Ангелина Иванова

Ангелина Иванова (21 март 1928, Крушевац, Србија - 18 јули 2017, Скопје) — македонска глумица, една од ѕвездите на Драмскиот театар во Скопје од 20. век

Ангелина Иванова
Роден 21 март 1928
Крушевац,  Кралство Југославија
Починал 18 јули 2017
Скопје, Македонија Македонија
Занимање глумица

ЖивотописУреди

Иванова е родена на 21 март 1928 година во Крушевац, Србија. Завршила трет клас гимназија во 1946 година. Работела на Куклената сцена, во Младинско-детскиот театар и Драмскиот театар во Скопје. Во Драмски театар работела сè до пензионирањето, каде одиграла повеќе од 80 улоги.

Починала во Скопје на 18 јули 2017 година.[1]

НаводиУреди