Александар Михајловски

македонски глумец

Александар Михајловски (Скопје, 15 септември 1990) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Александар Михајловски
Роден 15 септември 1990
Скопје
Националност Македонец
Занимање глумец
Татко Тони Михајловски

Животопис

уреди

Александар Михајловски е роден на 15 септември 1990 година во Скопје како син на познатиот македонски глумец Тони Михајловски. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за глумечка игра во класата на Владимир Милчин во 1998 година. Во периодот од 2017 до 2019 година работел во Театар Комедија, а од 2019 година е вработен во Македонскиот народен театар.[1]

Театрографија

уреди
  • Хор — „Вечната куќа“ од Јордан Плевнеш, р. Дејан Пројковски, МНТ, 2013;
  • Исус — „Електра“ од Есхил, Софокле, Еврипид и Жан Пол Сартр, р. Андриј Жолдак, МНТ, 2014;
  • Нероденото дете – среќата — „Сината птица“ од Морис Метерлинк, р. Златко Славенски, МНТ, 2014;
  • „Темнината ѝ прилега на Електра“, р. Наташа Поплавска, Арт Медиа, МОБ, 2015;
  • Првиот маж — „Тероризам“ од Владимир и Олег Пресњаков, р. Јордан Симонов, МНТ, 2015;
  • Костја — „Животот е перкрасен“ од Николај Ердман, р. Александар Морфов, МНТ, 2015;
  • Фред Кејсли, Арон, Доктор и Хари — „Чикаго“ од Фред Еб и Боб Фос, р. Наташа Поплавска, МНТ, 2015;
  • Сарториус — „Соларис“ од Станислав Лем, р. Андриј Жолдак, МНТ, 2016;
  • Силјан — „Силјан Штркот шанца“ од Дејан Дуковски, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 2016;
  • Деметар — „Сон на летната ноќ“ од Вилијам Шекспир, р. Андреј Цветановски, Театар Комедија - Скопје, 2017;
  • Ненад Богосављевиќ — „Жена ми се вика Борис“ од Рафи Шарт, р. Синиша Евтимов, Театар Комедија - Скопје, 2017;
  • Аладин — „Авантурите на Аладин“, р. Бојан Трифуновски, МНТ, 2017;
  • Нино — „Ничија земја“ од Данис Тановиќ и Александар Морфов, р. Александар Морфов, МНТ, 2017;
  • Еди — „МАММА МИА!“ од Кетрин Џонсон по приказната на Џуди Крејмер, р. Наташа Поплавска, МНТ и Проспот (Словенија), 2017;
  • Филинт — „Мизантроп“ од Жан Батист Поклен Молиер, р. Ана Вукотиќ, Театар Комедија – Скопје, 2018;
  • Златко — „Немам да платам“ од Дарио Фо, р. Александра Кардалевска, Театар Комедија - Скопје, 2018;
  • Фезлиев — „Црнила ремикс“ според „Црнила“ од Коле Чашуле, р. Јордан Симонов, МКЦ, 2018;
  • Силва — „Мој термин“ по мотивите на Лорен Бафи и Висенте Виљануева, р. Синиша Евтимов, МНТ, 2018;
  • Хенеси — „Бесачи“ од Мартин Мекдона, р. Јавор Грдев, МНТ, 2019;
  • „Отело“ од Вилијам Шекспир, р. Нина Николиќ, Перипетија продукција, МНТ и Босанско народно позориште Зеница, 2019.
  • "Билинг соработник на Народен гласник" Народен непријател од Хенрик Ибзен, р. Нина Николиќ МНТ, 2022.
  • "Пентеј" "Бакхи Арава" од Еврипид и Тамара Барачков, р. Нина Николиќ МНТ, 2022.
  • "Иванов" од Антон Павлович Чехов, р. Зоја Бузалковска МНТ, 2023.

Филмографија

уреди
  • Марко — „In Absentia“, р. Дина Дума, краткометражен филм, 2013;
  • Мето — „Карма“, р. Владимир Митревски–Ѓуле, „Круг филм“, кратокометражен филм, 2015;
  • „Free hugs“, р. Тамара Котевска, кратокометражен игран филм, 2015;
  • Кецко — „Роденден“, р. Косара Митиќ, „Сектор филм“, кратокометражен филм, 2016;
  • Ацо — „Ослободување на Скопје“, р. Раде Шербеџија, 2016.
  • Перо - "Забот" р. Ајдин Ислами, 2018
  • Марио - "Големи или ситно" р. Батухан Ибрахим 2019.

Телевизиски серии

Награди

уреди
  • Награда за млад глумец за 2016 г., за улогата на Силјан Штркот на „Златна бубамара на популарноста“;
  • Награда за млад глумец на XVII „Фестивал на босанскохерцеговската драма“ - Зеница, за улогата на Нинo во претставата „Ничија земја“;
  • Наградата за млад глумец „Трајко Чоревски“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, 2018 г., за улогата на Нино во претставата „Ничија земја“.

Наводи

уреди

Надворешни врски

уреди