Затвор е државна или приватна установа чија главна задача е притворање на луѓе со криминални дела, нивно казнување и превоспитување. Затворот може да се сретне во три форми и тоа: машки затвор, женски затвор и казнено поправна установа за малолетни лица. Капацитетите на затворите и условите во нив се разликуваат од една до друга држава. Затворените лица најчесто се затворени во ќелии, но постјат и посебни простории за поголемо казнување наречени самици.

Најпознатиот затвор во светот Алкатраз во Сан франциско
Најпознатиот македонски затвор КПД „Идризово“ во с. Идризово

Затворите во МакедонијаУреди

Во Македонија постојат повеќе затвори, односно казнено-поправни домови (КПД), како што се нарекуваат во официјалната терминологија, чиј вкупен капацитет изнесува 2.026 лица во затворскиот дел и 450 во притворските одделенија. Според големината, најголем затвор е КПД Идризово чиј капацитет изнесува 1.094 лица, а потоа следуваат следниве затвори: КПД Штип со капацитет од 210 лица; затвор Скопје со капацитет од 128 лица во затворскиот дел и 310 лица во притворските одделенија; затвор Куманово со капацитет од 178 лица во затворскиот дел и 48 лица во притворските одделенија; затвор Прилеп со капацитет од 85 лица во затворскиот дел и 16 лица во притворските одделенија; КПД од отворен тип Струга, со капацитет од 60 лица; затвор Тетово, со капацитет од 48 лица во затворскиот дел и 24 лица во притворските одделенија; затвор Битола, со капацитет од 60 лица во затворскиот дел и 22 лица во притворските одделенија; затвор Струмица, со капацитет од 62 лица; затвор Гевгелија, со капацитет од 43 лица во затворскиот дел и 12 лица во притворските одделенија; отворено одделение во Крива Паланка, со капацитет од 23 лица; и малолетнички затвор Охрид, со капацитет од 35 лица во затворскиот дел и 18 лица во притворските одделенија. Покрај овие затвори, постои и воспитно-поправен дом во Тетово со капацитет од 43 лица. Притоа, во 2014 година, во македонските затвори биле сместени 2.976 осудени лица и 401 притворено лице.[1]

Затворот како тема во уметноста и во популарната култураУреди

Затворот се јавува како тема во бројни дела од уметноста и популарната култура.

Затворот како тема во книжевностаУреди

Затворот како тема во музикатаУреди

  • „Апсана ме кладе“ - македонска народна песна.[11]
  • „Живот в затвор“ (Life in Prison) - песна на американската рок-група „Брдс“ (The Byrds) од 1968 година.[12]
  • „004 Здраво, тато, јас сум в затвор & извади ме...“ (004 Hi, Dad, I'm In Jail & Carry Me Back...) - песна на американската поп-група „Воз (Нот Воз)“ (Was (Not Was)) од 1988 година.[13]
  • „Градскиот затвор во Старквил“ (Starkville City Jail) - песна на американскиот кантри-музичар Џони Кеш (Johnny Cash).[14]
  • „Сан Квентин“ (San Quentin) - песна на американскиот кантри-музичар Џони Кеш (Johnny Cash).[15]
  • „Блуз од затворот Фолсом“ (Folsom Prison Blues) - песна на американскиот кантри-музичар Џони Кеш (Johnny Cash).[16]

Затворот како тема во филмотУреди

НаводиУреди

  1. Влатко Стојановски, „ДПМНЕ и спречија амнестија со закон за да помилуваат и убијци преку Иванов!“, Фокус, број 1058, 15.1. 2015, стр. 22.
  2. Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 136.
  3. „U zindanu“, во: Ivo Andrić, Priča o vezirovom slonu. Beograd: Rad, 1962, стр. 130-136.
  4. Пол Верлен, Есенска песна. Скопје: Македонска книга, 1987, стр. 61.
  5. Viljem Batler Jejts, Kula. Beograd: Beogradski izdavačko-grafički zavod, 1978, стр. 104.
  6. Miroslav Krleža, Lirika. Sarajevo: Svjetlost, 1966, стр. 50-51.
  7. Митко Маџунков, Међа света. Београд: Просвета, 1984, стр. 133-134.
  8. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 48.
  9. Jugana Stojanović, „Čezare Paveze“, во: Čezare Paveze, Među usamljenim ženama. Beograd: Rad, 1964, стр. 120.
  10. Антoлогија на бразилскиот расказ, Три, Скопје, 2012, стр. 288.
  11. Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 110.
  12. YouTUbe, Sweetheart of the Rodeo | The Byrds | 1968 (пристапено на 25.2.2018)
  13. Was (Not Was) 004 Hi, Dad, I'm In Jail & Carry Me Back... (пристапено на 8.11.2017)
  14. Discogs, Johnny Cash ‎– Johnny Cash At San Quentin (пристапено на 21.2.2020)
  15. Discogs, Johnny Cash ‎– Johnny Cash At San Quentin (пристапено на 21.2.2020)
  16. Discogs, Johnny Cash ‎– Johnny Cash At San Quentin (пристапено на 21.2.2020)
  17. HRT, Osuđenik na smrt pobjegao je iliti vjetar puše kako ga volja, francuski film (пристапено на 8.5.2020)