Рубенс Муратовски

Рубенс Муратовски (роден на 8 јануари 1971 во Скопје) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Рубенс Муратовски
Роден 8 јануари 1971(1971-01-08)(53 г.)
Скопје
Националност Македонец
Познат по улогата во:
Булки крај шините
Мост
Тврдокорни
Последниот Македонец
Занимање глумец

Животопис уреди

Рубенс Муратовски димпломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, во класата на Проф. Љубиша Георгиевски во 1996 година, а од 2000 година се вработил во Драмски театар - Скопје. Со глума Муратовски започнал уште од најрани години кога настапувал во главната улога на детската серија „Белото Циганче“ и „Булки крај шините“. Во текот на годините, како студент а и потоа, остварил забележителни главни и споредни улоги во претстави на матичниот театар, но и на сите други театарски сцени во државата.

Од 2019 години тој е автор и водител на емисијата "Помагачот", и автор на емисијата "Спортски легенди" заедно со Зоран Михајлов кој се емитуваат на Наша ТВ.

Поважни театарски улоги уреди

  • Падот на Масада р. Дејан Пројковски ДТС 2023
  • Така зборуваше Гертруда р. Ангелчо Илиевски ДТС 2022
  • Буре барут р. Сашо Миленковски ДТС 2016
  • Господарот на кукавицата р. Андреј Цветановски Т. Комедија 2015
  • Ждрело-р,Зоја Бузалковска,ДТС 2014
  • Архелаос или Еврипид се враќа на Балканот,р Владо Цветановски,ДТС 2012
  • Генетика на кучињата,р Дејан Пројковски,ДТС 2012
  • Агамемнон - geNOcid21, од Љубиша Георгиевски, р. Владлен Александров, ДТС 2011
  • Војникот – Супернова, р. Златко Славенски, ДТС, 2008
  • Инспекторот Дадо – Комшилук наопаку, р. Ненни Делместре, ДТС, 2008
  • Спасе – Македонски рулет, р. Сашо Миленковски, ДТС, 2007
  • Поткаљосин – Женидба, р. Лилиа Абаџиева, Битолски театар, 2006
  • Џејмс – Поручникот од Иншимор, р. Зоја Бузалковска, ДТС, 2005
  • Дантон – Смртта на Дантон, р. Дејан Пројковски, Струмички театар, 2005
  • Гаврил – Лет во место, р. Љупчо Георгиевски, ДТС, 2005
  • Инкасаторот, Црна Арапина ... – Маме му ебам, кој прв почна, р. Дејан Пројковски, Битолски театар, 2004
  • Луков – Црнила, р. Дејан Пројковски, Театар Штип, 2004
  • Штурецот – Како се станува цар, Зоја Бузалковска, ДТС, 2003
  • Тој – Нема да верувате што ми случи вечерва, р. Кристијан Ристевски, ДТС, 2003
  • Амнон – Јонадаб, р. Дејан Пројковски, ДТС, 2003
  • Хомо еректус, р. Сашо Миленковски, ДТС, 2002
  • Детето – Сонот на смешниот човек, р. Александар Ивановски, Театар Велес, 2002
  • Драга Елена Сергеевна, р. Александра Ковачевиќ, Театар Штип, 2002
  • Војцек – Војцек, р. Боро Драшковиќ, ДТС, 2002
  • Тетовирачот – Тетовирани души, р. Сашо Миленковски, ДТС, 2001
  • Лизандар – Сонот на летната ноќ, р. Димитар Станковски, ДТС, 2001
  • Затвореникот, судијата ... – Кандид во земјата на чудата, р. Сашо Миленковски, ДТС, 2000
  • Мефисто, р. Коле Ангеловски, ДТС, 2000
  • Јованка Орлеанка, р. Љубиша Георгиевски, 2000
  • Ферхад и Ширин, Јуџел Ертел, 2000
  • Мисот на малиот град, р. Владо Талевски, МНТ, 1999
  • Стражарот - Антигона ин Техноленд, р. Галин Стоев, МНТ, 1999
  • Тхе Ловер, р. Зоја Бузалковска, 1999
  • Хамлет, р. Владо Цветановски, 1999
  • Бесконечно патување, кореограф Искра Шукарова, МНТ, 1998
  • Ромео – Ромео и Јулија, р. Наташа Поплавска, Струмички театар, 1998
  • Ојдипус Тиранос, р. Зоја Бузалковска, 1997
  • Среќата е нова идеја во Европа, р. Владо Цветановски, 1997
  • Мечка, р. Синиша Ефтимов, ФДУ, 1996
  • Џек - Питачка опера, р. Горан Тренчовски, ДТС, 1996
  • Теди Брјустер – Арсеник и стара тантела, р. Љубиша Георгиевски, ДТС, 1995, дипломска работа
  • Дрвеница, р. Владо Денчов, театар Скрб и утеха, 1994
  • Луна прима, р. Горан Тренчовски, приватен проект, 1994
  • Билет за пеколот, р. Душан Наумовски, Универзална сала, 1994
  • Кандид во земјата на чудата од Венко Андоновски, р. Сашо Миленковски, ДТС
  • Кинегонда во Карлаленд од Венко Андоновски, р. Сашо Миленковски, ДТС, 2009

Филмографија уреди

Муратовски има остварено бројни филмски улоги:[1]

Година Филм Улога
1981 Булки крај шините ТВ-филм Ване
1981 Првите цутови ТВ-серија
1982 Слана во цутот на бадемите ТВ-филм
1982 Едно лето ТВ-серија Владимир
1982 Црвено жолто зелено ТВ-филм
1984 Белото циганче ТВ-серија Таруно
1984 Комедијанти ТВ-серија Детето
1987 Девојките на Марко ТВ-серија
1988 Втора смена ТВ-серија Славчо
1990 Еурека ТВ-серија Хорист 4
1995 Во светот на бајките ТВ-серија
1995-2000 Македонски народни приказни ТВ-серија
1998 Салон Хармони ТВ-серија
1999 Стаорец ТВ-филм Војникот
1999 Voice ТВ-филм
1999 Глушецот ТВ-филм
2000 Глас ТВ-филм
2000 Погрешно време ТВ-серија Влатко
2001 Прашина ТВ-филм Корто Малтезе
2001 Подгревање на вчерашниот ручек ТВ-филм Снимателот
2002 Вета ТВ-филм Алек
2006 Мост ТВ-филм Никола
2007 Досие-К ТВ-филм Граѓанин 2
2011 Трето па машко ТВ-серија Цеко
2013-2014 Тврдокорни ТВ-серија Соле Стојчев
2015 Последниот Македонец ТВ-филм Јане Сандански
2022-2023 Бистра вода ТВ-серија Спиро

Награди уреди

Награда за најдорба машка улога на Фестивалот за античка драма „Стоби“ 2011 г., за улогата на Агамемнон во претставата „geNOcid21“

Наводи уреди

  1. „Rubens Muratovski“. IMDb. Посетено на 25 јануари 2023.

Надворешни врски уреди