Владимир Јачев
македонски глумец
Владимир Јачев (Скопје, 24 јануари 1971) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.
Владимир Јачев | ||
Роден | 24 јануари 1971 Скопје, СР Македонија, СФРЈ | |
---|---|---|
Националност | Македонец | |
Народност | Македонец | |
Занимање | глумец |
Животопис
уредиВладимир Јачев е роден на 24 јануари 1971 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на отсекот за глумечка игра во класата на Владимир Милчин, а во 2010 година магистрирал на истиот факултет во областа на театрологијата. Вработен е во Македонскиот народен театар од 1994 година.[1]
Театрографија
уреди- Александар Македонски — „Крик“ од Блаже Минески, р. Владимир Милчин, МНТ, 1992.
- Либен — „Жорж Данден“ од Жан Батист Молиер, р. Бранко Ставрев, МНТ, 1992;
- Корифеј, Мајстор за оружје — „Мир“ од Жан Батист Молиер, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 1993;
- Топук — „Буре Барут“ од Дејан Дуковски, р. Сашо Миленковски, МНТ, 1994;
- Павел Иванович Чичиков — „Мртви души“ од Николај Василевич Гогољ, р. Владимир Милчин, МНТ, 1994;
- Жолта Евреина — „Лепа Ангелина“ од Благоја Ристевски, р. Владимир Милчин, МНТ, 1995;
- Стенли Вебер — „Роденден“ од Харолд Пинтер, р. Васил Христов, МНТ, 1995;
- Роби — „Шопинг енд факинг“ од Марк Рејвенхил, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 1998;
- Виктор Дебисон — „Мисија“ од Хајнер Милер, р. Кристијан Ристевски, МНТ, 1998;
- Тиресеј — „Антигона во техноленд“ од Софокле, р. Галин Стоев, МНТ, 1999;
- Столе — „Гроф Миливој“ од Ристо Крле, р. Димитрие Османли, МНТ, 2001;
- Расим — „Балканот не е мртов“ од Дејан Дуковски, р. Александар Поповски, МНТ, 2001;
- Витез Дансен — „Опасни врски“ од Шадорло де Лакло и Кристофер Хемптон, р. Љупчо Ѓорѓиевски, МНТ, 2002;
- Владиката Григориј, Поручник Симоновиќ — „Белите коњи“ од Петре Бакевски, р. Виолета Џолева, МНТ, 2003;
- Хамлет — „Хамлет во транзиција“ од Светислав Басара, р. Сашо Миленковски, МНТ, 2004;
- Џој Хајнс — „Сцени од животот“ од Овен мек Каферти, р. Филип ле Моан, МНТ, 2004;
- Шестиот — „Слепци“ од Морис Метерлинк, р. Томи Јенежич, МНТ, 2005;
- Рагби — „Болва в уво“ од Жорж Фејдо, р. Бранко Ставрев, МНТ, 2007;
- Ричард — „Среќните денови на љубовникот“ од Семјуел Бекет и Харолд Пинтер, р. Нелко Нелковски, МНТ, 2007;
- Лазар — „Свето срце“ од Љубиша Георгиевски, р. Љубиша Георгиевски, МНТ, 2009;
- Мажот — „Лет во три глави“ од Загорка Поп-Антоска Андоновска, р. Никола Ристов, МНТ, 2009;
- Патрокло (Троил и Кресида, 2010), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Ристиќ, продукција: Македонски народен театар;
- „Декамерон“ од Џовани Бокачо, р. Боњо Лунгов, МНТ, 2012;
- Новеченто — „Приказна за пијанистот на океанот – Новеченто“, МНТ, монодрама, 2013;
- Варда Склир — „Вечната куќа“ од Јордан Плевнеш, р. Дејан Пројковски, МНТ, 2013;
- Клеант — „Тартиф“ од Жан Батист Молиер, р. Галин Стоев, МНТ, 2016;
- Трпе — „Силјан штркот шанца“ од Дејан Дуковски, р. Срѓан Јаниќијевиќ, МНТ, 2016;
- Хари Брајт — „МАММА МИА!“ од Кетрин Џонсон по приказната на Џуди Крејмер, р. Наташа Поплавска, МНТ и Проспот (Словенија), 2017.
Филмографија
уреди- Полицаецот — „Тетовирање“, р. Столе Попов, Мирко продукција, Вардар филм - Скопје, 1991;
- „Крикот на немиот индијанец“, р. Томислав Алексов, 1993;
- Алија — „Пред дождот“, р. Милчо Манчевски, Полиграм, Аим Продакшн, Ное Продакшн и Вардар филм-Скопје, 1994;
- Ангеле — „Ангели на отпад“ , р. Димитрие Османли, ТФРЗ Пегаз - Скопје и Чаплајн филм - Софија, 1995;
- Полицаецот Перо — „Џипси меџик“, р. Столе Попов, Вардар филм-Скопје, 1997;
- Миле - "Народен пратеник", р. Димитрие Османли, Вардар филм-Скопје, 2001;
- Спасе — „Прашина“, р. Милчо Манчевски, 2001;
- Таткото — „Бубачки“, р. Игор Иванов – Изи, Сектор филм - Скопје, 2003;
- Инспектор — „Големата вода“, р. Иво Трајков, 2004;
- Игнатие — „Стрмоглави“, р. Маја Младеновска, ТВ-филм, 2006;
- Шишкин — „Сенки“, р. Милчо Манчевски, 2007;
- „Сам и заедно“, р. Арон и Дерек Џонс, 2008;
- Коле — „Мајки“, р. Милчо Манчевски, 2010;
- Селанец - До балчак, р. Столе Попов, 2014.
- Јаков Росман — „Ослободување на Скопје“, р. Данило и Раде Шербеџија, 2016.
- Телевизиски серии
- Арамијата - Во светот на бајките, МТВ1, 1999.
- "Седум приказни, за љубовта и свршувањето", 2003.
- Царот - Македонски народни приказни, ТВ Морис, 2006.
- Царот - Македонски народни приказни, МТВ, 2014.
- Тадеј — „Преспав“, ОХО, 2016.
Наводи
уреди- ↑ „Владимир Јачев Архивирано на 23 декември 2019 г.“. Македонски народен театар.
Надворешни врски
уреди- Владимир Јачев на Семрежната филмска база на податоци (англиски)