Мува — мало соѕвездие на јужното небо. Едно од дванаесетте соѕвездија создадени од Петар Планциј од набљудувањата на Питер Дирксон Кејзер и Фредерик де Хаутман и првпат се појавува на 35 сантиметарскиот небесен глобус објавен во 1597 година во Амстердам од страна на Планциј и Јодок Хондиј. Првиот приказ на соѕвездието било во небесниот атлас Уранометрија на Јохан Бајер во 1603 година. Соѕвездието било познато под името Apis (пчела) во наредните двесте години. Мува е под хоризонтот за повеќето жители на северната полутопка.

Мува
лат. Musca
КратенкаMus
ГенитивноMuscae
Симболизаммува
Ректасцензија11ч 19,3м до 13ч 51,1м[1] ч.
Деклинација−64,64° до −75,68°[1]°
КвадрантSQ3
Површина138 (°)² (77-мо)
Главни ѕвезди6
Бајерови/Флемстидови
ѕвезди
13
Ѕвезди со планети3
Ѕвезди посјајни од 3,00m1
Ѕвезди во полупречник од 10,00 пс (32,62 сг)1
Најсјајна ѕвездаα Mus (2,69m)
Најблиска ѕвездаLP 145-141
(15,07 сг, 4,62 пс)
Месјеови објектинема
Метеорски дождовинепознато
Соседни
соѕвездија
Видливо на ширина од +10° до −90°.
Најдобро се гледа во 21:00 ч. во текот на месец мај.

Многу од посјајните ѕвезди во соѕвездието се членови на ѕвезденото здружение Скорпија-Кентаур, расеана група од жешки синобели ѕвезди кои имаат исто потекло и се движат во иста насока во Млечниот Пат. Во оваа група припаѓаат Алфа, Бета, Гама, Зета2 и (најверојатно) Ета Мува, како и HD 100546, синобела Хербигова Ae/Be-ѕвезда која е опколена со сложен диск од отпад кој содржи вонсончева планета или кафеаво џуџе и можна протопланета. Две подалечни планети поседуваат планети. Соѕвездието исто така содржи и две кефеиди кои можат да се видат со голо око. Тета Мува е тројна ѕвезда, од кои најсјајниот член е Волф–Рајеова ѕвезда.

Историја

уреди
 
Мува (претставена како Пчела) може да се забележи во горниот десен агол на овој извадок од Бајеровата Уранометрија од 1603 година.

Мува е едно од дванаесетте соѕвездија воспоставени од страна на холандскиот астрономот Петар Планциј од набљудувањата на холадските истражувачи Питер Дирксон Кејсер и Фредерик де Хаутман, кој испловил на првата холандска трговска експедиција, позната како Eerste Schipvaart, до Источна Индија. Де Хаутман ги вклучил ѕвездите од Мува во својот јужен каталог од 1598 година под холандското име De Vlieghe, „Мува“.[2] На соѕвездието му припишале четири ѕвезди, со ѕвезда која подоцна ќе биде наречена Бета Мува и ќе ја означува главата, Гама Мува е телото, и Алфа и Делта како левото и десното крило.[3] За првпат истото се појавува на 35-см небесен глобус објавен во 1598 година во Амстердам од страна на Планциј и Јодок Хондиј, но не било именувано.[4] Првото претставување на ова соѕвездие во небесен атлас било она на германскиот картограф Јохан Бајер наречено Уранометрија од 1603 година,[5] Бајер го нарекол Apis, Пчела, име кое се задржало во наредните 200 години. Небесениот глобус од 1603 година од Вилем Блау го прикажува како храна за блиското соѕвездие Камелеон кое со својот долг јазик како да се обидува да го улови инсектот.[4]

Францускиот астроном Никола Луј де Лакај го нарекол la Mouche во својата карта на ѕвездите од 1756 година. Жан Фортен го задржал француското име во небесниот атлас од 1776 година, додека пак Лакај го латинизирал името во своето дело Coelum Australe Stelliferum во 1763 година.[6] Лакај го преименувал во Musca Australis, Јужна Мува, бидејќи веќе постоело соѕвездие сега отфрлено со името Musca Borealis кое се состоело од неколку ѕвезди од Овен, и за да се одбегне забуна со Рајска Птица. Денес името е едноставно Musca, Мува.[7] Станува збор за единственото соѕвездие кое опишува инсект.[8]

Луѓето од племето Калапало од Мато Гросо држава во Бразил ѕвездите Алфа и Бета Мува (заедно со Бета и Капа Јужен Крст) ги нарекувале Kutsu anangagï „двојните завои на орелот“.[9] Луѓето од племето Вардаман во Северната Територија во Австралија главните ѕвезди на осѕвездието Мува ги сметала за свет бумеранг, дел од Централната Арена, света област која го опколова Јужен Крст кој пак го опишува местото каде се создаваат молњите и местото каде се учат Вардаманските обичаи, Алфа и Бета исто така го означуваат и церемонијалнот превез за главата додека пак Гама и Делта ги претставувале превезите за рацете.[10] Во централна Австралија племињата Арернте и Луритја го гледале небото како поделено на источно и западно источниот дел ги претставувал домовите на Арернте додека пак западното ги претставувало домовите на Луритја. Ѕвездите од Мува, заедно со Формалхаут, Алфа Едро и Алфа и Бета Жерав се велело дека му припаѓаат на Арернте.[11]

Особености

уреди

Мува се граничи со Јужен Крст на север, Кобилица на запад, Камелеон на југ, Рајска Птица и Шестар на исток и Кентаур на североисток. Со површина од138 квадратни степени и 0,335% од небесното небо, станува збор за 77-то по големина осѕвездие од 88-те соѕвездија.[12] Кратенката од три букви Mus за соѕвездието била усвоена од страна на Меѓународниот астрономски сојуз во 1922 година.[13] Официјалните граници на соѕвездието се поставени од Ежен Делпорт во 1930 година, и се дефинирани како многуаголник со 6 агли. Во екваторскиот координатен систем, кординатите на ректасцензијата се меѓу 11ч 19,3м и 13ч 51,1м, додека пак коорднатите на деклинацијата се меѓу −64,64° и −75,68°.[1] Сошвездието е целосно видливо за набљудувачи јужно од 14°СГШ.[14][б 1]

Забележителности

уреди

Ѕвезди

уреди
 
Соѕвездието Мува набљудувано со голо око

Лакај исцртал и означил 10 ѕвезди со Бајерови ознаки од алфа до капа во 1756 година. Тој ги категоризирал и ѕвездите кои ќе се наречат Ламбда и Ми но не ги означил бидејќи сметал дека се непотребни бидејќи биле надвор од астеризмот. Бејли пак ги сметал како дел од Мува, а Гулд им ги дал ознаките. Френсис Бејли исто така ја отфрлил Капа, за која сметал дека е многу темна за да има име, и означил де ѕвезди како Зета1 и Зета2. Последниве две ѕвезди се на растојание од 1°, доста далеку за да би делеле една иста Бајерова ознака. Лакај првично првично птемната ја нарекол Зета, додека пак Бејли сметал дека сакал да ја нарече посјајната. Нескајќи да ја отстрани ознаката на Лакај и другата ѕвезда ја нарекол Зета.[15] Сè на сè во соѕвездието Мува има 62 ѕвезди со светлинска величина поголема од 6,5.[14]

Обликот на најсјаните ѕвезди наликува на оној на Мала Мечка, на начин што ѕвездите наликуваат на српалка со рачка.[12] Сместено на југ-југоисток од Акрукс од соседното соѕвездие Јужен крст е Алфа Мува.[16] Станува збор за најсјајната ѕвезда во соѕвездието со светлинска величина 2,7. На растојание од 310 сг. од Земјата, станува збор за синобела ѕвезда од спектрален тип B2IV-V која е 4520 пати посјајна и 8 пати помасивна од Сонцето. Ѕвездата е кефеида со пречник поголем 4,7 пати од оној на Сонцето, и пулсира на секои 2,2 часа, со промена на сјајноста од 1%. Ѕвезда во непосрдна близина со светлинска величина 13 можно е да биде и ѕвезда придружник, мо ова не со сигурност утврдено.[17] Означувајќи го задниот дел на Мувата е Гама Мува,[16] синобела ѕвезда со спектрална класа B5V која има променлива светлинска величина која се движи меѓу 3,84 и 3,86 во период од 2,7 денови. Станува збор за променлива ѕвезда која се класифицира како споро пулсирачка B ѕвезда.[18] Истата е пет пати помасивна од нашето Сонце.[19]

Бета Мува е двојна ѕвезда на растојание од 341 сг. од Земјата и системот е составен од две ѕвезди со спектрална класа В2V и B3V, и истите се на главната низа со орбитален период од 194 години. Тие се 8 и 6 пати помасивни од Сонцето и имаат пречник 3,5 пати поголем од оној на Сонцето.[20] Зета2 Мува е ѕвезда со спектрална класа A5V на растојание од 330 сг. од Земјата.[21] Станува збор за систем од три ѕвезди со слабосјајни придружни ѕвезди на растојание од 0,5 и 32,4 лачни секунди.[22] Ета Мува е многубрен ѕвезден систем, двете главни ѕвезди образуваат елиптична двојна ѕвезда чиј заеднички спектрален тип е B8V со светлинска величина 4,77 кој се намалува за 0,05 на секој 2,39 денови.[23] Алфа, Бета, Гама, HD 103079, Зета2 и најверојатно Ета се чќенови на подгрупата Долен Кентаур-Јужен Крст од ѕвезденото здружение Скорпија-Кентаур, група од претежно топли синобели ѕвезди кои имаат исто потекло и се движат во иста насока ни галаксијата.[24][25]

Делта и Еспилон ги означуваат левото и десното крило на мувата.[16] Со светлинска величина 3,62 Делта Мува е портокалов џин од спектрален тип K2III на растојание од 91 сг. од Земјата.[26] Епсилон Мува е црвен џин од спектрален тип M5III и полупроменлива ѕвезда чија светлинска величина се движи меѓу 3,99 и 4,31 во период од 40 денови.[27] Ѕвездата се има проширено 130 сончеви пречници и има сјајност 1800 до 2300 пати поголема од онаа на Сонцето. Првичната ѕвезда била 1,5 до 2 пати помасивна од Сонцето. Иако е на слично растојание од 302 сг. од подгрупата Низок Кентаур Јужен Крст, се движи многу побрзо 100 км/с и нема исто потекло.[28] На северозапад е Ми Мува, портокалов џин од спектрален тип K4III чија светлинска величина се менува меѓу 4,71 и 4,76 и е класифицирана како спора неправилна променлива.[29] Во близина на Ми е Ламбда Мува, третата по сјајност ѕвезда и бела ѕвезда на главната низа од спектрален тип A7V на растојание од 128 сг. од Земјата.[30]

Во близина на Алфа е R Мува,[16] Кефеида со светлинска величина меѓу 5,93 и 6,73 во период од 7,5 денови. Станува збор за жолтобел суперџин кој припаша на спектралните типови F7Ib и G2Ib,[31] на растојание од 2037 сг. од Земјата.[32] S Мува е исто така кефеида и жолтобел суперџин со спектрален тип меѓу F6Ib и G0Ib и светлинска величина 5,89 до 6,49 во период од 9,66 денови.[33] Сјана ѕвезда околу 5,9 пати помасивна од Сонцето, станува збор за двојна ѕвезда со синобела ѕвезда како првична ѕвезда од спектрален тип B3V до B5V со маса поголема 5 пати од онаа на Сонцето,[34] еден од најтоплите и најсјаните придружници на вееќе позната кефеида. Орбиталниот период изнесува 505 денови.[35]

Тета Мува е систем од три ѕвезди на растојание од 7.500 сг. од Земјата.[36] Се состои од спектроскопска двојна ѕвезда кој се состои од Волф–Рајеова ѕвезда (спектрален тип: WC5 или 6) и ѕвезда со спектрална класификација О (спектрален тип: O6 или O7) со орбитален период од 19 денови и син суперџин (спектрален тип: O9,5/B0Iab) на растојание од 46 лачни секунди. Ако растојанието до системот е прецизно определен двојната ѕвезда е на растојание од 100 ае. од синиот суперџин.[37] Сите три се сјани ѕвезди чиј збирен сјај е милион пати поголем од оној на Сонцето.[36] TU Мува е двоен систем на растојание од 15.500 сг. од Земјата и се состои од две топли сјајни сини ѕвезди од главната низа со спектрален тип O7,5V и O9,5V,[38][39] со маси 23 и 15 пати од онаа на Сонцето. Ѕвездите се толку близу една до друга што се допираат (допирна двојна ѕвезда) и се класифицирани како Бета Лира променлива бидејќи нивната светлинска величина се менува гледано од земјата поради еклипсата кога минуваат една пред друга.[38] Светлинската величина се менува од 8,17 до 8,75 во период од 1,4 денови.[40]

Позната и како Нова Мува 1983, GQ Мува е двоен систем кој се состои од бело џуџе и мала ѕвезда која по маса е само 1/10 од масата на Сонцето. Двете орбитираат една околу друга на 1,4 часови. Белото џуџе насобира материјал од својот придружник преку забрзувачки диск. По одредено време на ансобирање ѕвездата еруптира како во 1983 година, постигнувајќи светлинска величина од 7,2.[41] Била забележани при светлинска величина од 7,1 на 18 јануари 1983 година,[42] и била првата нова од која биле забележани X-зраци.[43]Х-зрачната нова GRS 1124-683 (позната и како Nova Мува 1991) е двоен систем кој се состои од портокалова ѕвезда (GU Мува) од спектрален тип K3V–K4V и црна дупка со маса од околу 6 сончеви маси.[44] За време на експлозијата во 1991 година која довела до нејзиното откривање, добиеното зрачење е производ на процесот на анихилација на позитроните.[45] GR Мува е рендгенски извор кој се состои од неутронска ѕвезда со маса 1,2 или 1,8 пати од онаа на Сонцето и ѕвезда со мала маса колку и онаа на Сонцето во непосредна близина на неутронската ѕвезда.[46] И накрај, SY Мува е симбиотски ѕвезден систем кој се состои од црвен џин и бело џуџе, каде поголемата ѕвезда ја оддава својата маса на помалото џуџе, при што по одреден временски период нема ни ерупција ниту пак се создава забрзувачки диск.[47] Светлинската величина на системот се менува меѓу 10,2 и 12,7 во период од 624,5 денови.[48]

 
Маглината Торба за Јаглен може да се забележи како големото подрачје на горниот дел од сликата. Се протега во североисточниот дел на Мува. Вертикалниот темен столб е на долната десна страна ан сликата е темната маглина Дудад.

Во три ѕвездени ситеми се пронајдени вонсончеви планети. HD 111232е жолта ѕвезда од главната низа со маса 0,78 од масата на Сонцето и на растојание од 95 сг. од Земјата. Истата има планета (HD 111232 b) со маса 6,8 пати поголема од масата на Јупитер и орбитален период од 1143 денови.[49] HD 112410 е жолт џин од спектрален тип G8III на растојание од 439 сг. од Земјата.[50] Со маса 1,54 пати поголема од Сонцето се шири и се собира како црвен џин. Има планета придружник со маса 9,2 пати од онаа на Јупитер и орбитален период од 124,6 денови на растојание од 0,57 ае.[51] Како член ан подгрупата Низок Кентаур Јужен Крст,[24] HD 100546 е млада синобела ѕвезда од типот Хербигова Ae/Be-ѕвезда од спектрален тип B9V која сè уште не се сместила на главната низа и најблизу до Земјата на растојание од 320 сг.[52][53] Истата еопколена со диск од прашина и гас на растојание од 0,2 до 4 ае. па сè до неколку стотина ае., со доказ дека се одвива создавање на протопланета на растојание од 47 ае.[52] Има и празнина меѓу 4 и 13 ае., што најверојатно е голема планета со 20 Јупитерови маси,[54] иако понатамошното испитување на дискот укажува на можноста од постоење на кафеаво џуџе или повеќе од една планета.[55] LP 145-141 е бело џуџе на растојание од 15 сг од Земјата и е четвртиот објект најблизу до Земјата.[56] Се смета дека е добар кандидат кој би содржел планети од типот на Јупитер, поради својата близина и маса.[57]

Далечни објекти

уреди

NGC 5189 е невообичаена планетарна маглина со местополжба во близина на соѕвездието Шестар,[8] и на растојание од 1.750 сг. од Земјата.[58] Сложениот состав се должи на повеќекратните оддавања на маттерија од ѕвездата која старее во центарот, кој пак се најверојатно размешани од присуството на ѕвезда придружник.[59] Со местоположба 2,4° источно од ета Мува со светлинска величина 12,9 е маглината Песочен Часовник,[60] која е на растојание од 8.000 сг. од Земјата.[61] На запад од Ета Мува е IC 4191, збиена синкава планетарна маглина со светлинска величина 10,6,[62] и на растојание од 10.750 сг. од Земјата.[63] Западно од Епилон Мува е NGC 4071, голема, дифузна планетарна маглина со светлинска величина 12,7 и централна ѕвезда со светлинска величина 12,[62] за која се смета дека се наоѓа на растојание од 4.000 сг. од Земјата.[63] Маглината Торба за Јаглен е темна маглина главно сместена во соседното соѕвездие Јужен Крст со мал дел кој навлегува во Мува.[64] NGC 4463 е расеано ѕвездено јато на југозападната граница на соѕвездието.[65] Со пречник од 5 сг. и на растојание од 3.400 сг од Земјата.[12]

NGC 4833 старо збиено ѕвездено јато во близина на Делта Мува каталогизирано од страна на лакај во 1755 година.[8] На растојание од 21.000 сг. од Земјата и делумно е прекриено со облаците прав од галактичката рамнина. Збиеното ѕвездено јато NGC 4372 во близина на Гама Мува е потемно и исто така прекриено со прав но се протега на поголема површина.[66] Се наоѓа на растојание од 18.900 сг. од Земјата и 23.000 сг. од центарот на галаксијата. Мошне малата металичност укажува на тоа дека се работи за мошне старо или најверојатно за едно од најстарите јата во Млечниот Пат.[67] На југ е теманата маглина Дудад, која наликува на река во облик на латинската буква L и како позадина има поле од сјајни ѕвезди.[68]

Поврзано

уреди

Бекешки

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 1,2 „Musca, Constellation Boundary“. The Constellations. International Astronomical Union. Посетено на 19 December 2013.
  2. Ridpath, Ian. „Frederick de Houtman's Catalogue“. Star Tales. self-published. Посетено на 20 December 2013.
  3. Knobel, Edward B. (1917). „On Frederick de Houtman's Catalogue of Southern Stars, and the Origin of the Southern Constellations“. Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 77: 414–32 [426]. Bibcode:1917MNRAS..77..414K.
  4. 4,0 4,1 Ridpath, Ian. „Musca“. Star Tales. self-published. Посетено на 20 December 2013.
  5. Ridpath, Ian. „Johann Bayer's Southern Star Chart“. Star Tales. self-published. Посетено на 20 December 2013.
  6. Ridpath, Ian. „Lacaille's Southern Planisphere of 1756“. Star Tales. self-published. Посетено на 20 December 2013.
  7. Horvatin, Shane. „Obsolete Constellations: Apis“. East Lansing, Michigan: Michigan State University. Архивирано од изворникот на 2017-05-03. Посетено на 10 July 2012.
  8. 8,0 8,1 8,2 Streicher, Magda (April 2006). „Musca—The Heavenly Fly“ (PDF). Deepsky Delights. The Astronomical Society of Southern Africa. стр. 56–59. Посетено на 21 November 2013.
  9. Basso, Ellen B. (1987). In Favor of Deceit: A Study of Tricksters in an Amazonian Society. Tucson, Arizona: University of Arizona Press. стр. 360. ISBN 0-8165-1022-9.
  10. Harney, Bill Yidumduma; Cairns, Hugh C. (2004) [2003]. Dark Sparklers (Revised. изд.). Merimbula, New South Wales: Hugh C. Cairns. стр. 202, 208. ISBN 0-9750908-0-1.
  11. Johnson, Diane (1998). Night skies of aboriginal Australia: a noctuary. Darlington, New South Wales: University of Sydney. стр. 70–72. ISBN 1-86451-356-X.
  12. 12,0 12,1 12,2 Bagnall, Philip M. (2012). The Star Atlas Companion: What You Need to Know about the Constellations. New York, New York: Springer. стр. 303–07. ISBN 978-1-4614-0830-7.
  13. Russell, Henry Norris (1922). „The New International Symbols for the Constellations“. Popular Astronomy. 30: 469. Bibcode:1922PA.....30..469R.
  14. 14,0 14,1 14,2 Ian Ridpath. „Constellations: Lacerta–Vulpecula“. Star Tales. self-published. Посетено на 24 June 2014.
  15. Wagman, Morton (2003). Lost Stars: Lost, Missing and Troublesome Stars from the Catalogues of Johannes Bayer, Nicholas Louis de Lacaille, John Flamsteed, and Sundry Others. Blacksburg, Virginia: The McDonald & Woodward Publishing Company. стр. 213–14. ISBN 978-0-939923-78-6.
  16. 16,0 16,1 16,2 16,3 Motz, Lloyd; Nathanson, Carol (1991). The Constellations: An Enthusiast's Guide to the Night Sky. London, United Kingdom: Aurum Press. стр. 385–86. ISBN 978-1-85410-088-7.
  17. Kaler, Jim. „Alpha Muscae“. Stars. University of Illinois. Посетено на 21 December 2013.
  18. Otero, Sebastian Alberto (5 March 2012). „Gamma Muscae“. AAVSO Website. American Association of Variable Star Observers. Посетено на 21 December 2013.
  19. Molenda-Zakowicz, J.; Połubek, G. (2004). „Empirical Absolute Magnitudes, Luminosities and Effective Temperatures of SPB Variables and the Problem of Variability Classification of Monoperiodic Stars“ (PDF). Acta Astronomica. 54: 281–97 [283]. Bibcode:2004AcA....54..281M.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  20. Kaler, Jim (22 June 2010). „Beta Muscae“. Stars. University of Illinois. Посетено на 23 December 2013.
  21. „HR 4703 – Star in Double System“. SIMBAD Astronomical Database. Centre de Données astronomiques de Strasbourg. Посетено на 25 December 2013.
  22. Chen, Christine H.; Pecaut, Mark; Mamajek, Eric E.; Su, Kate Y. L.; Bitner, Martin (2012). „A Spitzer MIPS Study of 2.5–2.0 M☉ Stars in Scorpius-Centaurus“. The Astrophysical Journal. 756 (2): 133–57. arXiv:1207.3415. Bibcode:2012ApJ...756..133C. doi:10.1088/0004-637x/756/2/133.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  23. Zasche, P.; Wolf, M.; Hartkopf, W. I.; Svoboda, P.; Uhlař, R.; Liakos, A.; Gazeas, K. (2009). „A Catalog of Visual Double and Multiple Stars with Eclipsing Components“ (PDF). The Astronomical Journal. 138 (2): 664–79. arXiv:0907.5172. Bibcode:2009AJ....138..664Z. doi:10.1088/0004-6256/138/2/664.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  24. 24,0 24,1 de Zeeuw, P.T.; Hoogerwerf, R.; de Bruijne, J.H.J.; Brown, A.G.A.; Blaauw, A. (1999). „A Hipparcos Census of Nearby OB Associations“. Astronomical Journal. 117 (1): 354–99. arXiv:astro-ph/9809227. Bibcode:1999AJ....117..354D. doi:10.1086/300682.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  25. de Geus, P. T.; de Zeeuw; Lub, J. (June 1989), „Physical Parameters of Stars in the Scorpio-Centaurus OB Association“, Astronomy and Astrophysics, 216 (1–2): 44–61, Bibcode:1989A&A...216...44D
  26. „Delta Muscae“. SIMBAD Astronomical Database. Centre de Données astronomiques de Strasbourg. Посетено на 25 December 2013.
  27. Watson, Christopher (25 August 2009). „Epsilon Muscae“. AAVSO Website. American Association of Variable Star Observers. Посетено на 21 December 2013.
  28. Kaler, Jim. „Epsilon Muscae“. Stars. University of Illinois. Посетено на 21 December 2013.
  29. Otero, Sebastian Alberto (31 October 2011). „Mu Muscae“. AAVSO Website. American Association of Variable Star Observers. Посетено на 21 January 2014.
  30. „Lambda Muscae – Star in Double System“. SIMBAD Astronomical Database. Centre de Données astronomiques de Strasbourg. Посетено на 25 December 2013.
  31. Watson, Christopher (4 January 2010). „R Muscae“. AAVSO Website. American Association of Variable Star Observers. Посетено на 21 December 2013.
  32. „R Muscae – Classical Cepheid (delta Cephei type)“. SIMBAD Astronomical Database. Centre de Données astronomiques de Strasbourg. Посетено на 21 December 2013.
  33. Watson, Christopher (4 January 2010). „S Muscae“. AAVSO Website. American Association of Variable Star Observers. Посетено на 21 December 2013.
  34. Böhm-Vitense, Erika; Evans, Nancy Remage; Carpenter, Kenneth; Beck-Winchatz, Bernhard; Robinson, Richard (1997). „The Mass of the Classical Cepheid S Muscae“. The Astrophysical Journal. 477: 916–25. Bibcode:1997ApJ...477..916B. doi:10.1086/303725.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  35. Evans, Nancy Remage (1990). „The orbit and colors of the Cepheid S Muscae“. Publications of the Astronomical Society of the Pacific. 102: 551–57. Bibcode:1990PASP..102..551E. doi:10.1086/132668.
  36. 36,0 36,1 Kaler, Jim. „Theta Muscae“. Stars. University of Illinois. Посетено на 21 November 2013.
  37. Sugawara, Y.; Tsuboi, Y.; Maeda, Y. (2008). „Redshifted Emission Lines and Radiative Recombination Continuum from the Wolf–Rayet Binary θ Muscae: Evidence for a Triplet System?“ (PDF). Astronomy & Astrophysics. 490: 259–64. arXiv:0810.1208. Bibcode:2008A&A...490..259S. doi:10.1051/0004-6361:20079302.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  38. 38,0 38,1 Terrell, Dirk; Munari, Ulisse; Zwitter , Tomaˇz; Nelson, Robert H. (2003). „Observational Studies of Early-type Overcontact Binaries: TU Muscae“ (PDF). 126: 2988–96. Наводот journal бара |journal= (help)
  39. „TU Muscae – Eclipsing Binary of Beta Lyrae type (semi-detached)“. SIMBAD Astronomical Database. Centre de Données astronomiques de Strasbourg. Посетено на 28 December 2013.
  40. Watson, Christopher (4 January 2010). „TU Muscae“. AAVSO Website. American Association of Variable Star Observers. Посетено на 28 December 2013.
  41. Hachisu, Izumi; Kato, Mariko; Cassatella, Angelo (2008). „A Universal Decline Law of Classical Novae. III. GQ Muscae 1983“. The Astrophysical Journal. 687: 1236–52. arXiv:0806.4253. Bibcode:2008ApJ...687.1236H. doi:10.1086/591415.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  42. Liller, William (1990). Cambridge Astronomy Guide. Cambridge, United Kingdom: CUP Archive. стр. 105. ISBN 0-521-39915-7.
  43. Duerbeck, H.W. (2009). „New Stars and Telescopes: Nova Research in the Last Four Centuries“ (PDF). Astronomische Nachrichten. 330 (6): 568–73. Bibcode:2009AN....330..568D. doi:10.1002/asna.200911218. Архивирано од изворникот (PDF) на 2015-09-24. Посетено на 2014-09-14.
  44. Kreidberg, Laura; Bailyn, Charles D.; Farr, Will M.; Kalogera, Vicky (2012). „Mass Measurements of Black Holes in X-ray Transients: is There a Mass Gap?“ (PDF). The Astrophysical Journal. 757 (36): 17pp. arXiv:1205.1805. Bibcode:2012ApJ...757...36K. doi:10.1088/0004-637x/757/1/36.
  45. Sunyaev, R.; Churazov, E.; Gilfanov, M.; Dyachkov, A.; Khavenson, N.; Grebenev, S.; Kremnev, R.; Sukhanov, K.; Goldwurm, A.; Ballet, J.; Cordier, B.; Paul, J.; Denis, M.; Vedrenne, G.; Niel, M.; Jourdain, E (1992). „X-ray Nova in Musca (GRS 1124+68): Hard X-ray Source with Narrow Annihilation Line“. Astrophysical Journal, Part 2 - Letters. 389 (2): L75-78. Bibcode:1992ApJ...389L..75S. doi:10.1086/186352. Архивирано од изворникот на 2012-08-31. Посетено на 2014-09-14.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  46. Cornelisse, R.; Kotze, M.M.; Casares, J.; Charles, P.A.; Hakala, P.J. (2013). „The Origin of the Tilted Disc in the Low-mass X-ray Binary GR Mus (XB 1254-690)“ (PDF). Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 436 (1): 910–20. Bibcode:2013MNRAS.436..910C. doi:10.1093/mnras/stt1654.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  47. Schmutz, W.; Schild, H.; Muerset, U.; Schmid, H.M. (1994). „High resolution spectroscopy of symbiotic stars I. SY Muscae: orbital elements, M giant radius, distance“. Astronomy and Astrophysics. 288: 819–28. Bibcode:1994A&A...288..819S.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  48. Otero, Sebastian Alberto (13 March 2013). „SY Muscae“. AAVSO Website. American Association of Variable Star Observers. Посетено на 11 March 2014.
  49. Mayor, M.; Udry, S.; Naef, D.; Pepe, F.; Queloz, D.; Santos, N. C.; Burnet, M. (2004). „The CORALIE Survey for Southern Extra-solar Planets XII. Orbital Solutions for 16 Extra-solar Planets Discovered with CORALIE“. Astronomy & Astrophysics. 415 (1): 391–402. arXiv:astro-ph/0310316. Bibcode:2004A&A...415..391M. doi:10.1051/0004-6361:20034250.
  50. „HD 112410 – Red Giant Branch star“. SIMBAD Astronomical Database. Centre de Données astronomiques de Strasbourg. Посетено на 26 December 2013.
  51. Jones, M.I.; Jenkins, J.S.; Rojo, P.; Melo, C. H. F.; Bluhm, Paz (2013). „Study of the Impact of the Post-MS evolution of the Host Star on the Orbits of Close-in Planets. II. A Giant Planet in a Close-in Orbit around the RGB Star HIP 63242“ (PDF). Astronomy & Astrophysics. 556 (A78): 5. arXiv:1306.3939. Bibcode:2013A&A...556A..78J. doi:10.1051/0004-6361/201321660.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  52. 52,0 52,1 Quanz, Sasch P.; Amara, Adam; Meyer, Michael P.; Kenworthy, Matthew P.; Kasper, Markus; Girard, Julien H. (2013). „A Young Protoplanet Candidate Embedded in the Circumstellar Disk of HD 100546“ (PDF). Astrophysics Journal. 766: L1–L6. arXiv:1302.7122. Bibcode:2013ApJ...766L...1Q. doi:10.1088/2041-8205/766/1/l1.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  53. Grady, C. A.; Polomski, E. F.; Henning, Th.; Stecklum, B.; Woodgate, B. E.; Telesco, C. M.; Piña, R. K.; Gull, T. R.; Boggess, A.; Bowers, C. W.; Bruhweiler, F. C.; Clampin, M.; Danks, A. C.; Green, R. F.; Heap, S. R.; Hutchings, J. B.; Jenkins, E. B.; Joseph, C.; Kaiser, M. E.; Kimble, R. A.; Kraemer, S.; Lindler, D.; Linsky, J. L.; Maran, S. P.; Moos, H. W.; Plait, P.; Roesler, F.; Timothy, J. G.; Weistrop, D. (2001). „The Disk and Environment of the Herbig Be Star HD 100546“. The Astronomical Journal. 122 (6): 3396–3406. Bibcode:2001AJ....122.3396G. doi:10.1086/324447.
  54. Acke, B.; van der Ancker; M. (2005). „Resolving the Disk Rotation of HD 97048 and HD 100546 in the [O I] 6300A Line: Evidence for a Giant Planet Orbiting HD 100546“. Astronomy & Astrophysics. 449 (267): 267. arXiv:astro-ph/0512562. Bibcode:2006A&A...449..267A. doi:10.1051/0004-6361:20054330.
  55. Mulders, Gijs D.; Paardekooper, Sijme-Jan; Pani'c, Olja; Dominik, Carsten; van Boekel, Roy; Ratzka, Thorsten (2013). „Planet or Brown Dwarf? Inferring the Companion Mass in HD 100546 from the Wall Shape using Mid-Infrared Interferometry“. Astronomy & Astrophysics. 557A (A68): 10. arXiv:1306.4264. Bibcode:2013A&A...557A..68M. doi:10.1051/0004-6361/201220930.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  56. Sion, Edward M.; Holberg, Jay B.; Oswalt, T.D.; McCook, G.P.; Wasatonic, R. (2009). „The White Dwarfs Within 20 Parsecs of the Sun: Kinematics and Statistics“. The Astronomical Journal. 138 (6): 1681–89 [Table 1]. arXiv:0910.1288. Bibcode:2009AJ....138.1681S. doi:10.1088/0004-6256/138/6/1681.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  57. Burleigh, Matthew R.; Clarke, F.J.; Hodgkin, S.T. (2002). „Imaging Planets around Nearby White Dwarfs“ (PDF). Monthly Notices of the Royal Astronomical Society. 331 (4): L41–L45. arXiv:astro-ph/0202194. Bibcode:2002MNRAS.331L..41B. doi:10.1046/j.1365-8711.2002.05417.x.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  58. „NGC 5189 – Planetary Nebula“. SIMBAD Astronomical Database. Centre de Données astronomiques de Strasbourg. Посетено на 29 December 2013.
  59. Villard, Ray (18 December 2012). „A Cosmic Holiday Ornament, Hubble-Style“. Hubble Space Telescope. NASA. Посетено на 31 December 2013.
  60. Bakich, Michael E. (2010). 1001 Celestial Wonders to See Before You Die: The Best Sky Objects for Star Gazers. New York, New York: Springer. стр. 159. ISBN 978-1-4419-1777-5.
  61. Sahai, Raghvendra; Dayal, Aditya; Watson, Alan M.; Trauger, John T.; Stapelfeldt, Karl R.; Burrows, Christopher J.; Gallagher, John S., III; Scowen, Paul A.; Hester, J. Jeff; Evans, Robin W.; Ballester, Gilda E.; Clarke, John T.; Crisp, David; Griffiths, Richard E.; Hoessel, John G.; Holtzman, Jon A.; Krist, John; Mould, Jeremy R. (1999). „The Etched Hourglass Nebula MYCN 18. I. Hubble Space Telescope Observations“. The Astronomical Journal. 118: 468–76. Bibcode:1999AJ....118..468S. doi:10.1086/300939.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  62. 62,0 62,1 Griffiths, Martin (2012). Planetary Nebulae and How to Observe Them. New York, New York: Springer. стр. 198–200. ISBN 1-4614-1782-1.
  63. 63,0 63,1 Zhang, C.Y. (1993). „On the Distance to Galactic Planetary Nebulae“ (PDF). Astrophysical Journal, Part 1. 410 (1): 239–50. Bibcode:1993ApJ...410..239Z. doi:10.1086/172740.
  64. Darling, David J. (2004). The Universal Book of Astronomy: from the Andromeda Galaxy to the Zone of Avoidance. Hoboken, New Jersey: Wiley. стр. 351. ISBN 0-471-26569-1.
  65. Inglis, Mike (2004). Astronomy of the Milky Way: Observer's Guide to the Southern Sky. New York, New York: Springer. стр. 83. ISBN 1-85233-742-7.
  66. Consolmagno, Guy (2011). Turn Left at Orion: Hundreds of Night Sky Objects to See in a Home Telescope – and How to Find Them. Cambridge, United Kingdom: Cambridge University Press. стр. 235. ISBN 1-139-50373-1.
  67. O'Meara, Stephen James (2013). Deep-Sky Companions: Southern Gems. Cambridge, United Kingdom: Cambridge University Press. стр. 218–21. ISBN 978-1-107-01501-2.
  68. Coe, Steven R. (2007). Nebulae and How to Observe Them. New York, New York: Springer. стр. 95. ISBN 1-84628-482-1.

Надворешни врски

уреди
  Статијата „Мува (соѕвездие)“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).


Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>.