Мими Таневска (родена во 1956 во Скопје) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица, професорка на Факултетот за драмски уметности во Скопје, магистер по културологија.

Мими Таневска
Родена 1956 (воз. 67–68 г.)
Скопје, НР Македонија, ФНРЈ
Националност Македонка
Народност Македонка
Позната по улогата во:
Стапица
Елелига Пепелига
Тајната книга
Занимање глумица, професор

Образование

уреди

Дипломирала на Факултетот за драмски уметности во Скопје, на Катедрата по глумечка игра. Магистрирала на Институтот за македонски јазик и литература, оддел културолошки студии, во 2010 г. со теза со наслов „Средбата глумец-гледач во интеркултурниот театар на Гротовски“.

Професионална кариера

уреди

Своите глумечки ангажмани ги започнала уште на рана возраст како членка на детската радио драма на Радио Скопје од 1966г. до 1972г. Од 1973г. до 1977г., таа е дел од аматерскиот театар “Чекори“ во Скопје. Во 1984г., дипломира на Факултетот за драмски уметности и набрзо потоа се вработила во Македонскиот народен театар како редовен член на глумечкиот ансамбл. На сцената на Македонскиот народен театар, а и на останите театарски сцени низ Македонија, како гостинка, одигрува многу значајни улоги од светската драматургија, од автори како: Антон Павлович Чехов, Жан Поклен де Молиер, Вилијам Шекспир, Харолд Пинтер, Жан Пол Сартр, Мирослав Крлежа, Славомир Мрожек, Џон Озбор, Јануш Гловацки, Бертолт Брехт, Горан Стефановски, Жанина Мирчевска, Билјана Србљановиќ итн, соработувајќи со режисери како Слободан Унковски, Владимир Милчин, Владо Цветановски, Љубиша Георгиевски и многу други. Во Македонскиот народен театар останува до 1999г., кога станува асистент по глумечка игра на Факултетот за драмски уметности во класата на Љубиша Георгиевски. Во 2011г., станува вонреден професор по глумечка игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје, напоредно работејќи на театарските сцени низ Македонија, како глумица гостинка. Мими Таневска, своите позначајни филмски и ТВ улоги ги одигрува во “Стапица“, “Елелига Пепелига“, “Мојсие од малото место“, „Состојба пред инфаркт“, “Тајната книга“, "Ефектот на Среќа и др.

Награди

уреди

Мими Таневска е добитничка на Наградата „Браќа Миладиновци“, неколкукратна добитничка на наградата за најдобра женска улога на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, како и добитничка на престижната „Стериина награда“ на фестивалот „Стериино позорје“ во Нови Сад.

Надворешни врски

уреди