Милица Стојанова
Милица Стојанова (родена на 6 јуни 1932 во Крива Паланка) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица.[1]
Милица Стојанова | ||
Роден | 6 јуни 1932 Крива Паланка | |
---|---|---|
Националност | Македонка | |
Познат | по улогата во: Јужна патека Среќна Нова ‘49 Светло сиво / Птицата Урубу и девица | |
Занимање | глумица |
ЖивотописУреди
По завршувањето на Средната театарска школа во Скопје, работела во Радиодрамата во Скопје, а потоа во Драмата на МНТ од 1953 до 1964 година. Од 1964 година па сè до пензионирањето била во Драмскиот театар во Скопје. Добитник е на повеќе високи признанија - на највисоката Републичка награда „11 Октомври“ за ролја и за животно дело, потоа на Наградата на градот Скопје „13 Ноември“, на Стериината награда на Театарските игри во Нови Сад , како и на Театарските игри „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Двапати е прогласена за артист на годината од страна на ревијата „Екран“ од Скопје.[2]
ФилмографијаУреди
- 1977: Исправи се, Делфина (Споредна улога)
- 1980: Оловна бригада (Споредна улога)
- 1982: Јужна патека (Главна улога)
- 1986: Среќна Нова ‘49 (Главна улога)
- 1991: Тетовирање (Споредна улога)
- 1993: Светло сиво / Птицата Урубу и девица (Главна улога)
- 1994: Пред дождот (Споредна улога)
- 1998: Збогум на 20 век (Споредна улога)
- 1999: Време, живот (Споредна улога)
- 2001: Прашина (Споредна улога)
- 2014: Деца на сонцето (Споредна улога)
- 2015: Три дена во септември (Споредна улога)
Кратки филмови:
- 2016: Роденден
- 2017: Види ја ти неа
НаводиУреди
Надворешни врскиУреди
- Милица Стојанова на МИФЦ
- Милица Стојанова на Семрежната филмска база на податоци (англиски)