Фудбалска репрезентација на Аргентина
Фудбалска репрезентација на Аргентина — државна фудбалска репрезентација на Аргентина под раководство на Аргентинскиот фудбалски сојуз (АФА). Аргентина има освоено најмногу меѓународни титули од било кој друга репрезентација (19), рекорд кој го дели само со Уругвај.[3]
Прекари(и) | La Albiceleste (Бело и небесно сино) | ||
---|---|---|---|
Сојуз | АФА | ||
Конфедерација | КОНМЕБОЛ | ||
Селектор | Хорхе Сампаоли | ||
Капитен | Лионел Меси | ||
Најмногу настапи | Хавиер Занети (145)[1] | ||
Најдобар стрелец | Лионел Меси (56)[2] | ||
Домашен стадион | Ел Монументал | ||
| |||
Пласман на рангирањето на ФИФА | |||
Моментално | 1 (октомври 2016) | ||
Највисок | 1 (март 2007) | ||
Најнизок | 24 (август 1996) | ||
Прв меѓународен натпревар | |||
Уругвај 0 - 6 Аргентина (Монтевидео, Уругвај; 20 јули 1902) | |||
Најголема победа | |||
Аргентина 12 - 0 Еквадор (Монтевидео, Уругвај; 22 јануари 1942) | |||
Најлош пораз | |||
Чехословачка 6 - 1 Аргентина (Хелсингборг, Шведска; 15 јуни 1958) Уругвај 5 - 0 Аргентина (Гвајакил, Еквадор; 16 декември 1959) Аргентина 0 - 5 Колумбија (Буенос Аирес, Аргентина; 5 септември 1993) | |||
Светско првенство | |||
Учества | 14 (првпат во 1930) | ||
Најдобар резултат | 1 место, 1978 и 1986 | ||
Копа Америка | |||
Учества | 37 | ||
Најдобар резултат | 1 место, 1921, 1925, 1927, 1929, 1937, 1941, 1945, 1946, 1947, 1955, 1957, 1959, 1991, 1993 |
Аргентина е една од најуспешните фудбалски репрезентации во светот, а моментално е на првото место на Светската ранг-список на ФИФА.[4] Репрезентацијата двапати го има освоено Светското првенство во фудбал во 1978 и во 1986. Аргентина го освоила Јужноамериканското првенство 14 пати, рекорд кој го споделува со Уругвај, и го освоила Купот на конфедерации во 1992 година и Олимпискиот фудбалски турнир во 2004 и 2008 година.
Аргентина, Бразил и Франција се единствените три репрезентации кои ги освоиле трите најважни машки титули признати од ФИФА: Светското првенство, Купот на конфедерации и Олимписките игри. Трите репрезентации исто така го освоиле и соодветното континентално првенство (Копа Америка за Аргентина и Бразил и Европското првенство за Франција).[5][6]
Историја
уредиРана историја (1902-1947)
уредиРепрезентацијата на Аргентина својот прв натпревар во историјата го одиграла во 1901 година против Уругвај завршен со победа на Аргентина со 2-3.[7] На 20 јули година дена подоцна, репрезентацијата го одиграла и својот прв официјален натпревар исто така против Уругвај во Монтевидео и победиле со 6-0.[8][9] Составот на Аргентина во тој натпревар бил: Хосе Бурука Лафорија (Баракас), Вилијам Лесли (Килмес), Валтер Бученан (Алумни), Едуардо Патрисио Дуган (Белграно), Карлос Х. Бученан (Алумни), Ернесто Браун (Алумни), Едвард О. Морган (Килмес), Хуан Хосе Мур (кап.) (Алумни), Хуан О. Андерсон (Ломас), Карлос Едгар Дикинсон (Белграно), Хорхе Браун (Алумни); головите ги постигнале Дикинсон, Аримало, Морган, Карве Уриосте, Андерсон и Х. Браун.[10] Тој натпревар против Уругвај бил првиот официјален меѓународен натпревар одигран надвор од границите на Британија. Треба да се напомене дека Аргентина и Уругвај исто така го држат рекордот по бројот на одиграни натпревари имеѓу две држави. Во својата богата историја овие две репрезентации се сретнале повеќе од 180 пати[11].
Во 1912 година Аргентина станала членка на ФИФА, а од 1916 година е членка на КОНМЕБОЛ. Првиот успех Аргентина го остварила во 1916 година на домашен терен, освојувајќи го сребрениот медал на првиот јужноамериканско континентално првенство. Со една победа (6-1 против Чиле) и две ремија (против Бразил и Уругвај) биле доволни само за втората позиција и сребро додека златото го освоил Уругвај.[12]. Првиот златен медал Аргентина го освоила на првенството во 1921 година како домаќин. После три сребра и една бронза, Аргентина убедливо завршила на првото место, со три победи од три натпревари, без примен гол[13]. Следниот златен медал го освоиле после четири години, повторно како организатори на турнирот[14]. Следната година освоиле сребро[15] а своето прво злато надвор од својте граници го освоиле во Перу[16].
Својот прв настап на Олимписките игри Аргентина го имала во Амстердам во 1928 година. После три убедливи победи (САД 11-2, Белгија 6-3, Египет 6-0) се пласирале во финалето. Првиот натпревар бил завршен без победник 1-1, па во преигрувањето на 13 јуни 1928, Уругвај победил со 1-2 и го освоил златниот медал[17][18].
Следната година, репрезентацијата ја одбранила титулата освоена пред две години во Перу и на тој начин ја потврдува својата доминација на континенталните првенства на Јужна Америка[19].
Својот прв натпревар на Светските првенства Аргентина го одиграла на 15 јули 1930 година против Франција. Единствениот гол на тој натпревар, а и прв историски на светските првенства за Ла Абиселесте го дал Луис Монти во 81-вата минута од натпреварот со кој аргентинците победиле со 1-0. После таа победа, следувале и победи над Мексико, Чиле, и во полуфиналето со убедливи 6-1 победена е репрезентацијата на САД. Во финалето на Светското првенство 1930 ги чекал двобој со домаќинот на првенството Уругвај. Тоа финале се одиграло на 30 јули 1930 во Монтевидео во кое иако Аргентина имала предност на полувремето од 1-2 на крајот загубила со 4-2, и морала да се задоволи само со второто место.[20]. На следното светско првенство 1934 одиграно во Италија, Аргентина била елиминирана уште во првиот круг на натпреварување иако двапати водела во натпреварот против Шведска на крајот загубила со резултат 2-3.[21].
Следната година, Аргентина го загубила престолот и на јужноамериканскиот континент откако на првенството на Јужна Америка го освоила второто место на табелата препуштајќи му го златото одново на Уругвај[22]. Меѓутоа само две години подоцна во 1937 година Аргентина одново станала континентален првак, по освојувањето на првото место на првенството во кое влегла како организатор, стигајќи вкупно до петтата шампионска титула, односно четврта која била освоена пред својте навивачи на домашен терен. До титулата аргентинците дошле после победата со 2-0 над Бразил во плејоф натпревар, кој бил одигран дополнително бидејќи двете репрезентации првично имале ист број на бодови.[23]. Следната година Аргентина не настапила на Светското првенство како ни на јужноамериканското првенство 1939. Затоа пак, на следните пет првенства на Јужна Америка, освоиле четири златни (1941, 1945, 1946 и 1947) и еден сребрен медал (1942) сите под водство на селекторот Гуљелмо Стабиле.[24].
Период на транзиција (1947-1974)
уредиДолгото отсуство од турнирите (1947-1955)
уредиПосле серијата одлични настапи на првенствата на Јужна Америка уследиле неколку неславни години на фудбалската репрезентација на Аргентина во периодот од (1947-1955 година). Најпрво се повлекле од Светското првенство 1950 кое се одржало во Бразил поради конфликт со Фудбалскиот сојуз на Бразил додека на Светското првенство 1954 кое се играло во Швајцарија воопшто не учествувале. Истиот случај бил и со Јужноамериканските првенства, на кои Аргентина не учествувала во 1949 и 1953 година. Во меѓувреме земјата била организатор на Панамериканските игри, турнир за кој од организацијата се повлекол Бразил.[25].
"Los Carasucias" и Катастрофата во Шведска (1955-1967)
уредиПосле две отсуства од јужноамериканските првенства Аргентина се вратила на турнирот во 1955 година во Чиле каде станале шампиони[26]. Следната година Аргентина го освоила третото место[27] за во 1957 повторно да се вратат на врвот и во 1959 да ја одбранат титулата освоена прд две години.[28][29].
На Јужноамериканското првенство 1957 фудбалерите на Аргентина добиле прекар Los Carasucias (превод на мак. валкани лица) во споредба со децата кој валкано играат фудбал на улица, чиј стил на играње со дриблинг станал како знак на идентитетот на аргентинскиот фудбал. Во меѓувреме, Аргентина после три пропуштени Светски првенства учествувала на Светското првенство во фудбал 1958 играно во Шведска. Со една победа (над Северна Ирска) и два порази (од Западна Германија и Чехословачка) сосема неочекувано аргентинците завршиле на дното на табелата[30]. Токму на ова првенство репрезентацијата го забележала и еден од двата најубедливи порази во својата историја, кога на 15 јуни 1958 биле поразени во Хелсингборг од Чехословачка со 6-1. Сиромашниот настап во аргентинската јавност бил наречен El desastre de Suecia (превод на мак. Катастрофата во Шведска) и предизвикал бес кај навивачите, кој околу 10 000 ги дочекале при враќањето во татковината на аеродромот Ezeiza за да ги исмејуваат и навредуваат.[31]. За лошиот настап на Светското првенство во Шведска, Аргентина се искупила следната година на јужноамериканското првенство каде биле и организатори на турнирот. Треба да се напомене дека во 1959 година, е единствениот случај кога јужноамериканското првенство бил одржан двапати во една иста година, 7 март - 4 април во Аргентина и 5-27 декември во Еквадор. Во декемвриското првенство Аргентина го завршила својот настап на второто место забележувајќи го вториот најубедлив пораз во својата историја со 5-0 од Уругвај, кои подоцна и ја освоиле титулата.[32].
На Олимписките игри 1960 одржани во Рим, Аргентина го завршила натпреварувањето на во групната фаза. Пресуден бил поразот од Данска во првото коло со 2-3[33]. На Светското првенство 1962 во Чиле забележала скромен учинок, по една победа,(против Бугарија), еден пораз (против Англија) и еден нерешен резултат (против Унгарија) но не доволно за пласман во четвртфиналето[34]. Настапот на јужномамериканското првенство во 1963 година во Боливија на Аргентина и донел бронзен медал.[35]. Во 1964 година Аргентина по третпат се квалификувала на Олимписките игри. Во Токио забележале едно реми (против Гана) и пораз (против Јапонија) па така го завршиле своето натпреварување уште во првата фаза.[36]. На следното Светско првенство во 1966 година во Англија, гаучосите стигнале до четвртфиналето, каде биле поразени од домаќинот, кој подоцна се испоставил како шампион на тој турнир.[37]. Година дена подоцна во Уругвај на последното Јужноамериканско првенство одиграно под ова име Аргентина го освоила второто место, со пораз во поледното коло на натпреварувањето од домаќинот.[38].
Период на стагнација (1967-1974)
уредиВо 1969 година, Аргентина ги започнала квалификациите за Светското првенство 1970 под водство на селекторот Адолфо Педернера. Аргентина се нашла во квалификациска група со Боливија и Перу, и ги загубила првите два натпревари одиграни на гости. Иако Аргентина победила во следниот натпревар против Боливија со 1-0, ремито 2-2 против Перу во последното квалификациско коло (натпревар игран на Ла Бомбонера) му донело пласман на Светското првенство како еден од претставниците на Јужна Америка на перуанскиот состав, елиминирајќи ја Аргентина.[39] До денес, тоа е единственото Светско првенство во историјата за кое Аргентина не успеала да се квалификува.[40]
По фрустрација во 1969 година, сојузот за селектор на репрезентацијата го назначила Хуан Хосе Пицути, кој го освоил Интерконтиненталниот куп со Расинг Клуб три години пред тоа. Пицути бил селектор во текот на три години, во кои Аргентина одиграла неколку пријателски натпревари против јужноамериканските екипи, во кој е вклучена и титулата на Рока купот во 1971 година (поделена со Бразил). Во 1972 година, Пицути бил заменет на селекторската клупа со Омар Сивори. Сивори успеал да ја квалификува Аргентина на Светското првенство 1974 во Западна Германија, откако во квалификациската група Аргентина била подобра од Парагвај и Боливија, но откако обезбедил пласман на мундијалот Сивори ја напуштил селекторската функција и бил заменет со Владислао Кап.[41] На Светското првенство Аргентина стигнала до втората фаза по групи. Претходно успешно ја минале првата групна фаза со една победа (против Хаити 4-1), реми (Италија 1-1) и пораз (Полска 2-3) и подобра гол-разлика од Италија. Втората групна фаза во која се нашла Аргентина била прејака, и веќе после првиот натпревар во кој загубиле со 0-4 од Холандија се видело дека нема да можат многу да сторат. Вториот пораз од Бразил и математички потврдил дека Аргентина нема да мине понатаму.[42]
Почетокот на славните години и првата титула Светски првак (1974-1982)
уредиПо колапсот на екипата на Светското првенство го принудила фудбалскиот сојуз да направат промени во аргентинскиот фудбал. Давид Бракуто бил назначен за претседател на фудбалската асоцијација во 1974 година. Тој му понудил на Сесар Луис Меноти да биде нов селектор на Аргентина. Меноти прифатил но под негови услови, а еден од нив бил дека домашните играчи под 25 години не треба да бидат продадени на странски клубови.[43] Меноти дебитирал на клупата на Аргентина на 12 октомври 1974, во пријателски натпревар против Шпанија. За следното Светско првенство, Аргентина не играла квалификации бидејќи и била доделена организацијата на првенството, односно да биде домаќин на првенството.
После осум години неиграње на јужноамериканското првенство, натпреварувањето повторно било воспоставено и воедно преименувано во Копа Америка. На првото првенство на Копа Америка, Аргентина го завршила својот настап во групниот дел на натпреварување со половичен учинок. Доживеале два порази и забележиле две победи.[44]
Светски првак 1978
уредиАргентинската репрезентација својата прва титула светски првак ја освоила на домашен терен на Светското првенство 1978. Тоа била генерацијата во која играле Марио Кемпес, Леополдо Луке, Даниел Бертони, Рене Хаусман, Даниел Пасарела, Алберто Тарантини, Освалдо Ардилес итн.
|
После долгите подготовки за првенството, Аргентина го отворила првенството на 2 јуни 1978 година со победата од 2-1 над Унгарија, иако унгарците први повеле со головите на Луке и Бертони аргентинците успеаледа направат пресврт. Во второто коло од групната фаза Аргентина се сретнала Франција, запишувајќи уште една победа и повторно со истиот резултат како и во првото коло 2-1. Со таа победа Аргентина веќе се пласирала понатаму, како и Италија која после победата над Франција (во првото коло) ја победила и Унгарија, па во последното коло натпреварот Аргентина-Италија директно одлучувал за првото место во групата, но на Аргентина и било потребна победа бидејќи во случај на нерешен резултат Италија би била прва поради подобрата гол-разлика. Натпреварот се одиграл на 10 јуни 1978 и завршил со победа на Италија до 1-0, што значи дека Италија го освоила првото место во групата а Аргентина второто, но и двете репрезентации поминале понатаму во втората групна фаза во која ќе бидат во различни групи. Во втората групна фаза Аргентина се нашла во група со репрезентациите на Полска, Бразил и Перу. Во првиот натпревар од втората фаза Аргентина забележала победа со 2-0 над Полска со головите на Марио Кемпес. Вториот натпревар против Бразил завршил без голови 0-0, па околу тоа кој ќе биде финалист одлучувале натпреварите од последното коло во групата; неколку часа пред Аргентина да го одигра својот последен натпревар од групата Бразил ја победил Полска со 3-1 и на тој начин на Аргентина за прво место во групата и пласман во финалето и била потребна победа над Перу со најмалку 4 гола разлика. После првото полувреме Аргентина водела со 2-0, а на крајот победила со 6-0 и на тој начин се пласирала во финалето; по два гола во овој натпревар постигнале Кемпес и Луке а по еден Тарантини и Хаусман. Во финалето на 11-тото Светско првенство играле Аргентина и Холандија. Финалето се одиграло на 25 јуни 1978 на Стадионот Монументал во Буенос Аирес каде преку 70.000 гледачи се собрале во исчекување и надеж дека нивната репрезентација конечно ќе стане Светски шампион. Аргентина повела со голот на Кемпес во 37-мата минута и долго водела сè до осум минути пред крајот кога холанѓаните изедначиле со голот на Дик Нанинга. По 90 минути игра резултатот останал непроменет што значи дека се играле продолженија. Кон крајот на првото продолжение со вториот гол на Кемпес Аргентина повторно дошла до водство, а во 115-тата минута гол постигнал и Бертони и на тој начин ја заверил победата на Аргентина во овој натпревар и репрезентацијата за првпат во својата историја станала Светски првак.[45][46]
Следната година Аргентина не била толку супериорна на Копа Америка; во 4 натпревари доживела 2 порази и во одлучувачкиот натпревар против Бразил одиграла нерешено 2-2.[47]
Времето на Марадона и втората титула светски првак (1982-1994)
уредиПо неуспехот на Копа Америка, Аргентина како бранител на титулата обезбедила учество на следното Светско првенство 1982 во Шпанија. Иако настапот на репрезентацијата во Шпанија бил под знак прашање бидејќи земјата се борела во Фокландската војна, сепак се одлучиле Аргентина да учествува на Светското првенство.
Составот главно бил заснован на играчите од претходното Светско првенство во 1978 година со додавање на Диего Марадона (кој го освоил домашното првенство и бил во одлична форма) и Рамон Дијаз. Репрезентацијата пристигнала во Шпанија како голем фаворит за освојување на првенството, меѓутоа изненадувачки Аргентина го отвори првенството со пораз од Белгија со 0-1 на Камп Ноу во Барселона. После поразот имало внатрешни тензии во соблекувалната на селекцијата помеѓу постарите и помладите играчи, што предизвикало проблеми. Сепак, екипата набргу се вратила на победничките патеки и со двете победи над Унгарија (4-1) и Ел Салвадор (2-0) се квалификувале за следната фаза како второпласирана екипа од групата 3. Во вториот круг, Аргентина се нашла во група со Италија и Бразил, и била поразен од страна и на двете репрезентации (3-1 и 2-1) по што биле елиминирани и го препуштиле престолот на Италија. Ниту Марадона не можел да ги покаже своите вистински квалитети за време на турнирот, бидејќи страдал од грубата игра на противниците над него (особено на Клаудио Џентиле на натпреварот против Италија); во последниот натпревар на турнирот тој бил исклучен поради удирање во препоните на бразилскиот играч Жоао Батиста.[48][49]
|
Неуспехот на Светското првенство го натерал Меноти да ја напушти функцијата. И покрај слабите перформанси, репрезентацијата освоила две светски титули (сениорски и младински) во текот на 9 години со Меноти како селектор.[50][51] На местото на Меноти, фудбалскиот сојуз одлучил да го назначи Карлос Билардо, тренер кој истата сезона го освоил Метрополитано пренството со Естудијантес. Дебито на големите турнири Билардо го имал на Копа Америка 1983, но без успех бидејќи Аргентина не успеала да ја мине групната фаза. Иако во првото коло го победиле Бразил, во следните три натпревари одиграле нерешено (еднаш против Бразил и двапати против Еквадор) што не било доволно за пласман понатаму.[52] Сепак, Билардо потоа успеал да ја квалификува Аргентина за Светското првенство во 1986 во Мексико, освојувајќи го првото место во групата со Колумбија, Венецуела и Перу.
Светски првак (1986)
уредиНа Светското првенство 1986 играно во Мексико 1986 Аргентина по вторпат во својата историја станал светски шампион. Во групната фаза на натпреварување репрезентацијата остварила две победи: против Јужна Кореја (3-1) и Бугарија (2-0) и реми против Италија (1-1). По освоеното прво место во групата во осминафиналето противник им била репрезентацијата на Уругвај. Единствениот гол на натпреварот уште во првото полувреме го постигнал Педро Пашули и така на Аргентина и обезбедил пласман во четвртфиналето. Таму Аргентина се соочила со Англија, предводена од легендарниот Гари Линекер, и изгледала супериорно победувајќи со 2-1 со два гола на Марадона (од кој едниот со рака, кој подоцна самиот го нарекол Божја рака). Во полуфиналето Аргентина играла против Белгија и како и во претходниот натпревар победила (2-0) со два гола на Марадона за пласман во финале. Во финалето играно на 29 јуни 1986, играно на стадионот Ацтека, Аргентина ја победила Западна Германија со 3-2. Иако Аргентина имала убедливо водство од 2-0 на 15-тина минути пред крајот со головите на Хосе Луис Браун и Хорхе Валдано, Западна Германија успеала да изедначи на 5 минути пред крајот со головите на Румениге и Руди Фелер, но сепак три минути подоцна Хорхе Буручага го поставил конечниот резултат и Аргентина по вторпат станала светски првак.[53][54]
Следната година Аргентина како домаќин учествувала на Копа Америка 1987, и го освоила дури 4-тото место.[55], а две години подоцна, на Копа Америка 1989 во Бразил, стигнала до бронзен медал.[56]
Финале на СП 1990 и златните години на Копа Америка (1990-1994)
уредиНа Светското првенство 1990 играно во Италија, Аргентина влегла како бранител на титулата и на почетокот била во група со Советскиот Сојуз, Романија и Камерун. Во првиот натпревар неочекувано Аргентина доживеала пораз од Камерун на Роже Мила, и на тој начин им се повторило истото сценарио како и во Шпанија на Светското првенство 1982 кога исто така како актуелни светски шампиони загубиле на отворањето на првенството со истиот резултат 0-1 но тогаш од Белгија. Во второто коло забележале победа со 2-0 над Советскиот Сојуз, а во третото коло Аргентина и Романија ги поделиле бодовите играјќи 1-1, баш онака како што им одговарало и на двете репрезентации за пласман во осминафиналето. Во осминафиналето Аргентина играла против Бразил и победила со 1-0, а единствениот погодок вреден четвртфинале за својата репрезентација го постигнал Клаудио Каниџа на 10 минути пред крајот. Во четвртфиналето противник на Abiceleste била репрезентацијата на Југославија. После регуларниот дел од натпреварот и продолженијата од двапати по 15 минути неамо голови па се пристапило кон изведување на пенали. Во пенал-рулетот Аргентина била подобра и победила со 3-2, а како одлучувачка се покажала последната петта серија во која Густаво Децоти погодил за Аргентина додека на другата страна за Југославија промашил Фарук Хаџибегиќ. Во полуфиналето Аргентина за противник го имала домаќинот на првенството, репрезентацијата на Италија и после уште едно реми по 120 минути игра (овојпат 1-1) одново пласманот понатаму аргентинците го обезбедиле по изведувањето на пенали, овој пат било 4-3; откако по првите три серии репрезентациите биле без промашен пенал први попуштиле италијаните а непрецизни биле Донадони и Серена. Во финалето на Светското првенство противник на Аргентина и била Западна Германија, која победила во финалето со 1-0 со голот на Андреас Бреме од пенал на 5 минути пред крајот.[57][58]
Следната година во Чиле Аргентина супериорно триумфирала на Копа Америка.[59] Година дена подоцна учествувале на новиот турнир под покровителство на ФИФА познат по тогашното име Турнир на Кралот Фахд, а 4 години подоцна името му било променето во ФИФА Куп на конфедерации. На турнирот учествувале 4 екипи, тогашните актуелни шампиони од четирите континенти: Јужна Америка - Аргентина, Африка - Брегот на Слоновата Коска, Северна Америка - САД и актуелниот шампион на Азија и воедно организатор на турнирот Саудиска Арабија. Првиот натпревар на тој турнир Аргентина го одиграла против Брегот на Слоновата Коска и со два рани гола на Габриел Батистута веќе го скршила отпорот на противникот и до крајот забележале убедлива победа со 4-0 и пласман во финалето. Во финалето играле Аргентина и домаќинот, Саудиска Арабија. Аргентина победила со 3-1 и така станалапрвата репрезентација која го освоила Турнирот на Кралот Фад, подоцна познат под името Куп на конфедерации.[60] На Копа Америка 1993 во Еквадор Аргентина повторно го освоила златниот медал и ја одбранила титулата освоена пред две години во Чиле.[61]
Годините кон крајот на векот и почетокот на следниот (1995-2004)
уредиЕрата на Пасарела
уредиВо август 1994 година, улогата на селектор на Аргентина му била доделена на Даниел Пасарела, капитен на златната генерација на abiceleste која во 1978 година станала светски шампион. Во јануари 1995 година, Аргентина загубила во финалето на Купот на Кралот Фахд, освоен три години порано. Поразот дошол од европскиот шампион Данска со 2-0. Потоа, репрезентацијата без проблеми се квалификувала за Светското првенство 1998, со освојување на Јужноамериканската квалификациска група, кој била без Бразил, кој како светски шампион од претходното првенство стекнал право директно да учествува во Франција '98. Со една квалитетна генерација на фудбалери во која играле: Роберто Ајала, Хосе Антонио Шамот, Матијас Алмеида, Клаудио Лопес, Диего Пабло Симеоне, Габриел Батистута, Ариел Ортега, Хуан Себастијан Верон, Хавиер Санети, Абел Балбо, Ернан Креспо, Марсело Галјардо итн. Аргентина била еден од фаворитите за освојување на турнирот. Тие започнале супериорно на француското тло со три победи во низа во групната фаза, против Јапонија (1-0), Јамајка (5-0) и Хрватска (1-0). Во осминафиналето Аргентина ја елиминирала Англија по изведување на пенали со 4-3 (резултатот бил 2-2 по продолженијата). Во четвртфиналето против Холандија, екипата на Пасарела многу брзо се нашла во негатива, но успеала да изедначи со гол на Клаудио Лопес. Сепак, на една минута до крајот на регуларното време Денис Бергкамп постигнал гол со кој ја одвел својата селекција во полуфиналето и ја елиминирал Аргентина.
После елиминацијата, Пасарела бил обвинет од страна на јавноста и медиумите за премногу дефанзивниот стил на игра во натпреварот против Холандија. Во септември 1998 година, тој ја напушти клупата на Selección и бил заменет со Марсело Биелса.
Ерата на Биелса
уредиНовиот селектор донел конкретен стил на игра. Аргентина, не учествувала на Копа Америка 2001 во Колумбија (на 10 јули, во пресрет на првиот натпревар, дале известување за својата одлука и се пожалиле на смртни закани добиени од нејзините играчи), се квалификувала освојувајќи го првото место во јужноамериканската квалификациска група за Светското првенство 2002, со 13 тринаесет бодови пред вториот Еквадор, со најдобар напад и најдобра одбрана, и доживеала само еден пораз во осумнаесет натпревари.
Меѓутоа во Јапонија и Јужна Кореја дошло големо разочарување. По тесната победа против Нигерија, Аргентина загубила од Англија. Во последниот натпревар, против Шведска, одиграле само 1-1 и сензационално биле елиминирани уште во првиот круг.
И покрај неуспехот на Светското првенство, Билеса останал селектор. Под негово водство аргентинската репрезентација стигнал до финалето на Копа Америка 2004, каде загубиле од Бразил на пенали откако по регуларното време и продолженијата резултатот бил изедначен 2-2. Во август Биелса ја водел екипата на albiceleste до освојување на златниот медал на Олимписките игри во Атина во 2004 година.
Времето на Меси и трите изгубени финалиња (2004-)
уредиЕрата на Пекерман, Басиле, Марадона и Батиста
уредиПо Биелса на клупата на Аргентина дошол Хосе Пекерман, со кој репрезентацијата лесно се квалификувала за Светското првенство во фудбал 2006 во Германија, завршувајќи на второ место во јужноамериканската квалификациска група зад Бразил, но со ист број на бодови како и жолто-зелените. Во Купот на конфедерации 2005 Аргентина стигнала до финалето каде одново биле поразени од Бразил со високи 4-1.
Во пресрет на Светското првенство во 2006 година Пекерман спровел исклучувања: во составот не се нашле Санети, Мартин Демикелис и Верон, најверојатно поради расправија со капитенот Хуан Пабло Сорин. Во нападот повторно се нашол Креспо, со Хулио Круз, Карлос Тевес, Хавиер Савиола и младиот Лионел Меси, подоцна петкратен добитник на златната топка за најдобар фудбалер на годината. Аргентина го започнала турнирот како еден од големите фаворити за конечна победа. По освојувањето на една од најтешките групи во која биле уште и Холандија, Брегот на слоновата коска и Србија и Црна Гора, во вториот круг ја елиминирале репрезентацијата на Мексико со 2-1 по продолженија, пред да го завршат своето учество во четвртфиналето во кое биле поразени од домаќинот Германија на пенали со 4-2 (1-1 бил резултатот по 120 минути).
После првенството Пекерман поднесол ставка и во септември 2006 година бил заменет од Алфио Басиле, кој се вратил на чело на репрезентацијата после 12 години и Светското првенство во 1994 година. Тој ја одвел Аргентина до финалето на Копа Америка 2007 во Венецуела, каде како и пред три години Аргентина одново загубила од Бразил, овојпат со 3-0. Базиле поднесол оставка после поразот во натпреварот против Чиле на 16 октомври 2008 година.
Во октомври 2008 година, АФА ја номинирала аргентинската и светска фудбалска легенда, Диего Марадона како наследник на Басиле на клупата на Аргентина. Тој дебитирал со победата над Венецуела во квалификациите за Светското првенство 2010. Во следните четири натпревари, сепак, тој доживеал исто толку порази (од Боливија, Еквадор, Бразил и Парагвај), примајќи дванаесет гола. Квалификацијата на мундијалот сепак била остварена без играње на плејофот. Одлучувачки биле победите во последните две кола против Перу и Уругвај, кој Аргентина ги добила без некоја посебно добра игра. Интересно, за време на мандатот на поранешниот играч на Барселона и Наполи, Аргентина има четири победи во пријателски натпревари со европски селекции (Шкотска, Франција, Русија и Германија).
Екипата на Марадона за Светското првенство вклучува враќање на Хавиер Санети и Хуан Себастијан Верон во репрезентацијата и доделување на капитенската лента на Лионел Меси добитникот на Златната топка на Фифа за 2009 и 2010 година. Авантурата во Јужна Африка започнала добро, откако Аргентина со три победи во фазата по групи се пласирала понатаму. Меѓу нив се издвојува онаа со 4-1 над Јужна Кореја, во која напаѓачот Гонсало Игуаин постигнал хет-трик. Во нокаут фазата Аргентина сосема случајно се нашла во двобој со истите противници од пред четири години. Во осминафиналето го елиминирала Мексико (повторно со 2-1 и повторно по продоленија), а потоа, како и во 2006 година, била елиминирана од Германија овојпат со убедливи 4-0. Марадона бил отпуштен набргу потоа.
Местото на Марадона го преземал Серхио Батиста, човекот кој ја одвел аргентинската олимписка селекција до златен медал на Олимписките игри во Пекинг. Меѓутоа, Батиста набргу ја напуштил клупата на репрезентацијата по неуспехот на Копа Америка 2011, каде Аргентина била елиминирана во четвртфиналето од Уругвај по изведувањето на пенали.
Ерата на Сабелја; Финалето на Светското првенство 2014
уредиНа 2 август 2011 година Фудбалскиот сојуз на Аргентина го назначил Алехандро Сабелја за заменик на селекторската функција на Батиста.
Под негово водство Аргентина, и покрај нестабилниот почеток, изборила пласман на Светското првенство 2014 како победник во квалификациската група на Јужна Америка со 32 освоени бода и 35 постигнати голови во 16 натпревари.
Во 2014 година на завршницата на Светското првенство во Бразил, Аргентина се вратила во финалето на мундијалите за првпат по 24 години. Екипата на Сабелја стигнал до завршниот чин на настанот поразувајќи ги минимално противниците: дебитантот Босна и Херцеговина (2-1), потоа Иран (1-0) и Нигерија (3-2) во групата, Швајцарија после продолженија во осминафиналето (1-0, гол на Ди Марија), и Белгија во четврт-финалето (1-0, со гол на Игуаин). Во полуфиналето albiceleste ја елиминирале Холандија после изведување на пенали 4-2 откако по продолженијата натпреварот завршил 0-0. Во двобоите од белата точка одлучувачки за Аргентина бил голманот Серхио Ромеро, кој ги неутрализирал обидите на Рон Влар и Весли Снајдер. Во финалето на мундијалот играно на Маракана во Рио де Жанеиро против Германија аргентинците по третпат се нашле во финален натпревар против истиот противник, после победата во 1986 и поразот во 1990. На крајот Германија излегла како победник на првенството, а одлучувачки бил единствениот гол на натпреварот кој го постигнал Марио Геце на седум минути од крајот на продолженијата.
Ерата на Мартино; Двете загубени финалиња на Копа Америка
уредиЕрата на Бауса
уредиНа 1 август 2016 година, сојузот го назначува Едгардо Бауса на клупата на репрезентацијата.
Резултати на репрезентацијата
уредиБрој на медали | ||||
---|---|---|---|---|
Натпреварување | Вкупно | |||
Светско првенство | 2 | 3 | 0 | 5 |
Куп на конфедерации | 1 | 2 | 0 | 3 |
Копа Америка | 2 | 3 | 1 | 6 |
Првенство на Јужна Америка | 12 | 10 | 3 | 25 |
Олимписки игри | 0 | 1 | 0 | 1 |
Панамерикански игри | 6 | 2 | 3 | 11 |
Вкупно | 23 | 21 | 7 | 51 |
Настапи на Светските првенства
уредиСветско првенство | Квалификации за Светско првенство | ||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Домаќин/Година | Рунда | Поз. | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | |
1930 | Финале | 2. | 5 | 4 | 0 | 1 | 18 | 9 | |||||||
1934 | Прва рунда | 9. | 1 | 0 | 0 | 1 | 2 | 3 | |||||||
1938 | Се повлекле | Се повлекле | |||||||||||||
1950 | |||||||||||||||
1954 | Не учествувале | Не учествувале | |||||||||||||
1958 | Групна фаза | 13. | 3 | 1 | 0 | 2 | 5 | 10 | 4 | 3 | 1 | 0 | 10 | 2 | |
1962 | Групна фаза | 10. | 3 | 1 | 1 | 1 | 2 | 3 | 2 | 2 | 0 | 0 | 11 | 3 | |
1966 | Четвртфинале | 5. | 4 | 2 | 1 | 1 | 4 | 2 | 4 | 3 | 1 | 0 | 9 | 2 | |
1970 | Не се квалификувале | 4 | 1 | 1 | 2 | 4 | 6 | ||||||||
1974 | Втора рунда | 8. | 6 | 1 | 2 | 3 | 9 | 12 | 4 | 3 | 1 | 0 | 9 | 2 | |
1978 | Шампиони | 1. | 7 | 5 | 1 | 1 | 15 | 4 | Се квалификувале како домаќини | ||||||
1982 | Втора рунда | 11. | 5 | 2 | 0 | 3 | 8 | 7 | Се квалификувале како шампиони | ||||||
1986 | Шампиони | 1. | 7 | 6 | 1 | 0 | 14 | 5 | 6 | 4 | 1 | 1 | 12 | 6 | |
1990 | Финале | 2. | 7 | 2 | 3 | 2 | 5 | 4 | Се квалификувале како шампиони | ||||||
1994 | Осминафинале | 10. | 4 | 2 | 0 | 2 | 8 | 6 | 8 | 4 | 2 | 2 | 9 | 10 | |
1998 | Четвртфинале | 6. | 5 | 3 | 1 | 1 | 10 | 4 | 16 | 8 | 6 | 2 | 23 | 13 | |
2002 | Групна фаза | 18. | 3 | 1 | 1 | 1 | 2 | 2 | 18 | 13 | 4 | 1 | 42 | 15 | |
2006 | Четвртфинале | 6. | 5 | 3 | 2 | 0 | 11 | 3 | 18 | 10 | 4 | 4 | 29 | 17 | |
2010 | Четвртфинале | 5. | 5 | 4 | 0 | 1 | 10 | 6 | 18 | 8 | 4 | 6 | 23 | 20 | |
2014 | Финале | 2. | 7 | 5 | 1 | 1 | 8 | 4 | 16 | 9 | 5 | 2 | 35 | 15 | |
2018 | Учествуваат во квалификациите | Квалификациите во тек | |||||||||||||
2022 | Ќе учествуваат во квалификациите | Ќе учествуваат во квалификациите | |||||||||||||
Вкупно | 2 Титули | 16/20 | 77 | 42 | 14 | 21 | 131 | 84 | 118 | 68 | 29 | 21 | 216 | 111 |
Настапи на континенталните првенства на Јужна Америка
уредиЈужноамериканско првенство | ||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Домаќин/Година | Рунда | Поз. | ОН | П | Н | И | ДГ | ПГ | ГР | Ref. |
1916 | Вицешампиони | 2. | 3 | 1 | 2 | 0 | 7 | 2 | +5 | [62] |
1917 | Вицешампиони | 2. | 3 | 2 | 0 | 1 | 5 | 3 | +2 | [63] |
1919 | Трето место | 3. | 3 | 1 | 0 | 2 | 7 | 7 | 0 | [64] |
1920 | Вицешампиони | 2. | 3 | 1 | 2 | 0 | 4 | 2 | +2 | [65] |
1921 | Шампиони | 1. | 3 | 3 | 0 | 0 | 5 | 0 | +5 | [66] |
1922 | Четврто место | 4. | 4 | 2 | 0 | 2 | 6 | 3 | +3 | [67] |
1923 | Вицешампиони | 2. | 3 | 2 | 0 | 1 | 6 | 6 | 0 | [68] |
1924 | Вицешампиони | 2. | 3 | 1 | 2 | 0 | 2 | 0 | +2 | [69] |
1925 | Шампиони | 1. | 4 | 3 | 1 | 0 | 11 | 4 | +7 | [70] |
1926 | Вицешампиони | 2. | 4 | 2 | 1 | 1 | 14 | 3 | +11 | [71] |
1927 | Шампиони | 1. | 3 | 3 | 0 | 0 | 15 | 4 | +11 | [72] |
1929 | Шампиони | 1. | 3 | 3 | 0 | 0 | 9 | 1 | +8 | [73] |
1935 | Вицешампиони | 2. | 3 | 2 | 0 | 1 | 8 | 5 | +3 | [74] |
1937 | Шампиони | 1. | 6 | 5 | 0 | 1 | 14 | 5 | +9 | [75] |
1939 | Не учествувале | [76] | ||||||||
1941 | Шампиони | 1. | 4 | 4 | 0 | 0 | 10 | 2 | +8 | [77] |
1942 | Вицешампиони | 2. | 6 | 4 | 1 | 1 | 21 | 6 | +15 | [78] |
1945 | Шампиони | 1. | 6 | 5 | 1 | 0 | 22 | 5 | +17 | [79] |
1946 | Шампиони | 1. | 5 | 5 | 0 | 0 | 17 | 3 | +14 | [80] |
1947 | Шампиони | 1. | 7 | 6 | 1 | 0 | 28 | 4 | +24 | [81] |
1949 | Не учествувале | [82] | ||||||||
1953 | Не учествувале | [83] | ||||||||
1955 | Шампиони | 1. | 5 | 4 | 1 | 0 | 18 | 6 | +12 | [84] |
1956 | 3. | 5 | 3 | 0 | 2 | 5 | 3 | +2 | [85] | |
1957 | Шампиони | 1. | 6 | 5 | 0 | 1 | 25 | 6 | +19 | [86] |
1959 | Шампиони | 1. | 6 | 5 | 1 | 0 | 19 | 5 | +14 | [87] |
1959 | Вицешампиони | 2. | 4 | 2 | 1 | 1 | 9 | 9 | 0 | [88] |
1963 | Трето место | 3. | 6 | 3 | 1 | 2 | 15 | 10 | +5 | [89] |
1967 | Вицешампиони | 2. | 5 | 4 | 0 | 1 | 12 | 3 | +9 | [90] |
26/29 | 113 | 81 | 15 | 17 | 314 | 107 | +207 | |||
Копа Америка | ||||||||||
1975 | Групна фаза | 5. | 4 | 2 | 0 | 2 | 17 | 4 | +13 | [91] |
1979 | Групна фаза | 8. | 4 | 1 | 1 | 2 | 7 | 6 | +1 | [92] |
1983 | Групна фаза | 6. | 4 | 1 | 3 | 0 | 5 | 4 | +1 | [93] |
1987 | Полуфинале | 4. | 4 | 1 | 1 | 2 | 5 | 4 | +1 | [94] |
1989 | Трето место | 3. | 7 | 2 | 3 | 2 | 2 | 4 | -2 | [95] |
1991 | Шампиони | 1. | 7 | 6 | 1 | 0 | 16 | 6 | +10 | [96] |
1993 | Шампиони | 1. | 6 | 2 | 4 | 0 | 6 | 4 | +2 | [97] |
1995 | Четвртфинале | 5. | 4 | 2 | 1 | 1 | 8 | 6 | +2 | [98] |
1997 | Четвртфинале | 6. | 4 | 1 | 2 | 1 | 4 | 3 | +1 | [99] |
1999 | Четвртфинале | 8. | 4 | 2 | 0 | 2 | 6 | 6 | 0 | [100] |
2001 | Не учествувале | [101] | ||||||||
2004 | Финале | 2. | 6 | 4 | 1 | 1 | 16 | 6 | +10 | [102] |
2007 | Финале | 2. | 6 | 5 | 0 | 1 | 16 | 6 | +10 | [103] |
2011 | Четвртфинале | 7. | 4 | 1 | 3 | 0 | 5 | 2 | +3 | [104] |
2015 | Финале | 2. | 6 | 3 | 3 | 0 | 10 | 3 | +7 | [105] |
2016 | Финале | 2. | 6 | 5 | 1 | 0 | 18 | 2 | +16 | [106] |
2019 | Дополнително ќе биде одлучено | |||||||||
2023 | Дополнително ќе биде одлучено | |||||||||
13/14 | 70 | 33 | 23 | 14 | 123 | 64 | +59 | |||
Вкупно | 39/43 | 183 | 114 | 38 | 31 | 437 | 171 | +266 |
Настапи на Купот на Конфедерации
уредиКуп на Конфедерации | ||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Година | Рунда | Позиција | ОН | П | Н* | П | ДГ | ПГ |
1992 | Шампиони | 1. | 2 | 2 | 0 | 0 | 7 | 1 |
1995 | Финале | 2. | 3 | 1 | 1 | 1 | 5 | 3 |
1997 | Не се квалификувале | |||||||
1999 | ||||||||
2001 | ||||||||
2003 | ||||||||
2005 | Финале | 2. | 5 | 2 | 2 | 1 | 10 | 10 |
2009 | Не се квалификувале | |||||||
2013 | ||||||||
2017 | Дополнително ќе биде одлучено | |||||||
2021 | ||||||||
Вкупно | 1 Титула | 3/9 | 10 | 5 | 3 | 2 | 22 | 14 |
Настапи на Олимписките игри
уреди
|
Настапи на Панамериканските игриуреди
|
Титули
уреди- Светско првенство (2) : Аргентина 1978, Мексико 1986
- Копа Америка (14) : Аргентина 1921, Аргентина 1925, Перу 1927, Аргентина 1927, Аргентина 19371, Чиле 1941, Аргентина 1945, Аргентина 1946, Аргентина 1947, Аргентина 1955, Аргентина 1957, Аргентина 1959, Чиле 1991 и Еквадор 1993
- Куп на конфедерации (1) : Саудиска Арабија 1992
Играчи
уредиМоментален состав
уредиСостав на Копа Америка 2019.
|
Статистика на играчите
уредиПоследна промена 12 ноември 2016.
Список на играчи со најмногу настапи
уреди# | Играч | Бр. настапи | Бр. голови | Кариера | Прв настап |
---|---|---|---|---|---|
1. | 143 | 5 | 1994-2011 | 16 ноември 1994 | |
2. | 134 | 3 | 2003- | 16 јули 2003 | |
3. | 116 | 56 | 2005- | 17 август 2005 | |
4. | 115 | 7 | 1994-2007 | 16 ноември 1994 | |
5. | 106 | 11 | 1988-2002 | 14 јули 1988 | |
6. | 97 | 7 | 1983-1994 | 12 мај 1983 | |
7. | 91 | 34 | 1977-1994 | 27 февруари 1977 | |
8. | 87 | 17 | 1993-2010 | 15 декември 1993 | |
9. | 84 | 0 | 2009- | 9 септември 2009 | |
10. | 81 | 17 | 2008- | 6 септември 2008 |
Список на играчи со најмногу постигнати голови
уреди# | Играч | Бр. голови | Бр. настапи | Кариера | Просек |
---|---|---|---|---|---|
1. | 56 | 115 | 2005- | 0.491 | |
2. | 54 | 77 | 1991-2002 | 0.701 | |
3. | 35 | 64 | 1995-2007 | 0.555 | |
4. | 34 | 91 | 1977–1994 | 0.374 | |
5. | 33 | 79 | 2006– | 0.423 | |
6. | 31 | 65 | 2009- | 0.484 | |
7. | 24 | 25 | 1961–1967 | 0.960 | |
8. | 23 | 70 | 1976–1986 | 0.328 | |
9. | 22 | 45 | 1975–1981 | 0.488 | |
29 | 1956–1962 | 0.759 |
Селектори
уредиОд 19241[118]:
|
|
|
Напомена:
- 1 Моментално не се внесени информации околу тоа кој бил селектор во периодот 1901-1924 и 1930-1935 (освен Пашучи, кој бил селектор од 27 мај 1934).[118]
Дресови низ историјата
уредиДомашни
уреди
фinco
2002
|
фinco
2006
|
Гостински
уреди
фinco
2002
|
|||||||||
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 Javier Adelmar Zanetti – Century of International Appearances, rsssf.com; пристапено: 12. 11. 2016.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Lionel Andrés Messi - Goals in International Matches, rsssf.com; пристапено: 12. 11. 2016.
- ↑ Asociación del Fútbol Argentino
- ↑ „FIFA.com – The FIFA/Coca-Cola World Ranking“. Архивирано од изворникот на 2013-12-12. Посетено на 2010-06-29.
- ↑ „FIFA.com – Argentina on FIFA.com“. Архивирано од изворникот на 2007-06-03. Посетено на 2010-06-29.
- ↑ „FIFA.com – Tournaments>“. Архивирано од изворникот на 2014-08-06. Посетено на 2010-06-29.
- ↑ Deportes - Futbol Uruguayo I, eluruguayo.com; пристапено: 2. 2. 2014.
- ↑ Argentina - Uruguay Matches 1902-2009, rsssf.com; пристапено: 2. 2. 2014.
- ↑ Argentina national football team - ARCHIVE, rsssf.com; пристапено: 2. 2. 2014.
- ↑ "Uruguay 0-6 Argentina" on Fútbol Nostalgia
- ↑ Argentina - Uruguay headtohead records, fifa.com Архивирано на 22 октомври 2013 г.; пристапено: 2. 2. 2014.
- ↑ Southamerican Championship 1916, rsssf.com; пристапено: 2. 2. 2014.
- ↑ Southamerican Championship 1921, rsssf.com; пристапено: 2. 2. 2014.
- ↑ Southamerican Championship 1925, rsssf.com; пристапено: 2. 2. 2014.
- ↑ Southamerican Championship 1926, rsssf.com; пристапено: 2. februar 2014.
- ↑ Southamerican Championship 1927, rsssf.com; пристапено: 2 февруари 2014.
- ↑ FOOTBALL TOURNAMENT AT THE GAMEs OF THE iXtH OLYMPIAD, AMsTERDAM 1928, BY TONY BijKERK Архивирано на 7 јули 2014 г.; pristupljeno: 2. 2. 2014.
- ↑ Games of the IX. Olympiad Football Tournament (Amsterdam, Netherlands, May 27 - June 13, 1928), rsssf.com; пристапено: 2. 2. 2014.
- ↑ Southamerican Championship 1929, rsssf.com; pristupljeno: 2. 2. 2014.
- ↑ Hosts Uruguay beat arch-rivals to first world crown, fifa.com Архивирано на 26 декември 2013 г.; пристапено: 2. 2. 2014.
- ↑ Delight for the Azzurri as home advantage tells, fifa.com Архивирано на 30 декември 2014 г.; пристапено: 2. 2. 2014.
- ↑ Southamerican Championship 1935, rsssf.com; пристапено : 2. 2. 2014.
- ↑ Southamerican Championship 1937, rsssf.com; пристапено: 2. 2. 2014.
- ↑ The Copa América Archive - Trivia, rsssf.com; пристапено: 2. 2. 2014.
- ↑ Panamerican Games 1951 (Buenos Aires), rsssf.com; пристапено: 3. 2. 2014.
- ↑ Southamerican Championship 1955, rsssf.com; пристапено: 3. 2. 2014.
- ↑ Southamerican Championship 1956, rsssf.com; пристапено: 3. 2. 2014.
- ↑ Southamerican Championship 1957, rsssf.com; пристапено: 3. 2. 2014.
- ↑ Southamerican Championship 1959 (1st Tournament), rsssf.com; пристапено: 3. 2. 2014.
- ↑ World Cup 1958, rsssf.com; пристапено: 3. 2. 2014.
- ↑ Argentina sufría la peor derrota en un Mundial: "El desastre de Suecia 1958", infobae.com; пристапено: 3. 2. 2014.
- ↑ Southamerican Championship 1959 (2st Tournament), rsssf.com; пристапено: 3. 2. 2014.
- ↑ Games of the XVII. Olympiad Football Tournament (Roma, Italy, 26th August - 10th September 1960), rsssf.com; пристапено: 3. 2. 2014.
- ↑ World Cup 1962, rsssf.com; пристапено: 3. 2. 2014.
- ↑ Southamerican Championship 1963, rsssf.com; pristupljeno: 3. 2. 2014.
- ↑ Games of the XVIII. Olympiad Football Tournament (Tokyo, Japan, October 11 - 23, 1964), rsssf.com; пристапено: 3. februar 2014.
- ↑ World Cup 1966, rsssf.com; пристапено : 3. 2. 2014.
- ↑ Southamerican Championship 1967, rsssf.com; притапено: 3 февруари 2014.
- ↑ „"El día que Perú enmudeció a La Bombonera", FIFA official site“. Архивирано од изворникот на 2011-12-17. Посетено на 2016-11-16.
- ↑ "A 35 años de un fatídico empate contra los peruanos", Página/12, August 31, 2004
- ↑ World Cup 1974 Qualifying, rsssf.com; пристапено: 3. 2. 2014.
- ↑ World Cup 1974 finals, rsssf.com; пристапено: 3. 2. 2014.
- ↑ "Selección, prioridad número uno", AFA website
- ↑ Copa América 1975, rsssf.com; пристапено: 3. 2. 2014.
- ↑ Kempes key as Argentina are crowned with confetti, fifa.com Архивирано на 22 ноември 2014 г.; пристапено: 2. 2. 2014.
- ↑ World Cup 1978 finals, rsssf.com; пристапено: 3. 2. 2014.
- ↑ Copa América 1979, rsssf.com; пристапено: 3. 2. 2014.
- ↑ "Una alegría y un golpe inesperado (1979/1982)", AFA official website
- ↑ "Maradona fue mundialista por primera vez en España" by Javier Estepa, Marca
- ↑ „"Grandes técnicos argentinos: César Menotti" - LaRedó.net“. Архивирано од изворникот на 2012-10-20. Посетено на 2016-11-18.
- ↑ "Historias, curiosidades y estadísticas de la Selección, tras sus primeros 900 partidos", El Gráfico, June 2012
- ↑ Copa América 1983, rsssf.com; пристапено: 3. 2. 2014.
- ↑ World Cup 1986, rsssf.com; пристапено: 3. 2. 2014.
- ↑ Maradona lights up the world – with a helping hand, fifa.com Архивирано на 29 декември 2014 г.; пристапено: 3. 2. 2014.
- ↑ Copa América 1987, rsssf.com; пристапено: 3. 2. 2014.
- ↑ Copa América 1989, rsssf.com; пристапено: 3. 2. 2014.
- ↑ World Cup 1990, rsssf.com; пристапено: 3. 2. 2014.
- ↑ Germany hit winning note as Italian chorus fades, fifa.com Архивирано на 22 ноември 2014 г.; пристапено: 3. 2. 2014.
- ↑ Copa América 1991, rsssf.com; пристапено: 3. 2. 2014.
- ↑ Saudi Arabia 1992: Argentina get the ball rolling, fifa.com Архивирано на 5 септември 2015 г.; пристапено: 6 февруари 2014.
- ↑ Copa América 1993, rsssf.com; пристапено: 3. 2. 2014.
- ↑ Southamerican Championship 1916, rsssf.com; пристапено: 20. 5. 2015.
- ↑ Southamerican Championship 1917, rsssf.com; пристапено: 20. 5. 2015.
- ↑ Southamerican Championship 1919, rsssf.com; пристапено: 20. 5. 2015.
- ↑ Southamerican Championship 1920, rsssf.com; пристапено: 20. 5. 2015.
- ↑ Southamerican Championship 1921, rsssf.com; пристапено: 20. 5. 2015.
- ↑ Southamerican Championship 1922, rsssf.com; пристапено: 20. 5. 2015.
- ↑ Southamerican Championship 1923, rsssf.com; пристапено: 20. 5. 2015.
- ↑ Southamerican Championship 1924, rsssf.com; пристапено: 20. 5. 2015.
- ↑ Southamerican Championship 1925, rsssf.com; пристапено: 20. 5. 2015.
- ↑ Southamerican Championship 1926, rsssf.com; пристапено: 20. 5. 2015.
- ↑ Southamerican Championship 1927, rsssf.com; пристапено: 20. 5. 2015.
- ↑ Southamerican Championship 1929, rsssf.com; пристапено: 20. 5. 2015.
- ↑ Southamerican Championship 1935, rsssf.com; пристапено: 20. 5. 2015.
- ↑ Southamerican Championship 1937, rsssf.com; пристапено: 20. 5. 2015.
- ↑ Southamerican Championship 1939, rsssf.com; пристапено: 20. 5. 2015.
- ↑ Southamerican Championship 1941, rsssf.com; пристапено: 20. 5. 2015.
- ↑ Southamerican Championship 1942, rsssf.com; пристапено: 20. 5. 2015.
- ↑ Southamerican Championship 1945, rsssf.com; пристапено: 20. 5. 2015.
- ↑ Southamerican Championship 1946, rsssf.com; пристапено: 20. 5. 2015.
- ↑ Southamerican Championship 1947, rsssf.com; пристапено: 20. 5. 2015.
- ↑ Southamerican Championship 1949, rsssf.com; пристапено: 20. 5. 2015.
- ↑ Southamerican Championship 1953, rsssf.com; пристапено: 20. 5. 2015.
- ↑ Southamerican Championship 1955, rsssf.com; пристапено: 20. 5. 2015.
- ↑ Southamerican Championship 1956, rsssf.com; пристапено: 20. 5. 2015.
- ↑ Southamerican Championship 1957, rsssf.com; пристапено: 20. 5. 2015.
- ↑ Southamerican Championship 1959 (1st Tournament), rsssf.com; пристапено: 20. 5. 2015.
- ↑ Southamerican Championship 1959 (2nd Tournament), rsssf.com; пристапено: 20. 5. 2015.
- ↑ Southamerican Championship 1963, rsssf.com; пристапено: 20. 5. 2015.
- ↑ Southamerican Championship 1967, rsssf.com; пристапено: 20. 5. 2015.
- ↑ Copa América 1975, rsssf.com; пристапено: 20. 5. 2015.
- ↑ Copa América 1979, rsssf.com; пристапено: 20. 5. 2015.
- ↑ Copa América 1983, rsssf.com; пристапено: 20. 5. 2015.
- ↑ Copa América 1987, rsssf.com; пристапено: 20. 5. 2015.
- ↑ Copa América 1989, rsssf.com; пристапено: 20. 5. 2015.
- ↑ Copa América 1991, rsssf.com; пристапено: 20. 5. 2015.
- ↑ Copa América 1993, rsssf.com; пристапено: 20. 5. 2015.
- ↑ Copa América 1995, rsssf.com; пристапено: 20. 5. 2015.
- ↑ Copa América 1997, rsssf.com; пристапено: 20. 5. 2015.
- ↑ Copa América 1999, rsssf.com; пристапено: 20. 5. 2015.
- ↑ Copa América 2001, rsssf.com; пристапено: 20. 5. 2015.
- ↑ Copa América 2004, rsssf.com; пристапено: 20. 5. 2015.
- ↑ Copa América 2007, rsssf.com; пристапено: 20. 5. 2015.
- ↑ Copa América 2011, rsssf.com; пристапено: 20. 5. 2015.
- ↑ Copa América 2015, rsssf.com; пристапено: 5. 7. 2015.
- ↑ Copa América (Centenario) 2016, rsssf.com; пристапено: 27. 7. 2016.
- ↑ Javier Mascherano, national-football-teams.com; пристапено: 12. 11. 2016.
- ↑ Roberto Fabián Ayala – Century of International Appearances, rsssf.com; пристапено: 12. 11. 2016.
- ↑ Diego Pablo Simeone - Century of International Appearances, rsssf.com; пристапено: 12. 11. 2016.
- ↑ Oscar Alfredo Ruggeri - International Appearances, rsssf.com; пристапено: 12. 11. 2016.
- ↑ 111,0 111,1 Diego Armando Maradona - International Appearances, rsssf.com; пристапено: 12. 11. 2016.
- ↑ Ariel Ortega, national-football-teams.com; пристапено: 12. 11. 2016.
- ↑ Gabriel Omar Batistuta - Goals in International Matches, rsssf.com; пристапено: 12. 11. 2016.
- ↑ Hernán Jorge Crespo - Goals in International Matches, rsssf.com; пристапено: 12. 11. 2016.
- ↑ 115,0 115,1 115,2 115,3 Goalscoring for Argentina National Team, rsssf.com; пристапено: 12. 11. 2016.
- ↑ Luis Artime - Goals in International Matches, rsssf.com; пристапено: 12. 11. 2016.
- ↑ Leopoldo Jacinto Luque, national-football-teams.com; пристапено: 12. 11. 2016.
- ↑ 118,0 118,1 ARGENTINA NATIONAL TEAM ARCHIVE, rsssf.com; пристапено: 5. 2. 2014.
Надворешни врски
уреди„Фудбалска репрезентација на Аргентина“ на Ризницата ? |
- Аргентина на официјалната страна на ФИФА Архивирано на 3 јуни 2007 г.
- Официјална страна на фудбалскиот сојуз на Аргентина
Статијата „Фудбалска репрезентација на Аргентина“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии). |