Синотибетски јазици

Сино-тибетските јазици се јазична фамилија составена од кинеските и бурманските (мјанмарски) јазици, вклучувајќи околу 250 јазици во Источна Азија, Југоисточна Азија и делови од Јужна Азија. Според бројот на население оваа е втора јазична фамилија веднаш позади индоевропските јазици.

Синотибетски јазици
Географска
распространетост:
Источна Азија
Класификација:Една од најголемите јазични семејства во светот.
Гранки:
ISO 639-2 и 639-5:sit

  Синотибетските јазици.

Предлози за класификација

уреди

Шафер (1966-1974) јазиците ги поделил на следниот начин:

Сино-тибетски (=тибетско-бурмански)
  1. синитски
  2. крадајски
  3. бодички
  4. бурмански
  5. барички
  6. каренички

Бенедикт ја предложил следната класификација:

Сино-тибетски
  1. кинески
  2. тибетско-каренски
    1. каренски
    2. тибетско-бурмански

Матисоф ја предложил следната класификација:

Сино-тибетки
  1. кинески
  2. тибетско-бурмански

Сергеј Старостин ја предложил следната класификација:

Сино-тибетски(верзија 1)
  1. сино-кирантиски
  2. тибетско-бурманско
Сино-тибетски (верзија 2)
  1. кинески
  2. кирантиски
  3. тибетско-бурмански

Наводи

уреди