2 мај
датум
<< | мај | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | |||
5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 | |
2024 |
2 мај — 122-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (123-и во престапна година). Остануваат 243 денови до крајот на годината.
Настани:
1903 | Во селото Смилево, Демирхисарско, почнал Смилевскиот конгрес на Битолскиот револуционерен округ на ТМРО. За претседател на Конгресот бил избран Даме Груев. Мнозинството на Конгресот се изјаснило за кревање востание. |
1945 | СССР го објавил освојувањето на Берлин во Втората светска војна. Војниците на Црвената армија го развиориле црвеното знаме над Рајхстагот. |
1949 | Во Струмица е формиран Народниот театар „Антон Панов“. Во театарот била изведена првата претстава, „Бегалка“ од македонскиот писател Васил Иљоски. |
1952 | Првиот патнички авион на млазен погон „Де Хавиленд Комет-1“ го направил првиот лет на линијата Лондон-Јоханесбург. |
1982 | Една британска подморница го потопила аргентинскиот брод „General Belgrano“, при што загинале над 350 луѓе. |
1994 | Африканскиот национален конгрес на Нелсон Мандела победил на првите слободни парламентарни избори во Јужна Африка. |
1999 | Во текот на бомбардирањето на СР Југославија, авијацијата на НАТО употребила „графитни бомби“, предизвикувајќи распад на електроенергетскиот систем на земјата. |
2007 | Еден од учесниците на релито „Гамбол 3000“, Николас Морли, возејќи со недозволена брзина во близина на Струга, удрил во друго возило при што загинале двете лица во другото возило, брачниот пар Чепујновски од Струга. Релито било прекинато, а Морли осуден. |
2008 | Циклонот „Наргис“ го зафатил Мјанмар и предизвикал катастрофално уништување и поплави, при што загинале над 100.000 луѓе. |
2012 | Јанош Адер е избран за претседател на Унгарија. |
Родени:
1551 | Вилијам Кемден — англиски историчар. |
1660 | Алесандро Скарлати — италијански композитор († 1725.). |
1729 | Катерина II — руска царица († 1796.). |
1810 | Лав XIII — римски папа. |
1860 | Теодор Херцл — еврејски писател, основач и теоретичар на модерниот ционизам. |
1863 | Тома Давидов — учесник во македонското револуционерно движење. |
1892 | Манфред фон Рихтхофен — истакнат германски пилот, наречен „Црвениот барон“ († 1918). |
1896 | Елена — кралица на Романија. |
1924 | Мери Бошкова — македонска театарска, телевизиска и филмска глумица. |
1937 | Миро Унгар — хрватски пејач на забавна музика. |
1943 | Мустафа Надаревиќ — босански и југословенски глумец. († 2020) |
1945 | Боб Роквел — американски џез-музичар. |
1948 | Панде Манојлов — македонски писател. |
1948 | Јосип Каталински — босански и југословенски фудбалер. |
1951 | Смиле Наумовски — македонски писател. |
1955 | Донатела Версаче — италијански моден творец. |
1960 | Ѓорге Иванов — Претседател на Република Македонија. |
1963 | Горан Рафајловски — македонски политичар. |
1975 | Дејвид Бекам — англиски фудбалер. |
1975 | Шарлота Велшка — принцеза, ќерка на британскиот престолонаследник Вилијам. |
1982 | Емилија Златкова Анастасова — македонска писателка. |
1986 | Амандин Лејно — француска ракометарка. |
1987 | Филип Филиповиќ — српски ватерполист. |
1990 | Пол Џорџ — американски кошаркар. |
Починале:
373 | Атанасиј Александриски — Патријарх на Александрија. |
902 | Борис I — бугарски цар. |
1519 | Леонардо да Винчи — италијански уметник и пронаоѓач (р. 1452.). |
1567 | Марин Држиќ — хрватски писател. |
1957 | Џозеф Мекарти — американски сенатор (р. 1908.). |
1980 | Кирил Петрушев — министер за внатрешни работи на Македонија. |
2002 | Изет Сарајлиќ — босански и југословенски поет. |
2013 | Џеф Ханеман — американски хеви-метал гитарист. |
2015 | Маја Плисецкаја — руска и советска балерина. |
2022 | Ѓуро Седер — хрватски сликар. |
Празници:
* | Ден на Знамето на Полска |