Грчки јазик

(Пренасочено од Грчки)

Грчкиот јазик (грчки: Ελληνικά; МФА: [e̞ˌliniˈka]) е индоевропски јазик кој се зборува главно во денешна Грција.

Грчки јазик
Ελληνικά
Изговор[e̞liniˈka]
Застапен воГрција, Кипар, САД, Австралија, Германија, Турција, Обединетото Кралство, Канада, Русија, Албанија, Украина, Франција, Грузија, Италија, Бугарија, Ерменија и остатокот од грчката дијаспора
ПодрачјеБалкан
Говорници12 милиони[1][2]  
Јазично семејство
Индоевропско
  • грчки јазик
ПисмоГрчка азбука
Статус
Службен во Грција
 Кипар
 Европска Унија
Признаен како малцински во Албанија[3]
 Ерменија[4][5]
 Италија[3]
 Романија[4]
 Украина[4]
Јазични кодови
ISO 639-1el
ISO 639-2gre (B)
ell (T)
ISO 639-3Разни:
grc — Антички грчки
ell — Модерен грчки
pnt — Пондиски грчки
gmy — Микенски грчки
gkm — Средновековен грчки
cpg — Кападокиски грчки
tsd — Цаконски грчки
{{{mapalt}}}
  региони каде грчкиот јазик е службен
  региони каде грчкиот јазик е јазик на бројно малцинство
 лице  Ελληνας елинас
 народ  Ἕλληνες [елинес]
 јазик  Ελληνικά [елиника]
 држава  Ελλάδα [елада]

Грчкиот јазик се зборува од повеќе од 12 милиони луѓе од кои највеќе се концентрирани во Грција, но исто така и во Кипар, понатаму во Албанија и другите балкански земји, Египет, Италија, Романија, Турција, Украина, како и во многу други земји каде што постои грчка дијаспора.

Грчкиот е службен јазик во Грција, каде што го зборува околу 99,5% од населението.[се бара извор] Заедно со турскиот јазик, грчкиот е службен и во Кипар. Бидејќи Грција и Кипар се членки на Европската Унија, јазикот е еден од 20-те службени јазици на Унијата. Има статус на малцински јазик во делови на Италија и Албанија.

ПотеклоУреди

Грчкиот јазик има документирана историја стара околу 3.000 години, подолго од било кој индоевропски јазик.[6] Постојат податоци дека грчкиот јазик бил зборуван во Микена уште од 15 и 14 век п.н.е. што го прави еден од најстарите јазици - од него постари се само Ведскиот Санскрит и јазиците на Анадолија. Старогрчкиот јазик во своите различни форми е јазикот на класичната грчка цивилизација и на првобитното европско христијанство, и претставувал прв или втор јазик во повеќе делови на Римското Царство.[се бара извор] Се предава во школи и универзитети во многу земји за време на ренесансата и по неа. Современиот грчки, кој се разликува во многу погледи од старогрчкиот сè уште е препознатлив како ист јазик (со мали разлики), активно е зборуван од околу 12 милиони луѓе ширум светот, повеќето од кои живеат во Грција. Грчкиот јазик традиционално се пишува со посебната грчка азбука - првата азбука што воведува самогласки. Грчката азбука постои од 9 век п.н.е.

ОсобеностиУреди

Грчкиот јазик има комплексна граматика. Таа вклучува девет глаголски времиња, четири падежи (Номинатив, Акузатив, Генитив и Вокатив) и три рода (машки, женски и среден). Карактеристично за именките во грчкиот јазик е што тие секогаш се пишуваат со соодветниот член за родот на кој таа именка припаѓа. Дури и множинските форми имаат различна форма на членот во зависност од родот, слично на албанскиот јазик (за разлика од некои индоевропски јазици како германскиот во кој членот на множинската форма е ист за сите родови). Исто така личните заменки во трето лице еднина и множина варираат во зависност од родот.

НаводиУреди

  1. http://www.lmp.ucla.edu/Profile.aspx?LangID=30&menu=004 Архивирано на 30 декември 2010 г. The Greek Language
  2. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2005-10-13. Посетено на 2009-01-28.
  3. 3,0 3,1 „Greek“. Канцеларија на Високиот Комесар за човекови права. Архивирано од изворникот на 2008-11-18. Посетено на 2008-12-08.
  4. 4,0 4,1 4,2 „Список на декларации во врска со одредбата No. 148“. Совет на Европа. Посетено на 2008-12-08.
  5. „Интервју со Азиз Тамојан, Национална Унија на Језиди“. groong.usc.edu. Архивирано од изворникот на 2009-06-25. Посетено на 2008-12-08.
  6. „Greek language“. Енциклопедија Британика. Encyclopædia Britannica Online. Посетено на 10 март 2010.