркус, кој бил изграден во 1972 година во форма на летачката чинија. Кога се изградил бил еден од најконтроверзните објекти поради тоа што не се вклопувал во стандардите на соцреалистичната архитектура. Исто така познат е меморијалниот центар со вечен пламен, и споменикот на незнајниот војник на градскиот плоштад.

Збратимени градови

уреди

Гомељ е збратимен со:

Наводи

уреди
  1. „Государственный земельный кадастр Республики Беларусь“ (руски). Архивирано од изворникот 2011-08-25. Посетено на 2017-04-14.
  2. „Численность населения на 1 января 2016 г. и среднегодовая численность населения за 2015 год по Республике Беларусь в разрезе областей, районов, городов и поселков городского типа“. Архивирано од изворникот на 2016-07-06. Посетено на 2017-04-14.
  3. „Belarus - The regions of the Republic of Belarus as well as all cities and urban settlements of more than 10,000 inhabitants“. City Population. Посетено на 2016-01-07.
  4. „Гомель - Золотое кольцо Гомельщины“. Архивирано од изворникот на 2009-05-24. Посетено на 2017-04-14.
  5. Alexander Rogatschewski: Das Magdeburger Recht auf dem heutigen Territorium Rußlands: Forschungsstand und Forschungsperspektiven // Rechts- und Sprachtransfer in Mittel- und Ostmitteleuropa. Sachsenspiegel und Magdeburger Recht. Internationale und interdisziplinäre Konferenz in Leipzig vom 31. Oktober bis 2. November 2003. (Ivs Saxonico-Maidebvrgense In Oriente. Bd. 1) / editors von E. Eichler und H. Lück. Berlin, Walter de Gruyter. 2008. ISBN 978-3-89949-428-0. стр. 207–287.
  6. „В поисках утраченного“. Советская Белоруссия. 10 декември 2005.
  7. Географические названия мира. Топонимический словарь//Е. М. Поспелов. Москва, Русские словари, Астрель, АСТ, 2002
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 8,5 8,6 8,7 Гомель. Энециклопедический справочник. — Мн.: БелСэ, 1991. — 527 стр.
  9. 9,0 9,1 9,2 9,3 9,4 9,5 „Краязнаўчы сайт Гомељя і Гомельшчыны - Клімат“ (руски). Архивирано од изворникот на 2008-09-28. Посетено на 2017-04-14.
  10. „Климат ГомељЯ“ (руски). Weather and Climate (Погода и климат). Посетено на 28 November 2015.
  11. „Gomel Climate Normals 1961–1990“. National Oceanic and Atmospheric Administration. Посетено на 28 November 2015.
  12. Блакітная кніга Беларусі: Энцыкл. / БелЭн; Рэдкал.: Н. А. Дзісько і інш. — Мн.: БелЭн, 1994.
  13. Сапегин Л. М., Дайнеко Н. М. Структура и функционирование луговых экосистем (Экологический мониторинг). — Гомель: ГГУ, 2002.
  14. Постановление Совета Министров Республики Беларусь от 23 декабря 2004 г. № 1623 «Об утверждении перечня населённых пунктов и объектов, находящихся в зонах радиоактивного загрязнения»
  15. 15,0 15,1 15,2 15,3 Природная среда Беларуси / под ред. Ф. Ф. Логинова. — Мн.: НОООО БИП-С, 2002. — 424 с.
  16. География Гомельской области / под ред. Г. Н. Каропы, В. Е. Пашука. — Гомель, 2000. — 286 стр.
  17. -{Технология перерабатки фосфогипса}-
  18. Инструкция по классификации и учёту городских зелёных насаждений. № 0212-99 // Сборник нормативных документов по вопросам охраны окружающей среды. — Мн.: БелНИЦ «Экология», 2001. Вып. 27. — С. 109—124
  19. Макушников О. »Гомель с древнейших времён до конца XVIII века: историко- краеведческий очерк.« — Издање: ЦНТИ, Гомељ, 2002. — 243 стр.
  20. 20,00 20,01 20,02 20,03 20,04 20,05 20,06 20,07 20,08 20,09 Гарады і вёскі Беларусі: Энцыклапедыя. Т. 1, кн јануари Гомельская вобласць/С. В. Марцэлеў; Рэдкалегія: Г. П. Пашкоў (галоўны рэдактар) і інш. — Издање: БелЭн, 2004. — 632 стр.
  21. 21,0 21,1 Виноградов Л. Гомель. Его прошлое и настоящее. 1142—1900 гг. Москва, 1900 (репринт 1991).
  22. 22,0 22,1 „История Гомељя“ (руски). Посетено на 5 јули 2016.
  23. Александр Рогалев. „Наша Ирина“. газета "-{Семь дней}-". Архивирано од изворникот на 12 јануари 2009.
  24. -{Требов А. Как большевики делили Гомельскую губернию между Россией и Белоруссией // Родина. — № 8. — 2003}-
  25. -{Лосев В. Белоруссия и Россия: нужны иные формы воссоединения // Страны СНГ. Русские и русскоязычные в новом зарубежье. — № 51 (1 мај 2002)}-
  26. 26,0 26,1 „Гомель в цифрах“ [Гомељ у бројкама] (руски).
  27. „-{О Гомеље}-“ (руски). Архивирано од изворникот на 8 април 2008.
  28. Гомељ // Електронска јеврејска енциклопедија
  29. „-{История района}-“. Архивирано од изворникот на 2008-06-22. Посетено на 2017-04-15.
  30. „Советский район“ (руски). Архивирано од изворникот на 2004-12-18. Посетено на 2017-04-15.
  31. „Железнодорожный район“.
  32. „Наш район“. Архивирано од изворникот на 2007-11-03. Посетено на 2017-04-15.
  33. „Городской Совет депутатов“ (руски). Архивирано од изворникот 2006-10-14. Посетено на 2017-04-15.
  34. „Президиум горсовета“.
  35. „-{Руководство горисполкома}-“. Архивирано од изворникот на 2017-04-25. Посетено на 2017-04-15.
  36. -{География Гомельской области / под ред. Г. Н. Каропы, В. Е. Пашука.}- - Издање: Гомељ, 2000. - 286 стр.
  37. „-{Транспорт в Гомеље - Троллейбусы Гомељя}-“. Архивирано од изворникот на 2008-01-13. Посетено на 2017-04-16.
  38. „-{Транспорт в Гомеље - Автобусы Гомељя}-“. Архивирано од изворникот на 2009-06-27. Посетено на 2017-04-16.
  39. „КУП "Горэлектротранспорт", г. Гомель“ (руски).
  40. „Гомельский аэропорт“ (руски). Архивирано од изворникот на 2016-07-07. Посетено на 5 јули 2016.
  41. „Расписание движения самолётов „Белавиа" (руски). Посетено на 5 јули 2016.
  42. 42,0 42,1 42,2 [1][мртва врска]
  43. „Гостиницы“. Гомельский городской исполнительный комитет. Посетено на 5 јули 2016.
  44. „Рестораны, бары, кафе, клубы, дискотеки Гомељя“ (руски). Архивирано од изворникот на 2016-07-07. Посетено на 2017-04-16.
  45. 45,0 45,1 45,2 „Высшие и средние учебные заведения Гомељя“ (руски). Архивирано од изворникот на 2016-07-07. Посетено на 2017-04-16.
  46. „Лечебные учреждения Гомељя“ (руски). Архивирано од изворникот на 2016-06-25. Посетено на 2017-04-16.
  47. 47,0 47,1 -{Культура и искусство}-
  48. „Международную выставку-ярмарку «Беларусь православная» посетили около 40 тыс. гомельчан“ (руски). Архивирано од изворникот на 2016-08-20. Посетено на 2017-04-16.
  49. „-{Гомель на 2011 год объявлен культурной столицей СНГ и Беларуси}-“. Архивирано од изворникот на 2016-09-23. Посетено на 2017-04-16.
  50. -{Славянскую библиотеку в Гомеље наградили орденом Святителя Кирилла Туровского}-
  51. 51,0 51,1 51,2 51,3 51,4 „Гомельский спорт“ (руски). Гомельский городской исполнительный комитет. Посетено на 14 февруари 2013.
  52. „Стадион ФК „Гомель" (руски). Прессбол-онлайн. Архивирано од изворникот на 2012-05-18. Посетено на 14 февруари 2013.
  53. „Стадион ФК „Гомель" (руски). Прессбол-онлайн. Посетено на 14 февруари 2013.
  54. „Continental Cup (since 1997)“ (англиски). Internacional Ice Hockey Federation. Посетено на 14 февруари 2013.
  55. „Igor Makarov“ (англиски). Sports-Reference.com. Архивирано од изворникот на 2011-05-12. Посетено на 14 февруари 2013.
  56. „Andrey Kravchenko“ (англиски). Sports-Reference.com. Архивирано од изворникот на 2013-06-09. Посетено на 14 февруари 2013.
  57. „Средства массовой информации“. Гомельский городской исполнительный комитет. Архивирано од изворникот на 2016-07-07. Посетено на 2017-04-16.
  58. „-{СМИ Гомельской области}-“. Архивирано од изворникот на 2017-05-13. Посетено на 2017-04-16.
  59. „-{СМИ в Гомеље}-“. Архивирано од изворникот 2012-07-12. Посетено на 2012-07-12.
  60. „Twinning“. Aberdeen City Council. Архивирано од изворникот на 2008-11-23. Посетено на 2 March 2008.
  61. „National Commission for Decentralised cooperation“. Délégation pour l’Action Extérieure des Collectivités Territoriales (Ministère des Affaires étrangères) (француски). Архивирано од изворникот на 2018-12-26. Посетено на 2013-12-26.
  62. „Radom - Partnership cities“. Miasto Radom [City of Radom] (полски). Архивирано од изворникот на 3 април 2013. Посетено на 7 август 2013.
  63. „Radom - miasta partnerskie“ (полски). radom.naszestrony.pl. Посетено на 2013-08-07.

Литература

уреди
  • Виноградов Л. „Гомељ ь. Его прошлое и настоящее“. 1142—1900 Издање: Москва, 1900 (реиздање 1991).
  • Гомељ ь. „Энециклопедический справочник“. Издање: БелСэ, 1991. — 527 стр.
  • Макушников О. „Гомељ ь с древнейших времён до конца XVIII века: историко- краеведческий очерк“. Издање: ЦНТИ, Гомељ, 2002. — 243 стр.
  • Рогалев А. Ф. „От Гомеюка до Гомељ я: Городская. старина в фактах, именах, лицах“ Издање: Гомељ ь, 1993.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди


  Статијата „Гомељ“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).