26 јули
датум
<< | јули | >> | ||||
---|---|---|---|---|---|---|
П | В | С | Ч | П | С | Н |
1 | ||||||
2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
30 | 31 |
26 јули — 207-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (208-и во престапна година). Остануваат 158 денови до крајот на годината.

Карл Густав Јунг
(26 јули 1875–6 јуни 1961) швајцарски психијатар, основач на движењето познато како аналитичка психологија
(26 јули 1875–6 јуни 1961) швајцарски психијатар, основач на движењето познато како аналитичка психологија
Настани:
1953 | Со нападот на герилците на касарната „Монкада“ во градот Сантјаго де Куба, Фидел Кастро ја започнува борбата против диктаторот Фулгенсио Батиста. |
1956 | Египетскиот претседател Гамал Абдел Насер го национализира Суецкиот Канал, кој претходно беше под контрола на англо-француска компанија. |
1963 | Катастрофален земјотрес го разурна Скопје. Во земјотресот загинаа 1.070 луѓе, 2.900 беа повредени, а беше уништен или оштетен 4⁄5 од станбениот фонд. Веста за земјотресот што го зафати Скопје брзо се рашири низ целиот свет, кој покажа голема солидарност. |
1996 | Република Македонија и Европската Унија потпишаа рамковна спогодба за соработка на Република Македонија во Европската Унија. Истиот ден во Република Македонија пристигнува и првиот американски амбасадор — Кристофер Хил. |
1996 | Република Македонија стана потписничка на Рамковната конвенција на Советот на Европа за заштита на националните малцинства и потписничка на повелбата на Советот на Европа за регионални или малцински јазици. |
Родени:
Починале:
1471 | Павле II — римски папа. |
1867 | Отон I — грчки крал. |
1902 | Шарл Дадан — француско-американски пчелар, таткото на современото пчеларство. |
1903 | Алексо Поројлијата — македонски револуционер. |
1917 | Едгар Дега — француски сликар. |
1925 | Готлоб Фреге — германски математичар. |
1926 | Крсте Петков Мисирков — истакнат македонски филолог, јазичар, историчар, фолклорист, етнограф, публицист, политичар, дипломат, револуционер и борец за македонската национална афирмација. Во 1903 година ја издаде книгата „За македонцките работи“. Роден е во Ениџе, Вардарска околија, Солунска област, на 18 ноември 1874 година. |
1952 | Ева Перон — популарната „прва дама“ на Аргентина, сопруга на Хуан Перон. |
1963 | Димитар Пандилов — истакнат уметник, прв македонски импресионистички сликар. |
1985 | Фреди Перлман — анархист, писател, теоретичар и музичар, голем критичар на современиот свет. |