Кајл Меклахлан
Кајл Мерит Меклахлан (англиски: Kyle Merritt MacLachlan) е американски глумец.
Кајл Меклахлан | |
---|---|
Меклахлан на Еми наградите во 1991. | |
Сопружник | Дезире Грубер (2002–денес) |
Мреж. место | http://www.kylemaclachlan.com |
Животопис
уредиРоден е на 22 февруари 1959 година во Вашингтон. Интересно и непознато во неговата биографија, е што Кајл по мајчина линија влече корени од композиторот Јохан Себастијан Бах. Пред да ја започне глумечката кариера, го исфрлил средното презиме Мерит. Тој е познат и по врската со моделот Линда Евангелиста со која сакал и да се ожени, но таа го оставила заради голманот Фабријан Бартез. Освен со Линда Евангелиста, тој имал љубовни врски и со глумиците Лора Дерн, Лара Флин Бојл и Шерилин Фен. Во април 2002 година, Меклахлан се оженил со Дезире Грубер.
Кариера
уредиМеклахлан е најпознат по улогата на детективот Дејл Купер во култната телевизиска серија „Твин Пикс“. Инаку, тој дебитирал во серијата „Приказни од гробницата“, а во 1991 година се појавил во улогата на Реј Манзарек, тапанарот на култната група Дорс, во истоимениот филм на Оливер Стоун. Но, вистинската слава ја стекнал со улогата во серијата „Твин Пикс“, а потоа се појавил и во филмската верзија. Соработката со Дејвид Линч ја продолжил и во неговата прва филмска улога во филмовите „Дина“ и „Син Сомот“. Покрај овие улоги, се појавил и во филмската верзија на цртаната серија „Флинстонови“ како негативецот Клифвандерлејв. Во 1995 година, режисерот Пол Верховен му ја понудил улогата во еротскиот филм „Забавувачки“', каде за првпат се соблекол на филмското платно. Епизодно се појавил и во серијата „Сексот и градот“, а потоа ја играл улогата на Орсон Хоџ во серијата „Очајни домаќинки“. Тој бил планиран и за главната улога во филмот „Вод“, но откако ја одбил улогата, неа ја добил Чарли Шин.
Улоги
уредиНадворешни врски
уреди„Кајл Меклахлан“ на Ризницата ? |
- Кајл Меклахлан на Семрежната филмска база на податоци (англиски)