Народен музеј - Битола

музеј во Битола

Народен музеј - Битоламузеј во центарот на Битола, сместен во некогашното Битолско воено училиште, основано во 1847 година.

Зградата на музејот
Античка статуа на божица во музејот

Со одлука на Владата на Република Македонија за утврдување на мрежата на национални установи од областа на културата (Службен весник на РМ број: 84/2003), Заводот за заштита на спомениците на културата, музеј и галерија Битола доби статус на национална установа од областа на културата и се преименува во Завод за заштита на спомениците на културата и музеј Битола, односно Завод и музеј Битола.

Денес, Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Битола, е национална установа од областа на културата чија основна дејност е заштита, систематизација, научна обработка и презентација на културното наследство во Општина Битола.

Својата дејност, програма, цели и задачи, институцијата ги остварува преку секторите за музејска дејност, заштитна дејност и секторот за заеднички служби.

Во установата се вработени 48 лица од кои 31 лице е со висока стручна подготовка.

Заводот и музеј Битола во вршењето на својата дејност ги користи следните објекти:

  • Стара касарна
  • Битолска градска одаја

Античко наоѓалиште Хераклеја Линкестис

Во музејот можат да се видат многу поучни работи, како на пример статуи од познати борци (Гоце Делчев, Питу Гули итн.), праисторијата на луѓето и др.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди

Музеј Битола — страница на туристичкиот портал на Битола

Координати: 41°1′25″N 21°20′8″E / 41.02361° СГШ; 21.33556° ИГД / 41.02361; 21.33556