<< декември >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06 07
08 09 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31
2024

29 декември — 363-иот ден во годината според грегоријанскиот календар (364-и во престапна година). Остануваат 2 денови до крајот на годината.

Настани:

1943  Во местото Провањеница, во атарот на селото Канарево, кумановско, бугарската војска и полиција стрелала осум луѓе од селото Орах, еден од селото Канарево и еден од селото Длабочица. Притоа 77 луѓе од Орах биле интернирани во Бугарија.
1944  Основана Македонската стопанска банка.
1992  Долниот дом на холандскиот Парламент донел одлука за признавање на Република Македонија.
1993  Владите на Полска и на Република Македонија донеле одлуки за воспоставување дипломатски односи во ранг на вонредни и ополномоштени амбасадори.
1993  Исланд и на Република Македонија воспоставиле дипломатски односи.
1997  Во Хонгконг започнало систематско санитарно колење на целокупната популација на кокошки (1,25 милиони), за да се спречи ширењето на птичјиот грип.

Родени:

1709  Елисавета — руска царица.
1721  Мадам де Помпадур — љубовница на Луј XV.
1800  Чарлс Гудјир — американски пронаоѓач кој го открил процесот на вулканизација на каучукот.
1809  Вилијам Гледстон — британски премиер.
1921  Добрица Ќосиќ — српски писател, академик и политичар.
1943  Рик Данко — канадски рок-музичар, член на групата „Бенд“.
1967  Еван Сеинфелд — американски музичар.
1969  Линус Торвалдс — создавачот на јадрото за оперативениот систем Линукс.
1972  Џад Ло — англиски глумец.
1978  Анџело Тејлор — американски атлетичар.
1978  Кирон Даер — англиски фудбалер.
1989  Кеј Нишикори — јапонски тенисер.
1998  Виктор Осимен — нигериски фудбалер.
1999  Франсиско Тринкао — португалски фудбалер.

Починале:

1634  Клаудио Монтевердииталијански ренесансен композитор.
1731  Брук Тејлор — англиски математичар.
1825  Жак Луј Давид — француски сликар, основач и главен претставник на класицизмот.
1834  Томас Малтус — англиски свештеник, демограф и економист.
1864  Саломон Милер — германски природонаучник.
1849  Дионисио Агуадо — шпански класичен гитарист и композитор од времето на романтизмот.
1891  Леополд Кронекер — германски математичар.
1920  Марко Цепенков — македонски собирач на народни умотворби.
1926  Рајнер Марија Рилке — германски писател.
1956  Андреја Карпузов — прв македонски магистер по фармација и прв аптекар во Македонија.
1981  Мирослав Крлежахрватски писател.
1984  Гвидо Тартаља — југословенски писател.
1986  Андреј Тарковски — руски и советски режисер.
1986  Харолд Макмилан — британски премиер.
1998  Томо Шијак — македонски сликар.
2008  Фреди Хабард — американски џез-музичар.
2022  Пеле — бразилски фудбалер.