Македонско дешифрирање на средниот текст од Каменот од Розета

(Пренасочено од Старомакедонска азбука)
Ова е објавената верзија, проверена на 29 мај 2024. Има 1 промена во исчекување на проверка.

Македонското дешифрирање на средниот текст од Каменот од Розета — псевдонаучна хипотеза од Аристотел Тентов и Томе Бошевски, предложена во 2005 година, според која средниот текст од Каменот од Розета, староегипетски артефакт, е напишан на старомакедонски јазик, а дека писмото со кој е напишан текстот е старомакедонско писмо. Според нив, ова писмо се користело од античките Македонци за време на Кралство Македонија, спротивно од верувањата дека Македонците го користеле само грчкото писмо[1].

Текстот „Мои на живо Господари“ (епитет за Македонците на старомакедонски јазик), напишан на старомакедонско писмо според научната хипотеза на Тентов и Бошевски.

Хипотеза

уреди

Оваа хипотеза е во спротивност на глобалниот поглед во научната заедница според кој средниот текст од Каменот од Розета е напишан на демотското писмо кое се употребувало во Стар Египет. Според хипотезата, ова писмо било многу слично со старомакедонското. Наместо старомакедонското писмо, во светот се користи старогрчката азбука за пишување на јазикот и за бележење на гласовите. Тоа произлегува од фактот дека старомакедонското писмо и старогрчкото писмо биле двете користени во Античка Македонија, според Тентов и Бошевски. Во IX век старомакедонското писмо и старогрчкото писмо биле заменети со новата македонска азбука - глаголицата.

Во средниот текст на Каменот од Розета се пронајдени, документирани и дешифрирани околу 4500 знаци. Аристотел Тентов и Томе Бошевски во својот труд заклучиле дека писмото е составено од три групи на знаци и тоа: симетрични знаци, асиметрични знаци и коси знаци[2]. Исто така во средниот текст има забележано и присуство на пиктографи и лигатури. Со комбинација на овие три групи на знаци се добиваат слогови и пишувањето е слоговно. Јазикот се чита и пишува од десно кон лево.

Метод, пронајдоци и резултати

уреди

Македонските научници, академик Томе Бошевски и професорот Аристотел Тентов во 2005 година спровеле истражување за дешифрирање на средниот текст на Каменот од Розета, при што дошле до доста занимливи заклучоци и пронајдоци особено во поглед на сличности со денешниот современ македонски јазик. Констатирано е дека за средниот текст на Каменот од РОзета е користено слоговно писмо од типот согласка-самогласка и се идентификувани симболи за 25 согласки[3]. Користејќи ја постапката на пресликување и ротација во рамнината на пишување, определен е еднозначен начин за поврзување на симболот за согласка со 4 или 8 самогласки и иако се ретко употребувани, сепак се идентификувани и симболите за запишување на изолирани самогласки и согласки, а во анализираниот текст покрај пишувањето на слоговните знаци еден до друг често се пишувани слоговните знаци и еден над друг во форма на лигатури[3]. Озвучувањето на идентификуваните слоговни знаци, осамени согласки или самогласки и лигатури е реализирано со користење на архаизми од дијалекти на современиот македонски јазик при што во анализираниот текст кој е пишуван од десно на лево и без растојание меѓу зборовите и одвојување на речениците, идентификувани се повеќе од 160 зборови кои го задржале значењето во некои дијалекти на современиот македонски јазик[3]. Исто така, идентификувани се и одреден број граматички правила кои се препознатливи и во современиот македонски јазик како што е формирањето суперлатив кај придавките со претставката нај, множина кај именките со додавката -и, појавата на определена и неопределана форма кај именките и зачестената употреба на предлогот на[3]. Со вака идентификуваните слоговни знаци, нивното означување и определените правила на пишување, создадена е еднозначна методологија за препознавање на одредени зборови и читање на запишаното[3]. Резултатите од дешифрирањето на средниот текст на каменот од Розета укажуваат на многу повеќе детали кои ги нема во текстот запишан со античко-грчко писмо[3]. Оваа констатација го потврдува сознанието на науката уште од времето на Томас Јанг (1822 година) дека средниот текст е оригиналот, врз основа на што заедно со ова истражување може да се допрецизира дека декретот на фараонот во средниот текст на каменот од Розета во оригинал е напишан на јазикот на античките Македонци со писмо на живите господари, односно со официјалното писмо и јазик на државата којашто тие ја управувале повеќе од еден век[3].

Слоговни знаци

уреди

Асиметрични слоговни знаци

уреди

Асиметричните слоговни знаци се знаци за пишување на симболи на рамнина во осум различни положби. Со самото тоа што можат да се сретнат во осум различни положби, тие означуваат осум различни звучни вредности. Тие обележуваат слогови што една согласка може да се комбинира со осум самогласки. Во текстот се дешифрирани 12 согласки и тоа[4]:

 

Понатаму, секоја согласка се комбинира со самогласка во осумте различни позиции и се добива бројка од 96 знаци. Секој знак се сретнува во осум различни позиции, на пример:

 

Знаците што се дешифрирани во текстот се бележани и со соодветни бројчани вредности, засновано врз познатиот математичар Кардан. Оттука, секој симбол има своја бројчана вредност бележана со броеви од 1 до 9999. Броевите од 1 до 9999 се пишувале во облик на лигатури, тоа значи дека секој знак има една заедничка вертикална црта, но разликата е во тоа што секој знак има различни странични цртички[4].

 
Бројчен систем според Кардан

Симетрични слоговни знаци

уреди

Симетричните слоговни знаци дејствуваат и функционираат на сличен начин како и асиметричните слоговни знаци, но разликата е во тоа што симетричните се запишуваат и можат да се сретнат само во четири различни позиции, за разлика од асиметричните кои можат да се сретнат во осум различни позиции. Со таа комбинација се добиваат четири различни слогови на една согласка со четири различни самогласки. Постојат шест такви знаци и тие се:

 

Секој знак поединечно може да се запише во четири различни позиции: горе, долу, лево и десно.

 

Со комбинација на согласка-самогласка се добиваат 24 различни знаци, пример:

 
Можни комбинации со согласката п

Коси слоговни знаци

уреди

Косите слоговни знаци функционираат на ист начин како и симетричните слоговни знаци, можат да се сретнат и запишат во четири различни позиции. Една согласка може да е во пар со самогласка во четири различни позиции. Такви дешифрирани коси слоговни знаци има 6 и тоа [5]:

 

Како што веќе напоменавме, секој накосен знак се сретнува во четири различни позиции. Со комбинација можат да се добијат 24 различни слоговни знаци[5]:

 

Специфичен слоговен знак

уреди

Во текстот е дешифриран и забележан и специфичен знак. Тој знак исто така може да има четири различни позиции и форми како на примерот[6]:  

Знаци за изолирано пишување

уреди

Знаци за изолирано пишување на согласки

уреди

Покрај слоговниот систем на пишување, дешифрирани се и изолирани согласки односно согласки што стојат сами без никакви самогласки или други парови. Се среќаваат три такви изолирани согласки. Појавата на коса црта во составот на основниот знак врши функција на вирам, а тоа значи дека косата црта ја елиминира самогласката на слогот каде се наоѓа[7].

 

Знаци за изолирано пишување на самогласки

уреди

При пишувањето на старомакедонски јазик, има потреба да се забележуваат и изолирани самогласки. Имаат слична функција како и изолираните согласки. Немаат повеќе позиции, се наоѓаат само во една позиција. Во старомакедонскиот јазик има 7 изолирани самоглакси [8]:

 

Пиктографски знаци

уреди

Со развитокот на старомакедонскиот јазик, во неговиот состав се зачувале и остатоци од поранешниот развој на јазикот, влијание од друг јазик или постар стадиум на јазикот. Така, во склопот на системот на пишување на старомакедонскиот јазик се забележани и група на пиктографи што се користеле за пишување. Овие знаци не се вклопуваат во слоговната концепција и тие се сретнуваат најчесто во форма на вертикални црти.[9]

 

Покрај овие пиктографски знаци, забележани се уште два знаци што не се вклопуваат во слоговната концепција. Првиот знак ја означува стилизираната форма на Богот на мртвите од египетската митологија, а додека вториот ја претставува стилизираната форма на змија. Овие симболи најверојатно се воведени од влијанието на египетскиот јазик.[9]

 

Пишување на лигатури

уреди

Комплицираноста на системот на пишување на старомакедонскиот јазик е доста здобиена и со користењето на лигатурите. Имено, покрај основниот начин на пишување со слогови во обичен ред, има и пишување на слогови еден над друг- таканаречени лигатури. Со лигатурите се изразува специфичноста и уникатноста на старомакедонскиот јазик. Лигатурите се сретнуваат со два до три знаци, најчесто почеток на збор се запишува со лигатура, ако лигатурата ја има и на крајот на зборот тогаш таа е запишана најчесто со еден или два знаци.[10]

 

Озвучување

уреди

Озвучувањето на јазикот и слоговите на старомакедонскиот јазик, е направено според домородното население, односно врз јазикот на староседелците на територијата на Македонија. Карактеристично за слоговните писма е тоа што со слоговите и нивната функција јасно се воочува карактристиката на јазикот и јазичните единици. Сличноста помеѓу старомакедонскиот јазик и денешниот модерен македонски јазик е голема, ги има потполно истите согласки и самогласки. Разликата е во тоа што во старомакедонскиот јазик ги има буквите 'шт' '(?)' што се користеле во средновековниот и црковномакедонскиот јазик кои денес не се сметаат за самостојни гласови. При озвучувањето на јазикот, дошло до озвучување на симетрични слоговни знаци, асиметрични слоговни знаци, коси слоговни знаци, специфични слоговни знаци, знаци за изолирани согласки, изолирани самогласки, пиктографски знаци и лигатури.[11]

Озвучување на асиметрични слоговни знаци

уреди

Со текот на истржувањето и испитувањето, денес се познати и озвучени сите 12 асиметрични знаци за согласки.

Како што веќе напоменавме, има големи сличности помеѓу модерниот македонски јазик и старомакедонскиот јазик. Така на пример од полето на правописот буквите Р и Ј ги имаат истите вредности во двете фази на развојот. Од останатите букви се забележуваат сличности и со буквите Ж, З, Ѕ, С, Ц, Ш и Ч.[12] Озвучени и опишани се сите форми и положби на буквите како што е прикажано на сликата подолу.

 
Комплетна табела на озвучени согласки и нивните положби

Озвучување на симетрични слоговни знаци

уреди

Според расположливите материјали и резултатите од истражувањата за македонскиот јазик, денес се озвучени шест симетрични слоговни знаци, па така имаме:

 
Озвучување на симетрични слоговни знаци

Секој знак од горе наведените при пишување на старомакедонски јазик, можат да се користат во четири различни позиции, коминирани со различни самогласки. Во следната табела се покажани комбинациите на секој знак поединечно [13]:

 
Табела на озвучени симетрични слоговни знаци

Озвучување на коси слоговни знаци

уреди

Како што веќе ги објаснивме овие знаци, повторно ќе напоменеме дека главна одлика на оваа група на симболи е тоа што преовладува косата црта. Така, симболите се разликуваат од асиметричните и симетричните знаци по форма и вредност. Со истражувањето, озвучените знаци можат да се сретнат во четири позиции, слично како кај симетричните. Интересно е да се напомене дека согласката Љ често оди во комбинација со самогласката У, што е одлика на старомакедонскиот и македонскиот современ јазик. Во следната табела се покажани дел од косите симболи [14]:

 
Коси симболи

Озвучување на специфични слоговни знаци

уреди

Според истражувањата и резултатите, добиено е озвучување на четири специфични знаци, што потсетуваат на денешната македонска буква Д по форма и изговор (од лево кон десно: ДО, ДЕ, ДА, ДИ) [15]:

 
Специфични симболи

Озвучување на знаци за изолирани согласки

уреди

При анализирање и дешифрирање на старомакедонскиот јазик, забележана е и употреба на изолирани согласки и покрај тоа што јазикот е слоговен. Од досега забележаните, ги имаме следниве озвучени согласки:

 
Изолирано согласки

Карактеристично за старомакедонскиот јазик е тоа што изговорот на согласката преминува во меко Р. Такво меко Р и денес се користи во македонскиот јазик. Овој развој е битен, бидејќи за време на тој период за првпат почнале да се разликуват буквите Л и Р, што се пресликало во пишувањето на јазикот, неговиот изговор и понатаму во денешниот македонски јазик. Забележан е и изговорот на изолираната самогласка В при формирање на слог со И и О во предлогот ВО[16] : 

Озвучување на знаци за изолирани самогласки

уреди

Според достапните материјали за истражување на старомакедонскиот јазик, најчесто употребуван знак за изолирана самогласка е знакот ' | ' што го претставува звукот И. Знакот | се корити како сврзник И и обележување на множина на именки и придавки на старомакедонски јазик. Покрај сврзникот | (и), често се користи и хоризонталната црта — што го означува сврзникот а. Озвучувањето е следно [17]:

 
Озвучување на изолирано самогласки

Озвучување на пиктографски знаци

уреди

При анализирањето и проучувањето на расположливите материјали за старомакедонскиот јазик, особено на Каменот од Розета, се забележува зачестена употреба на пиктографот за Господ или Бога. Знакот е со три вертикални црти. Мора да се напомене дека ист ваков знак е користен во православието за означување на истиот поим. Други два пиктографи, што се тесно поврзани со пиктографот Бога :

  (божен)
  (најбожен)

Понатака, пиктографот за Бога се користи и во посложена пиктографска конструкција што означува титула светост   (од десно кон лево: оТ(Р)ЛадопсоГ еВeЗаН ИоМ еЃИ оТ(Р)ладопсоГ еВeЗаН ИоМ ) што објаснето со денешни зборови Господин Господин или господарите на господарите. Истата таква титула се користи во денешната Македонска православна црква и е единствена таква титула во светот. Како друг позначаен пиктограф е и пиктографот   што значи и се чита како Господа или Господал(р)та [18].

Озвучување на лигатури

уреди

Озвучувањето и звучната вредност на лигатурите се зачувани и при комбинација со други, како на пример во комбинација на два со предлогот НА, било тоа да се еден врз друг или еден на друг. Почетоците на зборовите најчесто биле запишувани со лигатури и понатака со додавање на симболи се добивал зборот. Лигатурите најчесто се состоеле од 2 или 3 знака. Запишувањето и озвучувањето било следно:  

Правила за пишување

уреди

Пишување на множина кај именките

уреди

Запишувањето и озвучувањето на множината на именките на старомакедонскиот јазик е идентично како и со денешниот македонски јазик. Тоа втората поголема одлика за старомакедонскиот јазик и за врските со денешниот македонски јазик. Истат оваа лингвистичка појава е потврдена и од истражувањата на Oriental Institute при универзитетот во Чикаго, релевантна институција што се занимава со проучување на старомакедонскиот јазик[19]. Формирањето на множината на страмакедонскиот јазик е според следното:  

Неопределена и определена форма кај именките

уреди

При истражувањата, се забележала и доста честа употреба на определениот и неопределениот член. Членовите се речиси идентични со денешните македонски членови, разликата е во одреденн мал број на членски форми што се разликуваат од стандардните. Се забележуваат членовите то и та и во помал број случаево членот мо, што асоцира на падежна форма или остаток од падеж [20].

  - еднина
  - множина
 

Галерија на примери

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот 2012-12-09. Посетено на 2012-12-09.
  2. „Слоговни знаци“. Архивирано од изворникот на 2008-06-28. Посетено на 2008-07-03.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 Бошевски, Томе; Тентов Аристотел (2005). „По трагите на писмото и јазикот на античките Македонци“. Прилози на одделението за математичко-технички науки. Скопје: МАНУ. 2 (XXVI): 51–90. ISSN 0351-3246.
  4. 4,0 4,1 „Асиметрични слоговни знаци“. Архивирано од изворникот на 2008-06-03. Посетено на 2008-07-03.
  5. 5,0 5,1 „Коси слоговни знаци“. Архивирано од изворникот на 2008-06-03. Посетено на 2008-07-03.
  6. „Специјален знак“. Архивирано од изворникот на 2008-06-03. Посетено на 2008-07-03.
  7. „Изолирано согласки“. Архивирано од изворникот на 2008-06-03. Посетено на 2008-07-03.
  8. „Изолирани самогласки“. Архивирано од изворникот на 2008-06-03. Посетено на 2008-07-03.
  9. 9,0 9,1 „Пиктографски знаци“. Архивирано од изворникот на 2008-06-03. Посетено на 2008-07-03.
  10. „Лигатури- пишување“. Архивирано од изворникот на 2008-06-03. Посетено на 2008-07-03.
  11. „Озвучување на симболите“. Архивирано од изворникот на 2008-06-03. Посетено на 2008-08-01.
  12. „Озвучување на асиментрично слоговни знаци“. Архивирано од изворникот на 2008-08-09. Посетено на 2008-08-01.
  13. „Озвучување на симетрични слоговни знаци“. Архивирано од изворникот на 2008-06-03. Посетено на 2008-08-01.
  14. „Озвучување на коси слоговни знаци“. Архивирано од изворникот на 2008-06-03. Посетено на 2008-08-01.
  15. „Озвучување на специјални знаци“. Архивирано од изворникот на 2008-06-03. Посетено на 2008-08-01.
  16. „Озвучување на изолирани согласки“. Архивирано од изворникот на 2008-06-03. Посетено на 2008-08-01.
  17. „Озвучување на изолирани самогласки“. Архивирано од изворникот на 2008-06-03. Посетено на 2008-08-01.
  18. „Озвучување на пиктографи“. Архивирано од изворникот на 2008-06-03. Посетено на 2 август 2008.
  19. „Пишување множина“. Архивирано од изворникот на 2008-06-03. Посетено на 2 август 2008.
  20. „Неопределен и определен член“. Архивирано од изворникот на 2008-06-03. Посетено на 2 август 2008.
  21. „Прекар на царот“. Архивирано од изворникот на 2008-06-28. Посетено на 2 август 2008.
  22. „Имиња на територии“. Архивирано од изворникот на 2008-06-28. Посетено на 2 август 2008.
  23. „Имиња на богови“. Архивирано од изворникот на 2008-06-28. Посетено на 2 август 2008.

Надворешни врски

уреди