Петре Арсовски

(Пренасочено од Петар Арсовски)

Петре Арсовски (р. 12 јуни 1945 во Мокрени, Велешко) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Петре Арсовски
Роден 12 јуни 1945(1945-06-12)(78 г.)
Мокрени, Велешко
Националност Македонец
Познат по улогата во:
Среќна Нова ’49
Истрел
Сенки над Балканот
Тетовирање
Македонскиот дел од пеколот
Трето полувреме
Златна петорка
Нели ти реков
Занимање глумец

Животопис уреди

Петар Арсовски дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Бил првата генерација димломирани глумци заедно со Ѓорѓи Колозов, Мајда Тушар, Гоце Влахов, Снежана Киселичка, Кирил Псалтиров и Соња Каранџуловска.

Првата улога Петре Арсовски ја остварува во 1968 година во претставата „Венецијански близнаци“ во улога Првиот полицаец, чија премиера била одржана на 12 декември 1968 година. Во текот на својата театарска кариера, учествувал во глумење на 58 ликови на сцената на МНТ, како и 16 ликови на други сцени од други театри.

За првпат на филм се појавил во играниот филм „Македонскиот дел од пеколот“ во 1971 година. Во 1974 година се вработил во Македонскиот народен театар каде се пензионирал во 2009 година. И покрај пензионирањето, Арсовски продолжил со играњето во претстави и филмови.

Во 2018 година по повод 50 години од својата глумечка кариера, Арсовски направил изложба во фоајето на Македонскиот народен театар[1]. Добитник е на повеќе награди и признанија.

Живее и работи во Скопје.

Филмографија уреди

Година Филм Улога
1970-ти
1971 Македонски дел од пеколот ТВ-филм Панде Кајзеро
1972 Истрел ТВ-филм Игор
1973 Добра долина ТВ-филм
1973 Смилевскиот конгрес ТВ-филм Петар Ацев
1974 Средба ТВ-филм Јон
1974 Волшебното самарче ТВ-серија Петре
1975 Јад ТВ-филм
1976 Цимерите од соба 306 ТВ-филм Веле
1976 Најдолгиот пат ТВ-филм Јован
1977 Итар Пејо ТВ-серија Клисарот
1977 Нели ти реков ТВ-филм
1977 Пресуда ТВ-филм
1980-ти
1980 Време води ТВ-филм Петар
1981 Булки крај шините ТВ-филм Ристе
1982 Јужна патека ТВ-филм Ѓорѓи
1982 Јагне на ражен ТВ-филм Кузман
1982 Илинден ТВ-серија
1983 Записник ТВ-филм
1983 Опасни траг ТВ-филм
1984 Нели ти реков ТВ-филм
1984 Белото циганче ТВ-серија
1984 Го мемираше мојот јастраб ТВ-филм Бајрам
1985 На наш начин
1985 Бушава азбука ТВ-серија
1985 Јазол ТВ-филм Симеон
1986 Среќна Нова ’49 ТВ-филм Бургер
1989 Еурека ТВ-серија Човекот
1990-ти
1990 Трст виа Скопје ТВ-серија Геро
1991 Тетовирање ТВ-филм Командир
1992 Заминување од Пасквелија ТВ-филм Арџо
1992 Македонски народни приказни ТВ-серија
1993 Бог да ги убие шпионите ТВ-филм Сакир
1993 Крик на немиот Индијанец ТВ-филм
1995 Ангели на отпад Џокер
1995 Македонски народни приказни ТВ-серија
1997 Џипси меџик ТВ-филм Босанац
1997 Добредојдовте во Сарајево ТВ-филм Џои
1998 Салон Хармони ТВ-серија Полицаецот
1998 Збогум на 20-тиот век ТВ-филм Мажот
2000-ти
2000 Је ли јасно пријатељу ТВ-филм Бесим
2000-2001 Во светот на бајките ТВ-серија
2000-2001 Светот има осум страни ТВ-серија
2000-2001 Досие Скопје ТВ-серија
2001 Одмазда ТВ-филм Александар
2002 Вампирџија
2002 Заведени ТВ-серија
2003 Седум приказни за љубовта и свршувањето ТВ-филм
2003 Едно од лицата на смртта ТВ-филм
2003 Волци ТВ-филм Лазе
2003 Нежната прашина на заборавот ТВ-серија Поп Серафим
2004 Големата вода ТВ-филм Воен доктор
2005 Обични луѓе ТВ-серија Трпе
2005 Бал-кан-кан ТВ-филм
2006 Караула ТВ-филм Илиевски
2006 Стрмоглави ТВ-филм
2006 Патувања со рабробил ТВ-филм
2006 Мост ТВ-филм Славеј
2006 Американецот ТВ-филм
2007 Стапица ТВ-филм Вељо
2009 На изгрејсонце ТВ-филм Војдан
2010-ти
2011 Ова не е американски филм ТВ-филм
2011 Мистер Рубин ТВ-филм Професор
2012 Скопје Ремикс ТВ-филм
2012 Трето полувреме ТВ-филм Папас
2012 Човекот со чудна навика, да ме удира со чадор по глава ТВ-филм Боге
2013 Балканот не е мртов ТВ-филм
2013 Равна гора ТВ-серија
2014 До балчак ТВ-филм Прв трговец
2015 За кралот и татковината ТВ-филм
2015 Лазар ТВ-филм Добре
2015 Шишка делукс
2016 Ноќно живеење ТВ-филм
2016 Ослободување на Скопје ТВ-филм Димчо
2016 Златна петорка ТВ-филм Џиџи
2017 На терапија ТВ-серија Татко на Владо
2017 Љубов и Предавство ТВ-серија Џиџи
2017-2019 Сенки над Балканот ТВ-серија Газда Киро
2019 Ефектот на Среќа ТВ-филм Професорот
2020-ти
2020 Другарот ТВ-филм Димче
2023 Лена и Владимир ТВ-филм Васил

Награди уреди

Наводи уреди

  1. „Изложба за 50 години глумечка кариера на Петре Арсовски“. kurir.mk. 18 декември 2018. Архивирано од изворникот на 2019-07-31.
  2. Доделување на наградата 11 Октомври на семрежното место на Собранието на Република Македонија

Надворешни врски уреди