Ерик Патрик Клептон (англиски: Eric Patrick Clapton, роден на 30 март 1945 година) — англиски блуз-рок гитарист, пејач и текстописец. Клептон е единствената личност која била трипати примена во куќата на славните на рокенролот; како соло изведувач, а исто така и како член на рок групите „The Yardbirds“ и „Cream“. Во текот на неговата кариера тој бил почитуван од некои од најважните и највлијателните гитаристи на сите времиња.[2] Во магазинот „Rolling Stone“, Клептон е рангиран на второто место во списокот на „100 најдобри гитаристи на сите времиња“[3] и на 53. на нивниот список на „Бесмртните, 100 најдобри гитаристи на сите времиња“.[4] Во 2010 година, Ерик Клептон беше рангиран на четвртото место во Гибсоновата (Gibson Guitar Corporation) список на 50 најдобри гитаристи на сите времиња.[5]

Ерик Клептон
Клептон на сцена во Минхен, Германија, на 5 јуни 2010
Животописни податоци
Родено имеЕрик Патрик Клептон
Познат(а) и како„Бавна рака“ (анг.„Slowhand“)
Роден(а)30 март 1945(1945-03-30)(79 г.)
Англија
Рипли, Англија
ЖанровиРок, блуз-рок, блуз, психоделичен рок, хард-рок
ЗанимањаМузичар, текстописец, продуцент, уметник
ИнструментиВокали, гитара
Период на активност1962—
ИздавачиWarner Bros.“, „Reprise“, „Polydor“, „RSO“, „Atco“, „Apple“, „Deram[1]
СоработнициThe Yardbirds“, „John Mayall & the Bluesbreakers“, „Powerhouse“, „Cream“, „Free Creek“, „The Dirty Mac“, „Blind Faith“, Џ. В. Кејл, „The Plastic Ono Band“, „Delaney, Bonnie & Friends“, „Derek and the Dominos“, „The Beatles“, Фил Колинс, „The Rolling Stones“, Лучано Павароти, „The Band“, Фреди Кинг, Би Би Кинг, Марк Нопфлер
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Значајни инструменти
Видете: Пасусот за гитари
„Блеки“: Фендер стратокастер
„Брауни“: Фендер стратокастер
Gibson SG
Gibson ES-335
Gibson Les Paul

Низ кариерата неговиот музички стил варираше, но секогаш остана заснован на блузот. Од оваа гледна точка тој се смета за иноватор на неколку музички жанрови меѓу кои спаѓаат: блуз-рок (заедно со „John Mayall & the Bluesbreakers“ и „The Yardbirds“) и психоделичен рок (заедно со „Cream“). Сепак Клептоновите успеси на листите не беа лимитирани со блузот, тој ги зазема првите места со песната „Tears in heaven“ - (чија музика припаѓа на жанрот „Современа музика за возрасни“ (или на анг.Adult contemporary music)) и со реге песната на Боб Марли — „I Shot the Sheriff“ — (на сцените често изведува реге и песни на Боб Марли).[6] Две од неговите најуспешни песни се љубовната хит песна „Layla“, која ја свиреше заедно со бендот „Derek and the Dominos“ и песната „Crossroads“ на Роберт Џонсон.

Кариера

уреди

Рани години

уреди

Ерик Патрик Клептон е роден во Рипли во Сари, Англија. Се родил како син на шеснаесет годишната Патриција Моли Клептон (родена на 7 јануари 1929 година) и Едвард Волтер Фриер (21 март 1920 — 15 мај 1985), 24 годишен војник од Монтреал, Квебек. Накратко по неговото раѓање, Едвард беше испратен во војна и потоа заминал во Канада. Клептон израснал со неговата баба, Роуз, и нејзиниот втор маж, Џек, верувајки дека тие се неговите родители и дека неговата мајка е неговата постара сестра. Неколку години подоцна, неговата мајка се премажила за канадски војник и заминала за Канада.[7]

На тринаесеттиот роденден Клептон добил акустична гитара „Хојер“, направена во Германија, но учејки да свири гитара со челични жици увидел дека е тешко па скоро и се откажал. И покрај неговите фрустрации, тој останал под влијание на блузот, уште од раните години, па вежбал со часови за да научи созвучја и да ја копира музиката на блуз уметниците кој ги слушал на магнетофонот кој го имал.

По напуштањето на училиштето во 1961 година, Клептон студирал на колеџот за уметност во Кингстон (или на анг. Kingston College of Art) но го напуштил при крајот на академската година, бидејќи бил повеќе фокусиран на музиката одошто на сликањето. Овие години Клептон почнал да свири на јавни места каде што го плаќале. Најчесто тоа го правел во околината на Кингстон, Ричмонд и Западниот Крај (област во Лондон, Англија).[8] Во 1962 почнал да настапува во дует со Дејвид Брок, блуз ентузијаст, во клубовите низ Суреи.[9] Кога наполнил 17 години, Клептон се приклучил во неговиот прв бенд наречен „The Roosters“. Во овој бенд останал од јануари па сè до август 1963 година.[10]

1960-тите

уреди

The Yardbirds и the Bluesbreakers

уреди

Во октомври 1963, Клептон им се приклучил на „The Yardbirds“, влијателен блуз и рок бенд, и останал со нив сè до март 1965. Синтетизирајки го влијанието од Чикаго блузот (вид на блуз музика кој се развил во Чикаго, Илиноис) и водечките блуз гитаристи како што се Бади Гај, Фреди Кинг и Би Би Кинг, Клептон свирејќи ја нивната музика на карактеристичен начин, стана еден од популарните гитаристи на британската музичка сцена.[11] На почетокот бендот свирел Чес/Чекер/Ви-Џеј блуз со што привлекле голема група на луѓе која ги следеше кога тие добија престој во резиденцијата на „Rolling Stones“, Ричмонд. Исто така, направија турнеја низ Англија со американскиот блузер Сони Бој Вилјамсон II; заеднички албум, снимен во декември 1963 година, беше издаден во 1965. Во март 1965, само што Клептон го напушти бендот, „the Yardbirds“ го имаа нивниот прв поголем хит „For your love“, на кој Клептон свири на гитара.

Клептон, на својот личен биографер, му кажал „Мојот прекар, Slowhand (Бавна рака) ми го додели Џорџо Гомелски. Тој тоа го измисли како добра игра на зборови. Постојано велеше дека јас сум брз свирач и дека добро се снаоѓам со движењата на рацете, од што и произлезе прекарот“.[12] Сè уште, очевидно, насочен кон блуз музиката, Клептон беше жестоко навреден од страна на новата поп-ориентација на „The Yardbirds“, делумно и поради тоа што „For Your Love“ беше напишана од страна на поп композитор, Грахам Голдмен, кој имал напишано тихејџерски поп хитови. Како своја замена, Клептон го препорачал својот колега гитарист, Џими Пејџ, но во тој период Џими не сакал да се откаже од својата профитабилна кариера како студио музичар, па на препораката на Клептон тој одговорил со негова препорака, со што го препорачал Џеф Бек.[11] Ова трио, Бек, Пејџ и Клептон, се појавило на хуманитарната турнеја која била организирана како „Акција за Истражување на Мултиплекс Слероза“, како и во албумот „Guitar Boogie“.

Во април 1965 г., Клептон се приклучил во бендот „John Mayall & The Bluesbreakers“, но по неколку месеци го напуштил. Во летото, 1965 г., заминал за Грција со бендот наречен „The Glands“ во кој на пијано свирел неговиот стар пријател Бен Пламер. Во ноември 1965, тој потвторно им се придружил на „John Mayall & The bluesbreakers“. Во текот на вториот мандат во овој бенд, неговото страствено свирење го постави Клептоновото име како најдобриот блуз гитарист во кругот на свирачите. Исто така, Клептон придоби светска слава со неговото свирење во енормно влијателниот албум „Blues Breakers“, овој албум не беше пуштен во продажба сè додека Клептон не ги напушти „The Bluesbreakers“. Заменувајки ја неговата фендер телекастер и „Vox AC30 amp“ за 1960 „Gibson Les Paul Standard guitar“ и „Marshall amplifier“, неговото свирење инспирираше графит кој го дефинираше него со познатион слоган „Клептон е Господ“ (или на анг. „Clepton is God“). Фразата, испишана од негов обожавател, беше со спреј во боја, на еден ѕид во Подземната станица во Ислингтон, во пролетта, 1967 година. Графитот беше фотографиран од страна на сега познат фотограф, во чија фотографија куче врши мала нужда врз ѕидот. Клептон изјави дека е засрамен од слоганот искажувајки се во ‘The South Band Show’ „Јас никогаш не го прифатив тоа дека јас бев најдобриот гитарист во светот. Отсекогаш сакав да бидам најдобар гитарист во светот, но тоа е идеал и јас токму така го прифатив“. Фразата се појавила и во други области во Ислингтон низ средината на 60-ите.[13]

Клептон ги напушти „the Bluesbreakers“ во јули 1966, (за да биде заменет од Питер Грин) и ги оформи „Cream“, една од раните „супер групи“ (во шеесеттите се развил терминот супергрупи кој асоцирал на група направена од познати рок-музичари кои својата слава ја стекнале во друг бенд), со Џек Брус, басист (од „Manfred Mann“, „the Bluesbreakers“ и „Graham Bond Organization“) , и Џинџер Бејкер, тапанар (од „GBO“). Пред да биде оформен овој бенд, Клептон не бил многу познат во САД; ги напушти „the Yardbirds“ пред песната „For Your Love“ да влезе во топ 10 листата во Америка.[14] Во ова време, со „Cream“, Клептон почнал да напредува како пејач, композитор и гитарист, иако Брус најчесто бил водечки вокал и напишал најголем дел од текстовите заедно со композиторот Пити Браун.[11] Првата поуспешна свирка на „Cream“ била неофицијалната изведба во Манчестер на 29 јули 1966, пред нивното целосно деби, два дена подоцна, кое се одржало на Џез и блуз фестивалот во Виндзор. „Cream“, својата трајна легенда ја воспоставиле со нивните високо истакнати џез делови и проширените сола на концертите.

Во почетокот на 1967 година, Клептон доби конкурент во статусот на еден од најдобрите гитаристи во Обединетото Кралство, Џими Хендрикс. Хендрикс присуствуваше на изведбата на новоформираната „Cream“ во централен Лондон на 1 октомври 1966, каде што „паднал“ на двојно издолжената верзија на „Killing Floor“. За возврат, познатите гитаристи во Велика Британија вклучувајќи ги во нив и Клептон, Пити Тоуншенд, и членови од The Rolling Stones и The Beatles, присуствуваа на раните изведби на Хендрикс низ клубовите. Пристигнувањето на Хендрикс имало брзо и големо влијание врз развитокот на следната фаза на Клептоновата кариера, иако Клептон сè уште во анкетите беше препознаван како најдобриот гитарист во ОК.

За првпат, САД, Клептон го посети при турнејата со „Cream“. Во март 1967 година, „Cream“ настапија во „RKO“ театарот во Њујорк, каде што од 11-15 мај ја сминаа „Disraeli Gears“. Репертоарот на Cream варирал од хард-рок („I Feel Free“) до долги блуз-засновани инструметалки („Spoonful“). За 28 месеци „Cream“ постигнале голем успех, продавајќи милиони снимки и свирки низ САД и Европа. Тие ја редефинираа улогата на инструменталистите во рокот и беа едни од првите блуз-рок бендови кои ја нагласуваа музичката виртуозност и воведуваа долги џез делови во стил на импровизациски сесии. Во американските хитови беа вклучени нивните „Sunshine of Your Love“ (#5, 1968), „White room“ (#6, 1968) и „Crossroads“ (#28, 1969). Додека „Cream“ беше рангирана како една од најдобрите групи во тоа време вклучувајќи го и Клептон како херој-гитарист, постигнувајќи нови највисоки нивоа, на „супер групата“ и беше предодреден краток рок. Дрогата и алкохолот предизвикаа тензии помеѓу тројцата членови и конфликти помеѓу Брус и Бејкер, што доведе до крај на „Cream“.[15]

Прошталниот албум на „Cream“, „Goodbye“, вклучува изведби во живо од 19 октомври 1968, и беше пуштен во продажба за кратко време откако групата се растури во 1968, исто така во албумот бил вклучен и студио синглот „Badge“, напишан од Клептон и Џорџ Харисон. Брзо по распадот Клептон и Харисон станаа добри пријатели. Блиското пријателство резултираше со свирењето на Клептон во харисоновата „While My Guitar Gently Weeps“, од албумот на „the Beatles“, „White Album“. Истата годна кога беше пуштен во продажба овој албум, Харисон го заврши своето соло „Wonderwall Music“, кое стана првото соло на Харисон во кое беше вклучен Клептон како гитарист, кои подоцна ги имаа многу повеќе. Оваа двојка често била гледана како свири заедно поради тоа што си гостувале еден на друг на концертите. Една година по смртта на Харисон, 2001, Клептон помогна во организирањето на почесниот концерт, на кој беше музички директор.

„Cream“ на кратко се обединија повторно за да свират на церемонија при која беа примени во Рокенрол халата на славните. Како и да е, целосно реобединување се случи во март 2005 година, со Клептон, Брус и Бејкер кога одржаа концерт во Лондон („Royal Albert Hall“) и уште трипати во Њујорк („Madison Square Garden“) во октомври, истата година. Снимките од настапот во Лондон беа пуштени во продажба на плоча, ЦД и на ДВД во септември/декември 2005.

Blind Faith и Delaney and Bonnie and Friends

уреди

Краткотрајната „супер група“ „Blind Faith“ (1969), која беше оформена од тапанарот на „Cream“, Џинџер Бејкер, Стиви Винвуд од „Traffic“ и Рич Греч од „Family“, резултираше со една плоча и една турнеја. Тие настапувале пред 100,000 обожаватели во Лондон („Hydr Park“) на 7 јуни 1969. Подоцна, истиот месец, на неколкупати имале настапи во Скандинавија и исто така почнале и Американска турнеја пред нивниот единствен албум да биде пуштен во продажба. Плочата „Blind Faith“ била снимена многу брзо и се состоела од само 2 песни од кои едната е петнаесет минутната „Do What You Like“. Сликата за албумот на почетокот била топлес девојка, но тоа траело сè додека не била прогласена за контроверзна во САД, по што била заменета со слика од бендот. За неполни седум месеци, „Blind Faith“ се распаднале. Стиви се вратил во стариот бенд, „Traffic“, додека пак Клептон се чувствувал изморен од сета слава и централно внимание кое им било посветувано на „Cream“ и „Blind Faith“.

Клептон одлучил да се повлече во позадина на некое време, така што свирел на турнеите на американската група „Delaney, Bonnie & Friends“, како помошник. Исто така отсвирил двапати како член на „The Plastic Ono Band“, вклучувајќи ја и познатата изведба на „Toronto Rock and Roll Revival“ во септември 1969, која истата година била издадена како албум, „Live Peace in Toronto 1969“.

Клептон се зближил со Диланеи Бремлит, кој го охрабрил во пеењето и пишувањето. За време на летото, 1969, Клептон и Диланеи придонеле во проектот „Music From Free Crick“, Клептон појавувајќи се како „King Cool“, свирел со Д-рЏон во три песни и во придружба на Диланеи. Со поддршка од Диланеи и сите членови во неговиот тим (вклучувајќи ги Лион Расел и Стивен Стилс) Клептон го снимил својот прв соло албум во текот на две кратки турнеи и е достојно именуван како Ерик Клептон. Диланеи Бремлит соработувал во пишувањето на шест песни[16] и Бони Бремлит беше помошник во изработката на „Let it Rain“.[17] Од албумот неочекувано како хит во САД, #18, излезе „After Midnight“. Од сцената, на која беше со Диланеи и Бони, Клептон отиде во студио со „the Dominos“ за да ја сними „All Things Must Pass“ на Џорџ Харисон, во пролетта, 1970. За време на овој интензивен период, Клептон снимаше песни и со Д-р Џон, Лион Расел, Plastic Ono Band, Били Престон и Ринго Стар.

1970-тите

уреди

Derek and the Dominos

уреди
 
Ерик Клептон во Барселона, 1974

Со намера да се спротивстави на фракцијата која почнала да се шири околу него, Клептон оформил нов бенд; Боби Витлок како клавијатурист и вокалист, Карл Редли како басист и тапанарот Џим Гордон, каде што Клептон свирел на гитара, именувајќи го бендот на почетокот како „Eric Clapton and Friends“. Овој потег бил со намера да покаже дека не му е потребна водечка улога и дека добро функционира и како член на ансамблот.[18]Derek and the Dominos“ се појави на среќа кога привременото име на бендот „Del and the Dynamos“ било погрешно прочитано како „Derek and the Dominos“.[19] Во биографијата на Клептон е наведено дека Ештон му рекол на Клептон да го именува бендот „Del and the Dominos“, каде што Дел бил прекар за Ерик Клептон. Со комбинација на Дел и Ерик произлегло финалното име на бендот, „Derek and the Dominos“.[20]

Блиското пријателство со Џорџ Харисон го довело Клептон во контакт со Харисоновата жена, Пети Бојд, во која бил длабоко заљубен. Кога таа го отфрлила неговиот напредок, невозвратената наклонетост, Клептон ја изразил во голем дел од материјалот во албумот на „the Dominos“, „Layla and Other Assorted Love Songs“. Овој албум го содржел енормно популарниот љубовен хит „Layla“, инспириран од класичната поетика во Персиската литература, „The Story of Layla and Majnun“ на Незами Гањави, која му ја дал Ијан Далас. Во книгата е опишан еден млад човек кој безнадежно се заљубил во убава, но недостапна жена поради која полудел бидејќи не можел да се ожени со нејзе.[21][22]

Работејќи во Мајами со продуцентот на „Atlantic Records“, Том Дод, кој работел со Клептон на албумот на „Cream“, „Disraeli Gears“, бендот сними двоен албум. Двата дела на „Layla“ беа снимени во разделни сесии: прво беше снимена гитарата, а по неколку месеци тапанарот Џим Гордон го компонираше и го отсвири пијано делот.[20] Неколку дена по снимањето на сесиите за песната „Layla“, Дод, кој исто така беше и продуцент на „The Allman Brothers Band“, го покани Клептон на отворениот концерт на „Allman Brothers“ во Мајами. Двајцата гитаристи за првпат се сретнаа токму на сцената, а потоа цела вечер останале заедно во студиото каде што свиреле. Дјуен прв ја додаде својата слајд гитара во песната „Tell the Truth“ и „Nobody Knows You When You’re Down and Out“. За четири дена „the Dominos“ ги снимија „Key to the Highway“, „Have You Ever Loved a Woman“; стандарден блуз, популаризиран од Фреди Кинг, и „Why Does Love Got to be So Sad“. Во септември Дјуен накратко ги напушти сесиите поради настапи со неговиот бенд, и составот од четворица во „the Dominos“ ги снимија „I Looked Away“, „Bell Bottom Blues“, и „Keep on Growing“. Дјуен се врати за да ги снимат „I am Yours“, „Anyday“, и „It’s Too Late“. На 9, тие ја снимија „Little Wing“ на Хендрикс. Следниот ден беше снимена и финалната верзија на „It’s Too Late“.[23]

Албумот содржеше силно влијателен блуз, каде што беше вклучена комбинацијата на две „близначки“ гитари на Алман и Клептон. Бендот беше потресен кога за време на една сесија, Клептон беше известен за смртта на Хендрикс; осум дена порано, бендот направи преработка на „Little wing“ како знак за почит кон Хендрикс. На 17 септември, еден ден пред трагичниот ден, Клептон купил леворака фендер стратокастер гитара која планирал да му ја подари на Хендрикс како роденденски поклон. Потресената група направи турнеја во САД без Алман, кој се врати во „The Allman Brothers Band“. И покрај касните признанија на Клептон дека турнејата беше одржана под вистински прилив на дрога и алкохол, таа резлултираше со двојниот албум во живо, „In Concert“.[24] Бендот сними неколку песни за вториот албум во Лондон во текот на пролетта, 1971 (од кои пет беа вклопени во сетот на Клептон, „Crossroads“ ), но резултатот беше просечен.

При обработката на вторите снимања бран од егоизам го погоди бендот и Клептон си замина, со што се распадна и групата. Алман подоцна загина во моторна сообраќајка на 29 октомври 1971. Редли остана како бас гитарист на Клептон сè до летото 1979 година. (Редли умре во мај 1980 од ефектот на алкохолот и наркотичните средства). Во 2003, Клептон и Витлок се појавиле повторно заедно кога Клептон гостуваше на изведбата на Веитлок на „Later with Jools Holland“ шоуто. Уште една трагична случка од приказната за the Dominos беше судбината на тапанарот Џим Гордон кој беше недијагностициран шизофреничар и неколку години подоцна си ја уби својата мајка за време на психозна епизода. Гордон беше осуден на 16 години – доживотен затвор, а подоцна бил преместен во ментална институција каде што и сè уште престојува.[11]

Соло кариера

уреди
 
Ивон Елиман со Клептон во 1975

Успехот во кариерата на Клептон во седумдесеттите беше тенко поврзан со неговиот приватен живот кој беше проблематичен поради романтичните копнеења и влијанието на дрогата и алкохолот. Во прилог на невозвратената љубов и интензивната привлечност на Пити Боид, Клептон се повлече од снимањето и почна да настапува во изолација во Суреи, резиденцијата во Англија. Таму се лекуваше од хероинската зависност поради што мораше да престане со настапите. Зависноста од хероинот својот врв го достигнала на Концертот за Бангладеш, во август 1971, каде што Клептон се онесвестил на сцена, бил реанимиран и ја продолжил изведбата.[11] На 13 јануари 1973, Пити Тоуншенд и неговиот бенд „The Who“, организираа повратен концерт за Ерик Клептон во Лондонскиот „Rainbow“ театар, насловен како „Rainbow concert“.[20]

Во 1974, сега во врска со Пети (не се земени сè до 1979) и некористејќи повеќе хероин (иако почнува да пие многу), Клептон сосатви бенд кој ги вклучуваше: Ридли, гитаристот од Мајами, Џорџ Тери, клавијатуристот Дик Симс, тапанарот Џими Олдакер и вокалистите Ивон Елиман и Мерси Леви (подобро позната како Марчела Детроит која подоцна во 1980ите ќе го сними поп дуото „Shakespears Sister“). Со овој бенд Клептон го сними „461 Ocean Boulevard“ (1974), албум со покомпактни песни и помалку сола на гитара; преработената верзија на „I Shot The Sheriff“ беше Клептоновиот голем хит а исто така беше важен во ширењето на реге музиката на Боб Марли на пошироката публика. Албумот од 1975 „There's One in Every Crowd“ го продолжи трендот на 461. Оригиналниот наслов на албумот беше „The World’s Greatest Guitar Player“, но беше променет поради стравот од тоа дека ироничниот интензитет на насловот ќе биде погрешно разбран. Бендот го обиколи светот, а потоа беше пуштена во продажба плочата во живо „E. C. Was Here“. Изработката на албуми и турнеите, Клептон си ги продолжи регуларно. Овие години ги вклучуваат песните „No Reason To Cry“, во чија изработка соработуваше со Боб Дилан и Бендот, албумот „Slowhand“, кој ја вклучува „Wonderful Tonight“ (уште една песна инспирирана од Пити Боид) и втората преработка на Кејл, „Cocaine“. Во 1976 настапуваше на „the Last Waltz“, финалниот концерт на бендот.

 
Клептон свири во живо во Eishalle театарот во Вецикон, Швајцарија - 19 јуни 1977

1980-тите

уреди

Во 1981, Клептон беше поканет од страна да Мартин Левис да се појави на „The Secret Policeman’s Other Ball“ организирана од невладината организација „Amnesty International“. Клептон ја прифати поканата и состави тим со Џеф Бек за да отсвират неколку дуети, а тоа наводно беше и нивната прва фаза на соработка. Три изведби беа вметнани во албумот на шоуто и една од песните беше вклучена во филмот на шоуто. Оваа изведба му овозможи на Клептон повторно да се врати во форма и да ја најави неговата важност за престојната декада. Исто така и други фактори влијаеа врз враќањето на Клептон меѓу кои и „задлабочената посветеност кон христијанството“ на која се одлучи по одвикнувањето од хероинот.[25][26]

По еден засрамувачки инцидент, Клептон конечно му се јави на својот менаџер и му призна дека е алкохоличар. Во јануари 1982, Роџер и Клептон одлетаа за Минеаполис-Св.Паул; Клептон ќе биде примен во „Hazelden Treatment Center“, сместен во Централен Град, Минесота. За време на летот Клептон се препуштил на голема количина на алкохол поради стравот дека нема да може никогаш повторно да пие. Во автобиографијата Клептон е цитиран како вели „Во најбедните моменти во мојот живот, единствената причина поради која не извршив самоубиство беше тоа што знаев дека повеќе нема да можам да пијам ако сум мртов. Тоа беше единствената работа за која мислев дека вреди да се живее, а идејата на луѓето кои се обидуваа да ме отргнат од пиењето беше толку ужасна поради што јас пиев, пиев и пиев, па тие одлучија дека мораат да ме однесат во клиниката“ (Клептон – стр. 198).

Откако беше отпуштен од болницата, докторите препорачаа да не практикува какви било активности кои би можеле да делуваат како предизвикувачи на алкохолизам или стрес. Неколку месеци по замнувањето од болницата, Клептон почна да работи на неговиот следен албум, што беше против наредбите на докторите. Работејќи со Том Дод, Клептон го направи тоа за кое сметаше дека е негов „најбрз“ албум, „Money and Cigarettes“. Во 1984 година, тој свиреше за соло албумот на Роџер Вотерс, член на „Pink Floyd“, „The Pros and Cons of Hitch Hiking“, со кој отиде и на турнеја следејќи го презентирањето на албумот. После турнејата Клептон и Роџер имаа блиска врска. Во 2005 тие свиреа заедно за Цунами Фондот. Во 2006 тие повторно имаа заедничка изведба во замокот „Highclere“, како помош за руралните алијанси, свирејќи ги „Wish You Were Here“ и „Comfortably Numb“. Како што се опоравуваше од неговата зависност, Клептон продолжи со изработка на неговите албуми. Во 1985 го издаде „Behind the Sun“ кој ги содржеше хитовите „Forever Man“ и „She’s Waiting“ и во 1986, албумот „August“. И двата беа во соработка со Фил Колинс.

Податотека:TinaTurner&Clapton.jpg
Тина Тарнер и Ерик Клептон на Вембли Стадионот, 18 јуни 1987

„August“ стана најпродаваниот албум во Велика Британија, а во тој период ја достигна и неговата највисока позиција, број 3. Првата песна во албумот, хитот „It’s In The Way That You Use It“ беше вклучена во филмот на Том Круз и Пол Њуман, „The Color of Money“. Песната „Run“ во која одекнува трубата на Фил Колинс, а исто и во песната „Sussudio“ се само дел од соло изведбите на Колинс во овој албум, додека во „Tearing Us Apart“ (со Тина Тарнер) и во „Miss You“ одекнува силната гитара на Клептон. Ова враќање на Клептон му одзема две години поминати во турнеја со Колинс и нивните соработници за „August“, басистот Натан Ист и клавијатуристот/текстописец Грег Филингенис. Додека траеше турнејта на четворочлениот бенд две видеа од концертот беа снимени, „Eric Clapton Live from Montreux“ и „Eric Clapton and Friends“. Подоцна Клептон ја обновил „After Midnight“ како сингл и промотивната песна за „Michelob“, бендот кој порано имал преработено песни од Колинс и Стиви Винвуд. Клептон ја освоил „Британската Академска Телевизиска Награда“ за неговата соработка со Мајк Кејмен на телевизискиот серијал „Edge of Darkness“. Во 1989, Клептон го издал „Journeyman“, албум кој вклучува голем број на стилови меѓу кои џез, блуз, соул и поп. Во изработката беа вклучени: Џорџ Харисон, Фил Колинс, Дерил Хал, Чака Кан, Мајк Џонс, Дејвид Санбом и Роберт Креи.

Во 1984, сè уште оженет со Пети Боjд, Клептон започна долгогодишна врска со Ивон Кели, со која доби ќерка, Рут, во јануари 1985. Клептон и Кели не го изјавија јавно раѓањето на нивната ќерка, па така Рут не беше публикувана како нивно дете сè до 1991.[27] Боид го критикувала Клептон поради криењето на својата ќерка од јавноста.[28] Ураганот ‘Хуго’ го погоди Монтсерат во 1989 година и тоа резултираше со затворање на музичкото студио, „AIR Montserrat“, кое беше во сопственост на сер Џорџ Мартин и Џон Бургис, а Кели беше менаџмент директор. Кели и Рут се преселија назад во Англија. Во тоа време се развивал митот за тајната ќерка на Клептон започнат во еден напис во весник.[27] Клептон и Боид се разведоа во 1988, а причината беше неговата афера со италијанскиот модел Лори дел Санто, која го роди нивниот син Конор на 21 август 1986.[29] Нивниот развод беше одобрен со основа на ‘неверство и неразумно однесување’.[28]

1990-тите

уреди

1990ите резултираа со една серија од 32 концерти во Royal Albert Hall, исто како и „24 Nights“ серијалот од концерти кој траеше од јануари до февруари 1990 и февруари до март 1991. На 27 август 1990, Стиви Реи Вон, блуз гитарист, кој учествувал на турнеите на Клептон и уште двајца нивни придружници загинаа во хеликоптерска несреќа. Потоа, на 20 март 1991, четиригодишниот син на Клептон, Конор, умре при пад од 53 спрат, од апартман во Њујорк кој бил на пријател на неговата мајка, паѓајки на покривот од четирикатната соседна зграда.[30] Клептоновата тага е изразена во песната „Tears in Heaven“, напишана од него и Вил Џенингс. Тој доби шест греми награди таа година за синглот „Tears in Heaven“ и неговиот албум „Unplugged“. Во октомври 1992, Клептон беше меѓу десетината артисти кои свиреа на „30th Anniversary Concert Celebration“ на Боб Дилан. Клептон свиреше како водач на приближно 7 минутната верзија на Дилан на песната „Knockin on Heaven’s Door“, како дел од финалето.

Додека во албумот „Unplugged“ Клептон свири на акустична гитара, неговиот албум „From the Cradle“ содржи нови верзии на стариот блуз стандард отсвирени со неговата електрична гитара.[31] Во 1996 снимањето на „Change the World“ (вклучена во филмот Phenomenon) кое беше во соработка со Вејн Керкпатрик, Гордон Кенеди, Томи Симс, му донесе на Клептон греми награда за песна на годината во 1997. Истата година тој го сними „Retail Therapy“ (албум од електронска музика со Симон Клими под псевдонимот TDF). Во годината која следеше, Клептон го пушти во продажба албумот „Pilgrim“, првата снимка во скоро една декада која вклучува нови материјали.[26] Дваесеттиот век Клептон го заврши во соработка со Карлос Сантана и Би Би Кинг.

Во 1996 година, Клептон беше во врска со пејачката/текстописец Шерил Кроу. Тие останаа пријатели по нивното разделување и Клептон се појави како гостин на концертот на Шерил Кроу во „Central Park“. Дуото го изведе хит синглот на „Cream“, „White Room“. Подоцна, Клептон и Кроу изведоа алтернативна верзија од „Tulsa Time“ со други легендарни гитаристи на „Crossroads Guitar Festival“ во јуни 2007.

Во 1999 на 54 годишна возраст, Клептон ја запозна 23 годишната продавачка, Мелиа МекЕнери (од Колумбус, Охајо) во Лос Анџелес додека работел на албум со Б.Б. Кинг. Тие се земаа на 1 јануари 2002, во црквата Св. Марија Магдалена, во родното место на Клептон, Рипли. Во 2005 тие веќе имаа 3 ќерки: Џули Роси (13 јуни 2001), Ела Меи (14 јануари 2003) и Софи Били (1 февруари 2005). Клептон ја напиша песната „Three Llittle Girls“, која е вклучена во неговиот албум во 2006 година, „The road to Escondido“, како изразување на задоволството кое го чувствувал во неговиот семеен живот, дома со нив.

2000-тите

уреди
 
Ерик Клептон во живо настапува во TUI Арената во Хановер (Германија) на 2 април 2004

Следејки го пуштањето во продажба на снимката „Reptile“ во 2001, Ерик ја отсвири „Layla“ и „While My Guitar Gently Weeps“ на „Party at the Palace“ во 2002 година. На 29 октомври, истата година на концертот за Џорџ (концерт во чест на Џорџ Харисон кој умрел претходната година од рак) кој беше одржан во „Royal Albert Hall“, Клептон беше изведувач и музички директор. Во концертот беа вклучени Пол Мекартни, Ринго Стар, Џеф Лајни, Том Пити и „the Heartbreakers“, Реви Шанкар, Гери Брукер, Били Престон, Џои Броун и Дани Харисон. Во 2004 година, Клептон издаде два албуми во кои има голем број преработки од легендарниот блузер Роберт Џонсон, „Me and Mr.Johnson“ и „Sessions for Robert J“. Истата година списанието „Rolloing Stone“ го рангираше Клептон на 53 место ви нивната лисна на „100 најдобри гитаристи на сите времиња“.[32]

 
Клептон на концертот за собирање на средства поради цунамито во Индија, 22 јануари 2005

На 22 јануари 2005, Клептон учествуваше на „Tsunami Relief Concert“ одржан во „Millennium Stadium“ во Кардиф, во помош на жртвите од Индискиот океански земјотрес во 2004. Во мај 2005, Ерик Клептон, Џек Брус и Џинџер Бејкер се реобединија како „Cream“ за серија од концерти во „Royal Albert Hall“ во Лондон. Снимките од концертот беа издадени на ЦД и ДВД. Подоцна, „Cream“ свиреа во Њујорк во „Madison Square Garden“. „Back Home“, Клептоновиот прв албум од нови оригинални материјали во отприлика пет години, беше издаден на „Reprise Records“ на 30 август. Во 2006 тој ги покани Дерек Тракс и Доили Брамхал II да му се придружат во неговиот бенд за неговата светска турнеја, 2006-2007. Тракс, од „The Allman Brothers Band“, е трет член кој го поддржувал Клептон, вториот бил клавијатуристот/пијанист Чак Лиавел кој се појавил на „MTV Unplugged“ авбумот и на „24 Nights“ изведбата во „Royal Albert Hall“ театарот во Лондон во 1990 и 1991, а исто така и во 1992 на американската турнеја на Клептон.

На 20 мај 2006, Клептон свиреше со тапанарот на „Queen“, Роџер Тејлор, и поранешниот басист на „Pink Floyd“, Роџер Вотерс, во „Highclere Castle“. На 13 август 2006, Клептон како гостин се појави на концертот на Боб Дилан во Колумбус, Охајо, свирејќи гитара на три песни на Џими Вон.[33] Соработката со Џ. В. Кејл, насловена како „The Road to Escondido“, беше издадена на 7 ноември 2006, вклучувајќи ги Дерек Тракс и Били Престон. 14 трака на ЦДто беше изведена и снимена од дуото во август 2005, во Калифорнија. Блискоста помеѓу Тракс и Клептон, го убеди да го покани „The Derek Tracks Band“ да го отворат неговиот концерт во 2007 година, „Crossroads Guitar Festival“, со тоа што Тракс останал и после, без неговиот бенд, свирејќи со клептоновиот бенд за време на нивната изведба.

Правата за националните мемоари на Клептон, напишана од Кристофер Симон Сајкс, беа продадени во 2005 на „Frankfurt Book Fair“ (најголемиот светски саем на книги, врз основа на издавачките куќи кои се претставени на саемот) за 4 милиони долари.[34]

На 26 февруари 2008, беше објавено дека Северна Кореја го поканила Клептон да одржи концерт во комунистичката држава.[35] Следејќи ги изјавите, менаџерите ја добија поканата и му ја пренесоа на Клептон кој се согласи и им предложи конертот да се одржи во 2009.[36] Кристен Фостер, портпарол, кажа, „Ерик Клептон добива голем број на покани од земјите низ светот“ и „овде не постои одговор за неговото настапување во Северна Кореја“.[37]

 
Ерик Клептон (четврти од лево) и неговиот бенд, во живо, ви 2007

Во 2007, Клептон научи малце повеќе за неговиот татко, канадски војник кој ја напушти Белика Британија по војната. Исто така бабата и дедото на Клептон наводно му ја кажале вистината за неговиот татко, тој единствено знаеше дека името на татко му е Едвард Фриер. Ова беше извор на загриженост за Ерик, како што сведочи неговата песна од 1988, „My Father’s Eyes“. Новинар од Монтреал по име Мајкл Волошук ги истражувал записите на канадските воени сили во кои забележал неколку особи од фамилијата Фриер кои подоцна ги истражувал и конечно ја склопил целата приказна. Тој осознал дека таткото на Клептон бил Евард Волтер Фриер, роден на 21 март 1920, во Монтреал и умрел на 15 мај 1985, во Њумаркет, Онтарио. Фриер бил музичар (пијано и саксофон) и доживотен скитник кој се оженил неколкупати, имал неколку деца и очигледно никогаш не знаел дека бил татко на Ерик Клептон.[38] Клептон му се заблагодарил на Волошук при една средба кај „Macdonald Cartier“ аеродромот во Отава, Канада.[39]

Во февруари 2008, Клептон свиреше со неговиот пријател Стиви Винвуд во „Madison Square Garden“ и гостуваше на неговиот снимен сингл „Dirty City“ во албумот на Стиви, „Nine Lives“. Двајцата поранешни членови на „Blind Faith“ се сретнаа повторно на 14 концерти низ САД во јуни 2009. Летната турнеја на Клептон во 2008 година започна на 3 мај во „Ford Amphitheatre“ на пристаништето „Tampa Bay“ во Флорида и потоа продолжи во Канада, Ирска, Англија, Норвешка, Исланд, Данска, Полска, Германија и Монако. На 28 јуни 2008, Клептон го водеше концертот за саботната вечер на „Hard Rock Calling 2008“ во Лондон, „Hyde park“ (претходно Hyde Park Calling), со поддршка од Шерил Кроу и Џон Маер.[40][41] Во септември 2008, Клептон имаше настап при приватното прибирање на средства за добротворни цели за „The Countryside Alliance“ во Флоридита во Сохо, Лондон, која вклучуваше и гости како лондонскиот градоначалник Борис Џонсон.

 
Клептон настапува со The Allman Brothers Band во Beacon театарот

Во март 2009, Клептон настапуваше со „The Allman Brothers Band“ (меѓу другите познати гости), славејки ги 40те години, во чест на Дјуен Алман во „Beacon“ театарот, со тапанарот Буч Тракс одбележувајки дека „овој настап не беше типичното искуство на „Allman Brothers“ според бројката и разликите помеѓу гостите кои беа поканети да настапат. Ерик Клептон не научи!“, рече Тракс. Песните како „In Memory of Elizabeth Reed“ беа одбележани со други песни меѓу кои „The weight“, со Левон Хелм, Џони Винтер учествуваше во изведбата на „Red House“ од Хендрикс и се разбира на „Layla“. На 4 мај 2009, Клептон се појави како гостин во „Royal Albert Hall“ свирејќи ја „Further on Up the Road“ со Џо Бонамаса.

Клептон требаше да биде еден од изведувачите за 25 годишнината на „Rock and Roll Hall of Fame“ во „Madison Square Garden“ на 30 октомври 2009, но откажа поради операцијата на жолчните камења.[42] Ван Морисон (кој исто така откажа)[43] во едно интервју рече дека тој и Клептон биле да изработат неколку песни но и дека тие ќе напорават нешто друго во некоја „друга сцена од играта“.[44]

2010-тите

уреди

Клептон настапуваше на двовечерно шоу со Џеф Бек во „London’s O2 Arena“ на 13 и 14 февруари 2010 година.[45] Двајцата поранешни членови на „The Yardbirds“ ја проширија својата турнеја во 2010 со насптапи на „Madison Square Garden“,[46] „Air Canada Centre“ и во „Bell Centre“ во Монтреал.[47] Клептон настапуше на серија на концерти во 11 градови во САД од 25 февруари до 13 март 2010. Неговата трета европска турнеја со Стиви Винвуд започна на 18 мај и заврши на 13 јуни. Тогаш тој започна кратка турнеја во Северна Америка од 26 јуни до 3 јули, започнувајќи со неговиот трет „Crossroads Guitar Festival“ на 26 јуни во Илионис. Клептон издаде нов студио албум, „Clapton“, на 27 септември во Обединетото Кралство и 28 септември 2010, во САД.

Влијанието

уреди

Клептон изведувал песни од голем број музичари меѓу кои и Боб Марли, Џ.В.Кејл (анг. J.J. Cale), Бо Дидли, Роберт Џонсон и Боб Дилан. Тој ги цитирал Фреди Кинг, Би Би Кинг, Алберт Кинг, Бади Гај и Хјуберт Сумлин и во музичкото влијание врз публиката и со неговиот стил на гитарата. Тој нема ниту еден друг високо почитуван артист освен Роберт Џонсон. Во 2004, Клептон издаде компакт диск и ДВД, „Sessions for Robert Johnson“, вклучувајќи ги преработки од Клептон на електрична и акустична гитара. Клептон настапуваше во живо свирејќи ги овие траки, исто така и даде кратко интервју, објаснувајќи го огромното влијание на Роберт Џонсон врз него.

Во книгата „Discovering Robert Johnson“ (мак. „Откривајќи го Роберт Џонсон“, на која соработувал со други писатели), Клептон кажал за Џонсон дека тој бил „...најважниот блуз музичар кој некогаш живеел. Тој беше точно, апсолутно, на неговата сопствена визија, и колку подлабоко и да отидов во музиката во последните 30 години, јас никогаш не пронајдов било што душевно подлабоко за разлика од Роберт Џонсон. Неговата музика останува најмоќниот плач кој јас мислам дека може да го пронајдете во човековиот глас, навистина...ми изгледаше како ехо, како нешто што отсекогаш го чувствував“.[48] Клептон го убеди Фреди Кинг да потпише со неговата издавачка куќа, „RSO“ во 1974. Клептон снимил повеќе од шест оригинали на Џ.В.Кејл и издал албум со нив. Клептон исто така соработувал со Френк Запа, Би Би Кинг, Џорџ Харисон, Сантана, Ринго Стар, Роџер Ватерс, Џон Ленон и „The Plastic Ono Band“. При издавањето на албумот „Continuu“, 2006, Клептон соработувал со пејачот и композитор, Џон Маер. Маер за Клептон рекол „Ерик Клептон знае дека крадам од него и сè уште останува рамнодушен“. Клептон го инспирирал Маер да ја напише „I Don’t Trust Myself“, употребувајќи одлики на Клептоновата музика и неговиот модерен стил. Неколкуте гитаристи врз кои Клептон имал влијание се: Стиви Реи Вон, Гери Мур, Дјуен Алман, Дерек Тракс, Еди Ван Хелен, Брајан Меи, Орианти, Џими Хендрикс, Бред Песли, Џони Букланд, Џо Дон Руни, Алекс Лајфсон, Џони Ленк, Џон Маер и Деви Ноулес.

Гитари

уреди
 
Клептон на турнејата 'There's One in Every Crowd' на 15 август 1975, со неговата 'Blackie' гитара. Слика:Matt Gibbons

Изборот на Клептон за електричните гитари беше забележлив исто како и самата особа, заедно со Хенк Марвин, Битлси и Џими Хендрикс, Клептон имал клучна улога во ширењто и популаризацијата на некои видови електрични гитари.[49] Со „the Yardbirds“, Клептон свиреше на фендер телекастер, фендер џезмастер, „double-cataway Gretsch 6120“ и на 1964 „Cherry-Red Gibson ES-335“. Клептон стана ексклузивен свирач на „Gibson“ во периодот почнувајќи од средината на 1965, кога тој ја купи употребуваната „Gibson Les Paul Sunburst“ стандардна гитара од една локална продавница за гитари во Лондон. Клептон коментираше за тенкиот профил на вратот кој подоцна ќе се идентификува како модел од 1960.[50]

Во раниот период од неговиот престој во „Cream“, првата гитара на Клептон, „Les Paul Standard“ беше украдена. Тој продолжи да свири на „Les Pauls“ особено со „Cream“ (едната купена од Енди Самерс која беше идентична со украдената гитара)[51] сè до 1967 кога тој ја имаше една од најпознатите гитари во тоа време, „Gibson SG“.[52] Кратко пред првото појавување на „Cream“ во САД, 1967, Клептоновата SG, „Fender VI“ на Брус и Бакеровите тапани беа преобоени во психоделичен стил создаден од визуелната уметничка колекција позната како „The Fool“. Во 1968, Клептон купи „Gibson Firebird“ и започна да ја користи 1964 „Cherry-Red Gibson ES-335“. Напоменатата 1964 „ES-335“ имала легендарна криера. Клептон ја користел на последното шоу на „Cream“ во ноември 1968, а исто така и со „Blind Faith“ и повремено свирел во слајд деловите во 1970ите, слушната е и на „Hard Times“ од „Journeyman“, во „Hyde Park“ концертот во живо во 1996 и во сесијата и турнејата од 1994/1995, „From the Cradle“. Беше продадена за 847,500 долари на аукција во 2004 година.[53] „Gibson“ произведе ограничен број од 250 „Crossroads 335“, а за Клептон, гитарата 335 беше неговата втора електрична гитара.[54]

Во јули 1968, Клептон му ја даде на Џорџ харисон, црвената „Les Paul“. Во септември, Клептон свиреше на истата гитара во музичкото студио на Битлси кога ја снимаа „While My Guitar Gently Weeps“. Клептоновата SG се пронајде во рацете на пријателот на Џорџ Харисон, Џеки Ломакс, кој потоа ја продал на музичарот Тод Рундгрин во 1972 за 500 американски долари. Тод ја задржал гитарата сè до 2000 година кога на аукција ја продал на 150.000 америкаснки долари.[52] На концертот на „Blind Faith“ во 1969 во „Hyde Park“, Лондон, Клептон свиреше на „Fender Custom Telecaster“.

Во доцните 1969, Клептон ја замени гитарата фендер стратокастер. „Подлежев на многу влијанија кога почнав да свирам. Прв, тука беше Бади Холи и Бади Гај. Хенк Марвин беше првата добро позната личност овде во Англија која користеше музика која и не беше мој тип. Стиви Винвуд имаше толку многу кредибилитет и кога тој почна да свири си помислив – ако тој може, можам и јас да го направам тоа“.[55] Прво беше употребувана Брауни додека се снимаше, која подоцна, во 1974, стана позадина на најпознатите Клептонови гитари. Во ноември 1970, Ерик купи шест фендер стратокастер од „Sho-bud“ продавницата за гитари во Нешвил, Тенеси, додека беше на турнеја со „Dominos“. Тој им даде по една на Џорџ Харисон, Стиви Винвуд и Пити Тоуншенд.

Клептон ги собра најдобрите компоненти од останатите три за да ја создаде „Блеки“, која беше неговата омилена настапна гитара сè до неговото повлекување во 1985 година. Првпат во живо свиреше на нејзе на 13 јануари 1973 на „Rainbow“ концертот.[56] Клептон ја нарече „хибрид“.[57] На 24 јуни 2004, Клептон ја продаде „Blackie“ на аукција во Њујорк за 965,500 долари за да собере средства за неговиот „Crossroads Centre“ за наркотични и алкохолни зависности.[58]Fender Custom Shop“ произведе лимитиран број од 275 „Blackie“ реплики.[59]

Во 1971, Клептон им подари потпишана гитара на „Hard Rock Cafе“ одредувајќи ја неговата најомиелена барска столица. Пити Тоуншенд исто така донираше една од неговите гитари со натпис „Мојата е исто толку добра колку и неговата! Со љубов, Пити.“

Во 1988 Клептон беше почесен свирач на „Fender“ гитарите поради што тие произведоа гитари со натписот ‘Ерик Клептон Стратокастер’.[60] Тоа беа првите два модели во производството на стратокастер со натпис на одреден пејач. Ваквата серија на производство на гитари потоа продолжи со натписи на пејачите како Рори Галагер, Марк Нопфлер, Џеф Бек, Стиви Реи Вон и со натписи на оние кои влијаеа врз овие свирачи, како што е Бади Гај.[61] Клептон беше исто така почестен со модели со неговиот натпис, „000-28EC“ и „000-42EC“, на познатата американска фирма, „C.F. Martin & Company“.[60] Неговата 1939 „000-42 Martin“ гитара на која тој свиреше на албумот „Unplugged“ е продадена за 791,500 долари на аукција.[53] Овие денови Клептон свири на „000-ECHF Martin“ гитара.

Во 1999, на аукција, Клептон понуди неколку од неговите колекции на гитари за да собере повеќе од 5 милиони долари за поддршка на „Crossroads Centre“ во Антигва, кој го засновал во 1997 година.[62] Центарот „Crossroad Centre“ нуди третмани засновани на зависни болести како што е користењето на дрога и конзумирањето алкохол. Во 2004, Клептон учествуваше на „Crossroads Guitar Festival“ во полза на центарот. Втората аукција на гитари, ја вклучуваше колекцијата на гитари на Клептон „Cream“ — исто така и гитари донирани од познати пријатели — кој исто така помогнале на 24 јуни 2004. Неговата „Lowden“ акустична гитара е продадена за 41,825 долари. Вкупната добивка собрана на оваа аукција беше 7,438,624 долари.[53]

„Женски тон“

уреди

„Женскиот тон“ е неформален израз користен од страна на Клептон за опишување на неговиот препознатлив звук во средината на 1960ите создаден од неговта Gibson SG електрична гитара и „Marshalltube“ засилувачот.[63] Тоа е звук со засилено темпо кој артикулира дебели тонови. Се одликува со искривени но и пригушени тонови, во контраст со светлите и вибрирачки тонови на повеќето гитаристи во тоа време. Многу свирачи се обиделе да го имитираат, најчесто без успех поради тоа што Клептоновата техника на свирење е тенко поврзана со тие тонови.

Меѓу техниките кои се користат за да се реплицира звукот на Клептон се таа со која што гласот на засилувачот е пуштен до крај, додека копчето за тонот на гитарата е спуштено до нула или на еден.[64] Можеби најдобриот пример за „женскиот тон“ е познатиот риф и соло на Клептон со групата „Cream“, хитот од 1967 година „Sunshine of Your Love“. Клептон објасни дека го добил тонот со неговиот „Gibson“ контролор на звукот кој го свртел надолу до крај, свирејќи на делот од вратот на гитарата кој е најблиску до главата и звукот за дисторзијата ги пуштил на највисоко ниво.

Други медиумски настапи

уреди

Клептон често се појавува како гостин во албуми на други музичари. На пример, тој е заслужен за албумот „Brothers in Arms“ на „Dire Straits“ позајмувајки му на Марк Кнопфлер една од неговите гитари за изработката. Исто така свирел и водечка гитара и синтисајзер на „The Pros and Cons of Hitch Hiking“, соло албумот на Роџер Вотерс. Другите медиумски настапи ги вклучуваат албумот на „Toots & the Maytals“, „True Love“ каде што свири на гитара во песната „Pressure Drop“. Клептон може да биде слушнат и на почетокот од албумот на Франк Запа, „We’re Only in It for the Money“, повторувајки ја фразата „Are you hang up?“. Во 1985, Клептон се појавил на добротворниот концерт „Live Aid“ во Филаделфија со Фил Колинс, Тим Ренвик, Крис Стинтон, Џими Олдакер, Мерси Леви, Шон Марфи и Доналд Дан. Во 1988 тој свиреше со Дир Стреитс и Елтон Џон на „Nelson Mandela 70th Birthday Tribute“ на Вембли стадионот. Две години подоцна, Дир Стреитс, Клептон и Елтон Џон се појавија како гости на „Nordoff-Robbins“ добротворното шоу во „Knebwroth“ куќата. Во 1991 година, Клептон беше вклучен во албумот на Ричи Самбора, „Stranger in This Town“, и наредната година во дует со Елтон Џон во албумот „The One“.

На 12 септември 1996, Клептон свиреше на забавата на Армани во Њујорк со Грег Филингенис, Натан Ист и Стиви Гад. Шерил Кроу се појави на една песна, изведувајки ја „Tearing Us Apart“, песна од албумот „August“, која за првпат била отпеана со Тина Тарнер во 1986 година. Исто така оваа година Клептон настапуваше и на отворениот концерт одржан во „Hyde Park“ со Деј Бронз, Енди Феирватер-Лоу, „The Kick Horns“, Џери Портони, Крис Стеинтон и следечките вокали Кети Кисун и Тиса Нилс. Концертот беше снимен и издаден на видео касета и на ДВД.

Клептон учествуваше и во изработката на филмот „Tommy“, првата долгометражна рок опера напишана од „The Who“. Клептон на кратко се појави како позната личност во филмот, како Проповедникот, изведувајќи ја песната на Сони Бој Вилјамсон, „Eyesight to the Blind“. Исто така се појави и во „Blues Brothers 2000“ како еден од Луизијанските Момци. Покрај тоа што е член на бендот, Клептон има и една кратко говорна улога. Тој се има појавено и на реклама на Мерцедес-Бенз „G-Wagen“. Во март 2007, Клептон се појави во реклама[65] за „RealNetwork’s Rhapsody online music service“. Во 2010 почна да се појавува како портпарол на „T-Mobile“, рекламирајќи го нивниот „MyTouch Fender“ мобилен телефон. Ерик Клептон беше повторно споредувам со господовата слика во епизодата „Holy Crap“ од втората сезона на „That ‘70s Show“ кога на Ерик Форман и Стивен Хајд им е заповедано да го нацртаат господ.

Контроверзии и забелешки околу имиграцијата

уреди

На 5 август 1976, Клептон президвика забуни и спори контроверзии кога зборуваше против зголемувањето на имиграцијата во текот на концертот во Бирмингам. Очигледно под дејство на алкохол, Клептон се изгласи за неговата поддршка на контроверзниот политички кандидат Енок Пауел и на сцената нагласи дека Британија била во опасност да стане „црна колонија“. Клептон е цитиран како и кажува на публиката:

Мислам дека Енок е во право... ние треба сите да ги испратиме назад. Исфрлете ги виговите надвор. Задржете ја Британија бела! Претпочитав да им се препуштам на наркотичните средства, сега му се препуштам на расизмот. Многу е потешко, народе. Ебени црнила човече! Ебени Саудијанци го заземаат Лондон. Копилиња. Британија се преполнува и Енок ќе го споре тоа и ќе ги прати сите назад. Црните олоши и ракуните и Арапите и ебените Јамајчани не припаѓаат овдека. Ова е Англија, ова е бела земја, не сакаме никакви црни вигови (англиски сленг кој означува навредлив збор за црнците и странците) и ракуни да живеат овдека. Мораме да им разјасниме дека тие не се добредојдени. Англија е за белите луѓе, народе! Ние сме бела земја! Неќам ебени вигови да живеат до мене според нивните стандарди. Ова е Величествена Британија, бела земја, што ни се случува тука боже? Треба да гласаме за Енок Пауел, тој е голем човек, ја зборува вистината. Гласајте за Енок, тој е нашиот човек, тој е на наша страна, тој ќе нè чува. Сакам сите кои се присутни тука да гласаат за Енок, поддржете го, тој е на наша страна. Енок за премиер! Исфрлете ги виговите оттука! Задржете ја Британија бела![66]

Овој инцидент, заедно со некои експлицинтни про-фашистички забелешки направени отприлика во исто време од страна на Дејвид Боуви, како и употреба на нацистички слики од страна на Сид Вициус и Сукси Сиукс, беа главните причини за основањето на „Рокот Против Фашизмот“, кој се појавил на 30 април 1978.[67] Во одговор на неговите коментари, рок фотографот Ред Саундерс и други публицираа отворено писмо во NME, Melody Maker, Sounds и во the Socialist Worker каде е напишано „Ајде Ерик... биди свој. Половина од твојата музика е црна. Ти си најголемиот колонист во рок-музиката“ исто така е напишано и „П.С. Кој го уби шерифот, Ерик? Сигурно тоа не беше ти!“[67]

Во интервју од октомври 1976, со магазинот „Sounds“, Клептон напонема: “Јас мислам дека беше прилично смешно. Не знам многу за политиката. Не знам ни дали би било добро или лошо тој да влезе во политиката. Јас дури не знам ни кој ни е премиер во моментов. Јас не знам што влезе во мене таа вечер. Мора да било нешто што се случило во текот на денот кое излезе надвор од мене во таква груба форма... мислев дека целата работа беше како Монти Пајтон; Тука е оваа рок група како свири на сцена и пејачот одеднаш започнува да збори за политиката. Толку е глупаво! Сите тие луѓе кои платија за го слушаат овој луд човек како коментира и на бендот во меѓувреме им поминува низ глава застрашувачка реченица - ‘ох, боже’„.[68]

Награди и признанија

уреди
Година Награда
1983

Ја доби наградата Сребрен Клуч од Принцезата Мичел од Кент за исклучителен придонес во британската музика.[69]

1985

Избран од БАФТА за Најдобра Оригинална Телевизиска Музика за „Edge of Darkness“ со Мајкл Кимен.[70]

1993

"Tears In Heaven" освои три Греми награди за Песна на годината, Снимка на годината и Најдобра изведба на машки поп-вокал. Клептон исто така ја освои и наградата Албум на Годината, Најдобар Рок Вокалист за албумот „Unplugged“ и Најдобра Рок Песна за „Layla“.[71]

1994

Награден со Орден на Британското Кралство за придонеси во музиката.[72]

2000

Примен во Рокенрол халата на славните по третпат, овој пат како соло артист. Претходно бил примен како член на бендовите Cream и The Yardbirds.[73]

2004

Унапреден во Командант од редот на Британското Кралство (Commander of the Order of the British Empire, (CBE) ), примајки ја наградата од Кралската принцеза Ани во Бекингамската Палата како дел од Новогодишната почесна Листа.[74][75]

2006

Награден со Греми Наградата за Животно Дело (како член на Cream)

Фудбал

уреди

Во 1982 година, Клептон настапи со концерт за Џон Вили, играчот на Вест Бромвич Албион, пред да започне неговиот проштален натпревар на стадионот „Hawthorns“. Често се кажува, од различни извори, дека Клептон (и покрај тоа што е оддалечен од Лондон повеќе од 100 милји) е поддржувач на Албион. Исто така е објавено дека клубот ја одбил неговата понуда за инвестира пари во развивањето во тоа време, па од тогаш изразил поголема заинтересираност за Челзи наместо Албион.[76]

Музиката на Клептон во филмови и на телевизија

уреди
  • Mean Streets (1973) — „I Looked Away“
  • Purple Haze (1983) — „I Feel Free“
  • The Hit (1984) — „Score“
  • Back to the Future (1985) — „Heaven Is One Step Away“
  • Edge of Darkness (1985)
  • The Color of Money (1986) — „It's In The Way That You Use It“
  • SpaceCamp (филм од 1986) — „Forever Man“ свири кога карактерот на Тејт Донован пристигнува со кампот.
  • Германскиот производител на коли, Опел и Воксхал од Германија, во рекламаната кампања од 1987-1995 во Велика Британија го употребија Клептоновиот риф на гитарата на неговата песна „Layla“ .
  • Lethal Weapon (1987) — Главна музика со Мајкл Кимен
  • Lethal Weapon 2 (1989) — „Knockin' On Heaven's Door“
  • Goodfellas (1990) — „Layla“ и „Sunshine of Your Love“[77]
  • Rush (1991) — Клептон го напиша резултатот
  • Wayne's World (1992) — „Loving your Loving“
  • Peter's Friends (1992) — „Give Me Strength“
  • Lethal Weapon 3 (1992) — Клептон придонесе во финалната изработка и во соработка со Стинг на напишаа и отсвирија песната „It’s Probably Me“ и * * „RunAway“ со Елтон Џон.
  • True Lies (1994) — „Sunshine of Your Love“
  • Симпсоновата епизода Mother Simpson (1995) — „Sunshine of Your Love“
  • Twister (1996) — „Motherless Child“
  • Phenomenon (1996) — "Change the World“
  • The Van (1996) — (главна музика)
  • Happy Gilmore (1996) - „Wonderful Tonight“
  • Patch Adams (1998) — „Let It Rain“
  • Lethal Weapon 4 (1998) — „Pilgrim“
  • City of Angels (1998) — „Further On Up The Road“
  • Епизодите Band Candy и Forever на филмот Buffy the Vampire Slayer (1998) — „Tales of Brave Ulysses“
  • Runaway Bride (1999) — „Blue Eyes Blue“
  • The Story of Us (1999) — „(I) Get Lost“ (употребена неколкупати)
  • Епизодата на серија Friends - The One with the Proposal, Part 2 (2000) - „Wonderful Tonight“
  • Dancing At The Blue Iguana (2000) — „River of Tears“
  • A Knight's Tale (2001) — „Further On Up The Road“
  • Blow (2001) — „Strange Brew“
  • Епизодата на серија Friends - The One Where Rachel Has a Baby, Part Two (2002) - „River of Tears“
  • Епизодата на серија Futurama - "The 30% Iron Chef" (2002) — „Sunshine of Your Love“
  • Епизодата на серија The Sopranos - Whitecaps (2002) — Тони Сопрано ја слуша песната „Layla“.
  • School Of Rock (2003) — „Sunshine of Your Love
  • Starsky & Hutch (2004) — „Cocaine“
  • Anger Management (2004) — „Strange Brew“
  • Fahrenheit 9/11 (2004) — „Cocaine“
  • Bad News Bears (2005) — „Cocaine“
  • Lords of Dogtown (2005) — „Strange Brew“
  • Lord of War (2005) — „Cocaine“
  • United States of Tara episode — „Cocaine“
  • The Good Guys Episode Silvio's Way — „Layla“

Дискографија

уреди

Бендови

уреди
 
Од лево кон десно: Доили Брамхал II, Дерек Тракс, Стиви Џордан, Ерик Клептон, Вили Викс 2006-2007

2006-07, бенд на турнејата

уреди

Европска турнеја

Северна Америја – Источниот Регион, Јапонија, Австралија, Нов Зеланд – Crossroad Guitar Festival во 2007 година

  • Ерик Клептон – гитара, вокали
  • Доили Брамхал II – гитари, следечки вокали
  • Дерек Тракс – слајд гитара, гитара
  • Крис Стеинтон – клавијатурист
  • Тим Кармон – клавијатурист
  • Вили Викс – бас гитарист
  • Стиви Џордан – тапани
  • Џери Даглас - слајд гитара на „Crossroads Guitar Festival“ фестивалот во 2007 година.
  • Мајкл Џон – следечки вокал
  • Шерон Вајт – следечки вокал
  • Поддржувачки бенд за Европа и Северна Америја: „The Robert Cray“ бендот.

2008, бенд на летната турнеја

уреди

Источен САД / Канадска турнеја

  • Ерик Клептон – гитара, вокали
  • Доили Брамхал II – гитари, следечки вокали
  • Крис Стеинтон – клавијатурист
  • Пино Паладино – бас
  • Роберт Рандолф – слајд гитара
  • Ијан Томас – тапани
  • Мајкл Џон – следечки вокал
  • Шерон Вајт – следечки вокал

Европска турнеја

  • Ерик Клептон – гитара, вокали
  • Доили Брамхал II – гитари, следечки вокали
  • Крис Стеинтон – клавијатурист
  • Вили Викс – бас
  • Аби Лабориел – тапани
  • Мајкл Џон – следечки вокал
  • Шерон Вајт – следечки вокал

2009 бенд на турнеите

уреди

Турнејата во Јапонија / Австралија / Нов Зеланд

  • Ерик Клептон – гитара, вокали
  • Доили Брамхал II – гитари, следечки вокали
  • Крис Стеинтон – клавијатурист
  • Вили Викс – бас
  • Аби Лабориел – тапани
  • Мајкл Џон – следечки вокал
  • Шерон Вајт – следечки вокал

Велика Британија / Ирска

  • Ерик Клептон – гитара, вокали
  • Енди Феирватерс-Лоу – гитара, следечки вокали
  • Доили Брамхал II – гитари, следечки вокали
  • Крис Стеинтон – клавијатурист
  • Вили Викс – бас
  • Тим Кармон - клавијатурист
  • Стиви Гад - тапани
  • Мајкл Џон – следечки вокал
  • Шерон Вајт – следечки вокал

Турнејата во САД со Стиви Винвуд – 10 јуни – 30 јуни

  • Ерик Клептон – гитари, вокали
  • Стиви Винвуд – вокали, Хамонд орган, пијано, гитари
  • Крис Стеинтон – клавијатурист
  • Вили Викс – бас
  • Аби Лабориел – тапани
  • Мајкл Џон – следечки вокал
  • Шерон Вајт – следечки вокал

2010, бенд на турнеите

уреди
  • Ерик Клептон – гитари, вокали
  • Крис Стеинтон – клавијатурист
  • Вили Викс – бас
  • Валт Ричмонд – клавијатурист
  • Стиви Гад - тапани
  • Мајкл Џон – следечки вокал
  • Шерон Вајт – следечки вокал

Европската турнеја со Стиви Винвуд (18 мај – 13 јуни)

  • Ерик Клептон – гитари, вокали
  • Стиви Винвуд – вокали, пијано, гитари, Хамонд орган
  • Крис Стеинтон – клавијатурист
  • Вили Викс – бас
  • Стиви Гад – тапани
  • Мајкл Џон – следечки вокал
  • Шерон Вајт – следечки вокал

Претходни членови на беднот

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Rock & Roll Library – Eric Clapton's Releases“. List. Rock & Roll Library. Архивирано од изворникот на 2007-11-22. Посетено на 31 мај 2011.
  2. Литл Стивен. „Ерик Клептон“. „Rolling Stone“ (946). Архивирано од изворникот на 2009-04-15. Посетено на 2011-02-06.
  3. „100-те најдобри гитаристи на сите времиња“. „Rolling Stone“. 24 март 2004. Архивирано од изворникот на 2010-12-11. Посетено на 29 август 2008.
  4. „The Immortals: The First Fifty“. Rolling Stone (946). Архивирано од изворникот на 2010-12-11. Посетено на 2011-02-06.
  5. „Gibson.com Топ 50 гитаристи на сите времиња – од 10 до 1“. издавател „Gibson.com“. Архивирано од изворникот на 2011-07-08. Посетено на 3 јуни 2010.
  6. Примен: Ерик Клептон. Rock and Roll Hall of Fame. 23 февруари 2010.
  7. Профили во популарната музика стр. 71. „Sura Books“, 2005. Проверено на 31 мај 2011
  8. Welch, Chris (1994) Extract Архивирано на 18 септември 2012 г.
  9. Клептон, Ерик (2007) Eric Clapton: The Autobiography стр. 22. „Century“, 2007
  10. Ерик Клептон: Биографија[мртва врска] Rolling Stone Проверено на 31 мај 2011
  11. 11,0 11,1 11,2 11,3 11,4 Romanowski, Patricia (2003)
  12. "Where's Eric?". Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 11 October 2007.
  13. "Where's Eric Website: Nickname". Архивирано од изворникот на 2007-01-26. Посетено на 17 February 2007.
  14. Unterberger, Richie. „AllMusic“. AllMusic. Посетено на 22 August 2010.
  15. Welch, Chris: "Cream" (2000), page 131
  16. „allmusic ((( Eric Clapton > Overview )))“. Посетено на 5 December 2009.
  17. „allmusic ((( Let It Rain )))“. Посетено на 5 December 2009.
  18. The Layla Sessions liner notes, page 4.
  19. „Derek And The Dominoes“. Artistfacts. Архивирано од изворникот на 2007-02-02. Посетено на 17 февруари 2007.
  20. 20,0 20,1 20,2 Шумахер, Мајкл (1992)
  21. William McKeen, "Rock and roll is here to stay: an anthology", Published by W. W. Norton & Company, 2000. pg 127: "Clapton poured all he had into Layla's title track, which was inspired by the Persian love story he had read, the story of Layla and Majnun.
  22. Gene Santoro, "Dancing in Your Head: Jazz, Blues, Rock, and Beyond", Published by Oxford University Press US, 1995. Excerpt page 62: "At the time, he started to read The story of Layla and Majnun by the Persian poet Незами Гањави
  23. The Layla Sessions“ ЦД - забелешки.
  24. The Layla Sessions забелешки, страна 12.
  25. Moritz, Charles (1987)
  26. 26,0 26,1 Ruhlmann, William. „Eric Clapton“. Allmusic. Посетено на 17 February 2007.
  27. 27,0 27,1 Daily Mail, The truth about Eric Clapton's 'Secret Daughter'. Consulted on 12 August 2007.
  28. 28,0 28,1 The Daily Mail, 'I'd pray Eric would pass out and not touch me': Part 2 of Pattie Boyd's sensational autobiography. Consulted on 12 August 2007.
  29. Daily Telegraph, It's amazing we're still alive Архивирано на 8 мај 2008 г.. Consulted on 12 August 2007.
  30. „Obituary of Conor Clapton“. Obituariestoday.com. Посетено на 22 August 2010.
  31. D. Dicaire, More blues singers: biographies of 50 artists from the later 20th century (McFarland, 2001), p. 203.
  32. „The Immortals“. Rolling Stone (946). Архивирано од изворникот на 2008-10-16. Посетено на 2011-02-06.
  33. „Господ има летен дом во Колумбус“. UWeekly. 15 август 2005. Архивирано од изворникот на 2007-09-27. Посетено на 30 март 2007.
  34. „Joel Rickett on the latest news from the publishing industry“. The Guardian. London. 22 October 2005. Посетено на 17 February 2007.
  35. „Eric Clapton 'receives North Korean invite'. CNN. 26 February 2008. Архивирано од изворникот 2008-03-03. Посетено на 26 February 2008.
  36. „Clapton asked to play in North Korea“. BBC News. 26 February 2008. Посетено на 26 February 2008.
  37. „North Korea Seeks A Clapton Concert“. The New York Times. 27 February 2008. Посетено на 7 May 2010.
  38. Woloschuk, Michael. „His Father's Eyes“. Ottawa Citiz♫en. Посетено на 17 February 2007.
  39. Woloschuk, Michael. „Clapton Thanks Reporter“. Canoe Jam. Посетено на 17 February 2007.
  40. „Hard Rock Calling“. Live Nation (Music) UK Limited. Hard Rock Calling. Архивирано од изворникот на 2010-03-16. Посетено на 7 May 2010.
  41. „Hard Rock Calling, Hyde Park, London Saturday 28 June 2008“. Eric Clapton Online. Архивирано од изворникот на 2011-07-10. Посетено на 7 May 2010.
  42. „Eric Clapton pulls out of rock and roll gig“. entertainment.oneindia.in. Архивирано од изворникот на 2013-05-15. Посетено на 30 October 2009.
  43. „Leonard Cohen and Van Morrison at MSG this weekend but Van will not be back for Rock Hall of Fame“. brooklynvegan.com. Архивирано од изворникот на 2009-10-28. Посетено на 30 October 2009.
  44. „Imus in the morning: higlights and interviews“. wabcradio.com. Архивирано од изворникот на 2009-05-16. Посетено на 30 October 2009.
  45. McCormick, Neil (14 February 2010). „Ерик Клептон и Џеф Бек во „02 Arena", преглед: Средба помеѓу гитарските генијалци Ерик Клептон и Џеф Бек во „O2 Arena", премногу формална и љубезна. Рејтинг: * * *“. The Daily Telegraph. London. Посетено на 2 May 2010.
  46. Ретлиф, Бен (20 февруари 2010). „Да, два гитарски идола се подобри од еден“. The New York Times. Посетено на 2 мај 2010.
  47. „Eric Clapton and Jeff Beck announce London O2 Arena gig“. New Musical Express. UK: IPC Media. 23 November 2009. Посетено на 21 October 2009.
  48. Caviness, Crystal; Dan Kimpel, Eric Clapton David A. Mitchell Lisa Zhito, Kevin Zimmerman (2003). „Sesac Focus Fall 2003“ (PDF). Magazine. Sesac. Архивирано од изворникот (PDF) на 2008-10-03. Посетено на 23 August 2008.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  49. „Clapton – The early years“. Legendarytones.com. 31 July 1966. Посетено на 22 August 2010.
  50. „Clapton's Bluesbreakers Guitar Was A 1960 Gibson Les Paul Standard“. Xs4all.nl. Архивирано од изворникот 2002-12-30. Посетено на 22 August 2010.
  51. „Andy Summers“. Архивирано од изворникот на 2009-05-08. Посетено на 2011-02-06.
  52. 52,0 52,1 Боб Гјула (2008) Guitar Gods: The 25 Players Who Made Rock History стр. 45. Проверено на 31 мај 2011
  53. 53,0 53,1 53,2 Published 18 March 2004 9:09 PM. (18 March 2004). „Strat Collector News Desk: Eric Clapton Guitar Auction, 24 June 2004: More Information and Images“. Stratcollector.com. Посетено на 22 August 2010.
  54. Published 27 June 2004 6:03 PM. (27 June 2004). „Strat Collector News Desk: 2004 Eric Clapton Crossroads Guitar Auction: the Auction, the Burst Brothers, and Lee Dickson“. Stratcollector.com. Архивирано од изворникот на 2009-02-15. Посетено на 22 August 2010.
  55. Том Вилер (2004) „The Stratocaster chronicles“: Фендер : педесет годишнина од „Fender Strat“ стр. 8. „Hal Leonard Corporation“, 2004
  56. Published 28 June 2004 8:08 PM. (28 June 2004). „Strat Collector News Desk: An Interview with Eric Clapton Guitar Technician Lee Dickson“. Stratcollector.com. Посетено на 22 August 2010.
  57. „The Eric Clapton FAQ – Guitars“. Xs4all.nl. 3 September 2001. Архивирано од изворникот 2002-11-26. Посетено на 22 August 2010.
  58. „Rock Memorabilia Market Booms: Eric Clapton“. Rolling Stone. Архивирано од изворникот на 2009-07-15. Посетено на 22 August 2010.
  59. „Eric Clapton's Blackie – Guitar Center“. Gc.guitarcenter.com. Посетено на 22 August 2010.[мртва врска]
  60. 60,0 60,1 Сногод. „Ерик Клептон – „ClaptonWeb.com – E.C. Mainline Florida". издаватеч „Claptonweb.com“. Посетено на 22 август 2010.
  61. „Ерни Бал – Артисти“. издавател - Ерни Бал. Посетено на 21 август 2008.
  62. „Christie's – Eric Clapton Guitars“. Архивирано од изворникот на 2004-06-14. Посетено на 2011-02-06.
  63. Ted Drozdowski (9 January 2009). "How to Get Clapton's Classic 'Woman Tone'"“. Lifestyle. Gibson.com. Архивирано од изворникот на 2010-12-02. Посетено на 6 August 2010.
  64. „Eric Clapton Shows Some Guitar Skills“. YouTube. Посетено на 22 August 2010.
  65. „Rhapsody.com Eric Clapton advert“. 2007. Архивирано од изворникот на 2013-08-14. Посетено на 23 March 2007.
  66. Rebel Rock by J. Street. First Edition (1986).Oxford Press Basil Blackwell.pp.74-75.
  67. 67,0 67,1 Manzoor, Sarfraz (20 April 2008). „The year rock found the power to unite“. The Observer. London. Посетено на 18 January 2010.
  68. Charone, Barbara (October 1976). „Eric Clapton: Farther On Up The Road“. Reprint for the web, article from Sounds Magazine. Sounds Magazine. Посетено на 19 October 2009.
  69. Michael Schumacher, Crossroads: The Life and Music of Eric Clapton. Consulted on 12 August 2007.
  70. „Awards Database - The BAFTA site“. British Academy of Film and Television Arts. Архивирано од изворникот на 2012-01-27. Посетено на 10 October 2009.
  71. „1993 Grammy Winners“. Newspaper Article. New York Times. 26 February 1993. Посетено на 20 August 2008.
  72. "Eric Clapton: Blues guitar legend", 31 December 2003“. BBC News. 31 December 2003. Посетено на 22 August 2010.
  73. "Clapton's Hall of Fame hat-trick". BBC News. 8 December 1999. Посетено на 22 August 2010.
  74. "CBEs – full list", 31 December 2003“. BBC News. 31 December 2003. Посетено на 22 August 2010.
  75. "Musician Clapton delighted by CBE", 3 November 2004“. BBC News. 3 November 2004. Посетено на 22 August 2010.
  76. „BOING: The rich and famous celebrities who support West Bromwich Albion FC“. Baggies.com. 12 June 2005. Посетено на 22 August 2010.
  77. „Soundtracks for Goodfellas“. Internet Movie Database. Посетено на 17 февруари 2007.

Дополнителна литература

уреди
  • За кариерата на Ерик Клептон :
    • Робин Бекстор, Eric Clapton: Now & Then, издавател - „Carlton Books“, 2006, 144 стр.
    • Ерик Клептон, Clapton, The Autobiography, 2007 и 2008, издавател - „Broadway Books“, 352 стр. / „Arrow“, 400 страни / „Century“, 384 стр.
    • Ерик Клептон, Дерек Тајлор и Питер Блејк, 24 Nights, издавател - „Genesis Publications, 2 дела, 1992, 198 и 64 стр.
    • Реј Колмен, Clapton!: The Authorized Biography, издавател - „Warner Books“, 368 страни, или „Futura“, 336 страни, 1986; оригинално издадена како „Survivor: The Authorized Biography“, „Sidgwick & Jackson“, 1985, 300 страни.
    • Џефри Џулијано, Бренда Џулијано и Дебора Лин Блек, The Illustrated Eric Clapton, издавател - „Sunburst Books“, 1994, 96 страни.
    • Џорџ Харисон, Ерик Клептон, Live in Japan: A celebration of George Harrison’s ‘Rock Legends’ Tour with Eric Clapton Band, издавател - „Genesis Publications“, 1993, 274 страни.
    • Кристофер Јорт- предговор од Џон Меиал, Strange brew: Eric Clapton and the British Blues Boom, 1965-1970, издавател - „Jawbone“, 2007, 352 страни.
    • Џон Пидион, Eric Clapton: A Biography, издавател - „Panther“, 1976, ... страни; преглед & надополнување. „Vermilion“, 1985 или 1987, 123 страни.
    • Марк Роберти, Eric Clapton: The Complete Recording Sessions 1963-1992, издавател - „Blandford“ или „St. Martin’s Press“, 1993, 192 страни.
    • Марк Роберти, Slowhand: The Life & Music of Eric Clapton, издавател - „Octopus“ или „Harmony“, 1991, 176 страни; надополнето издание - „Crown“, 1993, 192 страни.
    • Марк Роберти, Eric Clapton in His Own Words, издавател - „Omnibus Press“, 1993, 96 страни.
    • Марк Роберти, Eric Clapton: The New Visual Documentary, издавател - „Omnibus Press“, 1990, 128 страни.; 1994, ...стр.; оригинално издание како Eric Clapton: A Visual Documentary, 1986, ... стр.
    • Марк Роберти, Clapton: The Complete Chronicle, издавател - „Pyramid“, 1991, 176 стр. / Мичел Бизлеј 1993, 192 стр.
    • марк Роберти, Eric Clapton: The Man, the Music and the Memorabilia, издавател - „Paper Tiger-Dragon’s World“, 1994, 226 страни.
    • Марк Роберти, The Complete Guide to the Music of Eric Clapton, издавател - „Omnibus Press“, 1995, 152 страни. ЦД формат; 2005, 128 страни.
    • Марк Роберти, Eric Clapton, ЦД книга, издавател - „Orion“, 1994, ...страни или „MBS“ (Мајами), 1996, 120 стр. ЦД формат
    • Марк Роберти и Крис Вилч, Eric Clapton: The Illustrated Disco/Biography, издавател - „Omnibus Press“, 1984, 80 страни, или „Beekman“ (Њујорк), 1990, ...страни.
    • Кристофер Сендфорд, Clapton: Edge of Darkness, издавател - „Victor Gollancz“, 1994, 322 страни.
    • Мајкл Шумахер, Crossroads: The Life and Music of Eric Clapton, издавател - „Hyperion“, 1995, 388 страни.; „Time Warner p'backs“, 1998, 411 страни.; ново изднание насловено како Eric Clapton, „Sphere“, 2008, 432 страни.
    • Хери Шапиро, Eric Clapton: Lost in The Blues, издавател - „Guinness Books“ или „Muze“, 1992, 256 страни.; преработена едиција од „Da Capo press“, 1193, 225 страни.; оригинално издадена како Slowhand: The Story of Eric Clapton, „Proteus Books“, 1985, 160 страни.
    • Дејв Томпсон, Cream: The World's First Supergroup, издавател - „Virgin Books“, 2005, 256 страни.; преработена, дополнета и илустрирана од едиција насовена како Cream: How Eric Clapton Took the World By Storm, 2006, 320 страни.
    • Стиви Тарнер, Conversations with Eric Clapton, Лондон, издавател - „Abacus“, 1976, 116 страни.
    • Фред Вилер, Eric Clapton, издавател - „Smithmark-Penguin“ или „Bison Books“, 1992, ... страни.
    • Крис Вилч, Cream: Stange Brew, издавател - „Castle Communications“ или „Sanctuary“ или „Penguin“, 1994, 176 страни; „Backbeat Books“, 2000, 192 страни.
  • Во врска со свирењето на Клептон :
    • Дејвид М. Бристер (2003). „поглваје Ерик Клептон“. „Introduction to Guitar Tone & Effects“. издавател „Hal Leonard Corporation“. стр. 54. ISBN 9780634060465.
    • Х. П. Њуквист и Ричард Мајлуф (2003). „поглавје Ерик Клептон“. „The Blues-Rock Masters“. издавател „Backbeat Books“. стр. 27. ISBN 9780879307356.
    • Пити Проун и Лиса Шаркин (2003). „поглавје Ерик Клептон“. „Gear Secrets of the Guitar Legends“. Backbeat Books. стр. 6. ISBN 087930751X.

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со:
  Статијата „Ерик Клептон“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).