Коле Ангеловски
Никола „Коле" Ангеловски (р. 14 март 1943) — македонски театарски и филмски глумец, театарски и филмски режисер и сценарист, како и писател и раскажувач. Животниот и творечки опус на Коле Ангеловски е разновиден, динамичен и многу плоден. Ангеловски е режисер на повеќе драми, серии, документарци и филмови за македонските театарски куќи, телевизиски станици од кои најмногу за МРТВ. Тој е уште познат и како писател, драматург, публицист и културен работник. За својот сестран творечки опус на полето на културното живеење во Македонија, добитник е на многубројни награди меѓу кои и Наградата за Животно дело “11 Октомври”.
Коле Ангеловски | |
---|---|
Роден(а) | 14 март 1943 Скопје, Македонија |
Националност | Македонец |
Активен период | 1962 - денес |
Познат(а) по | по режијата на: Викенд на мртовци Солунски патрдии Колнати сме, Ирина Пусто турско Ах, љубов моја |
Роднини | Владимир Ангеловски (брат) |
Животописни податоци
уредиКоле Ангеловски е роден на 14 март 1943 година во Скопје. По средното образование, дипломирал глума на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград. Коле Ангеловски уште во раното детство — како ученик во основното, а подоцна и во средното образование покажувал интерес и талент кон уметноста, а посебно кон драмската уметност. Поши
Како глумец, уште во првата улога во филмот “Саша”, Ангеловски го зацртил типот на јунак претпознатлив во речиси сите негови улоги — било да станува збор за теми од современиот живот — “Lito Vilovito” и “Да се дојде и да се остане” — или пак теми од блиската или подалечната историја — “До победата и по неа” и “Македонски дел од пеколот”
Ангеловски е еден од преживеаните сведоци на големиот Скопски земјотрес на од 1963 година. Како глумец првпат пред филмската камера застанал веднаш по земјотресот во детската драма “Диди и Дади” каде со децата глумци, брат му Владимир Ангеловски, Мите Грозданов и повозрасните Стево Спасовски и други ја толкувале една од главните улоги во таа детска серија.
Добитник е на многу награди како глумец, режисер, истакнат културен работник, драматург, преведувач и др. Ангеловски е добитник и на Највисоката Македонска награда во Културата “Наградата за животно дело 11. Октомври”. Оваа награда се доделува на културни и други работници од Македонија кои имаат постигнато врвни резултати во својата дејност.
Од 1967 година, до неговото пензионирање во 2008 година, работи во Драмскиот Театар во Скопје. Има напишано неколку драми, филмови и ТВ скрипти. Има режирано над 130 претстави, од кои повеќето се наградени на различни фестивали. Тој има играно над 30 театарски и над 40 филмски улоги. Како режисер, во театрите низ Македонија има режирано над 130 претстави, од кои 34 во Драмски театар - Скопје, 22 во Народен театар Војдан Чернодрински, потоа Народен театар "Антон Панов" Струмица, Македонски народен театар, Турски театар - Скопје, Театарот за деца и младинци, Театар Комедија и други театри низ Македонија.
Има преведено над триесет драми на Македонски. Ангеловски има над 500 часа разна телевизиска програма, главно улоги.
На филмската сцена, како глумец, дебитирла уште како студент во 1962 година, во југословенскиот филм Саша на режисерот Раденко Остоиќ и ја добил дебитантската награда на Филмскиот фестивал во Пула (1963), а 1965 година на истиот фестивал и наградата најдобар млад глумец, за улогата во филмот “Да се дојде и да се остане” на режисерот Бранко Бауер.
Ангеловски има режирано два играни филма. За својот режисерски првенец “Татко” (“Колнати сме Ирина” – 1973) ја добил престижната Награда “Кокањ Ракоњац” на филмскиот фестивал во Пула. Автор е и на втората филмска комедија во македонската кинематографија по “Мирно лето” на Д. Османли, “Викенд на мртовци”, за којшто ја добива Наградата “Златна рипка” за режија, на Фестивалот на филмска комедија во Голубац, Република Србија. На истиот фестивал добива и Трета награда од публиката.
Животопис
уредиФилмската дејност на Коле Ангеловски е импозантна. Така, во 1966 година во филмот „До победата и по неа” игра споредна улога. Една година подоцна, во 1967, ја игра и главната улога во „Македонска крвава свадба”. Истата година тој е сценарист во филмот „Патека”. Во 1969 година игра споредна улога во филмот „Време без војна”. Во 1971 година игра главна улога во филмовите „Жед” и „Македонски дел од пеколот”. Во 1973 година тој е режисер и сценарист во филмот „Татко (Колнати сме, Ирина)”. Во 1979 година тој го режира филмот „Додека водата тивко шумоли”. Игра главни улоги во филмовите: „Оловна бригада” (1980), „Црвениот коњ” (1981), „Јужна патека” (1982), „Нели ти реков” (1984). Во 1986 година ја режира серијата Солунски патрдии. Во 1988 година тој е режисер на филмот „Викенд на мртовци”.
Филмографија
уредиГодина | филм | Улога |
1962 | Саша ТВ-филм | Владо Треф |
1963 | Диди и Дади ТВ-филм | |
1964 | Попладне ТВ-филм | |
1964 | Народен посланик ТВ-филм | Младен |
1964 | Кај сидија за прекршување ТВ-филм | |
1965 | Да се дојде и да се остане ТВ-филм | Гаса |
1965 | Седма тура ТВ-филм | |
1965 | Три ТВ-филм | Патник кој чека воз |
1965 | Човек од светот ТВ-филм | Никола |
1966 | По Коњух планина ТВ-филм | Пушо |
1966 | Време љубов ТВ-филм | |
1966 | До победата и по неа ТВ-филм | Боро |
1966 | Среќни умираат двапати ТВ-филм | Радолица |
1967 | Македонска крвава свадба ТВ-филм | |
1967 | Патека ТВ-филм | |
1967 | Тврдина на силеџиите ТВ-филм | Петар |
1969 | Време вез војна ТВ-филм | |
1969 | Итрата вдовица ТВ-филм | |
1969 | Крос кантри ТВ-филм | |
1969 | Прозорци ТВ-филм | |
1969 | Битка на Нретви ТВ-филм | Жика |
1969 | Свеќник ТВ-филм | |
1970 | Храненик ТВ-филм | |
1971 | Жед ТВ-филм | Поп Ефтим |
1971 | Македонскиот дел од пеколот ТВ-филм | Цане |
1971 | Во гората расне зелен бор ТВ-филм | Марказа |
1972 | Валтер го брани Сараево ТВ-филм | |
1973 | Сутјеска ТВ-филм | Станојлов помагач |
1973 | Пикник на фронтот ТВ-филм | Зепо |
1975 | Го познавате ли Павле Плеша ТВ-филм | |
1975 | Сребреното јаболко ТВ-филм | |
1975 | Светецот од слатина ТВ-филм | |
1975 | Волшебното самарче ТВ-серија | |
1975 | Синови ТВ-филм | Слуга Трифун |
1977 | Нели ти реков ТВ-филм | |
1978 | Златни години ТВ-серија | |
1979 | Наши години ТВ-серија | Фускултурничарот |
1979 | Партизанска ескадрила ТВ-филм | |
1980 | Оловна бригада ТВ-филм | Стево |
1980 | Учителот ТВ-филм | |
1981 | Брановиќ Страхиња ТВ-филм | |
1981 | Црвениот коњ ТВ-филм | Сујде |
1982 | Јужна патека ТВ-филм | |
1983 | Ликвидатор ТВ-филм | |
1984 | Нели ти реков ТВ-филм | |
1984 | Комедијанти ТВ-серија | Комичар |
1984 | Го мермираме мојот јастреб ТВ-филм | |
1986-1989 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
1987 | Ајде да се сакаме ТВ-филм | Полицаец Гага |
1988 | Азра ТВ-филм | |
1988 | Луди години ТВ-серија | Максим Филиповиќ |
1988 | Некоја чудна земја ТВ-филм | |
1989 | Собирен Центар ТВ-филм | Мачак |
1990 | Северна грешка ТВ-филм | Чавка |
1990 | Станица на обични возови ТВ-филм | |
1991 | Вонземјаните се криви за се ТВ-филм | |
1991 | Болва в' уво ТВ-филм | |
1991 | Тесна кожа 4 ТВ-филм | |
1991 | Во име на законот ТВ-серија | Зајко Кокорајко |
1991 | ТВ Театар ТВ-серија | Полицаец |
1992 | Дама која убива ТВ-серија | Командир |
2002 | Зона Замфирова ТВ-филм | |
2003 | Време за плачење ТВ-филм | |
2008-2009 | Некој чудни луѓе ТВ-серија | |
2009 | Седумка, љубов или смрт ТВ-филм | |
2011 | Нашата мала клиника ТВ-серија | Љупче |
2015 | Незрели цреши ТВ-филм | |
2016 | А болката останува ТВ-филм | Жан Батист Валери |
2017 | Ах, љубов моја ТВ-филм | Газдероберот |
2022 | Затемнување ТВ-филм | Монах Живан |
2024 | Жикина Династија ТВ-филм | Максим Филиповиќ |
Режисер
уредиГодина | Филм/Серија/Претстава | |
1973 | Колнати сме, Ирина (филм) | |
1986 | Коприварник (претстава) | |
1986 | Солунски патрдии (серија) | |
1987 | Училиште за кловнови (серија) | |
1987 | Театарче лево ќоше (филм) | |
1988 | Викенд на мртовци (филм) | |
1989 | Рекламна бајка (претстава) | |
1990 | Викенд на мртовци (серија) | |
1991 | Македонија може (серија) | |
1992 | Чудовиштата во нашиот град (серија) | |
1996 | Умри машки (претстава) | |
2003 | Време за плачење (ТВ-филм) | |
2003 | Лото, лото (серија) | |
2004 | Неверство во зимска ноќ (филм) | |
2006 | Пусто турско (филм) | |
2009 | Ветар низ тополите (серија) | |
2009 | Балкан бенд ТВ-серија | |
2009 | Седумка, љубов или смрт ТВ-филм | |
2013 | Капетанот Џон Пипал (претстава) | |
2013 | Од кол на кол (претстава) | |
2015 | Три во едно (филм) | |
2017 | Бегај еве ја жена ти (претстава) | |
2017 | Ах, љубов моја (серија) | |
2018 | Не сега драга (претстава) | |
2019 | Лажговци (претстава) | |
2021 | Птица со главата меѓу нозе (претстава) | |
2022 | Паника во Хотел Палас (претстава) | |
2022 | Секс, лаги и љубомора (претстава) |
Писател
уредиКоле Ангеловски ја има напишано следнава филмографија:
- 1967 - "Путељак"
- 1973 - "Колнати сме, Ирина" (филм)
- 1987 - "Училиште за кловнови" (серија)
- 2003 - "Време за плачење" (ТВ)
- 2003 - "Лото, лото" (серија)
Награди
уреди- 2008 — Награда „13 Ноември“
- Награда „Ристо Шишков“
- 2011 — Награда за животно дело „Војдан Чернодрински“
- 2018 — Награда „Св. Јоаким Осоговски“
- 2019 — Награда „Киненова“ за особен придонес во филмската уметност
- 2020 — Награда „Златен објектив“
- 2020 — награда „13 Ноември“ од областа на културата за 60 години творештво во областа на театарот и филмот.[1]
- 2022 — Награда на фестивалот „Денови на Комедија“ во Куманово за најдобра режија за претставата „Паника во Хотел палас“
- 2023 — Награда „Васил Иљоски“ на фестивалот „Денови на комедија“ Куманово
- 2023 — Орден за заслуги за Република Македонија
Наводи
уреди- ↑ „ИЗБРАНИ ДОБИТНИЦИТЕ НА НАГРАДАТА „13 НОЕМВРИ" НА ГРАД СКОПЈЕ ЗА 2020 ГОДИНА“. Град Скопје. Посетено на 3 декември 2020.
Надворешни врски
уреди- Коле Ангеловски на Семрежната филмска база на податоци (англиски)