Димитар Костов (2 јули 1936 во Скопје2011 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец. Во 1966 година, тој се вработил во Македонски народен театар во Скопје, каде работел сè до неговото пензионирање во 1999 година.

Димитар Костов
Роден 2 јули 1936
Скопје, Вардарска Бановина, Кралство Југославија
Починал 2011(2011-00-00) (возр. 74–75)
Скопје, Македонија
Националност Македонец
Народност Македонец
Познат по улогите во:
Трст виа Скопје
Чекор пред времето
Погрешно време
Македонски народни приказни
Занимање глумец

Филмографија

уреди

Костов ги остварил филмските улоги:[1]

Година Филм Улога
1972 Вител ТВ-филм
1973 Смилевскиот конгрес ТВ-филм Парасков Цветков
1973 Илустриран ТВ Речник ТВ-серија Чедо
1975 Простодушна љубов ТВ-филм Миле
1975 Волшебното самарче ТВ-серија
1978 Курирот на Гоце ТВ-серија Шабан
1979 Томе од бензинската пумпа ТВ-филм
1979 Наши години ТВ-серија Таткото на Ико
1982 Илинден ТВ-серија Валијата
1983 Премиера ТВ-филм
1985 Сомнително лице ТВ-филм Бранислав Нушиќ
1987 Народни трибуни ТВ-филм
1987-1990 Трст виа Скопје ТВ-серија Началникот
1988-1993 Еурека ТВ-серија
1990 ДО РЕ МИ ТВ-серија Бездомникот
1993 Бог да ги убие шпионите ТВ-филм
1994 Прекалени ТВ-серија
1995 Ангели на отпад ТВ-филм
1996 Македонски народни приказни ТВ-серија Геле
1998 Денес, утре ТВ-филм Директор
2000 Мајка Тереза ТВ-филм
2000-2001 Погрешно време ТВ-серија Димитар
2001 Светот има осум страни ТВ-серија
2002 Глужд во времето ТВ-филм
2003 Чекот пред времето ТВ-филм
2003 Нежната прашина на заборавот ТВ-серија Димитрија
2006 Мост ТВ-филм Тимотеј

Награди

уреди
  • Награда за млад глумец „Трајко Чоревски“ (во чест на Трајко Чоревски) за улогата во претставата „Венчалница“ (1965)
  • Награда за улогата на ликот Франц во претставата „Заточениците од Алтона“ на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп (1966).
  • Награда „8 Октомври“ (1967)
  • Награда „Војдан Чернодрински“ за животно дело (2009)

Наводи

уреди
  1. „Dimitar Kostov“. IMDb. Посетено на 25 јануари 2023.