<< ноември >>
Н П В С Ч П С
01 02
03 04 05 06 07 08 09
10 11 12 13 14 15 16
17 18 19 20 21 22 23
24 25 26 27 28 29 30
2024

26 ноември — 330-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (331-и во престапна година). Остануваат 35 денови до крајот на годината.

Настани:

1917  Клубовите Монтреал Канадиенс, Монтреал Вандерерс, Отава Сенаторс, Квебек Булдогс и Торонто Аренас ја формирале Националната хокеарска лига (НХЛ).
1918  Собранието во Подгорица прогласило обединување на Црна Гора со Кралството Србија.
1922  Хауард Картер и Лорд Карнарвон го откриле гробот на Тутанкамон, стар преку 3000 години и целосно зачуван.
1942  Втора светска војна: започнало Првото заседание на АВНОЈ во Бихаќ, БиХ.
1986  Во Скопје излезе првиот број на додатокот за литература, идеи и култура на весникот „Нова Македонија“ - „ЛИК“.
1991  Беше пуштен во употреба автопатот Велес - Градско.

Родени:

1827  Елен Г. Вајт — американски христијански водач.
1857  Фердинанд де Сосир — швајцарски лингвист.
1883  Михај Бабич — унгарски поет.
1901  Крсто Хегедушиќ — хрватски сликар.
1909  Ежен Јонеско — романско-француски сценарист и драматург.
1919  Ѓоце Стојчевски - Амбарче — македонски борец и народен херој.
1939  Тина Тарнер — американска пејачка.
1948  Крешимир Ќосиќ — хрватски и југословенски кошаркар.
1964  Френи Шнајдер — швајцарска скијачка.
1968  Андреј Жерновски — македонски политичар.
1969  Вадим Хамутцких — руски одбојкар.
1969  Шон Кемп — американски кошаркар.
1980  Алберт Монтањес — шпански тенисер.
1986  Бауке Молема — холандски велосипедист.
1987  Јоргос Цавелас — грчки фудбалер.
1987  Рикардо Маниеро — италијански фудбалер.
1987  Давид Вејо — поранешен канадски велосипедист.
1988  Артур Вишо — француски велосипедист.
1990  Рита Ора — британска поп-пејачка.
1996  Марк Рока — шпански фудбалер.
1997  Арон Ван-Бисака — англиски фудбалер.
1998  Лука Иванушец — хрватски фудбалер.
2001  Пау Виктор — шпански фудбалер.

Починале:

1504  Изабела I Кастиљска — кралица на Кастиља и Леон.
1605  Хандан султанвалиде султан во Отоманското Царство.
1968  Арнолд Цвајг — германски писател.
1981  Макс Еве — холандски шахист и поранешен претседател на ФИДЕ.
1983  Евгени Савов — судија на Врховниот суд на Македонија.
2004  Филип де Брока — француски филмски режисер.
2018  Стивен Хиленбург — американски автор на стрипови, творец на Сунѓерот Боб.
2018  Бернардо Бертолучи — италијански режисер.