Михаил Чеков

(Пренасочено од Михаил Чаков)

Михаил Наумов Чеков (25 јуни 1873 - 1957) — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и воjвода на Македонската револуционерна организација [1].

Михаил Чеков
Роден 1873
Екши Су, Леринско
Починал 1957
кај Велинград, Бугарија

Први години

уреди

Михаил Чеков е роден во село Екши Су, тогава во склоп на Отоманското Царство (денес Ксино Неро, Грција), во 1873 година.

Во 1892 година завршува педагошка насока на Солунската бугарска машка гимазија и постанува главен учител во село Ваташа, а после тоа и во своето родно село Екши Су.

Чеков зема активно учество во разгарнувањето на ВМОРО. На 2 мај 1903 година учествува на Смилевскиот конгрес како претставник на леринскиот реон заедно со поручникот од бугарската армија Георги Папанчев.

Неколку дена подоцна дваjцата организираат реонска конференција на раководителите од леринско во селото Баница.

Турските власти дознават за средбата и на 20 мај турски аскер доаѓа во селото. Турските воjници го убиваат воjводата Георги Папанчев, помошникот на воjводата Васил Попов и секретарот на четата Стојан Партов.

Михаил Чеков ги собира разбеганиците четници и се повлекува во Екши Су. Заедно со Георги Поп Христов се враќа во село Баница, за да открие кој ги предал и кој го довел турскиот аскер во селото. Благајникот на селото Геле Раповски и неговиот помошник се осудени и убиени од комитетот после еден распит во кој им е докажана вината.

Илинденско востание

уреди

За време на Илинденското востание Михаил Чеков, Георги Поп Христов, месниот војвода Тего Хаџиев и Георги Чакров од Банско, специјалист за експлозив заедно со чета од 200 души ја напаѓат железничката станица во Екши Су.

После успешниот напад, го обиколуваат реонот и ги сечат телеграфските жици, а после тоа се среќават со Васил Чекаларов и заедно ги напаѓат касарните во село Невеска.

Поради изненадниот напад тие постигнуват успех и зарабуваат 7 војници и запленуваат 40 пушки. Во месноста Врбица во Нередска Планина до четата стасува вест дека од кај селото Загоричани иде голема армија со артилерија. После кратка пресметка тие се повлекуват према селото Емборе, а од таму према Љуботинското блато, за да се сретнат со љуботинската чета.

Михаил Чеков се крие до есента, кога заедно со Георги Поп Христов се повлекуват према селото Буф каде се среќаваат со Борис Сарафов и четирите преспански војводи.

После тоа тој се враќа во Екши Су каде се крие до зимата, а после замунива за Грција од каде што има намера да премине во Бугарија. Во Атина пристигнува на првиот ден на Велигден во 1904 година. Се сеќава на една случка од прошетките низ градот:

За време на прошетката влеговме во една пивница за да се почестиме. На масата имаше и други лица- грци, и кога разбраа дека сме бугари извикаа Зито Вулгарија. Но, јас им кажав дека сум бугарин ама Македонец. И тие пак извикаа Зито Македонија

Во Атина е затворен и лежи во затвор до есента 1904 година, кога излегува од затворот благодарение на бугарските службени ургенции.

Пристигнува во Булгарија и во Софија е назначен за службеник во Бугарската корпоративна банка. За време на балканската војна се најдува во Атина со цел да врбува емигранти кои се вратиле од странство за да се вкључат во војната, меѓутоа мисијата не му успева.

После Првата светска војна се пензионира и се населува во село Л'џене. Михаил Чеков умира во 1957 година во Велинград.

Извори

уреди
  1. Кратка биографија на Михаил Чеков

Литература

уреди
  • Илинденско-Преображенското востание 1903—1968 , ОФ, Софија, 1968 година