Џингис-хан

(Пренасочено од Џингис Хан)

Џингис-хан (родено име: Темуџин = „железарец“)[1] — голем хаган и основач на Монголското Царство, која по неговата смрт станала најголемата империја во светот. Тој е еден од најголемите освојувачи во историјата на човештвото и се вбројува меѓу Александар III Македонски и Тамерлан [2][3][4].

Џингис-хан
Чингис-хаан
Хаган на Монголското Царство
(Хан на Монголците)
На престол1206 — 1227
Крунисување1206 во Курултај, Монголија
НаследникОгедеј-хан
ДецаЏочи
Чагатај-хан
Огедеј-хан
Толуи
други
Полно име
Џингис-хан
(Родено име: Темуџин)
Монголско писмо на десно.
ДинастијаБорџигин
ТаткоЈесугеј Батур
МајкаХоелун

До 1206 година, Темуџин успеал да ги обедини Меркитите, Наиманците, Монголците, Кераитите, Татарите, Ујгурците и уште неколку мали племиња. Тоа бил историски чекор во обединување на монголската нација. Во Курултај, тој бил прогласен за хан на племињата и ја презел новата титула Џингис-хан. Титулата хаган, не ја добил сè до неговата смрт кога империјата била поделена на неговуте синови и внуци.

Тој бил двигател на монголските инвазии кои резултирале со освојување на поголемиот дел од Евроазија. Џингис-хан ги организирал неговите луѓе, армија и неговата империја за војна со Западна Шија или Ши Шија, која била блиску до монголската земја. Во 1209 година Џингис-хан ја опколил и заробил Западна Шија. Во 1215 Џингис-хан го заробил главниот град на династијата, Јанџинг денес познат како Пекинг. Џингис-хан решил да го освои Кара-Хитан и да го порази Кучлуг, а монголската војска била преморана да војува цели десет години. По оваа победа, државата на Џингис-хан се протегала до Балкајско Езеро и дошла до самата граница со Хварезмидското царство, муслиманска држава што се протегала од Каспиското Езеро до Персискиот Залив на запад и до Арапското Море на југ. Монголската армија под водство на Џингис-хан, неговите генерали и синови ги поминале Тјеншан и навлегле во територијата на Хварезмидската Империја. По падот на главниот град Самарканд, главниот град бил преместен во Бухара а Џингис-хан наредил на останатите чиновници да го уништат и остатокот од поранешната Хварезмидска Империја, не само кралските палати, туку цели градови и населби. После големиот пораз на Хварезмидската Империја во 1220, Монголската армија била поделена на два дела. Џингис-хан предводел дивизија преку Авганистан и северна Индија, додека другиот контигент марширал преки Кавказот во Русија. Монголците ја уништиле Грузија, ја разрушила тврдината во Кафа во Крим и ја поминале зимата во близина на Црното Море. Субутај испратил гласници до словенските принцови за да се создаде мир, но гласниците биле погубени. За време на Битката кај реката Калка во 1223, војската на Субутај ја уништила Киевската војска. Цела Средна Азија и сите племиња со кои Монголците војувале биле потчинети, освен територијата на Волшките Бугари. Во 1226 година, веднаш кога се вратил Џингис-хан во Монголија започнал напад над Тангутите (Западна Шија). Во ноември истата година, Џингис-хан предводел војска до градот Лингжоу и така ја повинал реката Хоангхо или Жолта Река, победувајќи ја тангутската армија. Во 1227, армијата на Џингис-хан го нападнала и поразила главниот град на Нинг Хија, и продолжиле да напредуваат, преземајќи ги Линтијао-фу, провинцијата Шининг и провинцијата Дешуан.

Пред својата смрт го назначил Огедеј Хан за свој наследник и ја поделил империјата на неколку ханати на своите синови и внуци. Умрел во 1227 година, по победата над Тангутите. Бил закопан некаде во Монголија без назначен и обележан гроб и исто така локацијата на гробот не е позната. Назначените владетели на ханатите биле еден вид на вазали распространети низ поголемиот дел од Азија и Источна Европа.

Покрај неговите освојувања, Џингис-хан исто така делувал и врз културниот и економксиот подем на Монголците и нивната империја. Под неговото водство, ујгурското писмо било во Монголското Царство. Овој валдетел исто така промовирал и верската толеранција во неговата држава. Денешните Монголци го сметаат за татко на Монголија.

Неговото име се наоѓа на голем број производи, улици, згради и останати позначајни објекти од јавен интерес. Неговиот лик може да се најде на монголските пари, и останати обележја за Монголија. Главниот меѓународен аеродром во Улан Батор е наречен Џингис-хан и статуа на Џингис-хан се наоѓа на самиот влез на Монголскиот парламент. Општо гледано, Монголците имаат голема почит кон ликот на Џингис-хан и е фундиментална фугура во монголскиот идентитет и историја.

Потекло

уреди

Белгунутеј станала родоначалник на Белгундинците. Бугунутеј го основал родот Бугунад. Од Буха Хатаги се образувал родот Хатагин, од Бухату Салџи — родот Салџид, а од Бодончар — родот Борџигин...

— Тајната историја на Монголците [5]

Лоза

уреди

Предци на Темуџин од таткова страна биле истакнатите монголски водачи Кабул (Хабул)-хан, Амбагај-хан и Хутула-хан, потомци на Бодончар Мунгхаг [5], митскиот предок на Борџигините. Кабул-хан бил првиот водач на најголемата монголско племенска конфедерација во XII век, т.н Хамаг Монгол [6]. Јадрото на овој сојуз се состоел од четири племиња: Борџигините, Тајџиутите, Џалаирите и Џирукените. По смрта на Хутула-хан, монголскиот сојуз Хамаг Монгол не можел да избере хан, меѓутоа Јесугеј, таткото на Темуџин и водач на Борџигините (внук на Амбагај и Хутула-хан [5]) успеал да се наметне како водач на Хамаг Монгол. Јесугеј ја носел титулата багатур (херој или храбар воин). Во овој период монголската племенска конфедерација била ослабена од внатрешните борби, а Јесугеј се судрил со Тајџиутите, дирекни потомци на Амбагај-хан, кои ја оспориле неговата власт.

Оелун, неговата мајка, потекнувала од племето Олхонути (Олгони). Во олхонутското племе имало три големи семејства: Алаг-Адуут, Шар-Хона и Улаан-Залаат. Олхонутите имале блиски врски со Унгиратите. Во доцниот XII век, Унгиратите живееле во југоисточниот дел на монголските степи, северно од Кинескиот ѕид и јужно од Татарите, во денешна Внатрешна Монголија [7].

Оелун
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Јесугеј
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Борте
 
Темуџин (Џингис-хан)
 
Хасар
 
Хачиун
 
Темуге
 
Белгутеј
 
Бектер
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Џучи
 
 
Чагатај
 
 
 
Угедеј
 
 
Толуј

Раѓање

уреди
 
 
 

Поради недостаток од повеќе податоци, има многу малку факти за раниот живот на Темуџин. Неколку извори постојат за неговиот ран живот, но до некоја мера се контрадикторни помеѓу себе. Темуџин е роден во 1162 во Монголско племе во близина на планината Бурхан Халдун и реките Онон и Херлен, во близина на денешната местоположба на Улан Батор. Тајната историја на Монголците прикажува дека Темуџин е роден со крваво топче во неговите раце, знак дека ќе бил голем водач. Тој бил трето дете на неговиот татко Јесугај Батур, минорен племенски водач на Кијадите[8]. Според Тајната Историја, Темуџин бил именуван по татарски водич кој бил заробен од таткото на Џингис.

Кланот на Јесухеј бил именуван како Борџигин. Како и останатите племиња и тие биле номади. Бидејќи таткото на Џингис бил водач на племето, Џингис важел како дел од благородничката класа. Оваа висока социјална положба му ја олеснило соработката со останатите номадски монголски племиња. Денес не постојат прецизни портрети од Џингис-хан, и секое прикажување на ликот на Џингис претставува уметничка презентација. Според персискиот историчар Рашид ал Дин во неговата книга „Хроники“ наследниците на Џингис-хан ги опишал како високи луѓе, со долги бради, црвенкасти коси и со зелени очи. Исто така, овој историчар ја опишал и првата средба помеѓу Џингис-хан и Кублај Хан.

Семејство

уреди

Темуџин имал три браќа и една сестра: Хазар или Казар, Хаџиун и Темуге и Теулен. Покрај нив имал и двајца полубраќа по име Бехтер и Белгутеј. Како и останатите монголски номадски племиња, животот на Темуџин бил тежок. На девет години, тој бил верен за неговата идна жена Борте, која била член на истото племе како и неговата мајка. Тој таму служел на Сансар, главата на куќата, сѐ додека не наполнил 12 години. Додека тој бил кај Сансар, неговиот татко бил отруен за време на јадење. Тогаш Темуџин се вратил дома за да ја преземе власта како хан.

Наредните неколку години, Хоелиун, мајката на Џингис-хан, живеела во сиромаштија ловејќи диви животни и собирајќи плодови. За време на еден лов, Темуџин го убил својот полубрат, Бехтер[9]. Овој инцидент му обезбедила сигурна позиција за власт. За време на еден друг инцидент во 1182, Темуџин бил заробен и чуван како затвореник од поранешниот противник на таткото на Џингис-хан, Бџарцкулар. Подоцна со помош на индиот генерал на Џингис-хан, Чилаун, тој успеал да побегне криејќи се во река. Во истото време двајца идни генерали му се приклучиле на Џингис-хан. Заедно со генералите, браќата и Џингис-хан создале воена сила спремна за експанзија.

Во меѓу време, ниту една од племенските конфедерации не биле обединети и поради тоа договорените бракови биле сметани како обединување. Темуџин пораснал набљудувајќи ја политичката клима во Монголија, опколен со насилство, грабежи, корупција и омраза помеѓу различните племиња а во исто време и под опасност од кинеска окипација. Мајката на Темуџин го учела него за политиката во Монголија и силата на политичкото здружување. Како и што било договорено, Темуџин се оженил со Борте кога имал 16 години. Тоа му ги обезбедиле добрите односи со тоа племе и тие имале четири сина: Џочи, Чагатај Хан, Огедеј Хан и Толуи. Покрај овие, Џингис-хан имал многу други деца со останати жени но нема податоци за женски деца.

Религија

уреди

Според податоците, религијата на Џингис-хан е дискутабилна и се верува дека верувал во Шаманизам или Тенгризам, религии присутни помеѓу монголските номадски племиња. Тој бил доста религиски толерантен и бил заинтересиран да учи филозофски и морални лекции од останатите религии. Така тој соработувал со доста христијански, будистички, хиндуски и муслимански трговци.

Подем

уреди
     

Платото во Средна Азија, северно од Кина, за време на Темуџин, било поделено на неколку племиња или конфедерации, меѓу кои биле и Наиманците, Меркитите, Ујгурците, Татарите, Монголците и Кераитите. Овие биле најголеми племиња и често биле непријателски расположени кон себе.

Темуџин ја започнал градбата на својата политичка сила преку понуди на сојузништво, најнапред со неговиот брат Ванг Хан, кој бил хан на Кераит. Врската била воспоставена кога Борте била заробена од Меркитите. Тогаш Темуџин понудил помош на Тогрул. За возврат, Тогрул дал 20.000 војници. Иако кампањата била успешна и ја ослободиле Борте, таа ситуација довела до распадот на пријателството на Темуџин и Џамука.

 
Името на Џингис Хан со традиционално монголско писмо

Главните противници на Монголците околу 1200 година биле наиманците на запад, меркитите на север, тангутите на југ и татарите на исток. До 1190 година Темуџин и неговите следбеници обединиле само мал број на монголски племиња. Во обидите да создаде што повеќе сојузи, Темуџин прекршил некои од традиционалните монголски правила и обичаи. Темуџин утврдувал власт заснована на лојалност а не според семејните врски. Тој исто така ветувал големи материјални богатства на војниците што ќе учествуваат во идните воени судири. Кога Темуџин освојувал и поразувал нови племиња, не ги убивал противничките војници, туку целото племе го ставал под своја заштита. Темуџин одел до таа крајност што неговата мајка присвојувала сирачиња од противничкото племе за зацврстување на врските.[10] Со правилото за лојалност и награди за воени успеси, Темуџин полека но сигурно ја зацементирувал својата водачка позиција и со секоја победа бил се појак[10].

Синот на Ванг Хан, Сенгум бил љубоморен на силата на Темуџин и токму поради тоа тој планирал убиство на Темуџин. Меѓутоа Темуџин доста научил од однесувањето и ставовите на Сенгум и подоцна го поразил него и неговите следбеници. Подоцнежно противење на Тогрул било одбивањето да ја даде својата ќерка да се омажи за Џочи, најстариот син на Темуџин што тогаш било знак за непочит во монголското општество. Овој факт довел до распаѓање на врските помеѓу Темуџин и Тогрул. Следбено на ова, а и поради лошите врски на Тогрул со Џамука и пребегнувањето на дел од војниците на Тогрул во редовите на Темуџин, довеле до пораз на Тогрул. Џамука побегнал за време на конфликтот а покрај тоа следел и падот на племето Кераит.

Наредната директна закана за Темуџин биле Наиманците, со кои Џамука и неговите следбеници пребегнале. Наиманците не се предале, иако голем број на војниците се предале и отишле во редовите на Темуџин. Во 1201, Џамука бил избран за водач и именуван како Гур Хан што значи „универзален владетел“. Таа позиција на Џамука му овозможила да создаде алијанса со уште неколку племиња за да се спротивстават на Темуџин. Пред самиот конфликт со Темуџин, неколку генерали го напуштиле Џамука. После неколку битки, Џамука бил предаден на Темуџин од неговите соработници во 1206. Според Тајната Историја, Темуџин повторно му понудил пријателство на Џамука и побарал од него да му се приклучи. Темуџин ги убил луѓето што го предале Џамука, и изјавил дека не сака недоверливи луѓе во неговите редови. Џамука одбил таква понуда и изјавил дека на небото има место само за едно сонце и побарал благородничка смрт. Според традицијата, таква смрт била смрт без пролевање крв, туку со кршење на грбот.

Остатокот кланот Меркити што ги поддржувале Наиманците биле поразени од Субутај, член на личната гарда на Темуџин кој подоцна ќе стане еден од најуспешните командири на Џингис-хан. Поразот на Наиманците му овозможиле на Џингис-хан да биде само тој владетел во монголските територии, што значи сите монголски племиња се обединиле со Темуџин. За животот на Темуџин се забележани неколку обиди за убицтво и завери. Такви проблеми имал со Џамука, Ванг Хан, Џочи и со Шаман кои пробувале да се одвојат од власта на Темуџин. Неговата воена тактика покажала голем интерес за остварување на цврсти алијанси и разбирање на противничката тактика преку воспоставување на шпиони и системот Јам. Тој брзо учел, прифаќајќи нови технологии и идеи што ги спроведувал.

До 1206 година, Темуџин успеал да ги обедини Меркитите, Наиманците, Монголците, Кераитите, Татарите, Ујгурците и уште неколку мали племиња. Тоа бил историски чекор во обединување на монголската нација. Во Курултај, тој бил прогласен за хан на племињата и ја презел новата титула Џингис-хан. Титулата хаган, не ја добил сè до неговата смрт кога империјата била поделена на неговуте синови и внуци.

Владетел

уреди

Освојувања

уреди
 
Сите позначајни освојувања и инвазии на Џингис-хан.

Династијата Западна Шија

уреди

За време на политичкото воздигнување во 1206 година, Монголското Царство создадена од Џингис-хан и неговите сојузници се граничела на запад со династијата Западна Шија. На исток и југ се граничела со династијата Џин, основана од манџурските Џурченци кои владееле со северна Кина.

Џингис-хан ги организирал неговите луѓе, армија и неговата империја за војна со Западна Шија или Ши Шија, која била блиску до монголската земја. Тој верувал дека помош до династијата Шија нема да пристигне од династијата Џин. Кога династијата Шија побарала помош од династијата Џин, тие ги одбиле. И покрај потешкотиите за време на инвазијата, во 1209 година Џингис-хан ја опколил и заробил Западна Шија.

Династијата Џин

уреди

Во 1211, по освојувањето на Западна Шија, Џингис-хан планирал повторно да ја освои династијата Џин. Командирите на династијата Џин направиле тактичка грешка со тоа што први не ги нападнале монголците. Наместо тоа, командирите на династијата испратиле писмо до монголците со што ги известиле дека војската на Џин ги чекала Монголците во близина. Во близина на Бадгер, Монголската војска ги масакрирала трупите на династијата Џин. Во 1215 Џингис-хан го заробил главниот град на династијата, Јанџинг подоцна познат како Пекинг. Ова го натерало императорот Шуанзонг да го премести главниот град на династијата Џин во Каифенг, а со тоа северниот дел од династијата ја препуштил на Монголците.

Кара-Хитански ханат

уреди
 
Местоположба на Кара-Хитан ханатот.

Кучлуг, ханот на Наиманците, народ што Џингис-хан ги поразил, пребегнал на запад и го узурпирал ханатот Кара-Хитан. Џингис-хан решил да го освои Кара-Хитан и да го порази Кучлуг, по можност да го тргне од власт. До тоа време, монголската војска била преморена од десетгодишно војување со кинеската армија и во Западна Шија. Поради тоа, Џингис-хан испратил само 20 000 војници против Кучлиг, под водство на неговиот помлад генерал Џебе.

Со толку мала воена сила, Монголците биле принудени да ја сменат стратегијата со тоа што би направиле внатрешен револт во редовите на Кара-Хитанскиот ханат. Како резултат на тоа, набрзо војската на Кучлуг била поразена западно од Кашгар. Кучлуг бил набрзо убиен од страна на Џебе. Со оваа победа, Монголското Царство се протегало до Балкашко Езеро и дошла до самата граница со Хварезмидската Империја, муслиманска држава што се протегала од Каспиското Езеро до Персискиот Залив на запад и до Арапското Море на југ.

Хварезмидска Империја

уреди
 
Хварезмидска Империја (1190–1220)

Во раните 1200- те, Хварезмидската Империја била предводена од Шахот Ал ад Дин Мухамад. Џингис-хан ги видел потенцијалните предности од Хварезмија како комерцијален трговски партнер и наместо да испрати воена сила за инвазија, тој испратил караван од 500 луѓе за да основа трговска врска со империјата. Гувернерот на градот Отрар, Иналчук, го нападнал караванот што дошол од Монголија, тврдејќи дека караванот бил заговор за Хварезмија. Ситуацијата се влошила кога гувернерот одбил да ги плати штетите од нападот и убиствата. Џингис-хан испратил втора група на амбасадори во Хварезмија за да се сретнат со самиот шах. Шахот ги избричил сите амбасадори а на еден му ја отсекол главата. Тоа било забележано како навреда од страна на Монголското Царство. Тогаш, Џингис-хан започнал да ја планира една своите најголеми инвазии и организирал околу 200 000 војници за напад на муслиманската империја.

Монголската армија под водство на Џингис-хан, неговите генерали и синови ги поминале Тјеншан и навлегле во територијата на Хварезмидската Империја. Џингис-хан внимателно ја спремал восјката која била поделена на три групи. Неговиот син Џочи ја предводел првата дивизија во североситочна Хварезмија. Втората дивизија била предводена од Џебе, која заедно со првата дивизија планирале да го нападнат градот Самарканд. Третата дивизија под водство на Џингис-хан и Толуи марширале до северозапдна Хварезмија и планирале напад од тој дел на државата.

Армијата на шахот била поделена на различни внатрешни дивизии и според наредбата на шахот групите биле распоредени во различни градови од империјата. Оваа формација придонела до пораз на армијата, бидејќи силната но истоштена монголска војска можела полесно да ги порази противниците поделени на мали групи одошто распоредени во една единица. Монголската војска набрзо го окупирала градот Отрар, потпирајќи се на воена тактика и стратегија. Џингис-хан наредил да се убие поголем број од населението на Отрар и го погубил Иналчук со истурање на топено сребро во неговите уши и очи, како казна за неговите минати постапки. Кон крајот на битката, Шахот побегнал и не се предал самиот. Џингис-хан наредил на Субутај и Џебе да го гонат шахот во придружба со околу 20 000 војници. Шахот умерл под мистериозни околности, на мал остров во неговата поранешна Хварезмидска Империја.

По падот на главниот град Самарканд, главниот град бил преместен во Бухара а Џингис-хан наредил на останатите чиновници да го уништат и остатокот од поранешната Хварезмидска Империја, не само кралските палати, туку цели градови и населби.

Во меѓу време, Џингис-хан го избрал неговиот син Огедеј Хан за негов населдник и посочил дека подчинетите ханови ќе бидат под негова команда.

Грузија и Волшка Бугарија

уреди

После големиот пораз на Хварезмидската Империја во 1220, Монголската армија била поделена на два дела. Џингис-хан предводел дивизија преку Авганистан и северна Индија, додека другиот контигент марширал преки Кавказот во Русија. Како што Џингис-хан собирал сила во Персија и Ерменија за да се вратат во Монголските степи, втората трупа предбодена од Џебе и Субутај со околу 20 000 луѓе навлагале длабоко во Ерменија и Азербејџан. Монголците ја уништиле Грузија, ја разрушила тврдината во Кафа во Крим и ја поминале зимата во близина на Црното Море. Одејќи накај дома, војската на Субитај ги нападнале Кипчакците а во меѓу време слабо нападнати од трупите на Мстислав од Халич и Мстислав III од Киев со цел да го запрат монголското напредување. Субутај испратил гласници до словенските принцови за да се создаде мир, но гласниците биле погубени. За време на Битката кај реката Калка во 1223, војската на Субутај ја уништила Киевската војска, а во меѓу време ја загубиле Битката за Самара против Волшките Бугари[11].

Монголците научиле доста од заробувањата на зелените пасишта во Бугарските територии, овозможувајќи им да ги планираат наредните напади врз Унгарија и Европа. Во меѓу време, руските принцови се согласиле за мир, Субутај се согласил со тоа но не ги заборавил последиците од лошото однесување на руските принцови. Така, според монголската традиција благородниците се убивале без да им се пролее крв, па така руските принцови биле згмечени до смрт под една платформа каде Субутај и останатите монголски генерали вообичаено јаделе.

Набрзо, Џингис-хан го повикал Субутај назад во Монголија и при тоа патување Џебе умрел за патот кон Самарканд. Цела Средна Азија и сите племиња со кои Монголците војувале биле потчинети, освен територијата на Волшките Бугари. Но, под водство на внукот на Џингис-хан, Бату, за време на Златната Орда, Волшка Бугарија и Киевски Рус биле освоени од Монголија во 1237.

Западна Шија и Династијата Џин

уреди
 
Династијата Западна Шија, Династијата Џин, Династијата Сонг и Далиското кралство во 1142.

Вазалскиот император од Западна Шија одбил да учествува во војната против Хварезмидската Империја. Додека повеќето од монголските воени сили под водство на Џингис-хан и неговите генерали биле инволвирани во војната, Западна Шија и Династијата Џин формирале коалиција за да го одбијат монголското владеење. Тие сметале дека додека Монголија е во војна со Хварезмидската Империја нивните сили ќе ослабнат и ќе можат да ги остварат своите цели.

Во 1226 година, веднаш кога се вратил Џингис-хан во Монголија започнал напад над Тангутите (Западна Шија). Неговите армии набрзо ги презеле Хеисуи, Ганжоу, Сужоу и есента го презел Шилианг-фу. Еден од тангутските генерали ги предизвикал Монголците на битка кај Хеланшан, но тој нечујно бил поразен. Во неомври истата година, Џингис-хан предводел војска до градот Лингжоу и така ја повинал реката Хоангхо или Жолта Река, победувајќи ја тангутската армија.

Во 1227, армијата на Џингис-хан го нападнала и поразила главниот град на Нинг Хија, и продолжиле да напредуваат, преземајќи ги Линтијао-фу, провинцијата Шининг и провинцијата Дешуан. Во Дешуан, тангутскиот генерал Ма Џијанлонг се спротивставувал неколку денови на нападите. Подоцна генералот умерл од тешките повреди нанесени за време на битката. Откако Џингис-хан ги освоил овие кинески провинции, новиот тангрутски император бил набрзо фатен и заробен од страна на монголците. Бидејќи Џингис-хан не бил задоволен од фактот што лесно се предал императорот, тој наредил целото кралско семејство да биде убиено.

Наследство

уреди

Значајноста на наследството на Џингис-хан била потенцирана за време на доцните години на владеење на Џингис-хан, затоа што веќе бил во длабока старост. Исто така долгите разговори за Џочи како наследник на Џингис-хан била доста жешка тема во тогашна Монголија. На вакво решение за наследник се противел негоиот брат Чагатај Хан. Во „Тајната Историја на Монголците“, веднаш пред инвазијата на Хварезмидската Империја, Чагатај пред неговиот татко и браќа изјавил дека никогаш нема да го прифати Џочи како хан на Монголија. Поради оваа причина, а и поради останати други причини, Огедеј Хан бил назначен за наследник на Џингис-хан[12].

Смртта и погребот

уреди
 
Монголското Царство во 1227 за време на смртта на Џингис-хан.

Во 1227, според „Тајната историја на Монголците“, после победата над тангутите, Џингис-хан умрел. Причината за неговата смрт е непозната и започнале шпекулации за истата. Некои историски податоци укажуваат дека тој паднал од коњ за време на јавање на коњ во Египет поради тешки повреди и физичка исцрпеност. Исто така постојат и голем број на други теории како што се дека тој умерел за време на битката против тангутите или дека имрел од пнеумонија.

Џингис-хан побарал да биде закопан без да му се знае гробот, според старите обичаи на неговото племе. После неговата смрт, неговото тело било вратено во Монголија поточно во покраината Хентиј, каде голем број на луѓе веруваат дека е закопан во близина на реката Онон и планините Бурхан Халдун. Меморалниот центар што се наоѓа тука е споменик за Џингис-хан, но не и негов гроб.

На 6 октомври 2004 година, група археолози од Монголија и Јапонија, ископале гроб за кој веруваат дека е гроб на самиот Џингис-хан[13]. Според легенди на месното население, реката Орон била пренасочена да тече над неговиот гроб за да не можат да го најдат, а додека според друга легенда се насадиле многу дрва на местото каде бил закопан Џингис-хан сè со цел да не се најде гробот на Џингис-хан.

Џингис-хан оставил огромна војска од околу 129.000 мажи, 28.000 биле поделени на неговите браќа и синови. Толуи, неговиот најмал син, присвоил повеќе од 100.000 луѓе. Останатите синови добиле по 3000 војници.

Поколение

уреди

Зерјал идентификувал Y хромозоми присутни во околу 8% од луѓето во Азија. Истражувањето сугерира дека хромозомите и дел од потеклото на луѓето е од Монголија. Бидејќи вакво распространување на хромозомите и потеклото е брзо и за кратко време, наичниците веруваат дека тоа е поради машките наследници од Џингис-хан. Голем број на благородници што опстојувале на територијата на Монголското Царство, за време на неа и после неа, биле директни потомци на Монголците[14].

Погледи кон ликот на Џингис-хан

уреди

Како и останатите големи освојувачи, Џингис-хан е опишан различно од различни нации, во зависност од тоа кои биле освоено а кои не. Негативни погледи за Џингис-хан постојат низ голем број нации. Тие често ја опишуваат суровоста на и бруталноста на монголската војска, но секако постојат и позитивни аспекти кон ликот и делото на Џингис-хан.

Позитивни погледи

уреди
 
Џингис-хан на паричка од 100 тенге во Казахстан.

Џингис-хан е заслужен за воведување на Свилениот Пат под една заедничка политичка средина. Ова овозможило подобра комуникација и трговија помеѓу Западот, Средниот Исток и Азија. Спорд историските извори, Џингис-хан бил доста толерантен кон останатите религии и нации. Во денешна Турција, а и голем број на други земји, Џингис-хан е сметан за голем водач на една од најголемите нај силните империи во светската историја[15].

Во Монголија

уреди

За време на комунистичкиот период во Монголија, Џингис-хан бил избегнуван од јавни дискусии и такви разговори биле избегнувани. Во 1962, издигнувањето на мавзолејот на Џингис-хан во неговото родно место по повод 800 години од раѓањето на Џингис-хан, довело до голем број на критики од Советскиот Сојуз и резултирало со смена на генералниот секретар на Монголската Народна Револуционерна Партија. Во раните 1990-ти, кога демократијата се вовела во Монголија, Џингис-хан сè повеќе бил чувствуван како голем национален херој. Тој станал централна фигура на националниот идентитет. Тој денес е извор на гордост за Монголците и врски кон нивниот национален и етнички корен. На пример, не е чудно во Монголија да се нарекува земјата како „Монголија од Џингис-хан“ а себеси Монголците се нарекуваат „деца на Џингис-хан“ а додека Џингис-хан како „татко на Монголците“. Неговото име се наоѓа на голем број производи, улици, згради и останати позначајни објекти од јавен интерес. Неговиот лик може да се најде на монголските пари, и останати обележја за Монголија. Главниот меѓународен аеродром во Улан Батор е наречен Џингис-хан и статуа на Џингис-хан се наоѓа на самиот влез на Монголскиот парламент. Општо гледано, Монголците имаат голема почит кон ликот на Џингис-хан и е фундиментална фугура во монголскиот идентитет и историја.

Во Кина

уреди
 
Мавзолејот Џингис-хан во Хохот.

Денес, во Кина има конфликтни мислења за Џингис-хан. Во Внатрешна Монголија, поради големиот број монголско население, погледите кон Џингис-хан се позитивни и тие го почитуваат во голема мера со тоа што опстојуваат поголем број на мавзолеи и споменици за ликот на Џингис-хан, како што е мавзолејот во Хохот. Иако Џингис-хан не ја освоил цела Кина, неговиот внук Кублај Хан ја освоил целата Кина а тоа довело до формирање на кинеската Јуанска Династија. Исто така, ликот на Џингис-хан е присутен на доста уметнички и книжевни дела што го претставуваат како голем водач и херој. Поради фактот што од една страна Џингис-хан ја има освоено Кина а од друга страна тоа довело до обединување на Кина, има конфликтни погледи кон него и делото на Џингис-хан.

Кратка хронологија

уреди
  • Најверојатно 1155, 1162, или 1167: Темуџин е роден.
  • На деветгодишна возраст, таткото на Темуџин бил отруен од татарите
  • 1184: Жената на Темуџин, Борте, била киднапирана од меритите.
  • 1185: Првиот син Џочи се родил.
  • 1190: Темуџин ги обединил монголските племиња, станал водач.
  • 1201: Победа над Џамука.
  • 1203: Победа над Ванг Хан.
  • 1204: Победа над Наиманците
  • 1206: Џамука бил убиен.
  • 1207 — 1210: Џингис-хан водел инвазии над Западна Шија и ујгурците се приклучиле кон Империјата.
  • 1211: Џингис-хан водел инвазија над династијата Џин.
  • 1215: Паднал Пекинг.
  • 1219 — 1222: Џингис-хан ја освоил Хварезмидската Империја.
  • 1226: Втората битка против династијата Западна Шија.
  • 1227: Џингис-хан умрел.

Претставување на Џингис-хан во модерните култури

уреди
 
Мавзолеј Џингис-хан во Ордос

Филмови

уреди

ТВ-серии

уреди
  • Џингис-хан — серија од 10 епизоди од Хонгконг.
  • Џингис-хан 2004 — серија со 30 епизоди.

Романи

уреди

Наводи

уреди
  1. Bourgoin, Stella (2002). „The Life and Legacy of Chingis Khan“. University of California, Berkeley. Архивирано од изворникот на 2008-04-18. Посетено на 2008-04-29.
  2. Ten of the greatest: Historical conquerors
  3. Asia's Great Conquerors
  4. „History's Top Conquerors“. Архивирано од изворникот на 2013-03-20. Посетено на 2013-03-18.
  5. 5,0 5,1 5,2 „The Secret History of the Mongols“. Архивирано од изворникот на 2015-05-21. Посетено на 2013-03-21.
  6. Histoire de la Mongolie By László Lőrincz, p.43
  7. Предлошка:Citace monografie
  8. Morgan, David (1990). The Mongols (Peoples of Europe). стр. 58.
  9. „The Emperors of Emperors“. California State University, Chico. Архивирано од изворникот на 2012-03-16. Посетено на 2008-05-20.
  10. 10,0 10,1 Weatherford, Jack (2004). „2: Tale of Three Rivers“. Genghis Khan and the Making of the Modern World. Three Rivers Press. стр. 44. ISBN 0-609-80964-4.
  11. De Hartog, Leo (1988). Genghis Khan: Conqueror of the World. London: I.B. Tauris. стр. 122–123.
  12. Ratchnevsky 1991, стр. 126
  13. „Palace of Genghis Khan unearthed“. BBC. 2004-10-07. Посетено на 2008-05-20.
  14. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)[мртва врска]
  15. „Ismi Didikle“. Ismi Didikle. Посетено на 2008-05-05. (турски)
  16. Кинотека на Македонија, Програма - ноември 2015

Надворешни врски

уреди
  Статијата „Џингис-хан“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).