Нова поракаУреди

Почитувана Виолетова, Се недевам дека сега е подобро???? Ние за Рембрант, имаме очајно малку, во однос на скоро сите земји. Мислев дека можеше нешто да се исправи. Бев во процес на работа, се разбира, на акрајот ќе средував и немаше ни случајно да дозволам - да не личи на ништо. Вашата брза и предвремена реакција, ми го одзеде еланот и идеализмот, дека е можно сепак, со нешто да се придонесе за нашиот очаен цивилизациски минимализам, особено во скоро сите области пред се од планетарното творештво. Мислев дека ова е кампања а не натпревар. Ви пожелувам се најдобро. p.s. ако треба да ги тргнам сите репродукции што ги поставував за Рембрант?

Иван Чаповски википедијаУреди

Драга Виолетова, Ви благодарам што помогнавте да се уреди википедија страницата на македонскиот писател Иван Чаповски. Би сакала да ве прашам за совет. Јас ја започнав википедија страницата на Иван Чаповски на англиски, на англиската википедија, затоа што таква страница не постоеше порано. Сега таа страница стои во Draft:Ivan Čapovski. Јас сум нова во википедијата и сакав да ве прашам за помош, како да се публикуваа таа страница побрзо? Ви благодарам многу, Виолета Violeta Čapovska (разговор) 06:56, 1 октомври 2020 (CEST)

Здраво Violeta Čapovska, на страницата што ја уредувате на англиската Википедија, најдолу има прозорче со мени, и во делот Where to get help, кликнете на соодветното место и побарајте помош од уредниците на Википедија на англиски јазик. Поздрав - Виолетова (разговор) 08:58, 1 октомври 2020 (CEST)

Драга Виолетова, Ви благодарам многу за советот. Навистина ја ценам вашата помош. Поздрав Violeta Čapovska (разговор) 10:28, 1 октомври 2020 (CEST)

Бришење на фотографијата и потписот на вики страницата Иван ЧаповскиУреди

Драга Виолетова,

Ви се обраќам за помош. Фотографијата што ја додадов на вики страницата на писателот Иван Чаповски и неговиот потпис се избришани. Фотографијата ја скенирав пред да ја додадам на страницата. Потписот ми беше испратен директно од писателот преку фотографирање и испраќање на фотографијата од потписот дигитално. Му се обратив на уредувачот кој го избриша портретот на Чаповски да го замолам да ја врати и да му потврдам дека јас сум авторот на фотографијата и јас ја скенирав. Незнам што друго треба да сторам и незнам каде направив грешка.

Однапред ви благодарам за помошта 2001:8003:5D10:9A01:C995:CD05:FFA0:CC79 (разговор) 14:41, 19 октомври 2020 (CEST)

Драга Виолетова,

Сакам да ве обавестам дека преку процесот на Commons:OTRS успеав да ја вратам фотографијата. Violeta Čapovska (разговор) 07:02, 20 октомври 2020 (CEST)

Violeta Čapovska на commons каде ги ставаме фотографиите, се води сметка за авторските права. Добро е штом сте се разбрале со уредниците таму. Поздрав - Виолетова (разговор) 11:25, 20 октомври 2020 (CEST)

Бришење страницаУреди

Здраво, избришете ја следната страница Sandra Harding бидејќи веќе постои истата со кириличен наслов Сандра Хардинг. Поздрав

Страницата е избришана. Поздрав - Виолетова (разговор) 21:17, 20 октомври 2020 (CEST)

Преместување страницаУреди

Здраво, преместете ја страницата Ли мин хо на Лим Мин-хо или посоодветен наслов, бидејќи постоечкиот не ми делува дека синтаксички е точно транскрибиран. Поздрав

Страницата е преместена. Поздрав - Виолетова (разговор) 23:09, 24 октомври 2020 (CEST)