Википедија:Бидете храбри во ажурирањето на страниците
Википедија-заедницата им препорачува на уредниците да бидат храбри во ажурирањето на страниците. Викијата се развиваат побрзо кога корисниците поправаат проблеми и граматички грешки, додаваат факти, гледаат дали се користи прецизен јазик итн. Очекуваме секој да биде храбар: тоа е сосема во ред. Википедија не само што ви дозволува да додавате, ревидирате и уредувате статии - таа сака тоа да го правите. Ова бара извесна мера на учтивост, но функционира. Ќе видите.
Се разбира, другите ќе го уредуваат и менуваат она што вие сте го напишале. Не сфаќајте го лично. Тие, како и сите ние, само сакаат да ја подобрат Википедија што повеќе можат.
…Но имајте мерка!
уредиНовите корисници се вчудовидени од отвореноста на Википедија и почнуваат да ја исползуваат. Тоа е добро. Но ве молиме внимавајте: „бидете храбри во ажурирањето на страниците“ не значи дека можете да правите големи промени или бришења на големи статии на комплексни, контраверзни теми со долга историја, како да речеме Спор за името помеѓу Македонија и Грција или абортус, пред внимателно да разгледате што преуредувате. Покрај ова, големи промени на Избрани статии, кои се општоприфатени како најдобри статии на Википедија во поглед на нивната сеопфатност, точност и неутралност не е добра идеја.
Во многу такви случаи текстот кој го гледате е создаден по долги и макотрпни преговори помеѓу википедијанци со различни животни позадини и ставови. Невнимателни промени на една таква статија се слични на чепкање во осило, и другите уредници на страницата може да реагираат налутено.
Доколку сакате да уредувате статија на контроверзна тема, најдборо е најпрвин да ја прочитате статијата во целост, коментарите во разговорната страница и да ја погледате историја на страницата за да имате увид во тоа како статијата станала таква каква што е и кој е нејзиниот моментален статус. Исто така вреди да се прочитаат некои поврзани статии, бидејќи она што го сметате за проблем или испуштено може да ви се чини сосема в ред по проследувањето на поврзаните статии.
Доколку очекувате или се соочувате со несогласувања со вашата верзија на статијата, и сакате да промените или избришете нешто содржајно во текстот, добра идеја е да ги наведете вашите забелешки во разговорната страница една по една, разумно цитирајќи ги спорните фрази, објаснувајќи го своето резонирање и давајќи солидни наводи (референци)... Доколку страната има поврзан ВикиПроект, би било добро и таму да ги споменете вашите предложени промени доколку се содржајни.
Потоа, чекајте одговори најмалку еден ден: корисниците работат на Википедија во слободно време и често неможат да одговорат веднаш. Доколку никој нема забелешки, направете го науменото, но секогаш преместувајте ги големите бришења на разговорната страница и наведувајте ги вашите забелешки, така што другите корисници би можеле да ги сфатат вашите промени и да ја следат историјата на таа страница. Исто така оставајте и опис на уредувањето со подробности за промените и причините за нив.
Исклучоци
уредиКатегории и предлошки
уредиИако воопштено гледано добро е да се биде храбар во уредувањето на статии, храброста во ажурирањата на категории и предлошки често е лоша работа. Причината за ова е фактот што промените на категориите, а уште повеќе на предлошките, влијаат врз голем број страници. Во случај на предлошките, менувањето на кодот на предлошка кој се користи на многу места може да создаде проблеми на опслужувачите на Википедија (ова е причината зошто најкористените предлошки се секогаш заштитени од уредувања). Обично вреди да се предложат промените на предлошки и категории според горенаведеното, на разговорни страници или на релевантни ВикиПроекти, пред да менувате било што.
Враќање
уредиБидете храбри со придонеси, но не со уништувања. Уредувањето е соработка, така што храбро уредување не е исто што и храбро враќање. Ова може само да доведе до уредувачки војни. Наместо тоа, користете ја разговорната страница. Едноставна насока за едноставно враќање е дека тоа работи најдобро за, и како такво е замислено како, алатка против ЧИСТ вандализам. Затоа сочувајте го враќањето само за таа намена! Во случаи кои не се вандализам, некој се труди да биде конструктивен (дури и ако тоа го прави лошо), па дури и ако уредувањето е грешно и глупаво, обично постојат поучтиви и поконструктивни начини да се реши проблемот отколку враќање на изгледот кој вие мислите дека треба да остане. Значи сега е време да размислите за подобри решенија.
Доколку сте во искушение да вратите било што освен чист вандализам, земете воздух длабоко; веројатно е подобро тоа да се дискутира на разговорната страница... или да направите уредување на тоа уредување ... или пак можеби да не правите ништо во следните 24 часа додека не се оладите. Враќањето не е колаборативно уредување, туку евтина кратенка (исто така се јавува проблемот што со враќањето имате ограничен простор за објаснение во „описот“ -- со преконцизно искажување, исказите можат да звучат неучтиво). Внимавајте ова враќање да не биде причина за почеток на враќачка војна. Доколку започне ваква војна, храброста во уредувањето не е конструктивна, а уште помалку колаборативна. Тоа е наметнуванње на волјата на еден уредник врз волјата на друг и ова никогаш не функционира. Ваквите уредувања имаат многу краток век. „Точноста“ или „вистинитоста“ на уредувањето веќе станува нерелевантно.
|