Грчки јазик
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Грчкиот јазик (грчки: Ελληνικά; МФА: [e̞ˌliniˈka]) е индоевропски јазик кој се зборува главно во денешна Грција.
Грчки јазик | |
---|---|
Ελληνικά | |
Изговор | [e̞liniˈka] |
Застапен во | Грција, Кипар, САД, Австралија, Германија, Турција, Обединетото Кралство, Канада, Русија, Албанија, Украина, Франција, Грузија, Италија, Бугарија, Ерменија и остатокот од грчката дијаспора |
Подрачје | Балкан |
Говорници | 12 милиони[1][2] |
Јазично семејство | Индоевропско
|
Писмо | Грчка азбука |
Статус | |
Службен во | Грција Кипар Европска Унија |
Признаен како малцински во | Албанија[3] Ерменија[4][5] Италија[3] Романија[4] Украина[4] |
Јазични кодови | |
ISO 639-1 | el |
ISO 639-2 | gre (B) ell (T) |
ISO 639-3 | Разни: grc — Антички грчки ell — Модерен грчки pnt — Пондиски грчки gmy — Микенски грчки gkm — Средновековен грчки cpg — Кападокиски грчки tsd — Цаконски грчки |
региони каде грчкиот јазик е службен региони каде грчкиот јазик е јазик на бројно малцинство |
лице | Ελληνας елинас |
народ | Ἕλληνες [елинес] |
јазик | Ελληνικά [елиника] |
држава | Ελλάδα [елада] |
Грчкиот јазик се зборува од повеќе од 12 милиони луѓе од кои највеќе се концентрирани во Грција, но исто така и во Кипар, понатаму во Албанија и другите балкански земји, Египет, Италија, Романија, Турција, Украина, како и во многу други земји каде што постои грчка дијаспора.
Грчкиот е службен јазик во Грција, каде што го зборува околу 99,5% од населението.[се бара извор] Заедно со турскиот јазик, грчкиот е службен и во Кипар. Бидејќи Грција и Кипар се членки на Европската Унија, јазикот е еден од 20-те службени јазици на Унијата. Има статус на малцински јазик во делови на Италија и Албанија.
Потекло
уредиГрчкиот јазик има документирана историја стара околу 3.000 години, подолго од било кој индоевропски јазик.[6] Постојат податоци дека грчкиот јазик бил зборуван во Микена уште од 15 и 14 век п.н.е. што го прави еден од најстарите јазици - од него постари се само Ведскиот Санскрит и јазиците на Анадолија. Старогрчкиот јазик во своите различни форми е јазикот на класичната грчка цивилизација и на првобитното европско христијанство, и претставувал прв или втор јазик во повеќе делови на Римското Царство.[се бара извор] Се предава во школи и универзитети во многу земји за време на ренесансата и по неа. Современиот грчки, кој се разликува во многу погледи од старогрчкиот сè уште е препознатлив како ист јазик (со мали разлики), активно е зборуван од околу 12 милиони луѓе ширум светот, повеќето од кои живеат во Грција. Грчкиот јазик традиционално се пишува со посебната грчка азбука - првата азбука што воведува самогласки. Грчката азбука постои од 9 век п.н.е.
Особености
уредиГрчкиот јазик има комплексна граматика. Таа вклучува девет глаголски времиња, четири падежи (Номинатив, Акузатив, Генитив и Вокатив) и три рода (машки, женски и среден). Карактеристично за именките во грчкиот јазик е што тие секогаш се пишуваат со соодветниот член за родот на кој таа именка припаѓа. Дури и множинските форми имаат различна форма на членот во зависност од родот, слично на албанскиот јазик (за разлика од некои индоевропски јазици како германскиот во кој членот на множинската форма е ист за сите родови). Исто така личните заменки во трето лице еднина и множина варираат во зависност од родот.
Грчка азбука
уредиГрчкиот јазик е пишуван со алфабета од приближно 9 век п.н.е. Таа била создадена со модифицирање на феникиската азбука, и со додавање на нови букви кои ги претставуваат самогласките. Варијантата на азбуката што се користи и денес е во суштина доцната јонска варијанта, воведена за пишување на клсичниот атички во 403 п.н.е. Во класичниот грчки, како и во класичниот латински, постоеле само големи букви. Малите грчки букви биле развиени многу подоцна од средновековните писци за да се овозможи побрз, погоден ракописен стил на пишување со употреба на мастило и перо.
Современата грчка азбука има 24 букви, при што секоја има различна форма за мала и голема буква. Буквата сигма има дополнителна форма за мала буква (ς) која се користи кога се наоѓа на крајот на зборот:
големи букви | ||||||||||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Α | Β | Γ | Δ | Ε | Ζ | Η | Θ | Ι | Κ | Λ | Μ | Ν | Ξ | Ο | Π | Ρ | Σ | Τ | Υ | Φ | Χ | Ψ | Ω | |||||||||
мали букви | ||||||||||||||||||||||||||||||||
α | β | γ | δ | ε | ζ | η | θ | ι | κ | λ | μ | ν | ξ | ο | π | ρ | σ ς |
τ | υ | φ | χ | ψ | ω |
Наводи
уреди- ↑ http://www.lmp.ucla.edu/Profile.aspx?LangID=30&menu=004 Архивирано на 30 декември 2010 г. The Greek Language
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2005-10-13. Посетено на 2009-01-28.
- ↑ 3,0 3,1 „Greek“. Канцеларија на Високиот Комесар за човекови права. Архивирано од изворникот на 2008-11-18. Посетено на 2008-12-08.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 „Список на декларации во врска со одредбата No. 148“. Совет на Европа. Архивирано од изворникот на 2012-05-22. Посетено на 2008-12-08.
- ↑ „Интервју со Азиз Тамојан, Национална Унија на Језиди“. groong.usc.edu. Архивирано од изворникот на 2009-06-25. Посетено на 2008-12-08.
- ↑ „Greek language“. Енциклопедија Британика. Encyclopædia Britannica Online. Посетено на 10 март 2010.
Издание на Википедија — слободната енциклопедија на грчки јазик |