Русомир Богдановски
Русомир Богдановски (Ниш, 11 октомври 1948 - ), македонски драмски писател и театарски сценарист.
Русомир Богдановски | |
---|---|
Роден(а) | 1948 |
Занимање | драмски писател и театарски сценарист. |
Животопис
уредиВо 1972 година дипломира драматургија на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград.
Магистрира на факултетот за драмски уметности во Белград (1997) со трудот „Комични драмски форми во македонските обреди и обичаи за време на некрстените денови“.
Работел како драматург и уредник на редакцијата за драмска програма на МТВ.
Бил професор по филмско и ТВ сценарио на Факултетот за Драмски уметности во Скопје[1]. Се пензионирал како редовен професор по драматургија на ФДУ во Скопје.
Стилски определби
уредиИнспирацијата ја црпи од фантастичните народни приказни и легенди, проткајувајќи ги со една иронија, која на извесен начин ќе не’ потсети на богатството на жанровскиот дух. Неговото мото е - „Зошто да измислуваме туѓиприказни кога дома имаме големо раскажувачко наследство“ Неговото драмско истраѓување има широк спектар на драматуршки разновидбости кои се движат од творечко инспирирање на традицијата до одреден постмодернистички ракопис со то е податлив како автор на најразновидни театарски размисли и поставки
Творештво
уредиДрамски текстови
уреди"На заборавениот остров" (1968)
"Фарса за храбриот Науме" (1968/1969);
"Панургиј" (1969);
"Чудото на свети Ѓорѓи" (1971/1979);
"Патенталија и Тентелина" (1983);
"Ништо без Трифолио" (1986);
"Вечерва фалстаф" (1993);
"Ноќ спроти Василиј" (1996).
Детски Драмски текстови
уреди"Рекламна бајка" (1989);
"Чудовиштата во нашиот град" (1990).
Филмски и Телевизиски сценарија
уреди"Добра долина" (1973);
"Како се сакаа Пертеф и Леонида" (1974);
"Нели ти реков" (1976); "Златни години" (1978);
"Учителот" (1980);
"Време на летала" (1982);
"Трето доба" (1987);
"Пасквелија" (1992);
"Време, живот" (1992) и
"Life time" (1999).
Награди
уредиНаграда на Македонскиот народен театар за драмски текст ("Фарса за храбриот Науме", 1970);
Специјална награда на ТВ-фестивалот во Блед (за сценарио на ТВ-драмата "Како се сакаа Пертеф и Леонида", 1975);
Гран-при на ТВ-фестивалот во Порторож (за сценарио за ТВ-драмата "Учителот", 1981);
Награда за најдобар текст на фестивалот за детски театар во Зеница ("Рекламна бајка", 1990).
Наводи
уреди- ↑ Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 174. ISBN 978-608-203-023-4.