Балкански војни

(Пренасочено од Балканските војни)
Балкански војни

Граници пред Првата и после Втората балканска војна
Датум 8 октомври 1912 - 18 јули 1913
Место Балкански Полуостров
Исход Лондонски договор, Букурешки договор
Завојувани страни
Прва балканска војна:
 Османлиско Царство


Поддршка:
 Австроунгарија

Прва балканска војна: Балкански сојуз
Втора балканска војна:
 Бугарија
Втора балканска војна:
Команданти и водачи

Сила
Османлиско Царство 350,000






Кралство Бугарија 500,221–576,878

Кралство Бугарија 600,000
Кралство Србија 220,000
Кралство Грција 115,000
Кралство Црна Гора 35,000
Вкупно:
970,000

Кралство Србија 348,000
Кралство Романија 330,000
Османлиско Царство 255,000
Кралство Грција 148,000
Кралство Црна Гора 12,800
Вкупно:
1,093,800

Терминот Балкански војни се однесува на две војни, што се случиле во Југоисточна Европа во 1912 и 1913 година. Првата балканска војна започнала на 8 октомври 1912 година кога Бугарија, Грција, Црна Гора и Србија формирале балкански сојуз против Османлиското Царство. Војната завршила со потпишување на мировен договор во Лондон.

Втората балканска војна избила на 16 јуни 1913 година кога Бугарија, незадоволна од своите придобивки, ги нападнала своите поранешни сојузници, Србија и Грција. Војната завршила со потпишување на мировен договор во Букурешт.

Положбата во Македонија пред војните

уреди

Види Македонија пред Балканските војни

Балканските војни во 1912 и во 1913 година претставуваат исход на национално-ослободителната борба што македонскиот народ ја води во втората половина на XIX и во почетокот на XX век. Илинденското востание од 1903 година претставуваше врв на таа борба.

Најголемите надежи на македонскиот народ биле свртени кон Бугарија. Егзархиската црква, а потоа Врховниот македонски комитет (ВМК), односно врховистите во текот на Илинденското востание успешно ја извршиле таа задача, па македонскиот народ најмногу верувал и очекувал од Софија. Поради тоа бугарската пропаганда наоѓала плодна почва и многу длабоко ја всадувала бугарштината кај македонскиот народ. Непосредно пред Балканските војни во свеста на Македонците главно била присутна бугарската доминација.

Создавање на балканскиот сојуз

уреди

Поврзано Балкански сојуз

Со залагање и со помош на Русија, е создаден Балканскиот сојуз, во чиишто рамки балканските земји дефинитивно го ослободуваат Балканот од многувековното турско владеење и практично ја протеруваат Османлиското Царство од европскиот континент, со исклучок на мал дел од Источна Тракија и Истанбул на Босфорот. Во 1912 година Албанија, со меѓународно неутврдени граници и од никого непризната, прогласува своја независност.

Српско-бугарската спогодба

уреди

Види Српско-бугарска спогодба

Основата на Балканскиот сојуз ја чинела српско-бугарската спогодба, а во преговорите што започнале кон крајот на септември 1911 година многу активно учествувале руските пратеници во Белград и во Софија, Хартвиг и Некљудов. Двете земји уживале голема поткрепа од страна на Русија.[2] На 13 март 1912 година е потпишан Договорот за пријателство и сојуз меѓу Србија и Бугарија, придружен со таен додаток и со воена конвенција што е потпишана на 2 јуни истата година како интегрални делови на Договорот. Покрај тоа истиот ден се потпишани и две спогодби на главните генералштабови.

Воена конвенција кон српско-бугарската спогодба

уреди

Види Воена конвенција кон српско-бугарската спогодба

Со овој договор, поточно воена конвенција од 2 јуни 1912 година, било предвидено во случај на офанзивна војна против Турција, Србија и Бугарија, да удрат на противникот со 150, односно 200.000 војници, од кои најмалку 100.000 ќе упатат на Вардарското боиште.

Со воената конвенција, било предвидено Србија и Бугарија во случај на офанзивна војна против Турција, да дејствуваат со доволно сили: Бугарија со војска што не може да биде помала од 200.000, а Србија со најмалку од 150.000 војници. Со четвртиот член на воената конвенција двете страни се обврзале, доколку по претходна спогодба ја нападнат Турција, од својата војска да одвојат најмалку 100.000 луѓе и да ги упатат на Вардарското боиште, ако поинаку не биде утврдено со специјален договор. Во случај Австроунгарија да ја нападне Србија, Бугарија се обврзувала да ѝ помогне на Србија со најмалку 200.000 војници. Ако Романија или Турција ја нападнат Бугарија, Србија се обврзала дека ќе ѝ помогне со најмалку 100.000 војници. Ако Турција ја нападне Србија, Бугарија би упатила најмалку 100.000 војници на Вардарското боиште, а ако ја нападне Романија, Бугарија ќе ѝ даде помош на Србија. Ако и Србија и Бугарија ја нападнат Турција, двете биле должни да упатат по 100.000 војници на Вардарското боиште, но, ако ја нападне само една без претходен договор, другата била обврзана само на пријателска неутралност.

Врз основа на воената конвенција, истиот ден, т.е. на 2 јуни 1912 година била потпишана Спогодбата за воените планови, правците на дејствувањето и операциите против Турција. Поради некои несогласувања во оценката на значењето на Вардарското и на Маричкото боиште во септември 1912 година била потпишана спогодба со која биле намалени обврските на бугарската војска кон Вардарското боиште.

Бугарско-грчки одбранбен сојуз

уреди

Види Договор за одбранбен сојуз и меѓу Бугарија и Грција

Бугарско-грчките преговори започнале, исто така, во 1911 година и биле набрзо прекинати поради спорот околу поделбата на Македонија. На иницијатива на грчката влада преговорите биле обновени во март, а договорот бил склучен во мај 1912 година. Тој бил одбранбен сојуз за меѓусебни помагања и заеднички настапувања спрема Турција и големите сили. Покрај договорот Грција и Бугарија потпишале и декларација со која се предвидувала неутралност на Бугарија спрема Грција ако таа, поради Крит, се најде во воена состојба со Турција. Воената конвенција што ја потпишале истата година предвидувала заедничко ангажирање на воени сили на Вардарското и на Маричкото боиште: Бугарија да ангажира најмалку 300.000, а Грција најмалку 120.000 војници. Грчката флота имала задача да го спречи сообраќајот во Егејското Море меѓу Мала Азија и европскиот дел на Турција.

Бугарската војска била претежно насочена кон Маричкото војувалиште, односно во Тракија. Царот Фердинанд жестоко се спротивставувал да го потпише членот 2 од Договорот, односно членот 3 од Воената конвенција што биле насочени против Австроунгарија, но под притисок на руската влада и од кабинетот на Иван Гешов, царот го потпишал Договорот. Два месеца по потпишувањето на Договорот, при своите посети на Берлин и на Виена, Фердинанд ја застапувал тезата дека Бугарија не може да се откаже од своите претензии за обединување со Македонија и со Тракија, но дека, во последен момент, откако ќе биде создадена голема Бугарија ќе се пресмета со Србија и ќе му пристапи на Балканскиот сојуз.

Предвоена пропаганда

уреди

Види Предвоена пропаганда во Балканските војни

Бугарската влада во време на интензивната пропаганда и подготовките на Балканската војна максимално ги користела условите за потпишување на српско-бугарската спогодба, особено договорот со кој Бугарија се откажала од решенијата на прелиминарниот Санстефански договор и алтернативата дека на Македонија ќе ѝ се даде автономија. Тоа било решавачко за македонската емиграција, интелигенцијата и речиси сето население, да се определи во Балканската војна да учествува на страната на Бугарија.

Прва балканска војна

уреди

Види Македонија во Првата балканска војна, Прва балканска војна

Лондонски мир

уреди

Види Лондонски мировен договор

Втора балканска војна

уреди

Види Македонија во Втората балканска војна

Мировната конференција во Букурешт

уреди

Види Македонија и Мировната конференција во Букурешт

На 30 јули 1913 година почнува мировната конференција во Букурешт на која присуствувале претставници на завојуваните земји и на шест големи сили. Поделбата на Македонија - најтежок проблем на конференцијата.

Големите сили во Букурешт

уреди

Во меѓувреме и турската војска ја поминала бугарската граница. Царот Фердинанд не сакал директни преговори со Србија и со Грција, чекал помош од големите сили, а во Софија состојбата станувала сè потешка, дури хаотична. Во таква состојба, царот Фрањо Јосиф го известил царот Фердинанд дека Австроунгарија нема да дозволи иднината на Бугарија да зависи од воената среќа, а неговата влада предложила колективен демарш од големите сили до Белград и Атина за завршување на војната.

Во исто време, Австроунгарија барала големите сили да извршат поделба на територијата на Македонија меѓу балканските земји и да ги присилат таа поделба да ја прифатат. Англија го прифатила овој предлог под два услова: да се воспостави заедничка граница меѓу Србија и Грција, и Бугарија да добие излез на Егејското Море. Германија сметала дека е најдобро претставниците на завојуваните страни да се состанат во Букурешт и во присуство на претставници на големите сили да склучат мир. Русија ги прифатила предлозите и веднаш барала од бугарската влада да испрати свој претставник во Ниш, кој ќе се сретне со Пашиќ и со Венизелос и да го потпише прелиминарниот договор. Бугарската влада го прифатила овој предлог и на 20 јули 1913 година ги испратила во Ниш генералот Паприков и д-р Иванчев, а со нив допатувал и рускиот воен аташе во Софија, полковник Романовски.

Меѓутоа, Србија и Грција не сакале да ги прекинуваат непријателствата додека Бугарија не потпише мир, а не прелиминарно примирје. Потоа, Бугарија морала да даде гаранции дека нема да ги повторува воените дејства, а на Романија ѝ ја отстапила бараната територија, со што романските воени цели биле исполнети, па дури тогаш претседателот на романската влада Титу Мајореску, ги замолил Пашиќ и Венизелос да ги прекинат воените дејства и да дојдат на преговори во Букурешт.

Исклучување на Турција од мировниот процес

уреди
 
Болница кај село Табановце, за време на борбите во Куманово, 1912 година.

Српските и грчките претставници охрабрени со дотогашните победи барале преговорите да се водат во Ниш и на Бугарија да ѝ ги диктираат условите за мир. Романија, која ја имала улогата на посредник меѓу големите сили и балканските земји, на Србија и го пренела решителниот став на Австроунгарија дека нема да дозволи Србија и Грција да се пробиваат кон Софија, како ни српска офанзива кон Видин и Белоградчик, бидејќи Видин не може да биде српски, а ако не биде бугарски, тогаш ќе биде романски. Романија ја предупредила Грција дека доколку не се согласи на потпишување на прелиминарниот мир и на мировниот договор во Букурешт, тогаш таа (Романија) ќе стапи во сепаратен договор со Бугарија. Под силен притисок на Романија и на големите сили, Србија и Грција прифатиле да учествуваат на преговорите во Букурешт.

На 25 јули 1913 година, српската врховна команда наредила да се прекинат сите офанзивни дејства против Бугарите и на достигнатите линии да се утврдат за одбрана. Турција упатила молба да учествува на преговорите во Букурешт. Нејзината молба била одбиена со изговор дека на конференцијата ќе се разгледуваат прашања поврзани исклучиво со поделба на територија меѓу балканските христијански држави, односно за поделбата и асимилацијата на христијанска Македонија, која со векови опстојувала како цела и засебна од соседите, во рамките на Османлиското Царство.

На 30 јули 1913 година почнала мировната конференција во Букурешт во присуство на претставници на шест големи сили. Делегациите на балканските земји ги предводеле претседателите на владите, освен бугарската. Со конференцијата претседавал претседателот на Романија Титу Мајореску. Конференцијата работела на пленарни седници и во посебни седници на воените делегации. Покрај тоа, за одредени прашања биле формирани посебни комисии и биле одржани одделни седници. Конференцијата се одржувала во мошне заострена состојба, секој час постоела можност да биде прекината поради посебните интереси на големите сили или на балканските земји.

Сепак, на 31 јули 1913 година биле прекинати воените дејства и било потпишано прелиминарно примирје под следните услови:

  1. Демаркационата линија да биде повлечена на еднакво растојание од местата каде што се наоѓале претстражите на 31 јули во 12.00 часот и да биде одбележена со бели знаменца;
  2. Прекинот на непријателствата ќе трае пет дена и ќе започне на 31 јули напладне по средноевропско време;
  3. Движењето на трупите и нивното снабдување, од која и да е природа, зад линијата на претстражата нема да се спречува;
  4. Завојуваните страни, една на друга ќе ѝ ги соопштат сегашните позиции за да престанат непријателствата на сите места во исто време;
  5. Врховните команди на завојуваните земји под итно да ги известат сите единици за прекинувањето на непријателствата за да можат да се издаваат други потребни наредби;
  6. Да се применуваат одредбите на членовите 40 и 41 од конвенциите кои се однесуваат на копнените војни.

Последици од Балканските војни

уреди

Види Македонија и Мировната конференција во Букурешт

Наводи

уреди
  1. Egidio Ivetic, Le guerre balcaniche, il Mulino – Universale Paperbacks, 2006, p. 63
  2. „THE BALKAN WARS“. US Library of Congress. 2007. Посетено на 2008-04-15.

Надворешни врски

уреди