Ташко Георгиевски
Ташко Георгиевски (15 март 1935 - 13 април 2012) — македонски раскажувач, романописец и филмски сценарист, по потекло од Егејска Македонија. Во современата македонска книжевност внел оригинални теми со изразита национална боја. Главна тема кај Георгиевски се трагичните прогонства и преселби на егејските Македонци, нивните несреќи и раселувањето по војната. Членувал во МАНУ од 1983 година.
Ташко Георгиевски | ||
![]() | ||
Роден | 15 март 1935 с. Кронцелево, Воденско | |
---|---|---|
Починал | 13 април 2012 Скопје, Македонија | (возр. 77)|
Занимање | писател и сценарист |
ЖивотописУреди
Георгиевски е роден на 15 март 1935 г. во с. Кронцелево, Воденско. Студирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Работел во редакцијата на весникот „Млад борец“ и во списанието „Современост“. Бил уредник во Македонската телевизија и во издавачките куќи „Мисла“ и „Македонска книга“. Ги има добиено наградите: „Кочо Рацин“, „11 Октомври“, „13 Ноември“, „Стале Попов“, „Рациново признание“.
Почина на 13 април 2012 во Скопје, на возраст од 77 години.[1]
Книжевно творештвоУреди
- „Ние зад насипот“ (раскази, 1957)
- „Луѓе и волци“ (роман, 1960)
- „Ѕидови“ (роман, 1962)
- „Суви ветрови“ (раскази, 1964)
- „Црно семе“ (роман, 1966)
- „Змиски ветар“ (роман, 1969)
- „Црвениот коњ“ (роман, 1975)
- „Куќа под калето“ (раскази, 1978)
- „Време на молчење“ (роман, 1978)
- „Рамна земја“ (роман, 1981)
- „Плочата на животот“ (автобиографски записи, 1987)
- „Кајмакчалан“ (роман, 1992)
- Црно семе / Црвениот коњ / Жолтиот трендафил (филмски сценарија, 1997)
- „Исчезнување“ (роман, 1998)[2]
НаводиУреди
- ↑ „Почина писателот Ташко Георгиевски“. МРТВ. 15 април 2012. Посетено на 15 април 2012.
- ↑ Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 58.
Надворешни врскиУреди
Оваа статија за македонски писател е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |