Отвори го главното мени

ФК Челси (англиски: Chelsea F.C.) — професионален англиски фудбалски клуб основан во западен Лондон во 1905 година, со седиште во Фулам. Тренер на екипата е Антонио Конте. Сопственик е Роман Абрамович од Русија. Челси има четири титули во англискиот фудбал (една во Прва дивизија и три во Премиер лигата). Домашните натпревари ги игра на стадионот „Стемфорд Бриџ“, со капацитет од 42.500 луѓе, кој се наоѓа во Фулам (Западен Лондон).

Челси
Chelsea crest.svg
Целосно имеФудбалски клуб Челси
ДржаваАнглија Англија
ПрекарСините лавови
Основан1905
СтадионСтемфорд Бриџ
Лондон, Англија
Капацитет40,853
СопственикРусија Роман Абрамович
МенаџерИталија Маурицио Сари
ЛигаПремиер лига Премиер лига
2018-19Премиер лига, 3. место
Мреж. местоОфицијално мрежно место
Домашни бои
Гостински бои
Soccerball current event.svg Тековна сезона
Chelsea 1911-12.

ИсторијатУреди

Познат и како „сините“, или во подамнешно време како „пензионерите“, фудбалскиот клуб „Челси“ во најголем дел од својата историја играл во елитната англиска Премиер лига. Првиот голем успех било учеството во финалето на Англискиот куп, каде што загубил од „Шефилд“. Сепак, во 1955 година, „Челси“ успеал да го освои тогашниот Англиски куп. Својот најголем подем клубот го доживеал со трите победи во Премиер-лигата (2004-2005, 2005-2006 и 2009-2010), како и со двете финалиња во Лигата на Шампионите, каде во првото финале загубува од својот ривал „Манчестер Јунајтед“ (2008), додека во второто финале извојувал победа над „Баерн Минхен“ со резултат 4-3 (пенали).

Првото поголемо обновување на својата екипа го забележува со доаѓањето на селекторот Тед Дрејк (1952), а набрзо го освојува и купот на УЕФА. Својот прв пад клубот го доживува со доаѓањето на селекторот Томи Дочерти (1960-1970). Но седмата декада од дваесетиот век не е ништо во споредба со следните две за судбината на Челси. Во 70-ите и 80-ите Стемфорд Бриџ бил често пати напаѓан од страна на противничките навивачи, за на крај да биде даден на аукција со почетна цена од една фунта, што значи и губење на нивниот дом. По ваквиот сплет на настаните во 1983 година клубот паѓа дури до Втората Англиска Дивизија. За голема среќа селекторот Џон Нил го обновува клубот за мала сума на пари по што Челси се враќа во Англиската Премиера за 2-ве години.

Својот “кам-бек” Челси го пронаоѓа со двата Италијански селектори: Џанлука Вијали, и Клаудио Раниери (1994-2003). Во 2003 клубот е продаден на Рускиот милијардер Роман Абрамович за сума од дури 140 милиони фунти.[1] Тогаш беа потрошени дури 100 милиони фунти на нови играчи, но Раниери не беше веќе способен за нови освојувања, па затоа беше заменат со Португалскиот селектор Жозе Мурињо. Набрзо Мурињо освојува две Лигашки и една Куп победа на островот, по што е заменет со селекторот Аврам Грант (2007). Ни овoј селектор не останува подолго на клупата, па набрзо е сменет со Луис Фелипе Сколари (2008).

Луис не направил многу за клубот, и од таа причина на кормилото на Челси дојде ветеранот Гус Хидинг (2009). Два дена по завршувањето на договорот со Гус Хидинг, Челси потпиша договор со Карло Анчелоти, поранешен менаџер на Милан. Анчелоти ги одведе Челси до нивната прва двојна титула, во лигата, и на ФА купот. Анчелоти беше избркан од Челси во мај 2011, и беше заменет од Андре Вилаш-Боаш, кој дојде од португалскиот Порто.[2] По слабите резултати, во март 2012, Андре Вилаш-Боаш бил разрешен, и за привремен менаџер бил именуван италијанецот Роберто Ди Матео. Со него, Челси го освоил својот 7-ми ФА Куп[3], и својата прва титула во УЕФА Лигата на Шампионите, победувајќи го Баерн Минхен со 4-3 на пенали и станувајќи прв Лондонски клуб со титула во Лигата на Шампионите.[4]

Во сезоната 2016-2017 за тренер бил ангажиран Антонио Конте, под чие водство екипата прикажала добри игри, остварувајќи 13 победи во низа, т.е. само една помалку од рекордот на „Арсенал“ од 2002 година. Победничката серија била прекината во јануари 2017 година, со поразот на гостувањето кај „Тотенхем“, со резултат 0:2.[5]

СоставУреди

Стамфорд БриџУреди

Челзи имале само еден терен Стамфорд Бриџ каде играле од кога бил создаден клубот (1905г.). Официјално бил отворен на 28 април 1877, но тој 28 години бил користен од London Athletics Club како арена за атлетика, состаноци, а воопшто не за фудбал. Во 1904 година земјата била купена од страна бизнисмен Гус Mears и неговиот брат Јосиф, кој исто така купија и околните земјиште (порано голем пазар ). Димензиите на теренот се 103 x 67 метри. Капацитетот му е 41,663 места.

УспесиУреди

ДомашниУреди

ЕвропскиУреди

 
Дидје Дрогба при одлучувачкиот пенал од финалето на Лигата на Шампионите 2012
  • Освојувач (1): 2011-12
  • Финалист (1): 2007-08
  • Освојувач (1): 2012-13
  • Освојувач (2): 1970-71, 1997–98
  • Освојувач (1): 1998

Играч на годинатаУреди

Година Освојувач
1967   Peter Bonetti
1968   Charlie Cooke
1969   David Webb
1970   John Hollins
1971   John Hollins
1972   David Webb
1973   Peter Osgood
1974   Gary Locke
1975   Charlie Cooke
1976   Ray Wilkins
1977   Ray Wilkins
1978   Micky Droy
1979   Tommy Langley
 
Година Освојувач
1980   Clive Walker
1981   Petar Borota
1982   Mike Fillery
1983   Joey Jones
1984   Pat Nevin
1985   David Speedie
1986   Eddie Niedzwiecki
1987   Pat Nevin
1988   Tony Dorigo
1989   Graham Roberts
1990   Ken Monkou
1991   Andy Townsend
 
Година Освојувач
1992   Paul Elliott
1993   Frank Sinclair
1994   Steve Clarke
1995   Erland Johnsen
1996   Ruud Gullit
1997   Mark Hughes
1998   Dennis Wise
1999   Gianfranco Zola
2000   Dennis Wise
2001   John Terry
2002   Carlo Cudicini
2003   Gianfranco Zola
 
Година Оцвојувач
2004   Frank Lampard
2005   Frank Lampard
2006   John Terry
2007   Michael Essien
2008   Joe Cole
2009   Frank Lampard
2010   Didier Drogba
2011   Petr Čech
2012   Juan Mata
2013   Juan Mata
2014   Eden Hazard
2015   Eden Hazard
2016   Willian

СпонзориУреди

Период Производител Спонсор
1975–1981 Umbro никој
1981–1983 Le Coq Sportif
1983–1984 Gulf Air
1984–1986 никој
1986–1987 Chelsea Collection
1987–1993 Umbro Commodore
1993–1994 Amiga
1994–1997 Coors
1997–2001 Autoglass
2001–2005 Fly Emirates
2005–2006 Samsung Mobile
2006–2008 Adidas
2008–2015 Samsung
2015–2020 Yokohama Tyres
2020–2023 ќе се дознае

НаводиУреди

  1. Russian businessman buys Chelsea“, „BBC Sport“, British Broadcasting Corporation, 2 јули 2003 (посет. 11 февруари 2007 г).
  2. Andre Villas-Boas confirmed as Chelsea manager“, „BBC Sport“, British Broadcasting Corporation, 22 јуни 2011 (посет. 22 јуни 2011 г).
  3. McNulty, Phil. „Chelsea 2–1 Liverpool“, „BBC Sport“, British Broadcasting Corporation, 5 мај 2012 (посет. 20 мај 2012 г).
  4. McNulty, Phil. „Bayern Munich 1–1 Chelsea (aet, 4–3 pens)“, „BBC Sport“, British Broadcasting Corporation, 19 мај 2012 (посет. 20 мај 2012 г).
  5. „Челзи изгуби по 13 победи во низа“, Вест, година XVII, 6,7 и 8 јануари 2017, стр. 42.
  6. „Kovacic loan deal completed“. Chelsea F.C. 9 August 2018. конс. 21 September 2018. 

Надворешни врскиУреди