14 ноември
датум
<< | ноември | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | |||||
3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 |
10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 |
24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
2024 |
14 ноември — 318-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (319-и во престапна година). Остануваат 47 денови до крајот на годината.
Настани:
1944 | Група македонски артисти организирани во полупрофесионалниот ансамбл „Кочо Рацин“ во Битола, на македонски јазик ја одиграле едночинката „Ѓоре Магаревски“, од современиот македонски писател Владо Малески. Со тоа било означено раѓањето на Народниот театар во Битола и раѓањето на драмската уметност во Македонија. |
Родени:
1650 | Вилијам III — крал на Англија. |
1719 | Леополд Моцарт — австриски композитор. |
1765 | Роберт Фултон — американски инженер и пронаоѓач. |
1838 | Август Шеноа — хрватски писател. |
1840 | Клод Моне — француски сликар, еден од основачите на импресионизмот. |
1863 | Лео Бакеланд — белгиски хемичар, кој го открил бакелитот. |
1889 | Џавахарлал Нехру — индиски државник, еден од основачите на политиката на неврзувањето. |
1901 | Цирил Боуда — чешки сликар. |
1922 | Бутрос Бутрос Гали — египетски политичар и поранешен Генерален секретар на ООН. |
1935 | Хусеин I — крал на Јордан. |
1941 | Филип Симоновски — македонски новинар, уредник и публицист во „Нова Македонија“. |
1946 | Денко Малески — прв министер за надворешни работи на Македонија. |
1984 | Марија Шерифовиќ — српска пејачка. |
1985 | Томас Вермален — белгиски фудбалер. |
1984 | Винченцо Нибали — италијански велосипедист. |
1993 | Самуел Умтити — француски фудбалер. |
1996 | Борна Ќориќ — хрватски тенисер. |
1997 | Кристофер Нкунку — француски фудбалер. |
Починале:
565 | Јустинијан I — византиски цар. |
1263 | Александар Невски — голем кнез на Владимирско-суздаљското Кнежевство. |
1391 | Никола Тавелиќ — хрватски светец. |
1522 | Ана де Божу — ќерка на Луј XI. |
1716 | Готфрид Вилхелм Лајбниц — германски филозоф и математичар. |
1831 | Георг Вилхелм Фридрих Хегел — најистакнат претставник на германската идеалистичка филозофија. |
1884 | Алфред Едмонд Брем — германски природонаучник и зоолог. |
1915 | Андриј Лисенко — украински писател. |
1946 | Мануел де Фаља — шпански композитор. |
1977 | А. Ч. Бхактиведанта Свами Прабхупада — индиски хиндуистички теолог. |
1990 | Адолф Рудницки — полски писател. |
1992 | Ернст Хапел — австриски фудбалер и тренер. |