Илија Џувалековски
Илија Џувалековски (20 декември 1915 во Прилеп - 18 октомври 2004 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец, режисер и педагог.[1]
Илија Џувалековски | |
---|---|
Роден(а) | 20 декември 1915 Прилеп, Македонија |
Починал(а) | 18 октомври 2004 Скопје, Македонија | (возр. 88)
Националност | Македонец |
Активен период | 1941 - 1996 |
Познат(а) по | по улогата во: Фросина Мис Стон Волчја ноќ Кота 905 Денови на искушение Црвениот коњ Чорбаџи Теодос Републиката во пламен |
Животопис
уредиПред Втората светска војна студирал Музичка академија во Белград каде што пеел македонски изворни песни за Радио Белград се до 1941 година. Во август 1944 година заминал на Вис каде под раководство на Вјекослав Африќ настапувал во Театарот на Народното ослободување. По кратко време заминал во Москва каде што станал член на уредувачкиот одбор на радио-станицата „Слободна Југославија“.
Во 1945 година се вратил во Македонија и се решил за глумечка кариера. Првите успеси ги постигнал во Македонскиот народен театар во Скопје. Тој е еден од најангажираните и нај познати македонски театарски и филмски глумци заедно со: Петре Прличко, Кирил Ќортошев, Тодор Николовски, Ристо Шишков и Илија Милчин.
Во 1964 година заминал во Загреб каде настапувал за Хрватскиот народен театар, а од 1967 ја водел катедрата за глума на македонски јазик при Академијата за театар, филм и телевизија.
Во Скопје се вратил во 1972 година и продолжил со својата педагошка работа на Факултетот за драмски уметности, а истовремено и со својата глумечка кариера, како на домашната, така и на меѓународната сцена.
Театарски улоги
уредиЏувалековски има настапувано како:
- Поцко („Чорбаџи Теодос“);
- Виќа („Сомнително лице“);
- Отело во истоименото дело;
- Егор Буличов во истоименото дело;
- Гоце во истоименото дело;
- Тетерев („Малограѓани“);
- Сатин („На дното“);
- Игнациј Глембај („Господа Глембаеви“);
- Лембах („Во агонија“);
- Луков („Црнила“);
- Симон („Габи");
- Лир („Крал Лир“);
- Таткото („Црна дупка“);
- Академикот („Бунт во домот за старци");
- и други.
Филмографија
уредиГодина | Филм | Улога |
1949 | Мајка Катина ТВ-филм | Дендрамис |
1952 | Фросина ТВ-филм | Крсте |
1952 | Деца ТВ-филм | Петар |
1955 | Есалон доктор М ТВ-филм | Куртес |
1955 | Волча ноќ ТВ-филм | Божин |
1956 | Клисура ТВ-филм | Рамадан |
1957 | Туѓа земја ТВ-филм | |
1957 | Мал човек ТВ-филм | Иследник |
1957 | Ќе се вратам ТВ-филм | Адвокат на Бранко |
1958 | Мис Стон ТВ-филм | Четнопеев |
1959 | Ил Вендикатор ТВ-филм | Иван Ивановиќ |
1959 | Виза на злото ТВ-филм | Калпак |
1959 | Цампо мамула ТВ-филм | |
1960 | Кота 905 ТВ-филм | Мајор Момир |
1961 | Мирно лето ТВ-филм | Каралампие |
1961 | Узаврели град ТВ-филм | Сиба |
1962 | Крст ракоч ТВ-филм | |
1963 | Лице и лице ТВ-филм | Војо |
1964 | Службен полозај ТВ-филм | |
1964 | Сваниш ТВ-филм | Стројовоѓа |
1965 | Четвртта димензија ТВ-филм | |
1965 | Работна ноќ во музејот ТВ-филм | |
1965 | Денови на искушение ТВ-филм | Луков |
1965 | Чиркус рех ТВ-филм | |
1966 | Морган ТВ-филм | |
1966 | Винето и Мелозот ТВ-филм | |
1966 | Каде по дождот ТВ-филм | Таткото на Леа |
1967 | Летови кои се памтат ТВ-филм | Пациент пушач |
1967 | Македонска крвава свадба ТВ-филм | |
1967 | Протест ТВ-филм | Јозо |
1967 | Четвртта супотник ТВ-филм | Нико |
1967 | Пављон број 6 ТВ-филм | Андреј |
1969 | Молва ТВ-филм | Василие |
1969 | Светски сибиче ТВ-филм | |
1969 | Републиката во пламен ТВ-филм | Ташку Ѓонда |
1970 | Та добра душа ТВ-филм | |
1971 | Понасање Ивана Лучича ТВ-филм | |
1971 | Каде идат диви свињи ТВ-серија | Професор |
1972 | Либерту ТВ-филм | Нунзио |
1973 | Залрз над езерска земја ТВ-серија | |
1973 | ТВ ребус ТВ-серија | |
1975 | Јад ТВ-филм | |
1975 | Волшебното самарче ТВ-серија | Тале |
1975 | Светецот од Слатина ТВ-филм | |
1975-1976 | Патот кон иднината ТВ-серија | |
1976 | Сослушување на железничарот ТВ-филм | Мајстор Момир |
1976 | Војвода Спиро црне ТВ-филм | |
1979 | Томе од бензинската пумпа ТВ-филм | |
1979 | Наши години ТВ-серија | Боро |
1980 | Оловна бригада ТВ-филм | Љубен |
1981 | Црвениот коњ ТВ-филм | Никофор |
1982 | Непокорен град ТВ-филм | др. Иван Рибар |
1982 | Јужна патека ТВ-филм | |
1982 | Илинден ТВ-серија | Мудорот |
1984 | Белото циганче ТВ-серија | Баба Мулон |
1984 | Шта се згоди кад се љубав роди ТВ-филм | |
1985 | Јазол ТВ-филм | |
1987 | Трст виа Скопје ТВ-серија | Арабаба |
1987 | Чорбаџи Теодос ТВ-филм | Поцко |
1988 | Завера и издаја ТВ-серија | Ѓорѓи Димитров |
1990 | Позитивна нула ТВ-серија | |
1990-1991 | ДО РЕ МИ ТВ-серија | Дедото |
1993 | Бог да ги убие шпионите ТВ-филм | Поличајскиот началник |
Награди
уреди- Во 1977 година е добитник на наградата „АВНОЈ“;
- Во 1982 година ја добива наградата за улогата на „Симон“ во претставата „Габи“;
- Во 1983 година ја доби и наградата „11 Октомври“ за животно дело; и
- Во 1990 година ја добива наградата за животно дело „Војдан Чернодрински“.
Наводи
уреди- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Џудото“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1641. Text "series " ignored (help)
Надворешни врски
уреди- Биографија на Македонскиот информациски филмски центар Архивирано на 18 март 2007 г.
- Илија Џувалековски на Семрежната филмска база на податоци (англиски)