<< јули >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06
07 08 09 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31
2024

13 јули — 194-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (195-и во престапна година). Остануваат 171 денови до крајот на годината.

1878 г. завршува Берлинскиот конгрес на кој се прекројуваат границите на Балканот.

Настани:

1822  Грчката војска ја победува турската кај Термопилите во текот на борбата за независност на Грција.
1878  Завршува Берлинскиот конгрес, на кој тогашните големи сили (Германија, Австроунгарија, Русија, Англија, Франција и Отоманското Царство) воспоставуваат нов однос на силите на Балканот.
1930  Во Монтевидео, главниот град на Уругвај, започнува првото светско фудбалско првенство, на кое домаќинот ја освојува титулата.
1946  При Земската болница во Скопје е формирана првата Станица за трансфузија на крв. Од мала станица со еден лекар и три медицински сестри прерасна во Републички завод за трансфузиологија.
1985  Советскиот скокач со стап Сергеј Бубка, во Париз станува првиот човек во историјата на овој спорт што прескокнал над шест метри.
1985  На лондонскиот стадион „Вембли“ и на стадионот „Џон Кенеди“ во Филаделфија, САД во исто време беа одржани големите хуманитарни концерти под името „Лајв ејд“ (Live Aid). Во акцијата за помош на гладните во Африка, која ја организираше Боб Гелдоф, најпознатиот рок и поп-музичар во светот, собрани се 60 милиони долари, а ТВ-преносот од концертите го следеа околу милијарда и пол гледачи ширум светот.
1987  Едмонтон бил погоден од торнадо во кое загинале 27 луѓе, а околу 300 биле повредени.
1990  Во Скопје е основана Социјалистичката партија на Македонија. За претседател е избран Киро Поповски.
2016  Тереза Меј застанува на чело на Конзервативната партија, станувајќи премиер на Обединетото Кралство по оставката на Дејвид Камерон.

Родени:

1590  Папа Климент Xримски папа.
1894  Исак Бабел — руски писател.
1907  Елисие Поповски — македонски учесник во Шпанската граѓанска војна.
1934  Воле Шојинканигериски писател и Нобелов лауреат.
1936  Алберт Ајлер — американски џез-музичар.
1942  Харисон Фордамерикански глумец, познат по улогата на Индијана Џонс во истоимената филмска трилогија.
1954  Дејвид Томпсон — американски кошаркар.
1957  Камерон Кроуамерикански режисер-оскаровец.
1964  Слободан Маровиќ— црногорски фудбалер.
1970  Симеон Ѓанков — бугарски политичар.
1973  Робето Мартинес — шпански фудбалер и тренер.
1976  Дијана Вишневаруска балерина.
1979  Крег Белами — велшки фудбалер.
1985  Гилермо Очоа — мексикански фудбалски голман.
1989  Џек Бобриџ — австралиски велосипедист.
1995  Данте Ексум — австралиски кошаркар.
1996  Че Адамс — шкотски фудбалер.

Починале:

574  Јован III — римски папа.
1762  Џејмс Бредлианглиски астроном.
1793  Жан Пол Мара — познат француски револуционер.
1896  Август Кекуле — германски хемичар.
1924  Алфред Маршал — англиски економист.
1943  Иван Горан Ковачиќ — хрватски поет.
1951  Панко Брашнаров — македонски револуционер.
1954  Фрида Каломексиканска сликарка.
1993  Лео Јунек — хрватско-француски сликар.
2008  Михо Атанасовски — македонски поет.