Братислав Димитров
Братислав Димитров (22 март 1952, Скопје) — македонски театарски и филмски режисер,писател и драматург во Скопје.
Биографија
уредиДипломирал на факултетот за драмски уметности во класата на професорот Љубиша Георгиевски. Триесет и осоум години бил драматург во Македонскиот народен театар две години директор на Театарот за деца и младинци. Бил е од основачите на Демократскиот сојуз,[1] пред тоа не бил член на ниту една политичка партија. Студирал, Југословенска и светска книжевност. Дипломирал на факултетот за драмски уметности. Живеел и работел во Лондон, Амстердам, Норвешка итн. Бил кандидат за градоначалник на Скопје. Почнал да пишува колумни уште во 1969 година во тогашниот студенски весник Фокус.
Дела
уредиНапишал единаесет драми:
- Глоговиот џбун,
- Револуционер,
- Бисери и свињи,
- Дас капитал,
- Мавзолеј,
- Кошмар,
- Ни ќар ни зијан,
- Лични огласи,
- Ноќите во бел сатен
- Тајното оружје
- Како најсините очиња на целиот свет
- Кутрите мали хрчки
Напишал и три детски пиеси:
- Пупи Паф,
- Свадбата на Итар ПеЈо
- Крале Марко.
Напишал и две претстави:
- Луди за љубов
- Последната игра
Пишувал во магазин Жена, Дневник, Утрински весник, Теа модерна и Публика. Издал пет книги со колумни:
- Малку блуз за твојата душа,
- Најважната работа на светот[2],
- Симни го малку небото за да се качам,
- Последните акорди на тишината
- Рецепти за осаменост
- Дремка за двајца[3]
Сите драми се изведувани во Македонија а некои и надвор од неа.
Учествувал на неколку европски и светски фестивали.
Награди
уредиГлавна награда за улогата во ТВ- драмата “Томе од бензиската пумпа” на ТВ-фестивалот во Порторож. Главна награда на анонимниот конкурс за свечено отворање на новиот театар „Ј.Х.-Џинот“ во Велес и „13 Ноември“ награда на град Скопје од областа на културата. Има добиено главна награда за улогата во ТВ драмата Томе од бензиската пумпана фестивалот во Порторож. Главна награда за драмски текстови Глоговскиот џбун и Ноќите во бел сатен на театарските игри Војдан Чернодрински во Прилеп.