Владо Јовановски

македонски глумец

Владо Јовановски (роден во 27 февруари 1967 во Пробиштип[1]) — македонски театарски, филмски и телевизиски глумец.

Владо Јовановски
Роден 27 февруари 1967[1]
Пробиштип[1]
Националност Македонец
Познат по улогата во:
Збогум на 20-тиот век
Бал-кан-кан
Илузија
Преспав
Ругање со Христос
Деца на сонцето
До балчак
Занимање глумец[1]

ЖивотописУреди

Завршил Факултет за драмски уметности во Скопје. Член на Драмата при Македонскиот народен театар е од 1993 година.

За пошироката публика е можеби најпознат по серијалот „Истражи ја Македонија“ – кратки документарни емисии за неоткриените убавини на Македонија. Серијалот, кој привлече доста внимание и често беше емитуван на македонските телевизии, е финансиран од Владата на Република Македонија за да го поттикне Македонскиот туризам.[2]

На 28 ноември 2017 година, Владо Јовановски бил уапсен под сомнение за терористичко загрозување на уставниот поредок по упадот во Собранието на Македонија од 27 април 2017 година[3].

ФилмографијаУреди

Филмографија на глумецот Владо Јовановски
Год. Назив Улога
1990.-те
1990-1993. Еурека ТВ серија Вернер фон Браун
1992. Словенски Орфеј филм Дионис, Зевс...
1993. Македонска сага ТВ-филм Невзет
1993. Светлосиво ТВ филм Фидан
1994 Пред дождот ТВ-филм
1994-1995 Бумбари ТВ-серија
1995. Ангели на отпад ТВ-филм Гаврил
1997. Преку езерото ТВ филм Тахир
1998. Збогум на 20-тиот век ТВ филм Пророкот
2000.-те
2000-2001. Досие Скопје ТВ-серија
2001. Вета Краток филм /
2001. Прашина ТВ филм Учителот
2004. Големата вода ТВ филм
2004. Илузија ТВ филм Лазо
2005. Бал-кан-кан ТВ филм Трендафил Каранфилов
2006. Тајната книга ТВ филм Бигорски
2008. Time of the Comet ТВ филм Мето
2010.-те
2010. Крајот на светот Краток филм /
2010. Мајки ТВ-филм
2011. Ова не е Американски филм ТВ-филм Влатко
2011. Вознесение ТВ филм Зеко
2012. Колона Краток филм /
2012. Трето полувреме ТВ филм Пепо
2013. Искачување на последното поглавје ТВ-филм
2014. До балчак ТВ филм Иљо
2014. Деца на сонцето ТВ филм Кале
2014. Враќање Краток филм Таткото на Ана
2015. Лазар ТВ филм Јордан
2015 20 Мајмуни ТВ-филм
2016. Ослободување на Скопје ТВ филм Доктор Васил
2016. Есента на самурајот ТВ филм Скендер
2016-2017. Преспав ТВ-серија Миле
2017. Анка ТВ филм Големиот Вед
2017. Македонија ТВ-серија
2018. Ругање со Христос ТВ филм Глигор
2020.-те
2020-2022. Преспав ТВ-серија Мич
2022. Бистра вода ТВ-серија Исо

НаградиУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Vlado Jovanovski - Biography - IMDb
  2. http://www.istrazijamakedonija.com.mk/Default.aspx
  3. „Дурловски и Владо Јовановски со обвинение како и обвинетите во Диво Насеље – тероризам“. Архивирано од изворникот на 2017-12-29. Посетено на 2018-01-02.

Надворешни врскиУреди