Шенка Колозова
Шенка Колозова (Добрево, Пробиштипско, 1 февруари 1947) — македонска глумица, најпозната по улогите во Македонските народни приказни.[1]
Шенка Колозова | ||
![]() | ||
Роден | 1 февруари 1947 Добрево, Пробиштипско ![]() | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Познат | по улогата во: Македонски народни приказни Простодушна љубов Опстанок Трст виа Скопје Волшебното самарче Каца Во светот на бајките Време, води | |
Занимање | глумец | |
Сопружник | Ѓорѓи Колозов | |
Деца | Катерина Колозова |
ЖивотописУреди
Колозова е ќерка на Стоица и Катерина Димитрови (подоцна, Станојкови). Родена е на 1 февруари 1947 во Добрево, Пробиштипско). Дипломирала на Катедрата за јужнословенска книжевност при Филозофскиот факултет во Скопје. Целиот работен век го поминала како професионална глумица во народните театри во Штип и Куманово, а подоцна и во Македонскиот народен театар од Скопје, каде се пензионирала. Во кариерата одиграла над 100 премиери во трите народни театри, и уште 16 премиери со приватниот театар „Колозов“. Таа има одиграно повеќе од 6 000 претстави во овие три театри, не вклучувајќи ги и гостувањата во Велешкиот театар и други театри во Македонија. Најзначајни театарски ролји на Колозова се во претставите „Свирачот на покрив“, „За сите мои синови“, „Електра“ на Еврипид (во улогата на Клитемнестра), „Сè за градината“, „Печалбари“ и други. Покрај актерството, таа е автор на бројни сценарија и драматизации, меѓу кои и Цепенковите народни приказни.[2]
ФилмографијаУреди
Година | Филм | Улога |
1971 | Жед ТВ-филм | |
1975 | Волшебното самарче ТВ-серија | |
1975 | Простодушна љубов ТВ-филм | |
1976 | Најдолгиот пат ТВ-филм | |
1979 | Наши години ТВ-серија | |
1980 | Време, води ТВ-филм | |
1982 | Илинден ТВ-серија | |
1982 | Време на летала | |
1982 | Едно лето ТВ-серија | |
1984 | Јуначко колено ТВ-серија | |
1984 | Белото циганче ТВ-серија | |
1984-1985 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
1984-1985 | Легенди и преданија ТВ-серија | |
1985-1986 | Крале Марко јунак стана ТВ-серија | |
1986 | Среќна нова '49 ТВ-филм | |
1986-1992 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
1987 | Случки од животот ТВ-серија | |
1987 | Македонски балади ТВ-серија | Мајката |
1987 | Чорбаџи Теодос ТВ-филм | |
1989-1991 | Тврдокорни ТВ-серија | |
1989 | Цвеќе на карпата | |
1989-1993 | Еурека ТВ-серија | |
1989-1991 | Трст виа Скопје ТВ-серија | Мајката на Дино |
1991 | Опстанок ТВ-серија | Трајанка |
1991 | Елелига пепелига ТВ-серија | |
1991 | Поштар ТВ-филм | |
1992 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
1992 | Последната Македонска елегија ТВ-филм | |
1993-1997 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
1994 | Пред дождот ТВ-филм | |
1994 | Прекалени ТВ-серија | |
1995 | Во светот на бајките ТВ-серија | |
1995 | Бус за Дус | |
1996 | Батко Гого нема пари ТВ-филм | |
1996-2001 | Во светот на бајките ТВ-серија | |
1998-2003 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
1999 | Каца ТВ-филм | Жената |
2000 | Погрешно време ТВ-серија | |
2000-2001 | Светот има осум страни ТВ-серија | |
2001 | Прашина ТВ-филм | |
2006-2009 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
2007 | Досие-К ТВ-филм | Тетка Мара |
2010 | Царската е последна ТВ-филм | Царицата |
2010-2017 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
2012 | Трето полувреме ТВ-филм | |
2014 | Женски итроштини ТВ-филм | |
2016 | Ослободување на Скопје ТВ-филм | |
2017 | Детето ќе дојде ТВ-филм | Велика |
2020 | Горчлива цреша ТВ-филм | |
2020 | Зоки Поки ТВ-серија | Бабата |
2021-2022 | Македонски народни приказни ТВ-серија | |
2022 | Нема да бидеш сам ТВ-филм | Билјана |
2022 | Кајмак ТВ-филм | |
2022 | Бистра вода ТВ-серија |
НаводиУреди
Надворешни врскиУреди
- Шенка Колозова на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
„Шенка Колозова“ на Ризницата ? |